Форумџика на годината

Заменување колеги на работа

Дискусија во 'На работното место' започната од FreeToGo, 22 септември 2024.

  1. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    1.547
    Пол:
    Машки
    Долго време се мислев дали да ја отворам оваа тема, и викам ајде.
    Ме интересира како се организирани замените кај вас на работа, кога некој отсуствува, дали на одмор, дали боледување и сл.?
    Дали претпоставениот одлучува кој ќе го заменува, или се договарате меѓусебно како колеги? Дали претпоставениот води некоја евиденција кој колку често отсуствува и кој колку често заменува? Дали тоа се спроведува фер и транспарентно и дали има баланс заменувам/ме заменуваат? Дали ви се случувало колега константно да отсуствува заради било што а вие да цело време да заменувате, или некој слична ситуација?
     
    На Трагедијаупмм, eliesaab и GirlLove им се допаѓа ова.
  2. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.882
    Допаѓања:
    7.506
    Пол:
    Женски
    Јас на едно работно место имав многу лошо искуство. Колешката секогаш немаше време за нешто па да сум ја заменела. А после она не превземаше плус работа. И јас не прифаќав, имаше лутење, мрдање со очи. Ама легнаа на брашно. Мислам дека многу зависи и каков став ќе ставиш од сам почеток.
    На второто работно место немаше замени често, требаше да вршам работни обврски на колешка што пиеше кафе во соседниот кафич наместо да дое на работа. И тоа исто одбивав и не ме трпеа (чекаа да ми заврши раб договор за да прекинам) баш затоа. Ама пак ќе кажам зависи како ќе се поставиш. И мораш да бидеш строга, бидејќи плус обврски значи плус плата.
    П.С. зависи и дали зависиш финансиски од работата. Фамилија, сметки ова она. Јас не зависев и баш ми беше гајле дали ме сакаат или не
     
    На Victorian, Трагедијаупмм, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.503
    Допаѓања:
    12.634
    Пол:
    Женски
    Кога одам на одмор, гледам дали имам во моментот приоритетни таскови, за да ги префрлам кај колегите.. Немаме класична замена на работно место кога некој не е тука, него само ако е преитно ќе превземат, во секој друг случај работата ќе ме чека кога ќе се вратам од одмор или боледување..
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    1.022
    Кај нас јас го правам распоредот. Ако не сум јас, тоа е друга колешка. Подеднакво се распоредуваат смените и слободните денови. Нормално некогаш се случува некој да има плус ден, ама тоа си се осеќа на плата. Многу колеги не сакаа плус слободни денови, си сакаа повеќе пари и тоа е ок. Се е со договор.

    Слободни денови кога сакаш и кога имаш потреба. Зависно од тоа колку работа имаме понекогаш користиме и повеќе слободни денови.
    Одсуства не смееш никако, мора да покриеш дали со боледување или ако се работи за еден ден, ти се минусира од наредната работна недела денот.
    Јас лично имам кажано, не заменувам ни половина час, ниту пак барам да ме заменувате.
    За одмори или боледувања ги покриваат смените други колеги. Мејлови, телефонски броеви такви работи, користиме само службени на работа. Нема замарања на приватни броеви или приватни мејлови.
     
  5. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    8.390
    Пол:
    Женски
    Е ова го мразам најмногу на цел свет и за мене е најнеколегијално срање. За време на одмори да, ќе се заменуваме ама за петок и понеделник да ме лажеш дека имаш нешто така малце шо ти искрснало и дека јас сега ќе треба да те заменам а ти мене ќе ми префрлиш од плата или ќе мењаме други работни денови не можам да го оправдам со ништо, пошто знам дека Славицата се спремила да си тера продолжени викенди и мали одмори. Имав неколку многу глупави ситуации и на крај им кажав дека више не мењам никого. Како сакаат нека се организираат.

    Уф ама убаво се издував!
     
    На halfasoul, Feminka22, A Girl ^_^ и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    3.673
    Пол:
    Машки
    Проблем е ако имаш ваков, и мене ми се случило, ама ми пукна филм после тоа и им кажав, за болно дете 24/7 може да ми се јавите да ве сменам за друго барајте си слободни денови ич не ме интересира.
     
    На Feminka22, Mumoftwo30 и Antebellum им се допаѓа ова.
  7. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    8.390
    Пол:
    Женски
    Веќе за ништо! Има некои лажат демек детето настинато после оп слики у Солун, демек на воздух за детето и кога ќе им речам за мене да се смениме не можеле и почнуваат да му држат лекции за редовност на работа.
    Им кажав веќе за ништо не се мењаме! Има слободни денови и боледување. Детето ако е настинато нека си бараат чаре не мене.
     
    На FreeToGo, SummerGirl, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    55.631
    Пол:
    Женски
    Ние сме тројца колеги на еден клиент и се заменуваме меѓусебно. А инаку крајниот збор секако го има тим лидерот, и во поголеми тимови негова задача е да го организира сето тоа и да најди луѓе ако треба. Исто така имаме и shadowing, некој да дојди да ја учи работата пред колегата да замине на одмор за да го менува после.
    Тука во нашиот тим е фер барем, секогаш сме се договорале за слободните денови (кои инаку се ограничени и не можи кој колку сака да отсуствува) кој кога ќе зема и како ќе се покриваме. Од денес сум баш на годишен одмор и колегата ме менува од дома. :)
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.107
    Допаѓања:
    12.719
    Пол:
    Женски
    Мене ова многу ме иритира кога злоупотребуваат вака. Да не сум офф-топик: ниту заменувам, ниту сакам да ме заменуваат. Немам проблем да потпомогнам за нешто, ама сето во граници на нормала (инаку реагирам).
     
    На SummerGirl и Antebellum им се допаѓа ова.
  10. A Girl ^_^

    A Girl ^_^ Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Многу мрзам тоа да има потреба некој да ме замени или да заменам кога некој иде на одмор.

    Во иднина кога ќе барам друга работа на интервју прашувам дали на работното место има вакви заебанции со заменувања при одмори или не, ако нема може да разговараме понатаму, ако има ондак чао.

    Не може при секое зимање на одмор или слободен ден да се стегам и да ми е непријатно да прашам пошо мора прво да се види дали може некој да ме замени.. ебати работата ебати.

    Боље ќе работам за помала плата али да сум на раат кога ми треба одмор или слободен ден без да се замарам за глупости ..
     
    На Realist1, eliesaab и Selena01 им се допаѓа ова.
  11. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    Ние што имаме теренска работа, нема замена.Ептен ретко е тоа да те замени некој.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.682
    Допаѓања:
    168.143
    Пол:
    Женски
    Имаме колега шо цела позиција му е да заменва кој фали и/ли е на боловање. Јас сум на долго боловање (месец+ очекувано е да е), плус за време на годишни одмори и добивме нов чоек кој ќе биди замена за мене дур се вратам.
     
    На FreeToGo и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  13. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Во скоро сите фирми ме користеа за втора смена. Се нешто испаѓаше и се јас втора смена. Срам да им е од оваа дистанца. Сум немала друг избор. Ама претеруваа многу ретко бев прва смена.
     
    На halfasoul му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.258
    Допаѓања:
    8.472
    Пол:
    Женски
    Ние сме само 3ца вработени во оваа фирма каде што сум моментално, не сме имале никогаш проблем, и секогаш сме се менувале едни со други, дури и за цел ден отсуство на колега. Треба да си човек, и да бараш кога навистина ти треба, а не за шетање. Во оваа фирма не сум имала проблем, ама во претходни да.
     
    На Ajronmen и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    1.547
    Пол:
    Машки
    Од вашиве муабети сфаќам дека претежно со колегите сами меѓу себе се договарате за замени... Што не треба да е така. Не може некој цело време да отсуствува а некој цело време да заменува. Сите имаат подеднаков број денови одмор, логично е пр. 23 денови користиш одмор и исто толку денови да заменуваш некого.

    Во случај на боледувања не знам како е, јас еднаш во живот имам искористено и тоа само недела дена, ама затоа имав колешка што ги злоупотреби максимално и тоа беше и една од причините да си дадам отказ од таа фирма.
     
    На Youknow, MarigoldA, Ladyme и 2 други им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.107
    Допаѓања:
    12.719
    Пол:
    Женски
    @FreeToGo не мора да значи дека ако има човек за распоред ќе е фер. И плус зависи тој што го прави, со кого од колективот е поблизок. Не е ни така, ни вака. Често и тоа се злоупотребува, да не кажам на товар на тие што велат ,,молчи, има и полошо“.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    8.902
    Пол:
    Машки
    Ми звучи темава некако job specific.

    Мислам дека на голем број од работните места замени како што се опишани не се возможни.

    Замена на колега подразбирам да се замениш со смени, слободни денови или дежурства.

    Во тој стил ми е океј.

    Ова другото што е опишано тука, не го гледам како замена. Не можеш ти за 8 часа да работиш за двајца, или евентуално да останеш 16 часа на работа.
    За такви барања, решение треба да си најде газдата, шефот, менаџерот.
    Не ми ни текнало како идеја бидејќи на повеќето места на кои сум работел е неизводливо.

    Максимум ми се има случувано да сум замолен да останам на работа 1-2 саати плус во друга смена дур да дојде колегата. И тие саати одма сме ги надокнадувале следниот ден.
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    3.889
    Пол:
    Женски
    Не знам ова замена како се подразбира, но јас до сега сум заменувала колеги не целосно со сите нивни обврски туку само со најитните и приоритетните.
    Нема човек што може да земе обврски сто процентно од колега и свои да одработи за 8 часа.
    И секогаш сум излегувала во пресрет, сум заменувала колеги по 2 недели на боловање, сум заменувала колеги кои сакаат да си направат споен викенд итн. Затоа и јас кога имам потреба без проблем си планирам оти знам дека сум си оставила образ да речам. Во животов мој има сменето 3 раб.места фала богу не сум имала проблем ни да заменам ни да ме заменат. Оти животот е тркало не знаеш кога ТИ ќе имаш потреба
    Ништо не ве кошта да бидете фини за оние кои не заменуваат, ако спротивната страна го злоупотребува тоа си имате претпоставен.
    .
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.131
    Допаѓања:
    36.358
    Пол:
    Женски
    Вака беше и кај мене на работа. Менував, а кога требаше мене да ме сменат добив ништо од нив. Им реков Веќе нема да сменам никој и нема да барам да ме менувате. И не се замарав со тоа дали им се децата болни, дали ќе одат на свадба, и др.
     
    На Antebellum, eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.009
    Допаѓања:
    12.725
    Не ги разгалувајте, затоа што немаат осет. Само ако се болни менувајте ги. А тоа дека лаже дека детето е болно, а потоа се слика во Солун ти е слика и прилика какви непрофесионални работници има во државата. Сега таа до крајот на животот ќе се фали колку била итра и како се зезала со другите, таквите глупости ги доживуваат како да добиле Нобелова награда. Кај нас е работа на договор, а ако е итно, нема што да бараш кој ќе те замени, мораат сите да ги поделат обврските и готово.
     
    На Antebellum, SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.