1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Замрзната готвена храна

Дискусија во 'Рецепти' започната од NEA, 17 април 2021.

  1. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    522
    Пол:
    Женски
    Здраво, прочитав за некоја жена во Америка што правела унапред храна за 6 месеци - готвела една недела секој ден, но правела огромни количества храна и потоа ги замрзнувала. Бидејќи немам толку голем замрзнувач, би сакала да почнам да замрзнувам барем за една недела.
    Дали некој го практикува ова?
    Што смеам и што не смеам да замрзнувам?
    Совети?
     
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Јас си правам основа за манџа вака. Пример стандард кромид запржувам и зеленчуци со мевце тоа убаво да се извари да остане густо и после во мали садови го делам и смрзнувам. После вадам да се одмрзне и само варам со грашок, компир, леќа. Обично немам преку недел време за од почеток и затоа вака.

    Исто и супа пилешка имам вака поконцентрирана замрзнувано и после само додавам морков, пашканат, фиде.

    Во секој случај поздраво е отколку инстант оброци вака.

    Инаку јас сум правела од замрзнатите во текот на неколку недели, сосема се ок. Само да се изладени пред да се смрзнат канчињата.
     
    На zence, annii, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.537
    Пол:
    Женски
    Некогаш (кога знам дека нема да имам време да зготвам било што) еден ден одвојувам за во кујна..
    Сум замрзнувала грашок, боранија, гулаш, бурито (за доручек обично)..
    Си варам телешко и свинско на коцки и откако ќе се свари и излади го замрзнувам за брзо приготвување на јадења..
    Исто често замрзнувам основа за полнети пиперки и сарма (она со пропржен кромид, морков, мелено месо..(ориз)кој што сака) .. и за мусака..
    Стојат долго, можеш и 6мес да ги чуваш..
    Во тегли па ставам месо кое после тоа го користам или така за јадење или за во манџи..


    Во принцип би ти рекла да не замрзнуваш јадења со компир, тиквици, тестенини..
     
    На zence, annii, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.
  4. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    522
    Пол:
    Женски
    Направив манџа со грашок, пилешко на два начини, свинско, од се по 2 порции - има за 4 пати оваа и 4 пати наредна нед :)
     
    На annii, Doozy, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.740
    Пол:
    Женски
    Скоро се мрзнам. Манџи во тегла, суви јадења во пластични со капак. Некои храни не се со идт квалитет, особено ако мрзниш водлест зеленчук и после седи како со воден чорап манат. Ама за поќето работи е океј. Гледај meal prep видеа и ќе добиеш и идеи и општо шо е препорачливо да мрзниш шо не. Некогаш не мрзнам цела храна туку баш Даст како шо кажа, припремата. Секогаш имам најлонче со рендан морков пример во замрзнувач. Конзерви од зеленчук ( различни конзерви грав, грашак, леќа, пченка, боранија, наут). Можи не е цело јадење спремно, ама одма се спрема кога се ми е на купче и само чека да биди искористено за нешто брзо.
     
    На annii, 1209, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  6. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.980
    Јас мрзнам манџи,сосови а супи вакумирам во тегли (телешка, пилешка). Мрзнам и ако ми остане од ручекот, ако има за цел оброк. Некои работи се супер и после одмрзнување. А супите не ми се расипале, секогаш се убави, кога немам ручек за малото, секогаш да имам бар телешка супа.
     
    На annii, 1209, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Јас исто мрзнам/спремам храна однапред, некогаш за една недела, некогаш за 3-4 дена. Мене не ми смета ништо ако е замрзнато, повеќе ми смета да губам време и да готвам секој ден. Вака само одмрзнувам и јадам...

    Види ја @workweeklunch на Инстаграм и на сајтот, има многу meal prep идеи кај неа :)
     
    На zence, annii, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Цел факултет го поминав со спремана храна за време на викенд, за да имам во текот на цела недела. Манџи, чорби, супи, обично мајка ми ги ставаше во тегла додека се топли и под вакум ги затвора. Ги чував во обичен фрижидер. Исто, често пати знаеше да ми стави сарма и полнети пиперки во тегла и плус каша, пак лесно беше за вакумирање.

    Во замрзнувач најчесто мрзнеме ситнет зеленчук, месо и често пати знаеме да ставиме некои кифлици или мафини. Еднаш пробав да замрзнам палачинки, ама не чинеа после. :D
     
    На annii, Liu, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.740
    Пол:
    Женски
    Какви? Оти јас тенки мрзнам па редовно да речам немам проблем. Пошто баба прај за цело село и пушта толку многу палачинки шо не знајме шо да му прајме и еднаш да пробаме замрзнавме и не беше лошо. Некогаш се малку посуви од после ама почесто се океј. :D
     
    На cresa-jagoda и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  10. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Обични палачинки без ништо. Посуви се и почуден е вкусот некако. Не знам, мене не ми се погодија. И сега сме договорени дома кога правиме палачинки, за сите по две (оти се прилично големи) и евентуално за по две за другиот ден :D.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    1.824
    Пол:
    Женски
    И ние дома замрзнуваме зготвена храна. На пример ако денес имало манџа и не сме ја изеле целата, остатокот го ставаме во канче или пак тегла и го мрзниме. Исто така и сува храна на пример полнети пиперки, или пак мусака ако останало и тоа замрзнувам. И за недела, две тоа што е замрзнето го вадеме и јадеме. Еден ден не правиме јадење.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Не го практкувам ова. Понекогаш спремам храна за денес и утре, но никогаш повеќе од тоа затоа што сакам да ми биде релативно свежо. Исто се случува ако ми остане нешто да го вратам во фрижидер за подоцна/утре, но повеќе од тоа не.
    Инаку добро звучи од аспект на заштеда на време.
     
    На IRBBB, poenta, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Никако. Храната е убава кога е свежа, тазе зготвена, топла. Некои јадења по неколку часа се никакви ако не се изедат, а не пак со денови во замрзнувач. Посебно не чорба. И компир ако пржиш, печеш, по два - три часа компирот веќе не се јаде, не па по денови да стои во фрижидер. Немањето време не е причина да јадам такво јадење. Има јадења кои се готват на брзина, а не ќе јадам манџа мрзната, па одмрзната. Дури и ориз ако е денеска готовен, а се загрева утре, не е тоа тоа. Дури читав дека некои намирници како ориз се штетни ако пак се подгреваат. Се знае дека свежо си е најубаво и најздраво.
     
    На Guns N` Roses, IRBBB, sunshinebabe и 4 други им се допаѓа ова.
  14. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    10.575
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е океј да се замрзнува храна за оние кои живеат на место каде што нема ресторани за готвени јадења, ама кога има за 120 денари едно кило готвен ориз, некаде во близина на местото на живеење секако, или пак компири за 160 денари килограм, нема смисла да го правиме јадењето, па да го замрзнеме, и да трошиме ресурси и време за нешто кое нема да има вкус како сега да е готвено. Иначе во однос на темата освен пирошки што ги правам од палачинки, па ги замрзнувам и после тоа во зависност од потребата вадам и пржам друга готвена храна не замрзнувам туку ако остане храна вечерта ја давам на мачки и кучиња.
     
    На sunshinebabe, cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Исто и јас. Тоа што ќе остане, давам на кучиња и мачки. А сега чорби во тегла да ставам, па да одмрзнувам, па да ги јадам без вкус, никакви, нема шанси. Подобро ќе спржам две јајца свежи ќе изедам отколку така. Плус ако јас пржам, варам јајца, или тестенини ми требаат не повеќе од 15 минути, така да немање време не е оправдување да готвам манџи па ди збирам во тегли, канчиња...Се што е пржено бива за многу кратко време.

    Да се мрзне, одмрзнува, ниту е вкусно, ниту е здраво. Свежата храна си е најдобра, а со варење или пржење се губат дел од витамините, а па уште и мрзнење, охооо.

    После слава сме ставале сувомеснато во фрижидер, оти не можеше да се изеде наеднаш, и што да кажам. Шунката вода пушти. Вкус никаков.
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.021
    Допаѓања:
    10.575
    Пол:
    Женски
    Имав еден пријател од Гевгелија што седеше во Скопје, ама поради тоа што киријата е скапа а 20 годишен човек колку може да опстане со една плата, мајка му секој месец му носеше така во кеси готвено па замрзнато јадење. Пример грашок, грав, месо, гулаш, ориз, и на секое пакетче му имаше напишано пример Ова е гулаш, направи си пире додека се одмрзнува или така нешто имаше ставано на секое јадење објаснување напишано што е и со што иде во комбинација.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.794
    Допаѓања:
    46.393
    Јас ако замрзнам храна испланирана за една недела, веројатно ќе ја изедам за два дена. Кога знам дека имам нешто во фрижидер, не можам мирно да седам. Па и палачинки сте спомнале, леле. Не. :lol:

    Кога станува збор за фамилија, верувам дека е попрактично така, меѓутоа јас готвам само за себе и ниту еден оброк не ми одзима повеќе од пола саат, така да немам потреба да замрзнувам храна.
     
    На Angie1432, Аргентина * и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    27.720
    Пол:
    Женски
    Јас цел факултет го поминав со смрзната готвена храна. Сите цимерки носевме храна за еден/два дена неделно за сите и така јадевме.
    Исто и маж ми.

    И сега некогаш практикувам да мрзнам храна, особено работи што се готват во поголеми количини како на пример сарма и слично и подргервам кога ми треба. Така си знам дека секогаш имам нешто што брзо може да биде подготвено за јадење.

    Инаку не се мрзне компир, ориз, печурки. Има смерници што смее и што не смее да се смрзне и како се мрзне храна.
     
    На happygirl, cresa-jagoda и Dust им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Замрзнувам само кифлички, палачинки, мафини, некои такви работи. Посебно ако сум направила поголема доза и не можеме да ја изедеме, па ни се наоѓа понатака кога ни треба храна за носење или некој брз доручек/вечера.

    За друго, кога како имам потреба. Не се ни моткам толку во кујна, се спрема еден оброк кој најчесто не ми одзема повеќе од 20-тина минути и разонода ми е па си терам така.
     
    На annii, happygirl, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.537
    Пол:
    Женски
    Ама баш никој не рече пржен компир да се замрзне...
    А дали воопшто сте пробале каков вкус имаат, со оглед на тоа што сте пишале дека никогаш не замрзнувате?

    Во пржено јајце нема ништо здраво, особено ако тоа го послужиш на 2 возрасни и 2 деца за ручек..
    Ама грашок со телешко и те како е подобра опција, макар и замрзнат па одмрзнат.
    Плус со новиве фрижидери што не фаќаат мраз толку добро се замрзнуваат јадењата што не се ни осеќа дека биле замрзнати.
    Се кладам дека ако ви сервираат 2 грашок манџи, едната т.н свежа а другата смрзната..нема ни да осетите која е која:D

    Патем..нема никаква врска дали некој живее во близина на ресторани или не..
    Па кило готвен ориз е 199ден кг.. исто толку и компирот.. ако секој ден купуваме за 4 души дали ориз дали компир или нешто трето, 6000 само за гарнири ќе дадеме.. а кило ориз 80ден, кило компир 20.. колку фатен во раце треба да е човек за да го плати 10 пати поскапо, освен ако ептен пари му се фрлаат или нема 20мин време
    Еден гулаш е 500-600ден кило...
     
    На Stressed Out, annii, duffi и 15 други им се допаѓа ова.