Најчесто заради немањето партнер или заради градење кариера многу жени на запад се одлучуваат за замрзнување на јајце клетки кога се помлади, за истите да ги искористат подоцна во животот кога ке одлучат да имаат деца. Од пред некоја година жените и кај нас ја имаат таа можност иако е скапа за наши услови. Што мислите за замрзнувањето на јајце клетки заради одложување на бременоста? Дали некоја од вас веке замрзнала јајце клетки или размислува да заммрзне? Колку чини и колку е сигурна постапката? Јас кога ке дојдам на 30 ако сеуште немам партнер со сигурност дека ке замрзнам, па затоа сакам да се информирам повеке, какви се вашите мислења и искуства.
@kikikikirika идеата е убава. Тоа е убава опција која се нуди, сепак мислам дека треба да се има доволно сретства. Да бев сама не знам дали би замрзнала, мислам дека ќе ми беше скапо. Инаку веке имам замрзнато, но оплодени јајце клетки во банка на 5 години. Со партнерот не кошташе ~42.000 денари.
@kikikikirika Одлично. Задолжително да се зачува генетски материјал. Таа инвестиција вреди. Да се вратам на тие години и да имаше некој да ме подучи на тоа и кредит би зела само да зачувам квалитетни јајце клетки. Со годините квалитетот и квантитетот на јк опаѓа. Кога може за одмори, коли, потрошувачки и незмам каков кредит...може и за најбитното, за животот после нас, за бебенце да се потроши. Дај Боже да си имаш природно до тогаш но замрзнувањето ти е сигурност за иднина.
Одлично ти е размислувањето. Убаво кажуваше еден доктор. Жално е што кај нас матичните гинеколози се сконцентрирани само пап и микробиолошки брисеви. Напротив тие треба да ја следат жената и нејзината репродуктивна способност многу порано и доколку постои ризик од намалени резерви и квалитет многу порано да го препорача ова. Сведоци сме колку стресниот начин на живеење може да влијае и колку жените се повеќе се соочуваат со вакви проблеми. Јас би советувала секој жена навремено да си провери и доколку постои ризик навремено да зачува ј.к.
Јас на оваа тема размислував уште пред седум години но,тогаш и мојот матичен гинеколог ми рече дека тоа е глупост.Каму и мене некој тогаш да не поучеше и да ми дадеше подршка да го направев тоа сега сум кандидат за со донирани јк.Да го направев тоа што тогаш размислував сега ке си имав мој матетијал ама ете тогаш др ме направи луда.Сега јас од мое искуству топло ова го препорачувам на сите,без оглед ба причината дали се прологира мајчинството поради здрасвени причини,кариера или немање на партнер.
Многу добра тема која често ја отварам со моите блиски другарки. Јас задолжително ќе ја земев предвид опцијата да немав партнер. Гледајќи колку голем проблем е репродукцијата, речиси да не знам пар кој лесно зачнал, сметам дека мора да се воспостави поголема едукација и да им се укаже на жените колку со текот на времето се намалува квалитет на јајце клетките. Да, можеби е скапо но од друга страна е буквално инвестиција во сопствената иднина. Тоа е најважната работа во животот. За што се не трошиме средства...Вреди да се инвестира во тоа дефинитивно. При дискусиите сум забележала дека оние кои не се соочиле реално со проблемов воопшто не се информирани за проблематикава. Треба матичните гинеколози сериозно да се завземат околу следење на состојбата и давање предлози и совети на секој пациент поединечно.
Многу добра тема, само знам дека е скапо. Со наша плата мислам дека не е изводливо, ама е премногу потребно. Ај може некој ќе најде време да каже искуство.
Во Македонија е околу 1500€ за замрзнување јајце клетки и 500€ за замрзнување сперма. Но ако причината за одложување е кариера, тогаш би требало да има. Кога сум ја отворила темава си велев на 30 ќе замрзнам, но баш тогаш си најдов партнер и не замрзнав. За жал со другарките мои кои се повозрасни не ја збориме темава, некако ми е преинтимна.
1500€ е само услугата замрзнување на јајце клетки. Но, процедурата за се стигне до нив ќе чини уште ~2000€ и тоа ако се добијат доволно јајце клетки при една постапка.
Дали некоја има конкретно искуство, препорака за оваа постапка? Гледав некои пакети во странство, ама е прескапо. Како се движат цените кај нас и како оди процедурата да не знае некој?
Здраво, Дали некој знае да каже детално како оди со замрзнувањето, постапка и цена? Дали се плаќа по години колку сакаш да ти се чуваат? Прашувам за зачувување на квалитетни јајце клетки и во кои се болници може тоа кај нас?
Mozes i vo Sistina da zamrznes.Postapkata za zamrznuvanje e 100.000 denari, posle plakas godisno plus okolu 22 000, no moras da prasas da ne gi imaat smeneto cenite.Imaj na um deka jajce kletkite moze da izumrat pri odmrznuvanje, taka da ako si so partner najubavo e embrion da se napravi odnosno i partnerot da dade sperma.