Форумџика на годината

Занимации и игри за развој кај деца од 3 до 6 години

Дискусија во 'Дете' започната од MissChievous, 29 октомври 2024.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.982
    Темата е иста како "Занимации и игри за развој кај деца од 1 до 3 години", само за наредните 3 години.

    Ќерка ми има 3 години и периодов се трудам да ја заинтересирам за цртање и "направи сам" изработки, со цел да вежба моторика, да развива креативност и да јача нерви и трпение. :wasntme:
    Нормално, не очекувам претерано многу од неа, секој нејзин удел за мене е важен, битно да учи, да се забавува и да таквите активности и' се дел од секојдневието, а не непознати нешта.

    Во неделата собравме листови и денес ги лепевме за да направиме лавче, вака испадна:

    Screenshot_20241029_204051_Gallery.jpg

    Ги нацртав контурите од главата, она го обои лицето со жолто, додадов детали на лицето, потоа прво јас ставав лепак на листовите, она ги лепеше, после проба и она ставаше лепак на некои, а јас ги лепев. На крај со портокалова темпера, со споени прстиња мацна и остави отпечаток во обид да изгледа како шепа. Додадов уши од хартија во боја. Цела активност траеше цееееели 20 минути. :wasntme:

    Од температа се инспирира да бои, па извадив четка, чашка со вода и остаив да шлапа, обои 3 листа:

    Screenshot_20241029_204055_Gallery.jpg

    Ги зачував да се осушат, за утре планирам нешто вакво да пробаме да направиме:

    041669589e69f8c5d8c7c8f86ef1acaf.jpg

    Во духот (pun intend) на Халоувин, пред некој ден правевме од "страшните" со ролни од тоалетна:

    Screenshot_20241029_204224_Gallery.jpg Screenshot_20241029_204227_Gallery.jpg Screenshot_20241029_204230_Gallery.jpg

    Она сите ролни ги обои со фломастер, црн, портокалов и зелен, што траеше побајаги и беше заинтересирана да ги заврши, за тоа време јас ги направив крилјата и устата на лилјакот, тревката на тиквата и штрафовите на чудовиштето. Потоа јас ставав лепак на очите, а она ги местеше на ролните. На крај ги додадов деталите и потоа си игравме со нив некое време, ги ставаше низ дланката и нè "плашеше".


    Не знам дали возраста на темава е премногу опширна, ако е, да смениме. Сепак сметам дека од 3 год. нагоре може да се очекува дека повеќе работи можат да направат и научат, а секако како што се ближат до почнување на училиште, веќе и знаат многу нешта.

    Па ајде, давајте предлози како да се забавуваме дома и воедно, да ги подготвиме за на училиште.
     
    На Anaroz1, MinnieM, Bubi*2 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.982
    Од денешните планови со шкрабаните листови, успеавме да направиме само 2 форми:

    Screenshot_20241030_222809_Gallery.jpg

    Или поточно, она само ги обои очите и устата на тиквата, и капата на вештерката.

    Screenshot_20241030_222803_Gallery.jpg Screenshot_20241030_222806_Gallery.jpg

    Утре, повеќе среќа. :wasntme:
     
    На Bubi*2, LivingGlam, Milobebence и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    5.253
    Дајте вие некои занимации за деца што се хиперактивни и се постојано во движење. Син ми шанса нема да седне било што од ова да прави. Ни пластелин, ни ножици, ни боење го занима.
    Да скока и се пентери сегде прв е.
     
    На Трагедијаупмм и lovely91 им се допаѓа ова.
  4. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.887
    Пол:
    Женски
    Исто и јас сакам да ве прашам за совет. Како да му вметнам боење, цртање...? Секогаш бара јас да цртамм да бојам. И во градинка не сакал да соработува за такви работи.
     
    На Лалина му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.982
    Пробај со различни видови на прибор, пример ќерка ми од секогаш не сака дрвени боици, не е ни голем љубител на мрсни, најмногу сака со фломастер и во последно време темпера, ваљда дека најлесни се за користење.

    Не знам која возраст е, ама за помали најзгодни за користење се дебели фломастери и мрсни, со такви има најмногу интерес.

    Исто имам забележано дека ако понудам боенки со поситни цртежи, не и' се враќа на боенката, па земам поголеми со групни форми, полесни се за боење.

    И само блок и разни боици, мислам општо и' интересно да шлапа боја. Сега со темперите и со раце шљака.

    И и' стојат сите работи на масичката на дофат, да ги гледа, па понекогаш се инспирира.
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.866
    Допаѓања:
    4.625
    Не знаев каде да прашам. Лани ова време пред роденден и празниците истото прашање ме мачеше ама го предомислив маж ми. Дали да купуваме кола со акомулатор. 3 ќе полни, има возено и сака, ги гледа на телевизија некои коли и сака. Ама па 10000 да се фукнам и да ми се качи 3 пати, а и кај ќе вози си викам, како ќе ја изгурам до парк или сличен некој терен. Не знам. Што мислите?
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.563
    Допаѓања:
    23.931
    Пол:
    Женски
    Поголема глупост нема, ене ја во подрум 2 пати извозана, нити ние сакавме да и се купи ама ај. Прво се прават мрзливи второ бар нашата 8ч ја полниш за 1 саат вожња, немој.
     
    На MinnieM и Mucika им се допаѓа ова.
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    20.223
    Пол:
    Женски
    Брат ми сакаше да и купи, категорично Не. Мислам дека е скапа играчка, нема ништо корисно во тоа освен забавата. А забавата ќе пројде сигурно после 5тиот пат возење максимум. И после само ќе ми зафаќа место.
    Второ, кој ќе го полни бе тоа по 100 саати. - Evn likes this.
    И плус шо и вака не сака да оди, сака да ја носиш, така па ич нема да сака ни чекор да направи си мислам
    И крајно, кај ќе го вози? Освен ако немате двор де. Да ставаш во кола за да се вози во парк/игралиште нема поента мислам.. а низ Скопскиве улици јас не би
     
    На MinnieM и Mucika им се допаѓа ова.
  9. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.866
    Допаѓања:
    4.625
    Ама ја сака она тоа ми е, мислам она сака и вистинско бебе нели, ама мене полесно ми е кола да и купам :D.
    А има ли уште по Скопјево негде кај што се возат вакви на 10 15 мин?
     
  10. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    20.223
    Пол:
    Женски
    Ама мојава и трицикал сакаше од другите да вози па ене го во соба, не бил убав ]:)
    Ќе се распрашам по другарки за другово
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.754
    Допаѓања:
    23.318
    Пол:
    Женски
    Јас се противев за кола на ак, цело време не велев, нема шанса за тоа пари да давам, а многу сакаше синко, мајка ми на старо му купија лани на 4 и пол години, пак скапа беше 9000 ја зедоја мерцедес од Чико купен бил, со лиценца, значи цело време ја вози, ја сака, не секој ден ама еве од лани летото ја има и уште си ја сака, малово па исто пресреќно е, од кај 7 месеци го ставивме рипаше од радост :D
    Да знаев дека толку ќе се користи порано ќе му купев.
     
    На Mother of 2boys и Mucika им се допаѓа ова.
  12. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    2.855
    Пол:
    Женски
    Дали некој го носи детето во едукидо работилница со лего коцки, како сте задоволни, не знам дали да го носам оти оди во градинка и цел ден таму и после ова да не му дојди многу време надвор од дома?
     
  13. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.645
    Пол:
    Женски
    На мојава и ја купија за прв роденден сестра ми и ја дупна пд возење. Н апочеток ние ја возевме , пред да наполни две години почна сама да ја вози, 4 ќе прави сега уште ја вози. Сега нешто се расипа треба да видиме што и е. Мислам дека ја искористивме максимално и уште не и е поминат меракот, со колата лево десно научи. Врти кругови низ зградиве, ама низ парк не сме ја земале. Ќе ти се потроши батерија ќе треба во рака да ја влечкаш, а не е воопшто лесна. Треба да размислиш каде ќе ја возите прво па после.
     
    На lackygirl и Mucika им се допаѓа ова.
  14. Irimiri

    Irimiri Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2021
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    И ние од мерак на маж му купивме количе и си го сака малиот. Прво затоа што беше многу мал дома си играше,си седеше во него, а сега и надвор го возиме.
    Има едни помали и поголеми колички. Помаливе мислам ги собира во гепек и можеш и во парк и кај сакаш да го пренесеш, ама тие поголемите мислам не ги собира во кола. Исто така и далечинско не знам дали имаат сите, тоа обавезно треба да има мислам.
    Гледај вакви работи споредни да не згрешиш ако веќе земаш.
    Инаку за возење со плаќање сум видела во Ѓорче во паркчето.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.294
    Допаѓања:
    8.136
    Пол:
    Женски
    Да не купувате.
    Свекрва ми и ја купи, 3 пати ја возеше, пола година во кујна ми стоеше јер 50кв стан, сега ја исппрачав кај моите фаќа прашина.
    Прегломазно нешто, а меракот одма пројде.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ане.

    Ане. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2021
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    1.412
    Се зависи до детето. Ние имаме од прв роденден, лани уживаше јас си го управував сега веќе знае сам и цело лето го изнавози
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.866
    Допаѓања:
    4.625
    Колку поделени мислења ми дадовте и пак се замислив :D Во секој случај или ќе барам да вози некаде на време или на старо ако најдеме, па да видиме дали ќе и помине меракот. Теренот во маало ни е за нигде, мин 2 улици треба да поминам за некоја поголема ширинка :|

    Ај да не сум многу офф. Не знам дали имате детски списанија, кога ги доби, јас се прерадував. Претходно јас и печатев, цртав, боев и сл. |( Ги имаме Росица и Месечко. Во месечко има сечи и лепи со составување, јас сечам она стиска лепак и ги составува.
    IMG_20241112_181003.jpg
    За куќичката повеќе и помагав, а и лепакот не ни чинеше.
    IMG_20241112_180939.jpg
    И многу сака да поврзува во овој период, што со што е исто, а такви вежби има многу и во двете изданија. Ова е од росица.
    IMG_20241112_181016.jpg
    Се мислев и копии од некои страни да направам пред да ги ишкрта, за да може и друг пат да ги поврзува. А сложувалките можат и на подебел картон да се залепат и да си ги составува и понатака или да се залепат со магнети па и во кола да си игра некогаш по пат.
    Инаку за нецел месец ќе полни 3, сепак изданијава се мислам и за поголеми.
     
    На lackygirl, azelea и Miss_S им се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.982
    Вчера праевме елка, требаше мозаик да биде, ама на крај изналепивме еден куп парченца самолеплива хартија, ако, битно лепеше. Омилено нешто и' да сече со ножици. :wasntme: Да и' дадам било што да сече, ќе сече саат време. Тоа од страна треба да се конфети. :lol: Малце сечење, малце лепење самолеплива, малце "декорирање" со боици.

    Screenshot_20241114_095438_Gallery.jpg

    Пред некој ден направивме цвеќенца со стапчиња и дебела "хартија" за рачни изработки (не знам како се вика), а "тревата" е кутија од јајца. Тука се занимаваше со боење на тревата со темпера и лепење на цвеќенцата на стапчињата.

    Screenshot_20241114_095442_Gallery.jpg

    А кога ме мрзи или неам време, овие со вода боенкиве вршат работа, таа со боите ја најдов во Базаро, доаѓа и со четкичка.

    Screenshot_20241114_095445_Gallery.jpg
     
    На lackygirl и Mucika им се допаѓа ова.
  19. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.866
    Допаѓања:
    4.625
    За ножичките ако ти е страв обични да и дадеш, во просветно дело има пластични и супер сечат, само да не е мн. дебел картон, јас со тие ја оставам мојата и исто се заборава :D. Боенкава со бои има повеќе страни, на секоја страна има бои или како? Ги гледав на temu ама не нарачав, ако има овде да си купам.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.982
    Има неколку страни за боење и на секоја има сетче боја од страна, само нема кој знае колку боја, ама доволно за да се избои страната. Пред 2-3 недели ја земав од Базаро Бит пазар, не е лоша. Имаат и убав избор на прибор за цртање, се изненадив.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.