1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Западнонилска треска

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од love23, 26 септември 2012.

  1. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Опасниот вирус на запднонилска треска зеде два животи и две годишно дете е во критична состојаба. Вирусот се пренесува од каснување на инфициран комарец врз човекот, а може да се манифестира како грип кој е полесната фаза и крајната фаза менингит, енцефалит, а претежно ги напаѓа имунолошки послабите или дијабетичарите.
    Јас за заштита купив цитрогал за да го прскам детето и собата во која спиеме.
    Мислам дека не потои тотална или 100% заштита и незнам како да се заштитат децата и трудниците кои се имунолошки послаби? Јас искрено сум загрижена за моето дете.
    ако има ваква тебе слободно канта.
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.106
    Можам само да ви посоветувам да не паничите и обичните настинки превентивно да не ги толерирате, ами веднаш да отидете до блиската амбуланта или болница.
    Од страв,нема аир.Тоа е што е,како за сите,така и за блиските и нас самите.
    Да не отварам уста,ама многу непријатн и иронично е еден комарец да се поигра со цел живот... Дали халуцинирате или живеете,тоа се неколку дена на живеам,ама не живеам.
    И не знам зошто креваат паника сега,да се прска,кога штетата е направена. Може да си каснат уште на почеток или на средина на летото,а дури сега да покажуваш знаци. А овие нашиве нека се удираат во гради како до скоро дека сите на Балканот биле заразени,само кај нас немало случај.

    Тоа е што е,без паника. Аутан или оние што се ставаат во штекер.
    Загрижувачки е,ама што можеме пак да направиме?! Јачајте имунитет превентивно.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Ние прскаме со раид, ако продолжи ваквото време ќе набавам и апарат со таблетки или течност и ќе земам спреј за против комарци, секако витамини и толку, тоа е се што можеш да направиш за лична заштита.

    Мене две работи не ми се јасни, ко прво нели пред одморите и сега скоро прскаа за комарци, како може сеуште да ги има, што комарци ќе да беа кога не угинуваат од отров? Со прашак за алишта да не прскаа штом се отпорни? :?:

    друга работа што ме буни е пренесувањето на оваа болест од комарци, незнам како може комарец да пренесе ваква болест кога е општопознато дека неможе ни сида да пренесе, а камоли некоја друга болест. Јас знам на времето кога ни дојдоа овие од МИА СТОП СИДА не учеа дека сида неможе преку комарец да се пренесе бидјеќи комарецот имал некои киселини што веднаш го убива вирусот, а ваму пренесувал западно-нилска треска, епа не ми е јасно ама ништо! :^)

    Се сеќавам кога се појави епидемија на свински грип уште пред да прерасне во епидемија, кажаа дека е пренесен од комарец. :^) Чудно нели?
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Само што помислив да ја отворам темава и гледам веќе е поставена....едноставно нема кај да се бега ако ни е така пишано.Од наша страна треба да ги превземеме сите мерки.А се друго е божја воља.

    Инаку со сестра ми делиме соба, и одсекогаш мене ме касале комарци неа не. |( И тоа мене пликови ми излагаат. Од кога почна оваа трескава да владее наместо со кутрето што ми го има купено дечко ми,јас спијам со тепалката до мене, и го чујам ли одма зрипувам....зошто некако посигурна сум кога ќе го утепам отколку да му верувам на Рајт сретството или на некое друго. И еве последниве неколку ноќи ужасно сум испокасана од комарци :devil:

    А вчера ноќта околу 4 сабајлето го чув и станав да го утепам...и ете ја сестра ми ми вели: или ти ќе го убиеш или он тебе...си се сврте и си продолжи да спие. Јас ваква останав :o прво не очекував дека е будна...а после неколку секунди фатив да се смејам :lol:
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    И ние така до пред неколку дена не спиевме по цели ноќи зошто тепавме комарци.
    Е сега не само оние нилските, туку сите комарци го пренесувале вирусот.
    Во населбава како воопшто да не е прскано од комарци, ги има милион. Се пикаат во очи, уши, абе мака немаат. До пред да залади по дома тепавме над 30комарци секоја вечер, а имаме мрежи на прозорците, на надворешната врата, апаратче за во штек, но ништо не помага.
    Видовме дека нема спас, па последно ни беше Аутанот да се земе. Да бидам искрена од кога го купивме, се наспавме како луѓе(мм додуша повеќе :lol: , јас и онака се будам по 100пати ). Е
    Се надевам дека е до него, зошто надвор повторно врие , никако да ги снема :devil:
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
  7. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    46.814
    Пол:
    Женски
    Уште само ова ни фалеше |( човек да не е на раат, :devil: а комарци врие на моево работно место, отворен дуќан и влагаат колку ти душа сака :| на 30 степени јас со долги ракави сум :lol: И вчера купив Бекутан против инсекти и само се прскам со тоа на местата каде што облеката не ме покрива :( До душа мене ретко ме касале до сега ама сепак не ми се ризикува :tmi: :sweat:
    И ајде нека заладува веќе, нека врне, вее што сака нека прави :devil:
     
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    МАКЕДОНИЈА

    20.09.2012, 14:12
    Жена починала од западно-нилска треска на скопската Инфективна клиника, заразени маж и дете

    Кај три лица по направени лабораториски анализи се добиени позитивни резултати за присуство на западнонилска треска. Две лица биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје од кои едното починало во текот на вчерашниот ден со дијагноза енцефалитис на возраст од 53 години.

    Oва денеска на прес-конференција во Клиниката го истакна министерот за здравство Никола Тодоров согласно информациите добиени од Инстутот за јавно здравје на Македонија.

    - Станува збор за ризичен пациент кој претходно боледувал од дијабетес, хиптертензија и зголемена телесна тежина. Лицето на Клиниката било хоспитализирано од 11 септември. Второто лице е на возраст од 66 години со дијагноза менингоенцефалитис и во моментов е во добра општа состојба, во фаза на излекување. Третото лице е дете хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести, родено 2005 година, со дијагноза менингитис и тоа е во добра општа состојба и во фаза на излекување, рече Тодоров.

    Со направените анализи, посочи тој, се потврдува присуството на вирусот на западнонилска треска и во Македонија како и во поголемиот дел од соседните земји - Грција, Србија, Хрватска, како и во Романија, Русија, Италија, САД итн.

    - Минатата година беа докажани четири позитивни случаи на западнонилска треска кои беа успешно излекувани. Западнонилската треска е заразно заболување кое се пренесува на човек при каснување од комарец и може да предизвика сериозни заболувања од кои најопасното е менингитис, енцефалитис и полиомиелитис (парализа), потенцира Тодоров.

    Тој истакна дека досега се преземени превентивни мерки односно подготвен е Акциски план за превенција од вектор-преносливи болести со посебен акцент на комарци и крлежи.

    - Во над 70 проценти од општините извршено е мапирање на теренот, исушување на застоени води и спроведена е ларвицидна и адултна дезинсекција (дел авионски и дел од земја), која е докажана најдобра превентивна мерка за уништување на комарците. Подготвени се брошури за населението со информативно-едукативни мерки за превенција од каснување (сушење на застоени води, бари, поставување мрежи на прозорци и врати за заштита со средства против комарци, додаде Тодоров.

    Директорот на Инфективната клиника, Звонко Миленковиќ рече дека лекувањето на пациентите не подразбира само лекови, туку услови за лекување, персонал и обучен кадар.

    - При вакво лекување не постои каузална терапија. Клиниката долго време и целиот здравствен систем веќе две години се подготвуваа за ваков одговор, додаде Миленковиќ.

    Голубинка Бошевска од Институт за јавно здравје истакна дека примероци од лабораториските анализи ќе бидат испратени во Роберт Кох во Берлин каде ќе се направи обид за изолација на вирусот и ќе се утврди за кој тип се работи.

    Во Грција досега се потврдени 129 случаи на заболени од западнонилска треска од кои осум се починати, во Србија досега 30 лица се заболени од кои пет се починати, а во Хрватска има регистрирано три случаи на заболени.

    Во Европа има повеќе од 529 случаи на инфекции со западнонилскиот вирус. Во САД се регистрирани над 2.636 заболени од кои 118 се починати.
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Комарците знаат да касаат и преку облека.Ако е нешто потенко.
     
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^ Тогаш јас утре со капут на работа!
    Ќе им е*ем матер, они на мене....
     
  11. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Некој да не знае симптоми од трескава? Преносливо е (човек на човек)? :worried:
    Мене комарци скоро и да не ме касаат (не сум им вкусна) ама од пред некој ден имам настинка, а внимавав на витамини, исхрана и се облекував дури и повеќе од потребно. До душа бев болна пред 2 недели и сега гледам пак ме повторува. Најверојатно не е ништо зошто не се чувствувам поразлично од друг пат и непотребно се грижам, ама ако знаете нешто повеќе освен информациите за заразените и местата каде е најризично би ми помогнало многу.
     
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Овој опасен вирус не се пренесува преку контакт меѓу луѓето. Едно лице може да бидат инфекцирано само ако е каснато од заразен комарец, а симптомите се јавуваат 3 до 14 дена по заразувањето.
    Болеста се манифестира со треска и главоболка, вкочанетост на вратот, дезориентација, кома, замор, конвулзии, мускулна слабост и парализа.

    Околу 80 проценти од инфицираните поминуваат без симптоми додека останатите имаат полесна клиничка слика. светската статистика покажала дека кај еден од 150 случаи на заразен се јавуваат силни знаци на болеста.

    Полесна клиничка слика:
    Грозница
    Главоболка
    Мачнина
    Повраќање
    Болки во телото
    Осип на кожата и потечени лимфни јазли

    Тешка клиничка слика
    Запаление на мозокот
    Висока телесна температура
    Грчеви
    Губење на свеста
    Вкочанет врат
    Парализа

    ПРЕПОРАКИ – бидете внимателни и заштитете се од комарците со мрежи и со спрејови.

    Иначе, ја сеуште не сум загрижена за ова. Некако ми се чини дека е за профит и за заплашување. Сигурно ќе излезат во скоро време и некои вакцини, па ќе изнакупиме, ќе се изнабоцкаме. Можеби грешам, ама не гледам реална опасност да се разболам од чудово.
     
    На anabel-a, Moira, Dona-Ares и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^ Оти ми се чини ко симптомите за секоја нова „болест“ да се исти?
     
    На Rozich, la-chicka, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски
    Иначе, ја сеуште не сум загрижена за ова. Некако ми се чини дека е за профит и за заплашување. Сигурно ќе излезат во скоро време и некои вакцини, па ќе изнакупиме, ќе се изнабоцкаме. Можеби грешам, ама не гледам реална опасност да се разболам од чудово.



    И јас се сложувам со тебе,малце повеке ги дуваат работите-работам во Војна Бол. на инфективно-обичните стомачни вируси и ентероколити народов од паника го направи треска...
    Оно точно има регистрирани сл. али не е онака како што презентираат медиумите.
    Од страв лугево доагаат и за настинка обична.
    Без паника само-штитете се и се ке биде во ред
     
  15. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.273
    Пол:
    Женски
    И мене така ми се чини.. :) за жалење се.. незнаат друго шо да измислат и ајде ќе го плашат народот :@
    ама тоа е :|
     
  16. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    ^^ Како што и претпоставував не ми е ништо, барем ништо од наведеново :) али по некоја глупава случајност секогаш кога почнува да се јавува паника кај народот од некој вирус или грип (свински, пилешки, нилски..) јас настинувам. Место за паника нема никогаш, но сепак се загрижувам.
     
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049

    Акоооо , важно се наканија да прскаат против комарци наредниве три ден, барем една корист да се има од овие глупости.
    А комарците што не се трпат , не се трпат, претеризам е ова . Во град никаде нема, како сите ваму кај нас да се собрани :devil:
     
  18. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Еден комарец да има, мене ќе ме најде. Пред некој ден читав некој статистики и препораки ама се едно исто кажуваат. Ја паника не дигам, а од рајдови, аутани и триста чуда одамна имам раце кренато. До пред некоја година секој одмор по мало богатство дававме на препарати против комарци, за на крај јас пак да се вратам како со сипаници.

    Така да јачам имунитет, и така во зима без настинка не сум. Последните два месеци се посветив на витамини и слични додатоци па се надевам ќе има ефект.
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Така најправилно, да се зајакнува имунитетот.Ни јас не се нешто замарам со ова, ме каснале до сега, па ништо.Само јак имунитет, ништо друго, а и да не се крева паника.
    А и можеби го имало и од порано ова, па не го спомнале.И ова ќе помине, како и свинскиот, птичјиот.А може ќе измислат и некој друг тип на вирус.Се бива во однос на тие измислувања, новитети на вируси.
     
  20. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    лелеее луѓе помагајте мене вечерва ме касна тигрест комарец(добро да не трескам глупости ама беше на риги црно бели) и многу се исплашив,што ако е заразен,баш го видов и осетив кога ме касна ;( што да направам дали има место за паника :sweat:
    сите комарци ли го пренесуваат вирусот,ми се ежи кожата кога ке помислам ;( ;(