Епа добро тогаш, нивна грешка ваљда штом ти побарале трансакциска за рефундирање на средства. Не знам за колку време стигаат на сметка, немам такво искуство, кај мене беше друг случај.
Да не знае некој дали должината на горен дел облека исто така зависи од бројот или на сите е иста? Кога гледам маици, дуксери и слично, број ти препорачува само по ширината на градниот кош. Нарачав џемпер S, бидејќи зимава кога пробував џемпери, S ми беа таман со оглед на тоа што сите беа малку oversized, а и по стандардот на Зара би требало да ми е точен, само страв ми е да не ми е краток.
Обично, да, и на ракавите исто. Е сега ако си превисок можеби би ти биле ракавите кратки. Ама не би требало да ти е краток.
Да ве прашам со која курирска служба доставуваат Зара? Приметив дека не ми е целосна адресата, ама ваљда се јавуваат пред да ја достават пратката?
Тоа значи дека на продуктите што пишува coming soon во sale, се нарачуваат по цена со пресметан попуст и при достава на тој продукт, не се доплаќа ништо до регулар цена?
За колку време стига нарачката и колку плакате за достава, и дали има пример над таа и таа сума доставата да е бесплатна?
Над 2600 е бесплатна, инаку се плаќа 250 денари. Стигнува за недела до две, зависи како кога. Кога има многу нарачки заради попусти знае да биде подолго времето на достава.
Женски, не можам да регистрирам акаунт ниту преку апликација ниту на страната, воопшто не ми ја дава Македонија како опција. Хелп??
Последната нарачка од Зара мене ми стигна за три дена, дури не ми се веруваше, обично сум чекала една недела минимум.
Да, а оти си спиев на тоа уво дека "има време, ќе заборавам дури и дека нарачав работи", ептен ми дојде шок кога ме побараа. За други нарачки повеќе се изначекав.