Mahkum е релативно нова серија која започна со емитување во Турција и уште после првата епизода привлече големо внимание и највисока гледаност на FOX. Серијата започнува следејќи две паралелни приказни, од една страна обвинителот Фират кој случајно влегува во трага на богато корумпирано семејство. Од друга, браќата близнаци Јешари кои се тотална спротивност, бунтовник и бизнисмен. Бариш Јешари станува убиец на сопствениот брат преку лажирање на сопствената смрт. Ден после семејна прослава, Фират се буди во затвор, не сеќавајќи се дека е обвинет за убиство на сопругата и ќерката. Во главните улоги се Onur Tuna, Ismail Hacioglu, Melike Ipek Jalova. Одлична, поразлична крими/трилер прикзна, со одлична глума. Јас ја следам со превод на turkish.123.
Серијата е врв,многу добра. Јас почнав да ја гледам пред некое време ама застанав за да ми се насоберат повеќе епизоди. Досега се емитувани 17 епизоди. Има висок рејтинг во Турција. Се планира втора сезона. Серијата не е типична турска серија како останатите. Топло ви ја препорачувам.
И јас и се спремам на серијава. Глумциве се ВРВ!! Обично лето време ги гледам наеднаш зашто мачно ми е вака да чекам а и брате мили директно ако гледам 3-4 саати со реклами е една епизода.
Предобра серија. Одамна турците немале толку добра серија. Преубави актери. Особено Исмаил. Премногу му личи улогата на психо. Само штета што Серај Каја ја напушти серијата. Кај нас којзнае дали и воопшто ќе почне серијава…
Пред некое време ја открив. Предобра серија, стварно нешто поразлично. Чекам да најават во Македонија да се емитува и тука.
Емитуваат кога веќе помине целата фама околу серијата или кога половина ја изгледаат на сајтови со превод.
Се дозна ли кој ја уби Џемре.Гледам по инсерти дека Фират пак станал обвинител а Бариш завршил во затвор.
Мислам дека "Сениорот" ја уби. Првата сезона веќе заврши, чекам да излезе со превод последната епизода.
Тоа ми делува како сценарио за да го намамат Бариш да се врати од каде што се скрил, ако воопшто е жив.
Ја има новата епизода од втора сезона на turkish.123. Поинаков тек имаат настаните од тоа што очекував после таков крај на првата сезона, почетокот на епизодата ми беше дури и досаден додека се склопи некаква приказна со новите актери. Поготово Gökçe Eyüboğlu, ич не ја сакам.
Јас гледав две серии од неа Kadın ( Жена) и Evlilik Hakkında Herşey ( Сѐ за бракот). И во двете серии ми се допадна