Да ми одговори некој адвокат или некој добро упатен во правото или да ми препорачате добар адвокат кривичар. Минатиот викенд во физичка пресметка со друга личност и нанесов тешки телесни повреди на јавно место, бев приведена на лице место каде што после дадов исказ заедно со мојата адвокатка и бев тестирана на дрога и алкохол. Некни од другарка полицајка разбрав дека имале план да ми пушта кривична пријава по член 132 и 136 од кривичен закон и ќе се бара максимална казна затвор, заради и што порано сум осудувана два пати за дрога еднаш ( парична ) една затворска три месеци ( издржана ) и една нарушување на јавен ред и мир под дејство на алхохол и користење на недозволени супстанци ( Условна ) и како малолетна една за дрога. Адвокатката вели дека вистина има шанси да му успее овај пат на толкава казна оти сум со досие. Ги цени овие факти дека би биле клучни. Отежителни - Осудуваност - Недолично однесување пред ПС - Неукажување на прва помош - Негирање на настанот. - Алкохолизирана Состојба - Под дејство на наркотични средства. Олеснинителни Мојата возраст 19 години за еден месец 20. Дете на разведени родители татко поранешен алкохоличар. Вработена. Добра воља да надоместам штета уште пред рочиште. Каење за делото. Жал ми е за се што ми се случува а секогаш велам ова е последно и пак грешам, сакам да си го средам животот да се запишам и на факс да биди човек и од мене ама не не и не. Ваше мислење, совет. секој коментар позитивен/негативен е добредојден. Добредојден е секој коментар од правник.
Добро е да си поседиш малце во затвор, ваљда ќе ти дојде паметот. За да не бидеш новата Клементина. А и побарај стручна помош од психијатар.
Со тепање не се рашавааат проблемите, напротив тогаш доаѓаат поголеми проблеми. Сите имаме проблеми секој со своите проблеми, лично имам проблеми од дете, сите се соочуваме со проблеми дома и влијаат врз нас, не сакам да те повредам со ова што ќе го кажам ама изгледа не ти обрнале многу внимание на тебе и на твојата психолошка состојба па си тргнала по еден пат, битно е и друштвото во кое си и какво е. Со дрога не се решаваат проблемите имам примери од многу луѓе кои се дрогирле и како завршиле сум менувал друштва разбирам млада си разбирам сите ние кои сме млади сакаме забава, и сега сум млад, ова ти го кажувам за твое добро како повозрасен човек кој видел нешто повеќе во животот, не те осудувам само ти давам совет убаво те посоветува девојчето оди на психолог или психијатар исто би те посоветувал ќе ги најдеш корените на твоите проблемк реши си ги проблемите и почни си подобар живот млада си не си го уништувај животот бидејќи животот е пред тебе.
@Lana Girl дефинитивно само психолог и психијатар, особено добро запознаени со природата на твоите проблеми. Многу ми е жал што до сега си западнала во вакви ситуации, особено што си многу млада и не си добила соодветна помош како тинејџерка, ама никогаш не е касно да си го свртиш животот и да почнеш од ново. За тоа ти треба исклучиво стручна помош, бидејќи гледам дека веќе ја имаш волјата. За другото прашање, за правниот аспект не знам ништо.
Види делото не е којзнае што за толку потресување и просечен адвокат ќе те извлечи на условна. Ти до сега си судена за други дела кои немаат врска со сегашното така да биди спокојна и за тоа. Во твој интерес е да се договориш со оштетениот и тој на рочиште да каже дека не се чувствува оштетен. За што си судена за дрога што конкретно ? Досега си имала работа изгледа со адвокат аматер ако цело време те застапува истата адвокатка и те има заглавено во затвор. Доколку имаш потреба од дополнителен правен совет, застапување пред обвинител, суд и сл пиши ми во ЛП.
Жал ми е навистина. Знам дека законот предвидува казна од три месеци до три години. Бидејќи се работи за тешка телесна повреда по службена должност се покренува обвинение. Не знам како била ситуацијата и како ќе градите одбрана, ама за условна дали има простор кој знае. Јас би те советувала да се покаеш ама навистина и да се извиниш. Останатото зависи од одбраната и судијата. Отежнувачка околност е што си била и претходно осудувана. Што и да биде, важно е ти да имаш цврста волја да си го средиш животот. Многу си млада, допрва треба да живееш, аман немој во пропаст. Ти препорачале психијатар/психолог и тоа е во ред, јас дополнително би ти препорачала и разговор со свештеник. Не ме сфаќај погрешно, ама знам дека на многу луѓе во слична ситуација им помогнале во манастирите. Ти посакувам се најдобро
@SeaMermaid и @Luciferka имам уште две прашања, ќе се смета за отежително или олеснително дејството под алкохол и супстанци за да се направи вештачење во кое ќе се потврди дека не сум била при чиста свест при сторувањето на кривичното дело поради дејството на алкохол и супстанци ? Дали за двете кривични дела ако сум у затвор ќе лежам прво за една после за друга или двете истовремено ќе ги лежам со што ќе добијам на времетраење ? Ви благодарам на двете за одговорите
Хм, да не е толку страшно. За потсетување и Тот ракометарот беше претепан до смрт. И треба казна затвор. Очигледно е дека не престанала со дрогата и алкохолот. Како вака уште од мали насилници. Как се родителите???
Зависи како ќе се спрема одбрана и на кои олеснителни околности ќе се одлучите, јави се кај адвокатот од кој ти дадов бројче во ЛП одличен е за вакви случаи како твојот и верувам дека ќе добиеш пресуда која е во твоја корист. Секој случај е приказна сама за себе и не можеш да споредуваш случаи меѓу себе.
Која е целта да се добие пресуда во нејзина корист? Читаш ли ти што има направено девојката? Вели дека во физичка пресметка нанела тешки телесни повреди.
Таа си прашува за пресуда во нејзина корист која верувам и ќе ја добие, не прашува за пресуда во интерес на оштетениот/а или на трето лице затоа и дадов одговор за можноста да се добие пресуда која е во нејзина корист.
тоа се вика, коа ненормалното ќе стане нормално @RainBow мене овде нешто ми смрди, да знаеш ваква тема да искочи баш кога е банирана адвокаткава од ЦХ. Сумљиво сеа има нова тема за ширење пропаганди и броеви од вистински адвокати
Многу си дволична. Рендом лик на форумов те вреѓаше, па ти и' се закани дека ќе ја лежиш поради тоа. А друг нанел тешки физички повреди некому, викаш не е за потресување.
и` е гајле, сама ќе си се брани на суд, гледаш дека го познава правото затоа имаше муабети ,,курво ќе те лежам’’ леле да ми рече некој така ахахахахахахахахахах ај овде може и не толку, ама у живо, со супер лепак нема да го/ја залепат. ама најсериозно ќе речам се уплашив смртно, се плашев за мојот живот, морав да превземам нешто и онака гледам негде такви муабети проаѓаат
Јас овие би ги земала за отежнувачки. Ако имаш тенденција да зимаш наркотици и алкохол значи дека не си безбедна за околината. Барем јас не сакам да налетувам на рандом пијани и издрогирани луѓе. Не знам што и како се десило овде ама ако не било во самоодбрана, крива си. ***** Што ви велев во другата тема дека вакви личности не престануваат на еднаш и толку туку повторуваат многу пати.
Уште тоа да е олеснителна околност, па кога некој ќе не изнервира, да зимаме дрога или алкохол и да го претепаме. После алкохолот и дрогата се виновни.
Ми треба адвокат од Скопје, Куманово или Велес. Озбилно адвокатот не е вистински ми дала број од којзнае кого ? Кажувајте бе луѓе какви преваранти роварат тука не да си кажам историја на било која будала.
@Luciferka Iskreno ne mi se dopagale tvojte mislenja na vakvi delikatni temi sekade do kaj sto te procitav. Da dobie presuda vo nejzina korist... Zemaj si psihijatar brzoo Vo 21vek so tepanje resava problemi (pogotovo svoi od umot izmisleni) pomizerno ne mozi da bidi kolku zaostanat narod.. uzas
Јас да сум ќе ти дадам да работиш во комунално претпријатие една година, ако не работиш во затвор да одиш, за да ти дојде памет.. Улици да метеш, ѓубре да збираш, памет да ти дојде.. А и законот мислам дозволува, казната да се замени со општокирисна работа..