1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заточеништво или изолација по сопствен избор? Две сестри 13 години не се излезени од дома

Дискусија во 'Политика и настани' започната од sesilija, 8 септември 2017.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Што мислите за веста што ја објавија повеќе медиуми за две сестри од Битола кои 13 години не излегле од дома и за кои соседите се сомневаат дека нивната мајка ги држи во изолација од 2004 год, т.е. годината кога починал нејзиниот сопруг?


    По пријавувањето на соседите до надлежните органи, истите отишле на лице место да ја увидат состојбата, но не успеале да влезат во станот. Сепак, по извршените разговори преку вратата, утврдиле дека сестрите го живеат тој живот по нивен избор, а не против нивна волја и дека нема никакво семејно насилство.

    http://telma.com.mk/vesti/nadlezhni...vo-stanot-kade-13-godini-semejstvoto-kolevski

    Мене сето ова ми е чудно, ги слушав и изјавите на соседите и едноставно не ми се верува како толку лесно се откажале службите и ја дале оваа дијагноза.
    Можеби девојките се исплашени, наклукани со апчиња, или после толку години таков живот мислат дека таквиот живот е нормален и дека се е во ред, но дали е?

    Откако го гледав видеото и ги читав вестите не можам да престанам да ги мислам, се прашувам што се случило за да дојдат до таа состојба и фаза, и дали има начин да се вратат во живот?

    Зарем толку е моќта на службите?
     
    На Bozica1980, cresa-jagoda, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    33.312
    А од кај знаат со кого збореле? И зашто не повикале полиција ? И како тоа преку врата виделе дека сами сакаат у затвор да живеат?!

    Па и да сакаат, може се неарни и не се свесни дека тоа не е нормално, па треба некој да си ја заврши работата, како еве на пример да им пристапи, психолошки да ги процени и да им понуди соодветна помош.

    Ебате државата, значи аман веќе од вакви неписмени и незаинтерсирани дебили кои работат деликатни работи, а запишале Социјала оти на друг факултет не ги примиле!
     
    На eli25, celineparis, kim.k и 18 други им се допаѓа ова.
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    @Gosh и мене не ми е јасно како така лесно дале дијагноза дека се е во ред.
    Најмногу ме потресе кога ја слушав сосетката дека биде преубави образовани млади девојки, едната пеела и на М2 аудициите, а сега вака да гнијат.

    Затоа и пишав овде, можеби има некоја битолчанка што е запознаена за случајот, да сподели некоја информација и доколку се уште не е доцна, да се најде начин да им се помогне на девојките.

    Ме интересира и од правен и псухолошки аспект- од правен во смисла што може да се направи иако не бараат интервенција, а од психолошки да се објасни како дошло до оваа промена на однесување и на мајката и девојките после смртта на нивниот сопруг/ татко?
    Очигледно дека тоа е тригерот што го предизвикал сето ова, ама би сакала да прочитам ставови од стручни лица од овие области ...
     
    На parksey, cresa-jagoda, Nigredo Odor и 4 други им се допаѓа ова.
  4. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Реално воздрасни личности се, а биле и пред 13 години, во секој случај способни сами да рассудуваат.
    Според приказната на сосетката, мајката била често надвор, а нив ги слушале дома.
    Да речиме дека биле заклучени, сепак можеле да комуницираат со нив преку вратата.
    Мајката не верувам дека преку ден, тукутака, станала психопат и почнала да си ги труе сопствените деца ..
    Мене повеќе ми изгледа дека соседите не си ја гледаат нивната работа и се малку повеќе љубопитни отколку загрижени, но тие си знаат.

    Можеби грешам.

    И не ми е јасно, како телма објавува нечие име, презиме и адреса на живеење јавно, без очигледно нивно одобрување?
    Дозволено да објавуваат такви податоци? Официјално сеуште нема никаков прекршок, сторијата е базирана на озборување од соседи ...
     
    На Bozica1980, parksey, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  5. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    Kако бе не биле психотични?!
    13 години да не излезеш од дома,да не посакаш да комуницираш?
    Раните по телото од што им се?
    Сигурно се самоповредуваат.
    Лелеци,урлање,wtf?
    Не е тоа личен избор на нормална фамилија.
    Треба дефинитивно да ги згрижат во душевна болница додека не се повреди некоја до мера да нема назад.
    Друго мислење немам.
    Жално.
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.659
    Допаѓања:
    18.998
    Пол:
    Женски
    Ова треба да го испитаат органите !
    Треба социјални работници , полиција, и доктори на лице место да дознаат што е работата со сестриве !
    Не ми се верува 13 години некој да сака заклучен да биди !
     
    На parksey, cresa-jagoda, Nigredo Odor и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.665
    Пол:
    Женски
    Малце не им држи вода приказнава,да сакаа до сега ќе дознаеа,тие ако се такви какви што ги опишаа и ако е толку критична ситуацијата не ми е јасно со кој памет очекуваат т.н.надлежниве со едно ѕвонење некој да им отвори врата,и што ќе речат?да повелете сакате кафе,сок?(facepalm) Ах бе оваа држава ниту ја бивало некад,ниту ќе ја биде.Па уште кога слушнав тоа дека биле прегледани од стручно луце и немале психички проб не знам дали да се смеам илида плачам.Ај де ние нафта пиеме.
     
    На crazylady, Victorian, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  8. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Реално ни јас, ни ти, па ни сосетките нивни не знаат дали излегуваат од дома или не.
    И општо земено, сите приказни се хиперболизирани.
    Да сакале да помогнат, има многу други начини, објавување на сторија, па и со целосни информации, вклучувајќи и адреса може само штета да направи и ништо повеќе.
    За да не сакаш да комуницираш со некој може да имаш повеќе причини, пример соседи кои се мешаат каде што не му е местото ...
     
    Последна измена: 9 септември 2017
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.198
    Допаѓања:
    93.434
    Стварно? Заради соседи кои се мешаат нема да излезеш од дома 13 години?! Па тогаш 95% од македонското население треба да седи дома во карантин.

    Мене не ми е јасно каде се роднините во приказнава? 13 години се, не 13 дена. Ништо да не превземат до сега...
    Па и комшиите не требало да чекаат сиве овие години. Се надевам ќе се разјасни случајот и ќе им се помогне на девојките, потресна приказна ептен.

    А на надлежните 'алал' да им е штом со разговор преку врата донесуваат заклучоци за ваков случај. Професионално и на ниво како и секогаш.
     
    На Bozica1980, kim.k, parksey и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.821
    Се сеќавате 2001ва кога клупите новинари обелоденуваа податоци за мак. Војска? Ги видовме таму 10 возила онаму... па почнаа челниците лаги да им кажуваат оти штета правеа.

    Така и тука. Кажано е дека се е во ред и дека повеќе не им идат дома а ќе отидат пак. Да слушнат да пробаат.

    Многу често соц. Служби идат ненајавено. И кога проверуваат родители и слично. Затоа пред да осудите почекајте.
     
    На BloodElf и Victorian им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Телма објави каде живеат, на која улица, а имало претходно проблеми со нив, нели кажаа пред 5 години. Така да не е проблем ако ја кажат адресата, случај таму имало. Кажаа улица, сепак мора да лоцираат, за да алармираат. Јас очекував дека со полиција ќе скршат врата и ќе ги најдат во многу лоша состојба девојките. Сепак ништо не направија. Од каде знаат дека девојките не се под присила и дека морале да кажат дека се во ред и дека тоа е нивни избор.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Офф бе... Во ова држава ништо не бидува. Туку тешко на тој што фатил работа со полиција и судови. Жално за девојките, а искрено и не е толку убедливо дека тие по своја воља сакат таков тип на живот. Само да се надеваме дека што побрзо ќе се донесе некоја одлука што стварно ќе биде од корист. Ама кој на кого му е гајле за некого, полицијата е активна само кога се работи за убиство и сл.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Не знам каде прочита дека реков дека заради соседи нема да излезеш 13години од дома?
    Напишав дека не можеме никој да знаеме дали излегуваат или не и што всушност се случува и дека едноставно може да не комуницираш со некој(сосетката) ако не си знае каде и е местото!
    Не глеам ништо чудно во тоа, на крај краева не зависат од малската трачарка.

    Сторијава воопшто нема смисла, there for, јас не ја сметам ни малку веродостојна.

    Изгледа како да ја немате прочитано вестта ни ти ни @Tanjamm и само така коментирате.
    Накратко, пошто гледам ве мрзи да го прочитате цел настан кој го коментирате, напишано е дека од центарот за социјални работи веќе ја обиле вратата претходно и потоа семејството било на болница 10тина дена, немале телесни повреди и биле прегледани од психијатар и психолог и се утврдило дека нема проблем и самите потврдиле дека е нивни личен избор.
    Сосеткиве известија што јаделе, што пиеле, душкале по туѓи кеси, а не спомнаа дека се обиделе да разговараат со мајката или девојките.
    Во толку години можеле барем еднаш да пробаат да разговараат со нив, барем преку врата.
    Сигурно знаат блиски роднини, можеле да ги контактираат, but noоо.
    Од видеото не осетив ни малку загриженост во нив, единствено нешто е што не знаат што прават дома и бараат некој да ја руши вратата за да видат. Што повеќе?
    Јас искрено да имав сосед, кој како што ја обвинуваат мајката, се изживува врз сопствените деца, покрај за нив, би била загрижена и за самата себе ..
    Маалската трачарка рече, it must be true!

    Искрено освен ако не бил убиен таткото или нешто слично, па да се загрижени за сопствениот живот не гледам ни некоја поврзаност на двата настани, освен нели, во тешките моменти гледаш кој ти се пријатели, а кој не, па решиле да не комунициираат со тие што не им мислат добро.
    Возрасни личности се, биле и тогаш, најверојано веќе му било јасно дека луѓето умираат.

    Пак ќе речам, има многу можни сценарија "случајов", кој не изгледа дека е како што се трудат да го прикажат.
    Кога одлучиле да не споделуваат нешто, мислам дека треба да се почитува, сепак е нивна приватност.

    И да случајов од пред 5 години е еднаков на пријава за гласна музика од соседи, а ако не се лажам и за убиства се користат иницијали. А ете и да речиме дека е легално, што не верувам, не е етички и еден медиум треба да пази што и како објавува.
    Покрај очиглените причини, на крај не ни знаат кој се им ги гледа и чита вестите.
     
    Последна измена: 11 септември 2017
  14. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    Еи како тоа немале психички проблеми тие забегале дома ниедна мајка неможе да сака дома затворено без ништо да седаат бе. Хах да се во др држава да видевме дали вака ќе се остаел счучајот. Во оваа ситуација треба да биде вака. Мајката во ЗАТВОР! А ќерките во психијатрија така што докторот да ги упати кон понатамошниот живот.
     
    На Tanjamm и Βικτωρία им се допаѓа ова.
  15. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Ја преседиле цела власт на пастирот меѓу четири ѕида, можеби тоа и не им била толку лоша одлука :devil:

    Освен ако не лажат комшиите за слушањето на језиви крици кога мајка им била излезена не гледам многу хипербола, две возрасни жени повеќе пати да пуштаат крици доволно јаки за да ги слушнат надвор е прилично сјебана ствар во реалноста, има материјал за загриженост плус имаше и изјави на очевидци дека жените биле крастави или нешто така, последица на нехигиена или некаква кожна болештина :x
    Е сега на филм не е којзнае што, таму Џемс Бонт коа го зеде тоа тенкот руски па коа им се пушти низ улиците...
     
    На JuLleE, BloodElf и Βικτωρία им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Сите прилози на вести ги изгледав за нив. Соседите се загрижени. Тоа се болни луѓе и не е трач. Што не ми викат мене тв и да кажат не сум излегла од дома 13 години. Секој што дава лажна информација или лажно пријавува во полиција може да заработи кривична. Ако се беше во ред, зошто не се појави мајката или девојките да кажат ок сме, наш избор е, сакаме сонце да не видиме, сакаме комшиите да не не гледаат, наш избор е. Тоа нема шанси да е нормално. Оболеле и тука треба помош. А како биле психички здрави пред 5 години не знам. Плус не зборуваше еден сосед, туку повеќе 3-4. Немаат мир од нив. Ставете се на нивно место, морничаво е да имаш такви соседи.
     
    На crimson, Црна Ружа и Βικτωρία им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    А ќе се превземе нешто да им се помогне на двете возрасни сестри или пренесоа медиумите, имало реакција, го провериле случајот и толку? Колку се интересираат службите кај нас... Ова си треба испитување, да се открие причината за 13 годишната изолација од светот, дали некој друг ги присилил на тоа или се работи за нивна одлука, па да си добијат соодветна психијатриска помош итн. Камо да идат до крај и целосно да го решат овој случај.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Маалските трачарки најмалку треба да се тема на муабет овде. Од кои причини пријавиле -дали сакале да видат дома како им е декорирано или знаци по тело од некакви секташки ритуали, небитно е. Во вакви примери треба да се реагира а соседите немаат одговорност да пробуваат на своја рака да решат проблем наместо да пријават. Крици, лелеци, затворени во стан 13 години, без струја, без вода, па и по своја волја да е очигледно е дека волјата им е малку повеќе пореметена од погрешно расудување. А зошто е тоа така треба да се види. Многу лица со психички пореметувања не се свесни до кој степен се оштетени, затоа има стручни лица кои треба да проценат. Нив ги процениле дека се ок? |( Ок.
     
    На crimson и Nausicaa им се допаѓа ова.
  19. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    30.903
    Пол:
    Женски
    Каде што има чад има и оган. Не е излезен џабе случајов по медиуми. Сигурно дека сите тие соседи не лупаат глупости по телевизииве само на празно туку навистина има нешто. Веројатно не измислуваат за језивите звуци кои ги слушаат а и повеќе од јасно е дека навистина не излегуваат затоа што во спротивно барем некој би ги сретнувал понекогаш. Како и да е, случајов ми е многу чуден. Да речеме дека имаат психички проблеми ама пак како и кај двете се јавија имајќи во предевид дека тие биле две најнормални девојки. Уште во времето кога биле затворени тие ги немале тие проблеми, зошто не изреагирале, зошто не повикале за помош? Како две девојки со повеќе од 20 години паднале под влијание на мајката? Или си имале некои пореметувања уште пред тоа само успевале да се прикриваат или мајкава нешто им дава. Јасно е дека таа сноси вина и треба да одговара за тоа што го сторила.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    464