Дали сакате да употребувате зачини во храната и кои ви се омилени? Со каква храна ги комбинирате и дали сакате да правите микс од повеќе зачини? Што знаете за зачините, каква е нивната делотворност? Стандардно кај нас за зачин се смета и се користи зачинал (вегета) во готвените јадења, но повеќе мислам на зачини како што се ѓумбир, сушен лук, босилок, копар, ким, оригано, нане, морско оревче, рузмарин, каранфилче, цимет, кари, магдонос и уште многу други. Со користењето на зачини вкусот и аромата на храната се менува и се подобрува, различни зачини се автентични за различни кујни. Зачините исто така се добри и за здравјето, превенираат и помагаат во излекување на некои болести. Јадењата со зачини ми се многу повкусни и најмногу користам оригано (врз сирење, тестенини, пица, некои салати...), а исто така го сакам и копарот во салати и особено во таратур, рузмарин на варен компир, нане и босилок во гравче...
Карито ми е омилена мешавина од зачини и го ставам речиси во се! Го обожавам и неможам да си замислам јадење без него, од тестенини, месо до омлети па дури и во пуканки, а во сосови и преливи е неизбежен. Исто и куркумата како составен дел на карито. Кога готвам свинско и телешко месо обавезно ставам рузмарин. Го сакам и шарениот бибер во зрна, во салати најмногу го употребувам. Копарот го ставам во компир салата, сосови со павлака и салати со краставички. Лук во прав додавам во сосови и тестенини. Босилекот ми е за тестенини со мелено месо и доматен сос, го додавам и во салати со домат, многу убаво ми се слагаат. Нането се разбира во гравче А понекогаш го ставам и во лесни благи и пудинзи за да му дадат свежина на кремот. Ориганото исто го употребувам во пица секако и во тестенини со преливи. Каранфилчето, ѓумбирот, циметот ги користам во благи колачи, ролати, торти... Каранфилчето има посебен шмек, составен дел ми е во тортата со тиква. Циметот го ставам и во пити и штрудли со јаболка, врз сутлијаш, во како го ставам итн... Ѓумбирот го ставам исто во еден колач како куглов со тиква, ама не му се осеќа толку вкусот како на каранфилчето, па ако може некој предлог каде да го употребам за да дојде до израз, бидејќи имам цело шишенце дома. Предложете и некои други егзотични зачини, тежок фанатик сум
Обожавам зачини. Единствено не ја „мирисам“ многу солта зашто ми создава проблеми со првут, па почнав да ја избегнувам и да ја користам минимално. Мешан сув зеленчук или на нашки кажано - старата добра Подравка вегета ми е омилена. Обожавам луто, па буковата сол и црниот пипер (без разлика дали станува збор за мелен или зрна бибер) ми се исто така зачини кои одговараат во секое јадење. Посебно обожавам топла супа или чорба со мнооогу пипер во прав. Не знам колку би ми верувале, ама си сркам редовно цело тенџере супа со многу пипер - универзален лек за затнат нос и дишни патишта! Имав до пред некое време и лук во прав, го ставав во супи, месо, тестенини и веднаш се осеќаше разликата во вкусот, а не лутеше и тоа му беше минус - јас си сакам лутко. Ориганото или сушен, мелен магдонос ми се број еден кога станува збор за зачини. Ако немам од едното - ставам од другото, иако секако вкусот не е ист, ама понекогаш ете од пречестото користење на овие две, се случува да ми фали, па морам да одам со алтернативно решение. Дефинитивно тестенините не ми се тоа тоа ако нема барем еден прстофат оригано/мелен магдонос. Да не правам муабет за пици или месени работи со пица полнење. Всушност, мене највеќе ме привлекуваат и боите и комбинациите од бои кои можат да се направат со додавање на зачини и мастраф - професионална деформација која се префрлила и во готвењето. Копар, босилок или нане, па и рузмарин - обожавам зелени зачини, како да му даваат боја и живост на јадењето. Па и нешто портокалово, како на пример сецкан морков и ... јадењето може да започне! И цимет - да не го заборавам. Неизоставен дел ми е од секое благо - колачиња, благ ориз, какао, па дури и чај. Го обожавам мирисот на цимет.
Во јадењата кај нас дома освен вообичаените сол и црн бибер, обавезно се додава сув магданос. Нормално, кога му е сезона свеж се става, особено во супи. Кога се готви пилешко месо, без разлика во каква варијанта е, се додава кари. Карито јас лично го додавам и дома мама кога прави некои чорби, дава некој посебен шмек. Во последно време обожавам и т.н. тепана сол. (не знам дали постои некое друго име ) Со потпечено лепче во рерна или на тостер, па му мачкаш маргарин и му додаваш тепана сол. Како што би кажала нашата драга Алачки од Алфа тв: „Мх, мх, мх“
Обожавам зачини, а можам да кажам дека дома многу често ставаме во јадења. Си имам и колеквија направено. Баш пред некој ден броев и имам 19 различни зачини.
Кога правам јадење, додека не ги ставам сите можни зачини што ги имам дома, не седнувам да јадам. Карито е магија, те навлекува и те прави зависник, а откажување од него нема. Дечко ми ми вика, ај не можеш и во кафето кари да си ставиш. Бибер, вегета, морско оревче и триена сол се стандард во секој ручек, а циметот во се благо што постои. Имам пробано и ладно нескафе со цимет, превкусно е. Италијанска храна не поминува без босилек или оригано, а и еден од омилените ми е и црвениот пипер. Не смеам многу да го ставам, под изговор, штетен бил како запршка (народски кажано), ама затоа не испуштам без да наросам барем малце. Во последно време врв ми е сирење со оригано, абе лудница е.
Во сите маркети има, имаш во кесички и во стаклени теглички на Маестро има, тие во кесички се поефтини околу 30тина денари, а тие во стаклена тегличка ти се поголема количина околу 70 денари
Неможам да замислам јадење без зачини . Ги обожавам! Кари,рузмарин,босилок,магданос,лук,бибер во зрна секаков,цимет,оригано,морско оревче,ѓумбир,ваѓета,сушено чили,копар мммммммм и многууууу други не ми текнува ,да не ги набројувам Зависник сум
Овие секојдневните(вегета,црн пипер и сл.)не ги набројувам Ориганото ми ее омилено...Сакам да ги мешам затоа што се добиваат интересни вкусови...
Почесно место во мојата кујна имаат зачините. Не ги сфаќам луѓето кои не користат зачини. Верувам дека и во животот се такви-стерилни, досадни, без имагинација. Ги користам скоро сите зачини кои можат да се најдат по нашиве маркети. Си правам и свои комбинации. На пример зачинувам крупна морска сол па ја ставам во мелница и добивам шарена сол. Во Грција летово купив стапчиња цимет, па веднаш ги пробав во сутлијаш. Мирисот беше..уф ми фалат зборови да ја доловам таа убавина. Мојот сопруг многу често на шала (може и на пола вистина не знам) се шушка со син ми -Оваа мајка ти само некои мирудии, некои бибери става по јадењава...да не ни го забибери некој ден
Куркума каде може да најдам? Очиве ми паднаа по рафтовите, или јас сум слепа до толку, не знам. Сакам чисто куркума, да не биде кари. Ако знае некој по можност да ми каже и точно место, уште координати да знае најубаво
На зелен пазар, имаш на мерење, има на повеќе тезгички, таму каде што се продаваат оревчиња, бадемчиња, а во близина мислам дека маслинки се продаваат. Таму е некаде