Форумџика на годината

Заштита на децата од насилство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tan4ence, 4 октомври 2021.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ако има ваква тема, префрлете ме таму.
    Ова неколку пати се има дискутирано во темата "Ќотекот како воспитна мерка" и затоа мислев дека е паметно да се отвори посебна тема.
    Гледаме и таму, гледаме и од блиски примери околу нас дека е сосема океј да си го шамараш детето одвреме навреме, па дури и посериозни примери каде деца се претепувани од родители. Кога дадилка/негувателка била фатена како малтретира дете, следувало ваква или онаква казна и веројатно им се забранувало работа со деца. Она што е пострашно и полесно да се скрие е насилство од страна на родител, во било која форма. Велам пострашна зашто овде детето е препуштено само на себе, можеби мисли дека тоа е во ред, ако пак се плаши, нема и не знае каде и кому да каже. Возрасен човек можеби ќе побара помош, ама дете многу поретко. Па ваквите случаи си остануваат со години оставајќи последици врз детето кои не мора да се видливи, туку може да се поврзани со психички проблеми. Затоа сметам дека барем кај нас, заштитата на децата како ранлива категорија треба да биде поголема. А тоа да вклучува основање на соодветни институции чија главна цел ќе биде заштита на децата.
    Неколку прашања на кои мислам дека треба дискусија:
    1. Кои организации (владини или невладини), институции се занимаваат специфично со заштита на деца од насилство?
    2. Колку се ангажирани и ефективни?
    3. Што може и треба да се смени во државава за да се намали процентот на малтретирани деца и да се гарантира дека секое дете ќе има здраво детство?
    4. Ако посведочиме насилство врз дете од родител,(или и од друго лице) дали и каде можеме да пријавиме и дали тоа ќе вроди со плод?


    Инаку и последниов настан со децата во извидничкиот одред, особено нечии реакции на тоа дека такви активности биле нормални, кажани дури и од луѓе "активисти" ме натера да се запрашам кој стои зад детето во државава.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Интересна тема. За жал, не се зборува многу за насилството врз децата. Многумина не го сметаат ќотекот за насилство. Не сме сведоци само на тепање од страна на родителите и на дадилките, туку и од страна на наставници. Да, се' уште има наставници што го применуваат ова.

    Да не се заборави и психичкото насилство што многу често му претходи на физичкото. Постојано викање, навреди, потценувањето на нивната интелигенција само поради нивната возраст...

    На видеото каде што наставничката ги нарекува учениците 'стока' начекав коментари како порано јаделе ќотек од наставниците и ништо не им недостасувало, како денешниве деца биле од 'мо**а' правени... Факт е дека има многу невоспитани деца, дека наставниците се под постојан стрес, но навредлив збор или удар не е решение.

    Мислам дека Меѓаши се занимава со насилството врз деца, но ни јас не знам колку е ангажирана. Во Македонија треба да се воведат строги казни за таквите родители, вклучувајќи и одземање на родителското право. Можеме да пријавиме во СОС или во полиција, но не верувам дека ќе вроди со плод. Во видеото на Медуза за тоа што прави МВР имаше за некоја што сакала да пријави семејно насилство, а тие и' рекле 'Де, бре, за еден шамар ли пријавуваш (а не било еден шамар)? Сите сме добивале шамари од родителите'. Тоа е доказ дека нема да има ефект.

    Се извинувам за долгото мислење, иако имам уште за кажување, но подоцна ќе го кажам. Сакав да опфатам што е множно повеќе аспекти.
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.624
    Пол:
    Женски
    Просто да не знаеш дали почовечки е да го оставиш детето дома у средина у која е малтретирано или да го препуштиш у рацете на социјалните служби, односно во центрите за заштита каде ќе го клукаат со дијазепами, пак ќе го малтретираат и женското ќе го силуваат.
     
    На Аргентина *, WildMk и Indiegurl им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Затоа ја отворив темата.
    Зашто нешто очајно треба да се смени.
    Зашто немаме организации и активисти кои ќе истураат бес на социјални мрежи за удрено дете, луѓе кои ќе бидат гласот на секое дете.
    И жалосно е колку темава се смета за небитна ради она - секој родител му мисли добро на детето.
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ја земам еден ден ќерка ми од школо... прво, или второ беше.
    Се среќаваме со родител кој е инспектор во МВР, и тој оди да си го земи детето.

    Едно време, со трчање излегува едно девојче, а по него возрасен маж (испадна татко и'), и' се дери и ја брка, оваа пишти-плаче. Ја зачека и ја удри.
    Стојам јас скаменета, го гледам инспекторов се прај наудрен, го гледам тој од обезбедувањето, исто си се прај наудрен и одлучувам јас да интервенирам.
    Им пријдов и почнав да му зборувам на татково да престане да ја удира и да и' се дери.
    Не ме послуша, нормално, а додека јас разговарав со нив, инспекторов си замина дома со детето.

    Ај сега кажете ми кој се грижи за децата во државава?

    И да не заборајме, дека ние ги плаќаме МВР, за да не штитат.
    Поголеми криминалци, нема од нив!
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.941
    Пол:
    Женски
    Јас дефинитивно сум против насилство врз децата. Не знам дали оти моите се мирни колку што можат за возраста да речам или мојот праг на толеранција е голем не знам.
    Е сега, јас лично сум видела дете каде се треска на улица ради тоа што мајка му не му купила балон. Плаче се дере, се треска. Жената беше на крај на нерви. Си помислив леле да ми е мене ко ќе му залепам една, толку беше страшна глетката а и од тогаш за ниедно не ми текнало ваква мисла.
    Дали во ваква ситуација тоа е ќотек како воспитна мерка или тоа ќе се смета за насилство врз детето?
    Ај и малку претеруваме веќе со ова насилство врз детето ако му подвикнеш или не знам што.
    Па ако не викнам како нема да ми се качи на глава?
    Дефинитвно не го оправдувам секојдневниот ќотек или вреѓање секојдневно од чиста мира или дека родителот е малку психички нестабилен.
    Мора да се има мерка на строгост како начин на воспитување а да не е претворено во насилство.
    Од страна моето гласно седи мирен за некое е насилство, е тука се претерувањата во исказв насилство врз дете.

    Муабетот ми е дека не секое воспитување е насилство врз дете, а од страна кога се гледа така изгледа. На секое зошто има секогаш затоа.
     
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Да, насилство врз детето е.
    И да му "залепи една" нема ништо да направи.
    И не реков у секоја ситуација дека треба да се одземе дете од родител.
    Ама да, супер би било да живееме во свет кај што секој ќе си го удри детето, ќе се тресе од страв на секое ѕвонење на врата. Нели, исто како што детето се тресе од страв кога ќе згреши нешто:)
    Таквите промени кои спомнав оти можат да се направат е редовни прегледи на психолог/психијатар и за детето и за родителот за да се реши проблемот и родителот да си ја сфати грешката.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.941
    Пол:
    Женски
    Добро, подобро да се бориме секој што сака да стане родител да оди на проценка дали е способен да гледа дете па после да го створи. Јас сум повеќе за тоа. За се во животов се обучуваме за најголемата улога не.
    Тоа дека за еден шамар ќе му се одземе дете, аха секако.
    Јас сум за воспитни мерки со мера. Не треба да се тресе дете од страв на секоја грешка, првин разговор и само разговор да е опција бр.1. Јас така функционирам разговор првин, после ако има доволно години да разбере за грешката за која веќе е Х пати разговарано и се повтроува, следува друга воспитна мерка.
     
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    И ако процениш дека некој не е за родител, што ќе направиш? Со сила ќе го стерилизираш? Сериозно прашувам. На кој начин ќе забраниш на некој дете да има?

    Не реков ОДМА да се одземе.
    Ама да, еден шамар на детето не треба така да остане така. Мој предлог е да има процедура која ќе почне од советување, посета на психолози, парични казни итн...се разбира ако се дознае за тој шамар. А за да се дознае за такво насилство, потребно менување на менталитетот од корен.
    А инаку за шамар од дечко ти или маж ти треба развод/разделба или не?

    Ти можеш да бидеш за или против.
    Ама твоето лично мислење не го менува фактот дека има родители што се замислуваат богови пред детето па редовно си го тепаат детето. Појди во темата за ќотек како воспитна мерка и читај од почеток. Ќе се изненадиш...додуша нема да се изненадиш знаејќи колку е нормално тоа.

    Не знам како тема за семејно насилство и насилство врз жени ви е сериозна тема, а за деца кога се работи ви е сосем небитно.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.941
    Пол:
    Женски
    Доколку имаме систем кој ќе функционира како што треба,од совети за родителство до психолошка проценка, нема да го спречи никој да има дете ама и те како ќе има право да му го одземе. Ама ако има систем функционален. Не ни сакам да ги читам тие теми бидејќи знам каде живеам,со каков менталитет. За жал јас партнерот можам да го одберам и да го сменам, но детето родителот не може. Ќе зборуваме за ова долго се додека не си признае родителот дека има проблем и да работи на тоа, наместо на малтретирање дете. Моето лично мислење нема може да промени ништо денес, но кој знае во иднина. Затоа тврдам дека секој мора да си признае за што е способен,и дали е способен за родители.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.020
    Пол:
    Женски
    Кај нас не знам камо треба да се постапи.
    Искрено.
    Да не пријавиш, свесно го оставаш детето во насилна средина.
    Ако пријавиш или никој нема да реагира или условите по одземање на детето ќе бидат страшни. Не смеам да зборувам за некои информации за домовите, но се како во хорор.
    Ти да реагираш, може да те откачи за секунда.
    Да не знаеш како полошо ќе му направиш на детето.
    А реалноста кај нас е страшна, многу деца се тепани, психички и физички малтретирани и на голем дел од општеството тоа им е ок, зошто на свое дете тоа го правиш, така се воспитува дете.
     
    На mode-kristina и Tan4ence им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    За мене е полошо што од никој не гледам иницијатиа да се смени ова.
    За семејно насилство ќе видиш глас, ама кога е само детето во прашање за жал и тие вртат глави. Буквално никој не го боли за деца кои се најранливи и не можат сами да си помогнат. Ретки исклучоци ама не е доволно да се истакне дека нешто се прави.
    Јас можам да јадам трици до бескрај, ама некој таму има моќ повеќе од мене да смени нешто ако сака.
    Без разлика дали е за свое или туѓо дете, дали е физичко насилство или психичко или било какво друго нарушување на права на детето.
    Сум била еднаш сведок како мајка тегнеше и удираше девојче на сред улица додека ова се тресеше и плачеше. И еве ме боли што не знаев што да направам оти јас ќе го јадев на крај, детето секако ќе остане кај неа,
     
    Последна измена: 7 октомври 2021