Заштита на животните

Дискусија во 'Дом' започната од Gordana10, 27 април 2010.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Темава ја отварам затоа што нормално сакам да видам ваши мислења,а и имав инспирација,некаде прочитав дека имало петиција за основање на полиција за заштита на животните.
    Сметате ли дека е потребно вакво нешто, со оглед на тоа дека тука кај нас е зачестено труењето на кучињата, нешто што страшно ме иритира, каснување на луѓе итн.
    Меѓутоа тоа каснување на луѓе не е секогаш од тоа дека кучето има беснило,туку тие чуствуваат дали луѓето се плашат или не, а и веројатно и самит луѓе ги провоцираат кучињата, па се случуваат тие каснувања.
    Можам да кажам дека ги разбирам луѓето,можеби и тие имаат некаков удел во сето тоа, незнам, ми се има случено да поминувам покрај глутница кучиња и никогаш не ме нападнале.
    Што мислите вие за таквата петиција, дали имате некои вакви случки, а и дали е такво нешто возможно тука во Македонија, колку тоа ке се оствари, реализира?
     
    На Dala, 2505, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    5.533
    Јас сум дефинитивно за! Доста луѓето се изживува на животните. Као демек имаат домашно милениче а уствари не го ни приметуваат ниту му обезбедуваат соодветни услови, ниту здравствена нега. исто така и за напуштените улични кучиња, па тие не дошле од марс на улица се оти некој ги оставил таму на милост и немилост, па нормално дека потоа напагаат се живо кога се гладни и напуштени и место да се заловуваат и трујат или успиваат треба прво да се казнат нивните предходни сопственици што ги напуштиле. Али реално тешко дека во Македонија ке успее вакво нешто не сме ние уште толку хумано општество, сеуште немаме развиено толква свест, за жал :(
     
    На Dala, 2505 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.366
    Допаѓања:
    200.747
    Пол:
    Женски
    Искрено, јас сум за таква полиција за заштита на животните затоа што луѓето знаат да бидат многу сурови спрема нив. Ама од друга страна, таа полиција ќе помага и во заштитата на луѓето од животните посебно од кучињата. Кај нас е многу честа практика да се трујат кучињата и мачките, и тоа не само скитниците, туку и оние кои луѓето ги чуваат како домашни миленичиња. Кога прочитав за масовното труење кучиња на Попова Шапка се згрозив. Кој си дал за право тоа да го направи? И зошто? Кучињата ако се животни, немаат душа? И тие се живи суштества, како би било некој нас тоа да ни го прави? Некој ќе рече треба да се трујат, напаѓаат и слично, ама ете мене досега куче не ме нападнало без причина. Ниедно животно не напаѓа ако не е провоцирано, ако не се почувствува загрозено, со исклучок на оние што имаат беснило. Тие напаѓаат секого. За нив нема лек, освен усмртувањето. Ама пак, зошто некој да ми го отруе кучето кое никого не напаѓа, а му пречи затоа што лаело? Па куче е, нели тоа му е работа, да лае?
    А исто така, има и доста луѓе сопственици на домашни миленичиња кои буквално се изживуваат врз животните, или пак ги оставаат на улица после некое време откако ќе им здодее да го чуваат или пак кога ќе се разболи, па не сакаат да фрлаат пари на ветеринар и најлесно им е да го пуштат. Кога земаш домашно милениче си земаш обврска да го чуваш и да се грижиш за него. Не е тоа кукла, па кога ќе ти текне на него да му дадеш да јаде или да го фрлиш на улица.
    Ама во Македонија тешко дека би успеало тоа. Можеби некогаш во иднина. А сега, не верувам.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mare.pet

    mare.pet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Ja поздравувам темава! И јас сум згрозена од тоа како се постапува овде, кај нас со животните. Сметам дека ние Македонците сме хумани луге, со исклучок на некои изроди. Само што како и други работи во државава и тоа не е средено со Закон кој ќе ги штити незаштитените,слаби и беспомошни животни. Има неколку хуманитарни организации кои прават колку што можат и се борат да ги спасат и вдомат сиротите срценца. И затоа сметам дека треба да се соберат потписи и да се бара (ПЕТИЦИЈА) да се донесе Закон за заштита на животните и да се формира полиција за заштита на животни. Ако сите добронамерни љубители на животни го подигнат својот глас ќе се помрднат работите на подобро. Среќните, задоволни и нахранети зивотни кои се цувствуваат безбедни- тие не напагаат!
    ГОСПОД НЕ ГИ СТВОРИЛ ЖИВОТНИТЕ ЗА НИЕ ДА СЕ ИЗЖИВУВАМЕ НАД НИВ. ТИЕ СЕ НАШИ СОГРАЃАНИ ЖИВЕАТ ТУКА ВО НАШИОТ ГРАД И ИСТО ТАКА СЕ ДЕЛ ОД ПРИРОДАТА, КОЈА ИСТО ТАКА БЕЗМИЛОСНО ЈА УНИШТУВАМЕ И НА КРАЈ ТАА КЕ НЕ УНИШТИ НАС!!!
    Извинете ако премногу емотивно реагирам на темата ;(
     
    На MarchelineAmaru и BoaVista им се допаѓа ова.
  5. orient

    orient Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Секоја идеа од овој тип е секако добредојдена, семетам дека би имало потешкотии околу нивното реализирање но сепак не треба да се откажуваме од вакви идеи . Поздрав до сите искрени љубители на животните
     
  6. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Никогаш не ме нападнало куче.Напаѓаат да , ама не луѓе што не им направиле ништо . Памтат се , чувствуваат се. Честопати кога ќе видам на улица куче , маче поретко , такво слабо .. Каде што и онака имаат тажни лица а уште толку кога се гладни , уморни од бесчувствителни луѓе и што се не , ми иде да земам за дома .Ама не живеам сама , не одлучувам само јас, кога ќе живеам сама зоолошка ќе направам( си стојам на зборов :) ) Видов пред некој ден на српска телевизија , луѓето искочиа со своите миленици за да се заштитуваат повеќе,секоја чест за овој потег. Во нашава земја не се заштитени колку што треба , ама како да очекуваме животните да ги заштитат кога не ги заштитуваат луѓето што живеат на улица? За петиција , или било што да се направи за да се заштитат животните , јас сум ЗА! И искрено , повеќе сакам кучиња од луѓе.. повесела ме прават, не ме лажат , не ми прават лошо.. можда сум себична , ама таков став имам :D
     
    На MarchelineAmaru, Juicy03 и BoaVista им се допаѓа ова.
  7. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    88
    пред скоро бев во зоолошка, од дете не бев отидена . Просто ми стана жал за животните, вчера читав во весник дека во Јапонија во некое рибарско место ги убивале делфините и го продавале месото како китово. Си реков што луѓе ќе беа овие толку немилосрдни, јас сум за да нема животни во зоолошка ако треба само на слика ќе ги гледам, тие сами ќе си одржуваат рамнотежа во својот биосистем
     
  8. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Стварно сум за едно големо ЗА!!!затоа што стварно тука се изживуваат со животните па жално е некое невино и безпомошно суштество да трпи последици за ништо...
     
  9. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    150
    дефинитивно треба да се направи за заштита на животните. Мислам дека треба да се изградат посебни места каде што кучињата, мачките и сите останати "бездомни" животни би се сместиле, хранеле и лекувале доколку се болни. Потоа тие животни да се подаруваат на луѓе што навистина ги сакаат животните. Мислам дека треба да се обрне внимание и на оние животни во македонија кои се ретки, да се помогне за нивно зачувување, а ги има такви доста. Можеби ќе отидам надвор од темава но сметам дека треба да се преземе и нешто и за заштита на шумите во македонија. Навистина е жално да се гледа дрвја стари и по 30, 40, 50 години да се користат како огрев кога има толку алтернативни начини на греење. Само уште да додадам дека вегетеријанството е најдобриот начин да им се помогне на животните, јас веќе осум години сум вегетеријанец затоа време замислете само колку животни биле спасени од сигурна смрт :D :D :D :D :D
     
    На 2505 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Кога ги читав постовите, ми идаше да заплачам! Животните се третирани на најлош можен начин! Сметам дека човекот е најголем ѕвер денес, а не некое куче или било кое друго животинче! Толку сум разочарана од општеството, што е крајно нехумано овде во Македонија, затоа што имам гледано многу грозни работи, од секакви луѓе, лоши па и оние што некогаш сме ги сметале за добри луѓе, како на пример, кучката ќе ги роди малечките, и тој Глупавиот, смрден и незнам на друг начин како да го наречам, нечовек, ги зема малечките, ги става во најлонско ќесе и ги фрла во река!....Па Господине, што ве кошта да си го однесете кучето на ветеринар да го направат стерилно???!!!...Друг случај, ја зема еден пушката, излегува надвор и пука по кучињата, затоа што му лаеле ноќе! Исто во населбата, намерно некој ќе ви дојде во двор да ви го отруе кучето.....и мн мн мн други примери! А за бездомните кученца и мачиња немам збор
    ги трујат стално, и секогаш ги гледам без едно ноџе, цели крвави... :( ;( ! И да вистина е тоа дека тие не напаѓаат без причина, освен ако не се испровоцирани или во случај на беснило! Кај нас заклучок е дека иако постои желба за таква полиција, таа идеа тешко да може да се спроведе, поради нашиот неубав менталитет! напати многу имам гледано емисии на анимал планет, за полицијата во американските градови, каде што ги штитат животните...и просто тие емисии мн ме исполнаа, со радост!
    Друго, мн ми е жал за природата, нема никаква свест, еве најнов пример што можам да го дадам е овој со охридсково езеро, кога пред некој ден некој глупак ја пуштил канализацијата во езерото.......Едноставно немам зборови или емоции како да го искажам мојот бес, гнев поради таквите изроди што постојат кај нас! Еве кај нас почнаа секој ден убиства на луѓе да се случуваат, да се крадат деца за органи, па кој...еве би се нафатил за правата на животните......? Штета е што повеќето мислат вака.....Ние луѓето и животните сме сите жители на оваа планета...и мораме да се грижиме еден за друг......
     
    На 2505, MarchelineAmaru и BoaVista им се допаѓа ова.
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    И јас сум за, мене ме нервира кога луѓе што ете не сакаат животни, ги поврредуваат, убиваат. Мајката на мојот бивш дечко се осуди да ми каже да го фрлам мачето, демек она не сакала ништо. Ако не ги сакаат, зошто нели има и такви луѓе, зошто воопшто се замараат со нив и им наштетуваат, само одмини си.
    Инаку мојот мачор го засакале дури и луѓе кои мрзат животни. Многу ми е жал кога ке видам на улица, маче куче не е битно.
    Значи имам маче, пардон мачориште, плус на прозор секој ден ми долетуваат дбе гугутки и ми тропаат на стаклото со клуновите да им дадам храна, точно знаат кога стнувам, и не се плашат од мене, уште не сум доставила се, тие почнуваат да јадат до мојата рака. Иначе с евикаат Станлио и Олио :lol:
     
    На MarchelineAmaru и BoaVista им се допаѓа ова.
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Лично сметам дека треба да се основа таква полиција.Треба да се стави крај на оваа бесмислена тортура.Како за пример имам соседи кои имаат две кучиња.Жал ми е да ги гледам,седат валкани во еден дел од дворот,гладни и не прошетани со денови.Кога не можат да ги чуваат не требало ни да прифатат да ги земат.
    А за убивањето и труењето да не дискутирам бидејќи е крајно не човечки.Што би се случило кога би се појавиле вонземјани кои би биле многу попаметни од нас и би не мачеле на разни начини.Воопшто не е коректно убивањето на животните,тие се дел од земјата и припаѓаат на истата.Меѓутоа за жал не размислуваат сите исто.Пред некој ден на Animal Planet гледав како спасуваа едно маче,се грижеа како да е човек и да бидеме реални каков е системот во нашата држава толку не се грижат ни за луѓето,а не за животните.Мислам дека е џабе и дека за жал нема да успее колку и да се трудиме.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  13. maca.81

    maca.81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    21
    Дефинитивно едно големо ДА за основање на „Animal Police“ (y).
     
  14. blue.rose

    blue.rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    28
    И јас сум голем обожавател на животните. Едно гоолемо „ДА“ за создавање на таква организација која барем малку ќе ги заштитува животните.

    Реално гледани кај нас никогаш нема да може да се воведат такви парични и дури затворски казни како што гледаме во Америка, а со тоа и луѓето нема никогаш да се свестат и да започнат да водат поголема грижа за животните.

    Срцето ми се пара за кучињата и мачките бездомници, а уште повеќе за оние кои се во сопственост на дебили кои ги третираат како предмети.

    Тажно е и посакувам што побрзо нешто да се смени :(
     
  15. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Нема правда

    Прво што сакам да кажам: Ако има ваква слична тема, а јас не најдов слободно заклучете ја.

    Да почнам за темата:
    Често гледам вознемирувачки видеа и слики на кои се мачат животни. Дали тоа е во ред?

    (http://www.mondo.rs/motion/play.php?vid=3719) -> Само едно од многуте што сум ги видела и сум се згрозила.

    Колку сметате дека тоа е распространето низ Македонија, низ Балканот и како гледате на тоа?

    Дали мислите дека условите во стационарот Вардариште се доболно добри за кучињата?

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Дали е ова хуманиот третман кој го ветуваше Коце Трајановски? ( Сакам да напоменам дека темава не е политичка и да се воздржиме од невкусни коментари и навреди.

    Слободно прикачувајте слики од вашите миленици, кажете нешто за нив и се што ке посакате ( Иако знам дека има тема Домашни Миленици)

    А може и да прикачувате слики од интернет, се што е поврзано со домашни миленици.

    Извините за долгиот пост. :inlove:
     
    На HeidiDiWalt и MiDnIgHtLaDy им се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Нема правда

    Што е до мене нека се уништат сите до едно кога е во прашање мојата безбедност!
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Нема правда

    Значи во секој град истата приказна!Или се на улица,прегладнети и изнемоштени или во овие бедни изговори од прифатилишта.Се третираат во најнесанитариските услови полоши дури од оние на улицата :( .Треба да има некоја програма за дресирање на ваквите кучиња скитници и да бидат посвоени.


    LaLy
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Нема правда

    Жално е тоа што им се случува и условите во стационарот се ужасни. Гледам во Скопје има некои организации за нивна заштита кои се трудат да ги очистат и вакцинираат, па потоа да им најдат дом.
    Никогаш не напаѓаат без причина. Без причина можеме само НИЕ да напаѓаме.
     
    На MarchelineAmaru, doktorka-an, BoaVista и 5 други им се допаѓа ова.
  19. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    Нема правда

    срциња убави да можам сите дома би ги земала и би ги здомила....
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  20. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Нема правда

    Да Хипица, и многу кучиња имаат вдомено, а и организираат акции за вдомувње на плоштадот и најчесто скоро сите се вдомуваат.


    А некој тебе да те уништи заради негова безбедност? И ако не го закачаш сигурно ништо нема да ти направи. ;)
     
    На MarchelineAmaru, doktorka-an, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.