Барав по секаде на форумов слична тема но не успеав да пронајдам. Во главно, веќе долго време гледам како се рекламираат разни производо по тикток, инста и слично за наводно зајакнување и дефинирање на jawline поточно на вилицата, но не сум сигурен дека такви производи постојат кај нас за да се купат, во прашање е jawline trainer и мастики кои наводно се доволно многу тврди што ги зајакнуваат мускулите на лицето. Дали знаете кадe можам да набавам такви производи и дали сте имале лично искуство со нив?
Аммм... Имаш на АлиЕкспрес такви едни гумички, за да стискаш... Ја лично такво нешто никад не би пробал, сметам дека дури е и штетно за забите и вилицата. Башка што не верувам дека помага/е ефективно, или пак можда само мал резултат ќе даде. Не можеш да добиеш коцкеста вилица од џвакање гуми... Но, разгледај, истражи убаво и пробај.
Од мастики само штета ќе си направиш, ова некој нов тренд ќе да е. Не земај здраво за готово од социјалните мрежи, сето е само добар маркетинг и ништо друго.
@Scott Weiland значи дека слабо пратам трендови. Срам да ми е. https://theconversation.com/looksma...ok-trend-turning-young-men-into-incels-221724
Лепотаните што ги гледаш на инстаграм не сакаат да признаат дека на половина од нив jawline-от не им е од гумичките туку од филер. Не гризај гуми, сакази, ѕидови ако ти е толку битно стави си филер или ослаби тоа е тоа.
Со ваквите гуми можеш само да си ја оштетиш вилицата, т.е рскавиците и мускулите што ја држат. Контурите на лицето не можеш да ги смениш пошто се коски, сите имаме различни. Опција ти е филер, како што кажаа погоре, многу природни резултати се постигнуваат.
И јас мислам дека со тие гумички можеш само полошо да си направиш дури да дојде и до искривување на вилицата.Сум ги гледала и истражувала,а за филери и јас би да ставам зошто сакам такви контури.Па еве ако некој има ставано филери на вилицата нека сподели искуства.Знам дека се некаде околу 15 илјади.