Најпрво да се извинам доколку има ваква тема или слична, барав ама ништо не најдов. Дали сте имале ваков проблем? Кога почнал? Колку траел? Во кој период од денот се јавува? Со причина или без? Ние имаме страшен проблем, знае да зајде за глупост, ама брзо го решаваме проблемот. Но, ноќеска се случи и во сон, многу пострашно од будна состојба. Налик на тантрум плус со зајдување. Прво преташе низ кревет, застануваше на глава, седнуваше, потоа почна да зајдува, да се гуши да кашла. Се опира, се тегне... Плаче со солзи, отвара очи, ги трие, се ова во спиење. Ќе се смири 2 мин и пак од почеток. Спиењето последниве 3+ месеци е хорор со кенкање на 10 минути, ама последново од памет ме извади. Трет пат се случува вакво плачење, ама предходно без зајдување. Ни дадоа упат за симпо, ама ме интересираат искуства, зошто до понеделник срцево ќе пукне.
И мене на ноќен терор ми личи . Истото го пројдовме. Зајдување е термин што се користи кај дете кога силно плаче, останува без воздух и помодрува т.е. Зајдува. И верувам и тоа се случува. Ноќниот терор кај нас траеше 3 недели горе доле. Се појави кога правевме адаптација во градинка и претпоставувам во сон се плашеше од неа па затоа.. Анатх тогаш ме воведе во ова и ми објасни. Никако будење само гушкај и збори му тивко или пеј му. Ако се разбуди само е друго ама никако со сила. бетер ќе плаче.
Не ми личеше ово пат на ноќен терор, зошто беше различно од предходните два пати, тогаш исто се само не зајдуваше и тогаш покажуваше накај врата сакаше да искочи. Сега буквално почна со зајдувањето... Ме загрижи неправилното дишење, едвај зимаше воздух, после зајдувањето, обично стално веднаш се стабилизира.
После тоа да не имаше гасови или да не се искака? Кај нас се случи скоро и беше толку страшно што почекавме неколку минути и излеговме надвор сред ноќ демек да се смири, но продолжи исто и директно во болница го однесовме, премногу се исплашивме не знаевме што е работата, прв пат се случи. Го прегледаа, му ставија клизма, се искака, се смири и заспа. Нареден пат земи го во раце и нишкај го, пеј му, гушкај го. Кај нас не успеа ова овој пат па затоа испаничивме дека не престануваше. Те препрочитав пак. Кај нас кога легнува на глава и го крева газот нагоре има грчеви или стомак го боли. Така и јас правев кога ме фатија породилни болки или кога имам добиено.
Не не, мешето е во ред, го поврзав со запче, зошто и проби вчера 4ката...ноќеска беше подобра, ама нон стоп стануваше, па или во фотеља седев и она ми спие во раце, или до мене, па малце во кревечте и така во круг. Ќе видиме во понеделник. Офф живци да имаш само.
Истиот проблем го имавме до пред една недела. Последниот пат беше најлошо од сите. Помислив дека си го голтна јазикот. Секој ден се случуваше да изгуби воздух по неколку пати. Го поврзував со грчеви. Кога и да почнеше да плаче, се молев да не изгуби воздух. Некогаш од многу плачење, а некогаш се случуваше и наеднаш да помодре цел и да се изгуби. Истото сум го правела јас како мала, само не толку често. Не знам дали е наследно. Единственото што го правев е да го свртам наопаку, го изнесував надвор или му дувaв во лице. Се консултирав со педијатри ми рекоа дека таков бил темпераментен, ќе му поминело.
Ноќен терор е. Мојава изгледаше ко егзорцизам да ѝ праат. Ужасно за гледање и слушање, гласот ѝ беше непрепознатлив. Грлато дерење. Искрено јас не би носела за тоа, ама ако ти се осеќаш помирно, тогаш оди.
Па и јас се мислев, ама кога да докторот му кажав се, дека и општо не спие, плус ова, плус дека и б6 и калма б направи фаца... И не прати во симпо. Еве 4 ноќ око не сум склопила, кенка на 5-10 минути. Не зајдуваше во сон, ама дење зајдува по неколку пати. Од средина на август не мачи не спиењево, со будење на краток период. Не е да се буди пример за млеко, за гушкање или слично... Не е издржливо... Дај боже да е ноќен терор ама искрено се сомневам
2години не спиевме. За жал педијатрите не се информирани околу оваа проблематика и мислам дека дигаат паника беспотребно. Башка јас не ни давав б6 и калма б, едноставно не верувам дека тоа ќе помогне, затоа што деца мора да поминат низ одреден период и никаков витамин нема да им помогне во полесно справување. Инаку ноќните терори не се поради физиолошка потреба, туку преживуваат нешто што им се случило во текот на денот или неодамна, но поизразено. А си заприметила зошто зајдува, во кои ситуации? Можеби се работи за тантрум. Оди види што ќе ти кажат, и не си земај здраво за готово, затоа што и меѓу нив не се сите најстручни за ова, не знам кај кого точно те пратил. Може да ти направат паника, а да нема простор за тоа.
Зајдувањето не ти е проблем...тоа ти се јавува бидејќи многу плаче. Најубаво да го прегледаат детето,ако нема ништо физички. Инаку мојата од ушињата најмногу има плачено. Инаку зајдува од бебе по неколку пати во денот и тоа уште од првиот плач и веќе навикнати сме, нормално секојдневие ни е. Со помин да е и тоа што побрзо, да не се мачи дете.
Не прати во центар за ментално здравје, првично кај педијатар па тој да каже што и како понатаму. Дење зајдува и за глупост. Еве прееска зајдуваше зошто татко и не и даде чоколатце у рака туку ја хранеше он. Седнува сама на газе на земја и пак зајдува... Од ништо буквално. Не зависно од денот каков бил, ноќта е секогаш иста. Намерно пробуваме да и правиме поинтересно, да се играме помирни игри, гледаме да нр се расплакува, да не се чукне... Пред спиење и раскажувам како ќе спиеме, да се одмориме, па ќе станеме, ќе ручкаме, ќе шеткаме.. Иако е мала, ама се знае и разбира. Секакви наредби извршува. Ама се успива и смирува само со мене, никој не може да ме замени. Друго, кога ќе ја покријам ноќе цела се стресува, некогаш знае и пелена кога менуваме да вришти, да бега... Не знам, може стварно е фаза...
Тантрумите почнале Ако мене ме прашуваш. Кај некои порано поминуваат, кај некои подоцна. Ко за ќерка ми да збориш
Колку временски траеше?? Абе она е вака срцка, да се чудиш за дете од неполни 14 месеци. Знае се, кое каде стои, фрла ѓубре во канта, сама си зима јакна, патики, подава раче, ноџе за да се облече... Сега па и уште една нова фаза, не дава да ја храниш, сака сама да јаде. Сакам да кажам де нормално си се развива. Ама јас веќе живци изгубив, зошто на толку помош, јас исто ко да немам помош. Сега најново и е, се успиваме јас седната на фотеља и ја држам исправено за да ждригне од млекцето, а таа ми ја влече главата да ја бацувам и така се успива. Се надевам брзо ќе помине... И дека нема да завршам у бардовци. Пошо моево дете вреди за 5 машки. Доста е активна и дење, све нешо бутка, крева, преместува, отвара. Блокирај ти све, џабе. Она ќе се пробие. Не знам ете може од таму произлегува. Ги гледам врснициве нејзини, абе не им текнува такви глупости да прават. Трча, шутира топки, у рикверц оди и свесна е дека праи глупости и се смее. Се изнапишав јас, ама може стварно е поврзано. Не знам некој совет, што да правиме во текот на денот за да ги намалиме барем симптомиве. Цртани, телефони и слично не ја интересираат. Уствари ништо такво не ја интересира, само да се движи сака.
До кај три години, дење-ноќе се расправавме со мм кој да се фрли низ прозор Прво престанаа ноќните терори, а тантрумите се намалија. Уште ги има, на скоро 4год., ама полесно се справуваме од порано. Супер ти е детето, верувај ми Прочитај го текстот, може се работи за хиперсензитивност, како кај мојата. https://www.fakulteti.mk/mobile/new...rsenzitivno_dete_no_na_momenti_e_iscrpuvachko
Кај докторкава одев јас кога имав криза.. Нормална сум фала богу хахаха.... Тоа е, ќе пробуваме се. Фала ти
Па да, сеа ја неам многу многу одено по такви работи, ама ми пријаше, ми помогна доста не е некоја одма да даде терапија. Има интересен пристап.
Првпат го слушам овој збор зајдување во ваков контекст. Да зајде сонцето да, но дете? Човек учи додека е жив.
Зајдување е кога ке почне да плаче и кога ке дојде ред да земе воздух оно не зима воздух па почнува да зјае шо викам јас Керка ми прво околу уста модрееше па и по цело лице секундите ко денови ти стануваат и само чекаш да земе воздух Шо да правиш ?ништо само игнор Колку повеке и обракаш пажња толку почесто ке го прави тоа бидејки ек виде дека така го добива твоето внимание ако за некоа секунда не се поврате назад дувни му нежно во лицето ако и тоа не помогне сврти го со главата надоле и протреси го У ваков случај син ми се има изгубено и јазик голтнато Не сакате да знаете каква слика е тоа оклапушено модро дете коа не реагира