Заљубена сум во еден од подобрите другари...Пред некоја недела му признав дека ми се допаѓа..Но тоа беше преку другарка и немаше никаква реакција од негова страна.. Вчера по долго размислување сепак се решив да му признаам дека го сакам!Затоа што навистина го сакам!Неможев веќе да го чувам тоа во мене бидејќи ми преставуваше голема болка.. Откако му кажав дека го сакам и тоа јас му го кажав..Тој повтрони не изреагри ништо..Незнам што чувствува према мене, ќе ми биде полесно ако било што барем ми каже..Тешко ми е и сркшена сум од болка..Кажете ми што да праам..ве молам посоветувајте ме! Благодарам однапред.
Според мене, тоа е доста незгодна ситуација. И јас сум била во ваква ситуација, т.е. во онаа на „другар ти“. Искрено да ти кажам, тоа за мене беше едно од најлошите искуства. Значи некого кого јас сметав за ептен супер близок, како брат, ми вели „Јас те сакам!“. :? Јас не знаев како да изреагирам, затоа што не сакав да го повредам. Можеби и тој е збунет, сигурно не очекувал вакво нешто, па те гледа само како другарка. Остави го некое време, да се соземе момчето, а потоа прашај го дали и што чувствува кон тебе, зашто сега и немаш некој избор кога веќе си играла на отворени карти и му рекла дека го сакаш туку така. Тоа е мојот совет. Со среќа.
I jas sum momentalno vo edna vakva situacija, samo od drugata strana. Eden drugar mi prizna deka me saka iako jas i prethodno znaev. Od togas mnogu raboti se promenija. Sega voopsto i ne komunicirame. Problemot bese sto jas jasno kazav deka nisto ne cuvstvuvam kon nego a toj insistirase da bideme drugari kako i prethodno. Toj ocekuva od mene da ja spodelam sekoja rabota so nego. Jasno mi e deka nema da mu bide seedno dokolku mu zboruvam za nekoj drug decko. Sega e se jasno megu nas i poveke nisto nema. Sarka ne ti go kazuvam ova da te zaplasam tuku samo go spodeluvam moeto iskustvo. Se nadevam nema da ti se povtori mojava situacija! :roll:
уффф.... гадна ситуација... да му кажеш на другарот дека ти се допаѓа е прилично шок ситуација... секогаш сум се разочарувала од другарите баш ради ова... некој го гледаш како добар другар, блиски сте и се е ок и кога одеднаш оп.. и после веќе другарството пропаѓа... глупава ситуација е да слушнеш нешто од некој од кого не си очекувал такво нешто... а веќе акција не нешто друго... кога ме бакна мојот дотогаш најдобар другар мислев дека ќе паднам во несвест а еве и по година и пол ние сме сеуште заедно... многу е битно како ќе ја изјавиш љубовта или допаѓањето.... преку акција е подобро и можноста да те одбие е помала а со зборови е приличен шок..
Znachi i jas sum vo slichna na ovaa situacija...ne se znaeme dolgo t.e. od nova godina no sepak go prashav dali saka da ima neshto so mene preku drugar....toj drugar gi iskomplicira rabotite demek imam sansa kaj nego a on ustvari rekol ne ...od druga strana i se pusta primetlivo na moja drugarka i nastana edna golema frka i resiv da zboram so nego lice vo lice, i toj mi kaza deka ne cuvstvuval nisto sprema drugarka mi i deka ako sakal da prai nesto so nea ke naprael za nova godina bidejki oni se poznaat pred nova godina i deka so mene sakal da ostane najdobar drugar?? Zaedno sme vo drustvo i se odnesuvam normalno toj donekade pak mi dava nekoja si nadez a od drustvoto drug drugar misli deka ja sviga drugarka mi. navistina neznam sto da pravam...ve molam za sovet i samo nemojte da me sovetuvate 'batali go' deka ne mi e taka lesno koga veke se zaljubiv vo nego .... Fala odnapred...
Ее..сеа вака..Ова е значи мое мислење..ии јас сум во истава ситуација значи не се познаваме долго време ама другар ми е сепак..само ја и ти се разликуваме во тоа што јас идев преку другарка али не да го праша туку му кажа само дек аиам чувства спрема него ии он ми го има тоа мене кажано ама кај нас годините се проблем! Мојот совет за тебе е следниов : Ако рекол дека нејќе тогаш нејќе значи батали го не е ни еден ни едиствен знам дека го сакаш и дека ти е тешко да го оставиш...значи не го гледај како симпатија он нека биде во товите очи ’’маркиран’’ како другар...почнете да се дружите што повеќе и повеќе..помагај му кога му е тешко..ии се тоа..значи понашај се како ништо да не било како да не кажал НЕ на другарти..Јас добив совет да излезам со него онака чисто другарски па да видиме однесување негово спрема тебе дали сепак те гледа другарски или има нешто повеќе..Со тек на време можеби ќе те засака и повеќе од другарка само почекај..ако пак воопшто не реагира и се понаша како да ти е другар тогаш... Пробајте излезете сами на кафе онака другарски! Па кажи ни што се случило..
Mu kazav na eden od podobrite drugari deka go sakam,ali toa go napraiv preku drugarka so uci so nego i on natoa izreagiral mnogu burno i bil nervozen i mene mi e sega uzasno tesko zatoa sto cuvstvuvam deka go izgubiv i ko drugar
За темава можам книга да напишам!! Ми се случи истото со другар што ми беше близок како брат! И на двајцата ни се измешаа чувствата и се случи... Мислам дека таа врска е најубава, зошто до тебе имаш човек за кој знаеш се, го знаеш како дише.. Сакате исти работи, премногу сте блиски, едноставно кажано компактни!! Но, за жал другарството после тоа не е ни приближно исто како предходно...
драга сарке! мислам дека уште на некое место го видов проблемов и ти пишав таму, али еве и ке ти вратам и тука. значи отприлика знам како ти е зашто и ја имав чувства кон мое `другарче`. велам `другарче` зашто ја и типот не бевме баш прави другари ко ти и твојот, туку баш напротив цел ден се каравме, си идевме контра со мислења за инат и што би се рекло органски не се поднасавме иако меѓу нас морам да признаам имаше хемија и тоа голема, и знаев дека не му е баш сеедно али никогаш не му кажав отворено што чувствувам за него, туку си продолжив да се понашам лошо кон него... се до една вечер коа не завршивме ја и он на журка и каде пивце по пивце, танго по танго, ја не го смував да тоа беше иронијата во ситуацијата, ја која цело време од као се знаевме зборев дека он е последно дете со кое би била, и дека попрво ке умрам отколку со него да бидам, го смував и да ти кажам воопшто не се каам. сега односите ни се ок, пак сме другарите што се мрзат и се краат али за ништо на светот не би ја мењала таа вечер и се би дала да се повтори, а знам и он.. па ке видиме сега што како ке биде тогаш сфатив дека многу сум го сакала мојот другар-непријател а као што велат старите сакај го твојот непријател тоа ке го докрајчи, ја тоа и ке го правам целата љубов на светото ке му ја дадам непријател е, затоа .. It's complicated and stupid, got my ass squeezed by sexy cupid
Заљубена во најдобар другар! и што сега? пред 8 месеци го запознав него...почнавме со флерт ово оно...и уште првиот ден ВРСКА ! не ни одеше добро затоа шо за него ми велеа дека е женкар дека на сите им пишуе дека сите го сакаат воа ноа....ја му се скарав и му реков дека ќе имаме само едно здраво.Арно ама тоа "едно здраво" прерасна во најдобри другари.Секој божји ден бевме заедно.Јадев со него,пиев со него,се шминкав со него,одевме у кладилница,испаѓаме за викенди заедно...СЕ ! се ми кажува и се му кажувам.веќе одамна е заборавено она пред 8-9 месеци.Он има други женски ја имам друг,му кажувам се шо ни се случува во врската а он ми кажуе дека сака веќе озбилна врска нејќе да се заебава веќе...Ме советуе,го советуам... он кај мене дома,ја кај него...По цели денови.Веќе долго време постојано мислам на него.Шо и да помислам прво шо ќе се прашам е: Ај шо ќе рече он...тоа ! Не ми е јасно во последно време шо чувствувам спрема него....А он делува понекогаш заљубен во мене...Еднаш се скаравме затоа шо нејќеше да се видиме а и рекол на другарка ми дека не сакал затоа шо колку повеќе сме се гледале толку поголема желба имал да ме залапа....истото ми се случува и мене...ве молам само не ми викајте да му кажам затоа шо знам како ќе заврши....ќе бидам со него а нашето пријателство???
a da probate da si bidete zaedno..vo vrska?pa ke vidis sto osekas ti za nego, a on za tebe..obicno takvi prijatelstva mozat da zpreminat vo nesto poveke..
Па не знам што чекате ? Нема поубава врска од онаа која настанала од пријателство. Па пишуваш и дека љубовта е обострана, уште поубаво. Вашето пријателство не мора да значи дека ќе изчезне. Па зарем дечкото, партнерот или сопругот не треба да ти е најдобар пријател воедно !? Мислам да разговарате и да си ги искажете чувствата, да пробате врска. Ако не биде, ако тоа што го чувствуваш е само пролазно, време ќе покаже а вие можете и понатаму да си останете пријатели ( како што прочитав и предтоа си била во иста ситуација со него). Поздравче и со среќа !
Бин дер,дан дет!Ми помина...ама затоа ме кошташе брдо самодоверба,ама сега кога ќе го видам си викам Што ќе правеше вака убав лебед како тебе,покрај ова грдо пајче! Огрубен е и неубав,а карактерот не му се сменил ни малце,останал во егоизмот и себичноста кои го красат(или не) детството...и престанавме да бидеме најдобри откако фати женска која патем е иста како него...со тоа што не му дава да диши,а паралелно го брка мојот бивши!И ајде речете дека животот не пишува романи! Најосетлива љубов е оваа,никогаш не знаеш како ќе реагира,а најчесто не е способен да те сака затоа што ги знае сите твои предности и маани,па заради второто секогаш ќе најде причина зошто да не биде со тебе,а тоа е она површното не?!Истото се случува и во врска откако ќе помине делот зад кулисите и сите оние инсекти во мешето,бубачки во главата,па почнуваш да живееш во онаа удобност на врската и ги разбираш сите свои маани,а не само туѓите,што сепак се сведува на истото како и да има врска со другарка или некоја рандом девојка,која за разлика од тебе ќе му ги тресе колената затоа што не ја познава доволно и претходи овој дел кој го спомнав,а со тебе веднаш е во удобниот дел... Деликатна ситуација...и најчесто те гледа као другар,а не ко другарка...
Јас сум имала врска со другар најдобар, доаѓаше кај мене јас висев кај него Се си знаевме еден за друг, и после тоа почнавме врска ... ама ... стварно нешто не штимаше :? Јас знаев како диши, кога ме лаже ецтр ецтр, тој за мене истото. Ех сеа баш се потсетив на него, убави времиња Иначе сега ми се свиѓа еден колега од факс, и мислам дека има некои симпатии и тој спрема мене ама не знам...страв ми е да не си го расипеме другарството, може е подобро вака
temava....eden od moite drugari go svigam podolgo vreme. Pred edna godina toj sakase da ima nesto so mene onaka za edna vecer, a ako odi i nesto poveke, no jas rekov deka ne sakam zatoa sto togas poveke ja sakase mojata drugarka. Potoa jas zapoznav drug, toj i ponatamu ja sakase drugarka mi so koja se muvase. Sega taa veke voopsto ne e vazna vo prikaznata, a toj ima devojka, megutoa sekogas koga ke se sretneme posle skolo, pred skolo, slucajno na ulica sekogas me gleda nekako cudno i nevoobicaeno za mene, ednostavno nesto vo negovite oci sveti. I da se napravam deka ne sum go zabelezala sekogas me pozdravuva, a minatiot vikend jas bev so drugarkite, a toj so negovata devojka. Otidov kaj niv za da se pozdravam, a toj cudno , no iskreno se nasmevna i pocna da zboruva so mene potpolno ignorirajki ja svojata devojka, ednostavno zaboravi deka postoi. Btw sekogas koga sme zaedno na zabavi, rodendeni....recisi sekogas bara da igram so nego i me guska. Sepak mislam deka deckoto e fin, pristoen i ne cuvstvuva nisto za mene.... a mozebi i jas ne sfakam nesto sto e ocigledno.
Уште еден доказ дека тешко успева машко-женското пријателство Сум се нашла во вакви ситуации, со тоа што неколку другари мене ми имаат признаено дека имаат поинакви чувства кон мене. Верувај - целиот свет ми се руши тогаш. Јас толку уживам во нивното друштво, како треба после тоа да продолжам да се однесувам? Им имам кажано дека ги гледам само како добри другари, но тогаш тука пријателството завршува штом едната страна гледа поинаку на тоа. Можеби треба да видиш што тој чувствува кон тебе, ако те гледа само како другарка, тогаш тоа би било проблем во вашето понатамошно дружење бидејќи ти нема да го гледаш повеќе на тој начин.
Вчера ми призна дека ме сакал...ама демек сеа не ме сака затоа шо не сум размислувала зрело ама луѓе го знам како очиве...он незнае да сака...на сите им пишува со секоа се мува Ја не сум љубоморна личност воопшто и нема причина да ми смета тоа шо он се мува со други и не ми смета...ама он вчера ме прашуваше дали некоаш сум добила желба да го бакнам доека сум со него.Ја не му одговорив а он ми рече дека 8234782534 пати му дошли до тоа...Незнам шо да мислам веќе.Го сакам а не сакам да го изгубам пријателството со него...А мислам дека и он чуствува нешто спрема мене ама незнае шо е тоа шо го чуствува...
Тоа е вистина дека помеѓу машко и женско не може да има другарство,јас сум имал повеќе такви искуства,додека траеше беше убаво,но кога заврши не беше и не е убаво.И што направивме,си го уништивме другарството,се уште се дружиме и идеме на кафе ама не е исто
миа матева до каде си ти со проблемот? што се случи? кажи нешто детали ова она тантара пантара идете не идете,напредувате ли?