1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

За Ивица !!!

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Afrodite¥, 2 декември 2017.

  1. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Ако за нешто сум благодарна на луѓето на овој форум, тоа е волјата да се помогне на тие на кои што им е најпотребно. :) Многу пати досега сме покажале дека и покрај сите разлики можеме да бидеме сложни за некоја повисока цел.
    Па, сега ве замолувам, сите што сте во можност да донирате 100 денари за Ивица Срезоски.

    Ивица е од Гостивар и има 35 години. Боледува од спиноцеребрална атаксија, болест која му оневозможува да се движи нормално, му го отежнува секојдневието и предизвикува низа други здравствени проблеми.

    Ивица може повторно да застане на нозе, со третман со матични клетки во Кина, за што му недостасуваат уште само 5.000 евра.

    НО. Таму треба да замине на 5 декември, односно за 3 дена!!!!

    Затоа ве молам, доколку сте во можност, донирајте. Доколку не сте, споделувајте, ширете ја информацијата за да му овозможиме шанса за подобро утре.

    24232158_1498810463521943_3747163905476265327_n.jpg