1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

За кого бијат камбаните (Ернест Хемингвеј)

Дискусија во 'Книги' започната од biggirlsdontcry, 23 март 2012.

  1. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    За кого бијат камбаните - Ернест Хемингвеј

    Еден од најдобрите писатели на сите времиња - Ернест Хемингвеј!
    Книгава беше задолжителна лектира па затоа бројот на оние кои ја прочитале е несомнено голем, а за сите оние кои намерно или ненамерно не сте ја прочитале, не знаете што сте пропуштиле.
    Дејствието во книгата се одвива во Шпанија за време на Граѓанската војна каде еден Американец, Роберт Џордан, професор, се бори против Франко и е на мисија да дигне во воздух еден мост. За тоа ќе треба да се пробие низ непријателските линии и да се приклучи на една герилска група која оперира и се крие високо на планините.
    Таму Џордан ја запознава Марија и се вљубува во нејзе на прв поглед! И тоа е лошо, многу лошо затоа што тој престанува да мисли и да живее за војната, сега има нови надежи за живот, нови копнежи, а тоа не е нешто што го барате од еден војник...
    Книгата продолжува да се движи околу останатите ликови од герилската група, околу Пабло, но и Марија која исто така е заљубена во Џордан и во остварувањето на мисијата...
    превземено од:http://sakamknigi.mk/index.php?option=com_k2&view=item&id=506:%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%BE-%D0%B1%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82-%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%81%D1%82-%D1%85%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B3%D0%B2%D0%B5%D1%98&Itemid=68

    И една преубава мисла на почетокот на книгата:

    Ниеден човек не е Остров,сосема сам за
    себе;секој човек е дел од Континентот,
    дел од Земјата;ако Морето однесе Грутка
    земја Европа е полесна,како да однесла
    некој Рид,Посед на пријателите или твој
    сопствен;смртта на секој човек ме нама-
    лува мене,бидејќи јас сум опфатен од Чо-
    вештвото.И затоа,не прашувај за кого
    бијат камбаните;Тие бијат за тебе.



    Книгава ми ја дадоа по грешка.Во градската библиотека,ама јас мислев дека е таа што јас ја барам само со друг наслов.Очекував да е толку дебела како што кажа професорката.И и кажав која ми ја дале и вика не е таа што ние треба да ја обрабтуваме.Ама јас ја имав почнато со читање.И не се покајав.Има 587 страни.Јас сум некаде до двесте и некоја.Интересна е.

    Вашите импресии за книгава ?
     
    На DeRose, 1209 и smilleyy им се допаѓа ова.
  2. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас сега скоро ја прочитав книгава.
    Навистина е прекрасна. Штета што толку касно ми падна во рацете, ама немам коментар.
    Предобра !
     
  3. macefeminka

    macefeminka Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    7
    Ја имам дома, сакав да ја читам, ама некоја одбивност ми се створи...ама и така сум дома деновиве, може да ја читнам :)
     
  4. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Една од книгите по кои по добро ќе го памтам средното образование 8) Вреди да се прочита
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Преубава е книгава. Ја има прочитано два или три пати. Првиот пат знам дека бев премала, па ништо не разбрав, вториот пат мислам дека немав ништо за читање, а ме фати криза, па ја имаше една комшика и пак земав да ја читам.
    Мислата на почетокот е прекрасна, се вклопува со целата книга.
    Пред да ја прочитам си мислев како може човеков да напише цела книга за случувања во четири денови и три ноќи, којзнае колку е развлечено и досадно. Ама колку сум била во грешка. :)
    Потребна е цела книга да се напише за да се опфати војната, за тоа колку може нечиј живот да се смени за три ноќи, за предавството, љубовта, желбата за живот...
    Преубава.
     
  6. Mariuccia

    Mariuccia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    А дали знаете каде може да ја најдам книгава за да ја купам?
     
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам дека на сестра ми и` беше лектира, мене не (се беше сменила наставната програма) па решив да ја прочитам, пред скоро време, мислам лани. Сум прочитала и подобри книги, но дека вредеше читањето, вредеше. :nod:
     
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Малку тмурна книга, ама ја вбројувам во најомилените 10. Поим ми е за антивоена порака. Не знаев дека порано била лектира.