За луѓето (For The People) [2018]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Snow-Star, 5 мај 2019.

  1. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    10.904
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Окружниот суд на Обединетите нации на јужниот окружок на Њу Јорк- исто познат и како мајка на судовите, е најстариот суд во државата, и место за најновата драма според Шонда Рајмс и Бетси Бирс. Дејството е фокусирано на животите и кариерите на ново-печените адвокати кои работат и за одбраната, и за обвинителството, работејќи на некои од најважните и најризичните случаи во земјата. "За луѓето" го следи преплетувањето на животите на професионалците внатре и надвор од судските сали.

    Ова е слободен превод од Гугл.

    Серијата е пуштена во ефир пред малку повеќе од година дена, и моментално оди втората сезона.

    Јас уживам во серии од овој вид, и на мене ми се допаѓа серијата. Начинот на кој се прикажени нормите во општеството и секојдневието на луѓето е доста реално. Иако правдата на моменти се доведува под прашалник и е дискутабилна. Особено кога твоја работа е да го штитиш само и само својот клиент.

    Не сум единствената која ја гледа серијата, тука може да дискутираме околу неа.
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.310
    Допаѓања:
    42.171
    Јас ја следам, ама се мислам дали да ја откажам. Некако ниту еден лик не ми се допаѓа, приказните не ми се баш реалистични. (иако, да, серија е, знам.) Не знам зошто Сандра стално ми е ко немиена во косата, ко глувче ми е цела.
    Ќе видам сезонава како ќе биде, па ќе решам.
     
  3. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    10.904
    Пол:
    Женски
    Не знам дали мислиш на првата сезона, или и на двете, зошто и на мене првата сезона некако ми беше недефинирана. Ја изгледав за еден викенд и бев мех.
    Но втората е многу, многу подобра од првата. Епизодите веќе имаат смисла, зклучокот кој го носи епизодата стигнува до гледачите. Само што ја изгледав последната епизода, и заедно со последните 2 други ми се врвот на целата серија.

    Сандра и целата екипа на одбраната како целина не се оформени, навистина не им се јасни карактерите. Но сега лека полека се дообјаснуваат низ епизодите.
    А освежување е и истражителот во нивната екипа, не се сеќавам како се вика, но е посвоениот син на Клаус од Ди Ориџиналс. И тука веќе не знам како се вика. :emo:
    Ама затоа тие од обвинителството се добро одмислени. Ленард и Литлџон. Тука Сет е смотан. :D

    Мислам дека сезонава ќе биде добра.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.310
    Допаѓања:
    42.171
    Истражителот навистина е освежување. 8-|
    И во Younger е исто, ептен ми се допаѓа актерот.

    Не знам што е, некако не ми кликнува серојава, ама не ми е ни толку тапа досадна, па да ја откачам одма. Затоа и давам шанса до крај на сезона.
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    10.904
    Пол:
    Женски
    Да, и како глетка не е лош, а и како карактер секогаш има супер улоги. :wasntme:
    Не знам за Younger, сега ќе ја погледнам, по можеби ќе ја почнам некогаш.

    Иначе, ми се допаѓа и судијата. И на него не му го знам името. Во последната улога како порота го прикажаа во друго светло.

    Што знам, на мене некако ми имаат логика ситуациите кои ги опфаќаат епизодите, и дефинитивно не е досадна. Се надевам дека ќе продолжат вака до крај.
    Ќе видиме.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.310
    Допаѓања:
    42.171
    И мене тој момент многу ми се допадна, кога сфати дека тука не треба да е судија туку само човек. Целиот storyline беше интересен со него.
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    10.904
    Пол:
    Женски
    Да, тоа беше клучно.
    Но мене ме изнервираа другите членови на поротата. Океј е што се обични луѓе и не се поврзани со правото толку, нели тоа е целата поента, ама кога одлучуваш за човечки живот треба да бидеш многу (по)сериозен. Серија е сепак, али што ќе се случи кога секој ќе донесе одлука без питоа навистина да ги размисли работите и доказите? Тие само саакаа да си одат. Едната разговараше на телефон, другиот си црташе некакви карикатури. И одлучуваат дали некој ќе оди во затвор. Џаст, ноу.
    Поради тоа и човекот кој продавал цигари на улица зарши како што зарши. Добро, тука судијата беше факторот, но сепак, ова и реално (може да) се случува.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.310
    Допаѓања:
    42.171
    Поротата во многу случаи е така прикажана. Не само овде. Не знам како е во реалноста, ама и јас се надевам дека не е така и луѓето посериозно си ја сфаќаат работата.
     
    На mileystar и Snow-Star им се допаѓа ова.
  9. ivance.be

    ivance.be Нов член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав првата епизода, делува интересно
     
  10. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    Ја следам уште од прва сезона, ок ми е. Сакам јас серии за правото, па оваа ми е таман. Кејт Литлџон ми е најомилена, најинтересна. И судијата и Тина се ок.
    Сандра ко актерка ми е одбивна некако уште од Грлбос, па и овде ми е онака.
    Си има серијава недостатоци, но за губење време е добра.
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.310
    Допаѓања:
    42.171
    На mileystar и Snow-Star им се допаѓа ова.
  12. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    1.430
    Пол:
    Женски
    Damn,зашто ја откажале?Таман си кажав дека едвај чекам да видам што ќе има новата сезона.Мене па многу ми се допадна,втората сезона повеќе.Ми се допаѓа тоа што не се баш поврзани епизодите и случаите што ги решаваат се стварно добри.Некако ми се допаѓа таквиот живот,цело време си преокупиран со работа,сакаш да се истакнеш,да бидеш најдобрата верзија од тебе и нормално да победиш на судење.Многу добро е прикажано тоа и плус во ова сезона заедно работат тимовите,се остваруваат чудни пријателства како Сандра и Литлџон,и после работа,се собираат и се забавуваат сите заедно.Интересно е да се види тоа.И глумците ми се погодени,секој со различна приказна и различен став.Штета што ја укинале...