1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

За проблемите околу укинувањето на супсидијарната тужба

Дискусија во 'Правни совети' започната од pross, 27 јули 2014.

  1. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Не знам колку голем интерес кај читателите на форумов ќе побуди оваа тема, но сметам дека треба истата да биде отворена, па доколку некој сака може да дискутираме подетално...

    Најпрво накратко околу самиот поим на супсидијарната тужба која беше предвидена во Законот за кривична постапка се до измените кои почнаа да се применуваат од декември 2013 година, каде истата (за жал) престана да постои...

    Таму каде што Јавниот обвинител како овластен тужител ја врши функцијата на кривично гонење за дела кои се гонат по службена должност, за оштетениот сепак постои голем степен на гаранција дека во кривичната постапка подигната по барање на Јавниот обвинител ќе може да се приклучи со своето оштетно побарување, но интересите на оштетениот сепак се доведени во прашање штом ЈО одлучи да не покрене гонење, или ќе се откаже од веќе покренато гонење.
    Иако оштетениот во таков случај може да одлучи да подигне граѓански процес, и таму да бара да го реализира своето оштетно побарување предизвикано со сторувањето на кривичното дело од страна на сторителот против кого ЈО одлучил да не подигне кривично гонење, од многу голема важност е дали оштетениот може да го превземе кривичното гонење против сторителот во ситуација кога ЈО оценил дека нема место по покрене кривична постапка !!
    Тоа право на оштетениот да го превземе кривичното гонење во ситуација кога ЈО оценил дека нема место да поведе постапка за кривични дела кои се гонат по службена должност се нарекува супсидијарна тужба, и на тој начин оштетениот сега веќе стапува на местото овластен тужител.
    Значи во таков случај имаше право директно како овластен тужител да иницира постапка пред кривичниот суд и да го гони сторителот.
    Со новиот ЗКП тоа овластување му е укинато на оштетениот, кој сепак е најзаинтересиран да се утврди материјалната вистина, и да се гони сторителот, и целата одлука е во рацете на ЈО.
    Сепак и да е така, се поставува прашањето каков вид на правна заштита предвидува новиот ЗКП против негативната одлука на основниот јавен обвинител, доколку кривичната пријава на оштетениот ја отфрлил, односно нашол дека нема основа да превземе гонење против сторителот, која одлука најтешко ја прима оштетениот...
    Новиот ЗКП предвидува само можност законитоста на негативната одлука на основниот да ја испитува по жалба повисокиот - виш обвинител, и тука запира се.
    Доколку и повисокиот се сложи со одлуката на основниот, нема да може веќе да се подигне кривично гонење за одредено дело против сторителот.

    Сметам дека во оваа законска одредба се повредува уставниот принцип на деволутивност.

    Гаранцијата на правото на жалба против првостепените поединечни акти се остварува преку нејзиното деволутивно дејство кое овозможува во втор степен да одлучува друг орган од оној што одлучувал во прв степен.

    Со оглед на тоа што според новиот ЗКП се пропишува дека и во втор степен одлучува ист орган а тоа е Јавното обвинителство (кое е еден единствен орган според Уставот, и покрај постоењето на принципот на хиерархија внатре во самиот орган, ), се поставува прашањето колку со оваа одредба се почитува деволутивното дејство на жалбата, уште повеќе што оштетениот сега веќе нема можност за правна заштита во кривична постапка.