1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

За секој редовен студент предвидени 2400 денари месечно за субвенциониран студентски оброк

Дискусија во 'Образование' започната од Dream-Girl, 1 јули 2021.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl • The insomniac dreamer • Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    14.060
    Допаѓања:
    141.394
    Пол:
    Женски
    Од универзитетското собрание на УКИМ вчера објавија дека официјално се изгласала оваа одлука и дека од октомври би требало сите редовни студенти да добиваме месечно по 2400денари за студентски оброк.
    Screenshot_20210701-192359_Facebook.jpg

    Кое е вашето мислење за ова? Дали навистина ќе се реализира?
    На кој принцип ќе биде, дали парите ќе се префрлаат на трансакциска како што беше за купувам домашно или пак ќе имаме некои посебни картички кои ќе ни ги изработат во текот на наредниот период?

    Доста нејаснотии има околу ова според мене, каде би можеле да се трошат парите, во маркети само или и во угостителски објекти, дали дневно ќе се префрла сума на пари или месечно уште на 1ви во месецот, кога би стигнале да ги обработат информациите кој се е редовен студент за веднаш од 1ви октомври да започне мерката и многу други работи. :?:
     
    На g8lQQk, Lollipop_123, Waverly Raven и 3 други им се допаѓа ова.
  2. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    2.480
    Пол:
    Женски
    Ова треба да биде само за социјално загрозените студенти и евентуално тие што доаѓаат од други градови. Мене не ми требаат тие пари јас сум студент и работам, само фрлаат пари залудно.
     
    На black-angel, IRBBB, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  3. nevermet18

    nevermet18 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.771
    Пол:
    Женски
    Еве што сретнав на оваа тема на инстаграм. Не успеав да најдам други информации освен ова:
    Не ми е јасно како на трансакциска ќе ги пуштаат, а нема да смеат да се искористат за време на празници и неработни денови. :?: Па од трансакциска смееш да вадиш и да си плаќаш со картичка кога сакаш. А па за тие 120 денари дневно од следната година уште понејасно е.
    Едит: и тука истото го пишува https://meta.mk/vo-novata-akademska...-dobivaat-po-2-400-denari-mesechno-za-obroci/
    Не видов официјална објава од МОН.
     
    На cresa-jagoda, ElenaOfRivendell, Reina.Gitana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    8.827
    Пол:
    Женски
    Ова го има во некои држави и луѓето не се бунат. Ама Македонче како Македонче сеа и плус паричка ќе му смета.
    Според мене е топ, а за тоа како ќе биде пишаа дека ќе информираат во текот на летото. Мене секако нема да ме следува.
     
    На Karamela12, Ane_na_Bisera16, Bubbles02 и 15 други им се допаѓа ова.
  5. quattro

    quattro Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    1.344
    Пол:
    Машки
    Ова ни требаше. Но прочитав ова ќе важи само една година.
     
    Последна измена: 2 јули 2021
  6. Waverly Raven

    Waverly Raven Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    3.895
    Пол:
    Машки
    Ко-не-чно!

    Овие средсвта се повеќе од добредојдени особено за студенти кои не се од Скопје.

    Следно шо сметам дека треба да се овозможи е, студентски попуст во определени ресторани, пекари, сендвичари и сл., каде студентите ќе можат редовно да се хранат за евтини пари, да не треба да се грижат дали до крајот на месецот ќе им достигнат парите за храна.
     
    На Bubbles02, floppy77, AgentGinger и 16 други им се допаѓа ова.
  7. ElenaBUTTERFLY

    ElenaBUTTERFLY Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2021
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Поглупаво од ова не сум прочитала до сега.Што ако работиш, супер ќе ти дојдат и 2.400 ден плус,не мора на оброк да си ги искористиш може да си купуваш облека.
     
    На ajla555, wellsy2, floppy77 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.704
    Пол:
    Женски
    Не кажа дека не и требаат него дека подобро е да се пренаменат тие сретства за друго за тие што се од истиот град каде што и студираат. Така ја разбрав.

    Иначе конечно некоја асална мерка. Некако младите и студентите најзаборавена категорија се кога се носат мерки и закони.
     
    На dahlia_desire, Lollipop_123, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    5.664
    Допаѓања:
    28.268
    Пол:
    Женски
    Нека не дават на тие што работат.
    Има многу родители со ниски примања, а школуваат двајца студенти. На тиа и како е добредојдена оваа помош
     
    На dahlia_desire, black-angel, IRBBB и 6 други им се допаѓа ова.
  10. нина122

    нина122 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    3.371
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да има можност да се пријавиш дали сакаш да ти дадат, па ако сакаш и се е океј да ти дадат.. Така тој што не сака да зема, нема да зема и тоа е океј.
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ElenaBUTTERFLY

    ElenaBUTTERFLY Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2021
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    И онака мерката гласи за сите,т.е. сите имаат право на мерката ,и студенти со ниски примања,и социјални случаи,и студенти со просек 10 ,и за студенти со просек 6.За сите редовни.Зборот ми е ако ги добие зашто да не ги искористи.
     
    На ajla555 и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  12. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    8.428
    Допаѓања:
    136.198
    Пол:
    Женски
    А како може редовен студент да биде во работен однос?
     
  13. ElenaBUTTERFLY

    ElenaBUTTERFLY Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2021
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Да,и има некои такви,студираат редовни се,ама кога ќе дојди стипендија ако се пријавени од работа не можат да користат стипендија.
     
    На Bubce38 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    8.428
    Допаѓања:
    136.198
    Пол:
    Женски
    Во мое време мислам не можеше да имаш статус на редовен студент, а при тоа да си во редовен работен однос
     
  15. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    8.827
    Пол:
    Женски
    И сега не може ама прават некои "мучки", знам дека се пријавуваат у заводот за невработени со диплома од средно... Инаку за стипендија ако не ти е социјална, нема како да знаат дека имаш приходи..
     
    На cresa-jagoda, Guns N` Roses, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    6.872
    Допаѓања:
    21.953
    Пол:
    Женски
    Може во државава. Не се поврзани никако факултетите за да откријат дека работиш. Јас бев пријавена додека студирав и бев редовен студент.

    Инаку, одлична е новата измена на законот, конечно нешто и за студентите. Барем оброците да си ги покријат и кафе измеѓу предавања.
     
    На Skylar, cresa-jagoda, Guns N` Roses и 3 други им се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    5.664
    Допаѓања:
    28.268
    Пол:
    Женски
    Па и јас мислев дека не може, ама ете можело
     
    На Bubce38 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    2.861
    Допаѓања:
    14.493
    Пол:
    Женски
    Баш е добра меркава, реално секаде има некои привилегии за студентите, кај нас повеќе добиваат од државата пензионерите отколку студентите.

    А и нема поента да се дава само на некои, не се ни работи за огромна сума па да се исцеди буџетот заради нас.|(Кој работи нека си работи, не работат сите и баш е океј како помош во текот на студирањето.
     
    На theowndemon, Ketchup, Ivanna23. и 8 други им се допаѓа ова.
  19. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.287
    Пол:
    Женски
    А мене не ми е јасно, пошо 2400 ќе ни ги праќаат на трансакциска директно, како ќе знаат дека ние ги трошиме само за оброк? Или годинава за што било ќе можеме да ги трошиме?
     
  20. Lavender4

    Lavender4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    1.590
    Пол:
    Женски
    Кај пишува оти на трансакциска ќе ни ги праќаат?