За што сè сте благодарни во животот?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Florenсе, 14 март 2017.

  1. Florenсе

    Florenсе Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    1.719
    Пол:
    Женски
    Благодарноста е техника која се учи, односно навика која се стекнува во животот. Кога луѓето искажуваат за што се благодарни, својот фокус го ставаат на нештата кои веќе ги поседуваат, а не на оние кои ги посакуваат и поради кои сметаат дека нешто им фали во животот. Исто така, стануваат свесни за сегашниот момент, односно се посветуваат на тоа што е сега и овде, а не на грижите што ги предизвикува минатото или иднината.
    Кога луѓето се благодарни за сè што имаат сега, тоа не значи дека не треба да имаат желби, барања и соништа за иднината, ниту пак дека ништо повеќе не им треба. Напротив, искажувајќи благодарност им дозволуваме на нештата што ги посакуваме да влезат во нашето секојдневие и секогаш да се отвораат нови можности и прилики во животот. Во моментите на благодарност го снемува сиот отпор, сета борба за повеќе и подобро, сите грижи и негативни емоции. Преовладува позитивна емоција, мир и љубов.
    Благодарните луѓе се вистински среќни луѓе. Зашто луѓето кои не се благодарни со малку, нема да бидат ни со многу. Оние кои не научиле да ги вреднуваат малите работи, во големите нема да видат никаква вредност.

    Можете да се заблагодарите за своето тело, за материјалните работи, за сите лекции и победи во вашиот живот, за вашите родители, деца, вашиот дом, вашето знаење, вашиот партнер, за заедничките спомени, зашто сте живи, здрави, зашто можете да гледате, да слушате, да се движите итн. Има толку многу причини да кажете „Благодарам“ секој ден.
    Кажете „Благодарам“ на Бог, на Универзумот, на животот, на себе си, или на луѓето околу вас. На кого сакате. Запишете зошто сте благодарни или едноставно изговорете го тоа во текот на денот. Вистинската умешност е во тоа да научите да бидете благодарни за најмалите ситници кои ги доживувате. Не чекајте да се случат чуда за да ја почувствувате таа прекрасна емоција на благодарноста.

    Еве една тема во која ќе пишуваме за што сè сме благодарни во животот. Целта ми е да го бараме убавото и позитивното во нашето секојдневие и да бидеме свесни за секој дар што ни го дава секој нов ден.

    Благодарна сум зашто сонцето не грееше денес, па можев јас да си играм мало сонце и да ширам светлина и љубов насекаде.

    Навистина се надевам дека ви се допаѓа темата! Па, зошто благодарите денес?
     
    На LadyC, fallenangel, theowndemon и 16 други им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.756
    Допаѓања:
    193.785
    Пол:
    Женски
    Благодарам за син ми, за таа светлина што животот допушти да ја имам и да ја доживеам. За таа вредна борба секојдневно со него и за неговите мали потреби. Благодарам на тие очи, на таа душа и на тоа срце што зачука во мене, благодарам за неговата искрена и голема насмевка кога ме гледа цврсто во очи, тогаш светот е мој, спремна сум целиот да го понесам на рамена, да подигнам планина бидејки знам дека само таа е искрена и чиста како солза и секогаш ќе биде.
    Благодарам што го имам на овој свет, не сум сама, го имам него и имам кој да ме гушка и да ме отсипува со најголемата емоција љубов што не се купува нити со милион долари.
    Благодарам на неговиот мирис што вреди повеќе од сто милиони долари, таа мекост и спокој, тоа бело лице што ме гледа и тие мекани рачиња што силно го стискаат мојот прст.
    Благодарам што имам маж до себе, маж што умее од љубов, што умее да љуби и цврсто да ми ја држи раката низ животот.
    Благодарам за сите луѓе што ги имам, малку но многу всушност.
    Благодарам на свежиот воздух и инзворедната глетка што ме буди секојдневно од мојот дворец.
     
    На Anacid, H.VAGA, Mari* и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.643
    Допаѓања:
    49.277
    Пол:
    Женски
    Благодарна сум за се. Се што имам но и се што немам. Зошто за тоа што го немам? Некој рекол: Некои желби не ми се остварија за мое добро. Ако добиев се што сакав, денес немаше да бидам ова што сум. И благодарна сум за се што добив и изгубив за да стигнам баш тука каде што сум. Но најблагодарна сум на Бог, заради тоа што не сум сама, што луѓето кои ги сакам се тука. Потоа следи се останато.
     
    На Anacid, fallenangel, Victorian и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Florenсе

    Florenсе Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    1.719
    Пол:
    Женски
    Утрово сум благодарна зашто немам никаков проблем да се погледнам во очи во огледало и да кажам:„Те сакам. Навистина те сакам”.
     
    На Someonespecial и ♣ Alba Viduam ♣ им се допаѓа ова.
  5. Сама Дома

    Сама Дома Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    566
    Денес сум им благодарна на сите оние кои знаеле и биле посвесни и од мене, дека со причина сум ги сретнала, односно сме се запознале.
    Зашто, доколку некои од нив не ми укажале на постоењето на туѓата неблагодарност, немаше да знам дека постојат милиони причини за да им бидам благодарна на поединци кои пак многу направиле за мене.
    А токму тие се детелината со 4 листа. :f:
     
    На Herrera и Florenсе им се допаѓа ова.
  6. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    7.787
    Благодарам Господе за ова утро.
    Благодарам Господе што ги видов до мене тие прекрасни очиња што ме прават најсрекна 10 месеци
    Благодарам Господе за работата прекрасна
    Благодарам Господе за здравјето
    Благодарам Господе за сопствениот дом кој успеав да си го овозможам
    Благодарам Господе за родителите кои ми се најголема поддршка
    Благодарам Господе за силата во тешките моменти и што не дозволуваш да паднам
    Благодарам Господе што си ме создал ваква БОРЕЦ
    Благодарам Господе за сопругот
    Благодарам Господе за секој нов ден ....
     
    На Florenсе му/ѝ се допаѓа ова.
  7. augustd

    augustd Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    11.134
    Пол:
    Женски
    Blagodarna sum na samata sebe sto sum uporna i istrajna, sama sum postignala se vo zivotot.
     
    На Florenсе и elimkd им се допаѓа ова.
  8. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.545
    Допаѓања:
    56.806
    Blagodarna sum sto moeto semejstvo e zdravo i zivo.
    Sovrsenstvo ne postoi, sekogas nesto ke fali ama zdravjeto ne moze da se kupi.
    Blagodarna sum sto sum bremena i ke imam bogatstvo sto ne se kupuva so pari.
    Blagodarna sum sto imam prekrasen soprug do mene.
    Blagodarna sum sto Bog nikogas ne me ostavil bez nadez.
    Blagodarna sum sto site licimeri se iscistija okolu mene, ne se del od mojot zivot poveke.
     
    На Florenсе му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    2.151
    Пол:
    Женски
    Благодарна сум што повторно го запознавам мирот и почнувам да учам како да го задржам.

    Благодарна сум што денес бев исполнета и полна со енергија.

    Благодарна сум што добивам втора шанса за нов живот од почеток.

    Благодарна сум што добивам шанса да научам да го живеам животот онака јас како што сакам, а не како што другите очекуваат од мене.

    Благодарна сум што минатото го оставам зад себе и секој ден се оддалечува се повеќе и повеќе од мене и мојот мир.. а сигурна сум дека ке дојде ден кога нема да има никакво влијание над мене. (waiting)

    :l:Тој ден е многу близу. :l:
     
    На Someonespecial, Florenсе и AnastasiaWinter им се допаѓа ова.
  10. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    2.900
    Пол:
    Женски
    Многу убава тема :)
    Благодарна сум што се разбудив сабајле , што дишам, за мојот најубав мачор,за родителите какви такви бекој и нив ги нема, за станот покрив над главата, за тоа што имам пари за храна,облека,излегувања,за пријателите,за луѓето што ги сакам и ме сакаат,што сум запишана на факултет и што ми оди одлично,што земам стипендија,за сестра ми и останатите роднини,за здравјето какво е такво е има луѓе и со полошо.И за уште многу работи...
     
    На Florenсе му/ѝ се допаѓа ова.
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    2.110
    Допаѓања:
    49.567
    Благодарна сум затоа што сакам. :l: Затоа што личноста што ми значи се` е до мене. Затоа што животот ми дава шанса да го искусам најубавото чувство на светот-љубовта.
    Благодарна сум затоа што можам секој ден да го правам она што го сакам и што ми причинува задоволство.
    Затоа што сум запишана на факултетот што отсекогаш ми беше сон и затоа што одлично ми оди. 8-|
    Затоа што денеска се чувствувам здрава и силна. Силна да се борам за она што ми значи.
    Затоа што имав убав ден денеска, исполнет со сонце, драги луѓе и насмевки.:sun:
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.862
    Допаѓања:
    106.047
    Пол:
    Женски
    Пред се зашто сум жива и здрава.
    За лекциите,за пријателите,за можностите за патување.
    Благодарна сум што имам кров над глава,двајца родители.
    Тек ми почнува животот и ќе има уште за заблагодарување.
     
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.117
    Допаѓања:
    29.713
    Пол:
    Женски
    Им благодарам на:
    татко ми за безгрижното детство
    на мајка ми што ме поддржува во се
    на брат ми што никогаш не ме навредил.
     
  14. Lizzie

    Lizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2016
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    499
    Пол:
    Женски
    Благодарам за тоа шо имам прекрасно семејство и ме поддржуваат во се. Благодарам шо ја имам најдобрата и најлудата другарка на свето шо кога и да ми е тешко таа наваѓа начин да ме насмее и секогаш да даде искрен совет.Благодарна сум на самата шо сум цврста,упорна и УСПЕШНА
     
  15. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.343
    Допаѓања:
    4.237
    Пол:
    Машки
    Благодарен сум му на Бог, бидејќи сум жив, здрав, сит.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.622
    Допаѓања:
    99.958
    Пол:
    Женски
    Благодарна сум за секое ново утро во кое се будам и безбројните можности кои новиот ден ни ги нуди. Благодарна сум за трите мили дечиња кои живот ми значат и живот ми даваат, а најмногу од се благодарам на Бога за трпението кое ми го дава во изобилство за да ги поминувам сите битки кои животот ги нуди.
    Благодарна сум што во животот имам прекрасни спомени од детството и младоста, најубавите мигови во домот на моите родители, љубовта која ми ја дадоа и се на што ме научија, и особено мојата сестра која е мојата друга половина.
     
    На muchacha_a, fallenangel, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  17. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.193
    Допаѓања:
    36.320
    Пол:
    Женски
    Благодарна сум на Бог бидејќи сум жива и здрава. Благодарна сум што имам родители, сестра, дечко. Благодарна сум што имам прекрасни внучиња :inlove: и за секој изминат ден и за деновите што допрва ќе стигнуваат.
     
  18. LanaSGirl

    LanaSGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.072
    Пол:
    Женски
    Прво благодарна сум што живеам сега во ова време, благодарна сум за сите тешки лекции и моменти од животот кои сеуште ги учам, за моето семејство, за сите луѓе кои ме мразат и не ме сакаат бидејќи тие се тие кои ме креваат повисоко и повисоко, за сите успеси и неуспеси, за среќа и несреќа, благодарна сум за сите мои мометни се од моето постоење па и во иднина.
     
  19. coldbaby

    coldbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2017
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Blagodarna sum sto izrasnav vo vakvo semejstvo blagodarna sum na moite roditeli,na ovoj den i na site ostanati sto sum ziva i zdrava pred se,sto sum razimna i ne pravam gluposti iako sum tinejdzerka,sto imam nekoj da pregrnam koga mi e najtesko,imam na kogo da mu se iskazam i imam nekoj na koj si doverba mozam da mu ja izrasnam mojata ljubov i nekoj sto mi ja vozvrajka.Blagodarna sum za mojot mal vnuk koj sto me raduva se povejke i povejke sekoj den i blagodarna sum sto bog me izbral mene i denes da bidam ziva.
     
  20. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.103
    Допаѓања:
    12.381
    Пол:
    Женски
    На толку многу нешта сум благодарна...
    Благодарна сум на ова изобилство од благодети во кое живеам! Благодарна сум што имам прекрасно семејство, на домот и на секој момент во него.
    Благодарна сум за секоја клетка од моето тело.
    Благодарна сум на Земјината топка и сите извори на живот кои ни ги дава.
    Секој ден сум се поблагодарна на сите работи кои до "вчера" ги земав здраво за готово.