Форумџика на годината

За што ќе бидете носталгични по 30 години од денеска?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Ajronmen, 20 декември 2021.

  1. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.876
    Пол:
    Машки
    Насловот мислам дека е доволно јасен.
    По 30 години од денеска, што мислите, за што би биле носталгични? Што би ви фалело од она што го имате или гледате денеска?

    Јас веќе сум носталгичен за Скопје од пред 15тина години, со повеќе слободен простор и помалку автомобили.
    Ама имам чувство дека за 30тина години ќе бидам носталгичен и ќе го посакувам просторот и слободата што сепак ги имаме денеска.
    Исто така ќе ме фаќа носталгија за младите лица на пријателите и нивната животна енергија.
    Се надевам дека ќе успееме барем дел од тој дух да задржиме и тогаш.
     
    На bluepancakes, Bezimenka90, Indiegurl и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Fraxinus

    Fraxinus Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2021
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Веќе чувствувам носталгија, а па за 30 години отсега да не правиме ич муабет, нормално, ако сме живи и здрави дотогаш.:)
    За младоста, за безгрижниот период, за составот на пријатели каков што беше некогаш, за музиката, за самиот начин на живот од претходно.
     
    На bluepancakes, Billy Idol, Just.do.it и 2 други им се допаѓа ова.
  3. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    3.823
    Пол:
    Женски
    Вајда за младоста ќе бидам носталгична, не знам :)
     
    На темјанушка, WildMk, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Нормално по 30 години носталгија по младоста, виталноста и здравјето, мене лично исто така носталгија и по детството од синот
     
    На senjorita-v, WildMk, Среќа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    По убавината моја и младоста. Сигурно нема да бидам ваква на 50 години. Ама ваљда секој период од животот си има своја предност.
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Можеби ќе сум носталгична, ... ама од оваа препектива сега не би била. Малку повеќе шуто време е дојдено. Многу негативно време за живеење е сега и ако на 50-60 имам поубав живот и сум супер бабичка со бастун на хаваи, апсолунто нема.
     
    На Гладиоли и Ajronmen им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.510
    Допаѓања:
    166.092
    Пол:
    Женски
    За сериите шо ги гледам сега. :D Тогаш ќе се класици. :rofl:
     
    На senjorita-v, Stephen Amell и Ajronmen им се допаѓа ова.
  8. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    На моментите што ги имам со синко вака мал, знам колку и да е напорно и не стигнува време носталгија ќе ме фати за истите и многу порано од 30год.

    А моментално исто ме фаќа носталгија а тоа е за времето кога имав слободно време на претек и непланираните прошетки после работа низ центар, излегувањата. И со оглед што сум во друга држава најмногу носталгија ме фаќа за дома, за климата и како грее таму сонцето дури и загадениот воздух. Дома си е дома.
     
    На Гладиоли, cresa-jagoda, Среќа и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Прошетките низ градов сигурно, младоста, слободата и моментите поминати во креирање работи.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  10. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.744
    Допаѓања:
    3.567
    Пол:
    Женски
    Се разбира ќе бидам носталгична по младоста :(
     
    На hermosa, WildMk, Ajronmen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.469
    Допаѓања:
    12.418
    Пол:
    Женски
    Секогаш ќе се сеќавам на мојте студентски денови, а и на најдобрата бруцошка забава која што ја имавме кога почнав на факултет.. Друго мислам дека би ми недостасувало времето кога сестра ми била мала и сите маки сум можела со едно гушкање и со една чоколада да и ги решам, веројатно ќе ми недостасува да ја гледам безгрижна како што е сега..
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Генерално сум многу носталгична личност. И сега, на неполни 30 години гледам со носталгија и кон поблиското и кон подалечното минато, а можам да замислам што ќе биде за 30 години од сега.
    Сигурно дека ќе бидам носталгична за студентските денови, за местата што ги посетувам сега, за музиката што ја слушам сега, за пријателствата и за моментите со блиските и саканите (иако се надевам дека со нив ќе споделувам убави моменти уште многу повеќе од 30 години).
     
    На senjorita-v, Hellobeautiful, felisitas и 5 други им се допаѓа ова.
  13. 96kiko96

    96kiko96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2018
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Машки
    bukvalno isto, kako jas da sum go napisal ova
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.022
    Пол:
    Женски
    Само младоста.
     
    На WildMk, Anie93 и Ajronmen им се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    39.741
    Пол:
    Машки
    Твојте лисја горо сестро,
    пак ќе ти се вратат,
    а мојата младост ле горо,
    нема да се врати.
     
    На hermosa, senjorita-v, нина122 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.405
    Допаѓања:
    16.962
    Пол:
    Женски
    Ќе ти кажеме после 30 год :)
    Па најверојатно ќе бидеме носталгични по младоста,здравјето и енергијата што ја имаме сега.
    По целодневното трчање по децата
    По изгледот што го имаме сега
    Ќе се каеме за работите што не сме ги оствариле.

    Веројатно уште по мал милион работи.
    Пред некое време читав нешто што беше пишано во стилот до 20 год имаш енергија ама немаш пари,после имаш пари ама немаш време,и на крај имаш време и пари ама немаш енергија.
    Во главно би била среќна што би доживеала 60 год
     
    На WildMk, cresa-jagoda и Ajronmen им се допаѓа ова.
  17. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    За серии и песни.
     
    На hermosa, senjorita-v, Mencia и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    По 30 години ако сум жива ќе влезам во пензија. По што би жалела не знам, оти не знам колку планови ќе остварам или не во годините кои доаѓаат. Никогаш не се знае, има и луѓе кои во пензинерски денови си живеат убаво, спокојно. Секоја доба од животот си има убавина. Прво сакам да дочекам, а потоа ќе се трудам да бидат задоволна со тоа што го имам.
     
    На Гладиоли и Ajronmen им се допаѓа ова.
  19. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    За ништо. Гледам до максимум да уживам во секојдневието, секој ден е посебен.
     
    На WildMk и Ajronmen им се допаѓа ова.
  20. Paris hilton

    Paris hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2021
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    439
    Za srednoskolskite denovi i kafinjata posle casovi so moite 5 najbliski osobi. I sega na fakultetot mi e mnogu ubavo ama srednoskolskite denovi bea nesto porazlicno. Bese stresno, ucenje,isprasuvanje plus medicina ama i sega mi e isto taka da sto znam, samo malku pomalku stres.

    Za seriite,fimovite,glumcite,pesnite koi sega gi obozavam gledam,slusam i pratam.

    Za srednoskolskite simpatii i za moite propali vrski hahahahahahhahaha.

    Ne znam drugo za sto… ednostavno za mladeckiot zivot sto go ziveev i go ziveam.
     
    На christinnn и Ajronmen им се допаѓа ова.