Оригинален наслов: Goodbye, Columbus "Збогум, Колумбо" е роман од раниот период на творештвото на Филип Рот. Следејќи ја во прво лице раната љубовна врска на главниот јунак Нил Клугман со младата убавица Бренда, еден од најпочитуваните современи американски романсиери говори за природата на американското општество во средината на минатиот век и за односите во две еврејски семејства. Во средиштето на вниманието на авторот се наоѓа животот на традиционално ориентираното семејство на Бренда, но и (не)зрелоста на емоциите на Нил. Младиот јунак на Рот во исто време доживува љубовна афера со Бренда и има проблем во библиотеката во која работи, со црното момче на кое му позајмил една монографија за Пол Гоген. Едноставно раскажан, романот "Збогум, Колумбо" е извонредна уметничка најава на многу идни романи на Филип Рот. Спојлер "...Обајцата требаше да направиме чекори за да не излеземе недоветни, но ги следевме своите импулси и се бакнавме. Ја почувствував нејзината рака на вратот и, можеби, премногу нагло ја привлеков кон себе. Под прстите ги почувствував испотените точки на лопатките и, сигурен сум, мало треперење, како нешто да се помрдна длабоко во нејзините гради што затрепери низ целото тело. Беше тоа како мавтање на крилја, мали крилца, не поголеми од нејзините гради. Тоа што тие крилца беа толку мали не ме загрижуваше, не ми требаа орловски крилја за да ме кренат таа запурна вечер да се качам на тие педесет и четири метра каде што летните ноќи на Шорт Хилс се многу посвежи отколку во Њуарк..."