1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Збогум најмила (Кристин Хана)

Дискусија во 'Книги' започната од Dream-Girl, 15 декември 2018.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.307
    Пол:
    Женски
    Лекси е сираче со мрачно минато, шетано од дом во дом, кога најпосле завршува кај својата баба во сосема нов град. И нејзе конечно ? се насмевнува мала среќичка, па успева да најде нешто што наликува на дом и семејство. Згора на тоа, брзо успева да се прилагоди и да си пронајде пријателка. Кога Лекси и Миа стануваат најдобри пријателки, а близнакот на Миа, Зак, се вљубува во Лекси, тројцата стануваат неразделни.

    Џуд живее за своите деца – близнаците Миа и Зак – и дава сe од себе да ги изведе на правилен пат и да имаат совршен живот. Но една летна вечер, нејзиниот најлош кошмар се остварува. Една одлука го менува целиот тек на нивните животи.


    Книга на која имам плачено и книга што нема на кого не сум ја препорачала. Премногу тажна, но мислам дека баш поради тоа е и толку посебна книга. Гледам на форумот има доста што сте ја прочитале, па може да дискутираме за неа. :)
     
    На Maja**, cresa-jagoda, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Знае ли некој оригиналниот наслов на англиски како е? Не можам да ја најдам....
     
  3. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.920
    Допаѓања:
    25.263
    Пол:
    Женски
    Night road
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.693
    Пол:
    Женски
    Книгава ми се допадна премногу и сакам да прочитам и други книги од истата авторка ама не можам да начекам во библиотека.
    Има многу силна порака и всушност покажува колку силна може да биде љубовта на една мајка кон своите деца.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.103
    Допаѓања:
    50.314
    Пол:
    Женски
    Преубава книга :inlove: а воедно и тажна.
    Толку маестрално напишала Хана што останав без зборови, не се ни сомневав во нејзиното пишување.

    Жал ми беше што Лекси ја презеде целата вина, не беше она само виновна беа сите.
    Почнувајќи од пијаните близнаци, Лекси и Џуд.
    Ако им беше мајка Џуд и толку многу се грижеше за нив и таа беше виновна, да мајка е се грижи за нив, ама толку многу ги контролираше и им се мешаше во нивните животи што неа ја сметам за нај крива во трагедијата. Да не ги казнеше последниот пат кога беа пијани тие ќе им се јавеа на неа, ама од страв за да не ги кара и да не ги казни ја донесоа лошата одлука, возеа пијани. Секако и тие се криви што се напија, ама така можеме да одеме во недоглед за кој е нај виновен. Жал ми беше што загина Миа, беше супер мило девојче што во некои моменти се пронаоѓав самата:(. И за Лекси ми беше жал што отиде во затвор и мораше да си ја остави ќерка си Грејси.
    Не ми беше во ред што Зек беше многу ладен во ситуацијата, никогаш не отиде да ја види Лекси во затворот, ако таа не му возрваќаше на писмата, можеше да биде по упорен и кога таа искочи од затвор пак ми беше некако ладен, да не беше мајка му на крајот да му речеше да ја побара немаше со прст да мрдне. На крај ем сакав Лекски да му се врати ем не.
    Се на се добра приказна.