Мислам дека досега не сме продискутирале на оваа тема. Дали сте зборувале со вашите деца за хомосексуалноста сте налетале ли на таа тема? Ние читавме една книга во која стана збор за ова, ама беше прикажано така што можеше и да се протолкува дека жените се само пријателки, ако така се одбере. Сепак, на малата и кажав дека и жени исто така може да се сакаат романтично, како маж и жена, а и маж и маж. Како стоите со оваа тема?
@RainBow ние лани додека бевме во Англија синко виде во метро додека се возевме,двајца како си разменуваа нежности Додека заприметив дека почнаа да се лапаат,пипкаат не можевме да смениме вагон. Му одвлекував внимание до следна станица па се преместивме. Потоа следеа мал милион прашања… Зошто биле двете машки,зошто татко му немал дечко Му објаснив дека јас и татко му сме одлучиле да бидеме заедно,дека има луѓе што сакаат различен пол,дека има луѓе што сакаат ист пол.Ја начнавме темата знае засега само тоа,прашуваше и за деца дали имале како јас и татко му што го имаме него.Некако ме фати неспремна сменив тема,мал ми изгледаше некако да продолжам на таа тема.6 год имаше тогаш.
Најјаки се децава, се изнасмеав. Јас кога и кажав дека може и со ист пол остана со отворена уста, пресмешна и беше реакцијата. Па после прашања од типот, ако се венчаат кој ќе биде невеста? Ама, толку беше, после океј, зошто па и не би биле заедно.
Моите се мали. Тодлер и бебенце. Кога ќе пораснат секако дека би им кажала, тоа е неминовен факт во секојдневното општество. Ќе бидам искрена како стрејт единка би посакувала и тие да бидат стрејт. Ги воспитувам како девојче и момче ,што ќе изберат понатака е нивно, но секако треба да им се каже. А имам пример за транс. пред неколку години кога кончита победи на евровизија ,внука ми имаше 6 години. И ме праша зошто девојката има брада. Искрено навистина се збунав и и кажав дека тоа бил маж ама сега е жена и си носи фустани ,се шминка... па на тоа ме праша , е ако сака да биде момиче зошто носи брада ? И на тоа и реков - ете така одлучила и брада да има и да се шминка . И тогаш нејзината мајка ме прекина не сакаше да и каажам дека има луѓе ѓеј на светов.
Мал е син ми, ама кога би ме прашал би му објаснила се за геј парови. Кога би бил поголем би го однела и на прајд. Секако дека до макс 12 години би знаел дали го привлекуваат девојки или не. Сакам да има доверба во мене дека може се да ми каже, па и дека е геј ако нели е, а не да крие и да биде несреќен.