Форумџика на годината

Звучно загадување

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од INNERBEAUTY, 28 јули 2023.

  1. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    5.604
    Пол:
    Женски
    https://www.medicalnewstoday.com/articles/noise-pollution-health-effects#mental-health

    https://www.dreams.co.uk/sleep-matters-club/noise-pollution-what-effect-can-it-have-on-your-sleep

    What are the health effects of noise pollution?



    Noise pollution occurs when unwanted sounds enter the environment. The potential health effects of noise pollution include increased stress levels, sleep disturbance, or hearing damage.

    Some examples of noise pollution sources includeTrusted Source:


    • construction
    • motorized vehicles
    • crowds
    • concerts
    • aircraft
     
    На Cosmic Girl, Angie1432 и tanjaaa им се допаѓа ова.
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    5.604
    Пол:
    Женски
    Бидејќи темата е отворена и започната во СДК и преместена овде, ќе напишам дополнително вовед па нека се спои со ова горе.

    Имено,
    Кај нас во Македонија поголемиот дел од населението живее во урбана средина и е изложено на секојдневната галама и бучава што иде пропратно со неа.
    Галама од кафичи, сеседи, градски метеж,... Галама, галама, галама, 24/7.

    Па запознаени сме горе-долу со оваа проблематика сите, но дали доволно?

    Односно нејзиниот ефект над:
    • Целокупното здравје
    • Физичкото здравје(зголемена можност за кардиоваскуларни заболувања и дополнително влошување на состојбата доколку постојат, како и влијанието над слухот)
    • Психичкото здравје(дополнителен стрес, како и влошување на состојбата на ментални нарушувања, се ова дополнително над стресот што веќе постои како последица на високо-стресно и брзо темпо на живот)
    • Попречена концентрација кај деца и возрасни
    • Нарушување на сонот(односно квалитет на, и последици од ова)
    (Повеќе околу ова во статиите кои се поставени)

    Надвор од нашите простори, Во Европа и светот веќе се адресира проблематиката, како и покрева свест околу нејзината битност, и се и превземаат и воведуваат мерки околу ова.

    Каква е состојбата кај нас по ова прашање?
    Какво е вашето искуство и гледиште околу ова?
    Како сесправувате/сте се справувале соочени со ова?

     
    Последна измена: 29 јули 2023
  3. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.668
    Допаѓања:
    8.727
    Пол:
    Женски
    Додека го читам ова , седам кај моите на кревет ,кои бај д веј живеат во строг центар и шта да ти кажем друго.
    Мотори,коли,вријат,музика од кај комшијата трешти, рандом луѓе под прозор ми стојат им го слушам муабетот ,со еден збор мозокот да ти експлодира .
    Справување - никако.
    Кога живеев овде бев навикната, сега не се трпи и секоја вечер сум спремна да викам полиција. Али тоа е, тежок опинок ја гази државава и нема спас.
     
    На Cosmic Girl, Mrs. right и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  4. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    8.440
    Пол:
    Женски
    Многу, многу ме нервираат кафичи, рок кафичи што се меѓу згради, од типот на Вудсток. Гласна музика ечи до 2, 3 сабајле, а немаат малку осет за луѓето што живеат во становите. Има некои правила и прописи за колку треба да бидат оддалечени дискотеки, места со гласна музика, ама ете, кој да ги почитува. Врски во полиција, па мавни врз луѓето нека не те боли к..:headbang:
     
    На Cosmic Girl, Mrs. right, INNERBEAUTY и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    8.440
    Пол:
    Женски
    Под звучно загадување би ставила и турбо фолк исто...:envy:
     
    На Musicallinmylife, Misskirova, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Поради овие работи ми се живее на село.
    Подобро петли наутро и кози да слушам преку ден и да уживам на чист воздух, него ли да го трпам ова што го трпам сега во центар града . . .
     
    На Gentlewoman!, Cosmic Girl, INNERBEAUTY и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    После една година во Скопје се навикнав на бучавата и гужвата, но мислите ми одат пак да направам промена. Моментално седам во центар и преголема бучава е, музика од кафичи и кафани, возила. Музиката од кафичите се меша со врискање од деца, дека доле кај зградата има парк. Касно навечер секогаш има некои кои се придераваат или се слуша дупси дупси од некој клуб. И не само тоа, бидејќи работата ми е во строг центар, некогаш ги отвараат прозорците за провев и толкава бучава од сообраќај има што по некое време не се издржува. Би напраел целосна промена за некое помирно место.
     
    На INNERBEAUTY и eliesaab им се допаѓа ова.
  8. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.939
    Допаѓања:
    12.502
    Пол:
    Машки
    Се навикнувам но мислам дека не сме програмирани сеуште да ни е нормално. Исто и со светлосно загадување, не можеме на некои места ни звездите да ги видиме, што би помислиле нашите предци за нас, дали ќе не фалат за постигнувањата, или ќе не жалат бидејќи се иновиравме во скроз нови проблеми.

    Порано ми беше лесно да заспијам, деновиве сум кондициониран подкаст или нешто врева да оди дур заспијам. Не знам од кај почна тоа.
     
    На see.emily.play и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  9. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    2.414
    Пол:
    Женски
    Или само имаш остарено :)
    Погрешен е заклучокот дека ова се случува само во македонија. Вакви појавие секојдневие насекаде, ама е жртвата за живеење во центар или град.
    Има начини на регулирање и тоа што порано на секој поплочен дел задолжително имало 20% дрва и зеленило кое редуцира не само нечистотија туку и звучно загадување, за разлика од сега каде се градат маала како да се затвори, а не заедници - придонесува многу за ова.

    Апсолутно разбирам дека галамата пречи, ама не треба секогаш да се наоѓа виновникот кај луѓето.
    Луѓето се создадени за да живеат и да се социјализираат. Има разлика од галама до галама. Едната се спречува и пречи, а другата не. Првата вклучува беснеења со мотори ама не можеш да спречиш томос да се движи. Другата подразбира музика - никој не е виновен што свесно се имаат вселено во зграда во која има бар или сл, па сега паѓаат во несвест заради тоа што има музика. Не е секогаш и до гласната музика: градежниците штедат, а резултат на тоа е - го слушаш комшијата како џвака. До толку некогаш се неквалитетни (или непостоечки) изолациите. Ама тоа се ризиците за живеење во урбана заедница. Иако безредието и неспроведувањето на законите игра огромна улога во зголемувањето на звучното загадување.

    Исто така живеење во „урбана заедница“ не е гаранција. Ќе се погоди ненормален комшија и ќе реновира една соба 2 години. Така да.... неспроведувањето на законите си го прави своето.
     
  10. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.107
    Пол:
    Женски
    Порано кога си седевме во маало до касно или до раните утрински часови еден комшија постојано ни викаше полиција, а не дека урлавме или слично ама пак ќе се насмееме гласно ќе си пуштиме музика итн.
    И еден ден на полицајците им се здосади и му рекоа пријателе ако не сакаш галама пресели се или на планина или во некое село, и никој нема да ти галами, башка маалото ми е во строг центар и не само од нас, нон стоп има гужва од мотори, коли, додатно што и местото е такво па се собираат повеќе групи на млади и си седат.
    Епа сега не може да сакаш да живееш во строг центар кај што е најраздвижено, кај што се сите главни случувања и гужви, и во исто време мир и тишина.
    Така да на кој му смета галама се знае решението, ќе се исели на некое по тивко место.
     
  11. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    5.604
    Пол:
    Женски
    Ок,:D само поентата на темата е што и да се преселат пак ќе има некои што ќе мора да ги населат и тие локации, така што темата опфаќа и повеќе отколку само сметање.

     
    Последна измена: 30 јули 2023
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    15.514
    Од звучно загадување или за мене звучна тортура би го издвоила гласното, на разглас пуштено пеење од џамиите. Посебно во раните утрински часови.
     
    На Gentlewoman!, dea.18, maculencence и 6 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.137
    Допаѓања:
    67.281
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не ни сфаќаме колку ова ни пречи, едноставно сме го прифатиле и тоа е тоа. Посебно на главна улица кога се живее, дење и ноќе коли без престан, фрчат мотори...
    Посебно па пекол кога е, све живо нервозно, ненаспано, звуците само придонесуваат кон целата нервоза.
     
    На Scott Weiland, Waverly Raven, Misskirova и 4 други им се допаѓа ова.
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.026
    Во населба со куќи има повеќе звучно загадување затоа што барем од 2 куќи постојано трештат машинерии и алати зошто дворовите ги користат за изработка и/или поправка на мебел, прозори, санитарија, коли, мотори, сваисвашта, и барем од 3 места трешти музика, претежно зона радио, поготово за време на викенд, и најмалку 2 куќи вечно се градат и доградуваат, па се нешто се руши, копа, буши, монтира,..........
    А, и има барем едно мрднато семејство што нонстоп се кара и се дерат ко да се сами на планетава.

    И те како ми влијае на психата, особено за време на викенд кога сакам да си кулирам на раат во двор. Ама џабе, секој мисли дека има право што сака да прави, односно никој не се замара дали некому смета, битно нив да им е убаво.

    Дури ми фали градскиот метеж, поготово навечер, оној кој јас го имам доживеано: повремениот звук од кола или бус што поминува на едната улица позади зградите, повремениот лаеж на некое џукелче што протрчува, полноќното тресење на контејнерите, викендашкото смеење на тинејџерите што дремат на лулашките....
     
    На Ajronmen, Misskirova, INNERBEAUTY и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.616
    Допаѓања:
    21.733
    Оти така џамиите никој не ги спомнал на темава?:D
     
    На Ajronmen и FreeToGo им се допаѓа ова.
  16. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.121
    Пол:
    Женски
    Споменати се погоре:D На листата и јас би ги додала џамиите, дееефинитивно!
     
    На Gentlewoman! и Ajronmen им се допаѓа ова.
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    5.604
    Пол:
    Женски
    @NoirSerpentine
    Еве може ова ќе те потсети. :)
    Извини ама немам почит за немање обѕир кон другите(читај себичност)потоа и бахатост, со трештење музика. Тоа ми беше зборот и се изразив во склад со ова.
    Зборувало што и за кого ова.
    Исто така "аргументов/иве" (погоре) а потоа и СДК за "бирање на помало зло" се смешни, наивни и дефлектирачки.
    Како и да е, за ова не се согласуваме, и тоа е тоа.
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  18. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    2.414
    Пол:
    Женски
    Супер, како што пишав - значи дека си стојам на став бидејќи до сега никој со „ма ќе им викнам полиција зошто се забавуваат“ не успеал да ме разубеди, додека ако се работеше за реновирање немаше да можат ништо да направат и покрај можноста тоа да трае со години (јас знам дека кај мене трае толку и никој не викнал полиција, а истите идиоти во 11часот викнаа полиција за тинејџери кои имаа пуштено музика).
    Тоа не е бирање помало звло, само си пишав какво е моето размислување. Зошто мене кога бев долго време трета смена и сакав само да одморам, никој не ме прашуваше дали ќе:
    Ако градат куќа нема да им викнеш полиција. Барем јас не можев бидејќи тоа е дозволено. Дали мене ми пречеше? Немаш поим колку многу. Заради тоа имав хронична ненаспиеност и ми се јави инсомнија.
    Тоа е и дел од звучно загадување, за разлика од музика неколку пати во годината за која во тие моменти ќе ја менував со секој ден музика само да престанеше неподносливиот наизменичен ритам на повеќе машини и алатки истовремено.
    Ако реновираат, дали ќе викнеш полиција? Јас не можев бидејќи и тоа е дозволено. Никој не ме прашуваше дали во сабота во 7 наутро ќе ме буди тахикардија заради хилта. И тоа трае со години. Кога почна да се случува во недела и беше повикана полиција, тие кои повикаа сфатија дека и полицијата била подмитена откако се појавија часови и часови подоцна. Еј, ама први се за растурање тинејџерска забава :)
    И ова е дел од звучното загадување. Супер што останавме на тема.

    А сега размисли дали нешто кое трае со години е исто што се случува еднаш во годината и луѓе се радуваат и притоа првото вклучува исцрпувачко вознемирување од алатки и машини, а другото вклучува музика.

    Продолжи да ми пишуваш за „смешни, наивни и дефлектирачки“ аргументи :)

    Уште нешто:
    Секако, ова важи за нормалните комшии. Не како овие од погоре што ги опишав.
     
  19. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    5.604
    Пол:
    Женски
    @NoirSerpentine
    Aко ти е за толерирање(гласна музика)тоа е апсолутно твое лично право и исклучиво за тебе збори си.
    Доколу ти допринесуваш со галамење и рушење јавен ред и мир проблемот е во тебе.
    Но не можеш истото да им го наметнуваш на други и се убацуваш со коментари од типот "getting old yet? ". И да, дефлектирачко е.
    Не си ти таа која одлучува за сите и светот не се врти околу тебе.
    Си постои јавен ред и мир/регулатива(google it нели).

    Не, не е проблемот во нив, и на тебе да им укажуваш на тоа.
    Проблемот е во оние кои го рушат јавниот ред и мир, со доза на ароганција, бахатост и некултура и тоа.

    Тие тинејџери и студенти (а потоа и 30+годишни кои се понашаат како такви) има ли некој да ги воспитува и регулира(за рушење јавен ред и мир на пр.) , или се пуштени ко кучиња без синџири да малтретираат други, зошто законите не важат за нив нели?
    Околу забавите и прославите, и гласна музика секој ден со или без прослава онака дека имал звучници па да не стојат така, да ги искористи батето мора, па да не почнуваме.
    Другото веќе го пишав, да не се повторувам.
    Ова на многумина/ во Македонија не им е јасно.
     
    Последна измена: 17 февруари 2024
  20. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    2.414
    Пол:
    Женски
    Апсолутно никаде не пишав вакво нешто. Никаде не пишав дека јас пуштам музика па затоа музиката ми одговара. Сериозно, ако не сакаш да читаш воопшто не се ни впуштај во дискусија и ова е втор пат како си вадиш претпоставки за соговорникот (за мене) на истава тема. Веќе е смешно колку ти се познаваат фрустрациите па во обид да се докажеш, почна да се расфрлаш со обвинувања.
    Да те видам колку си силна со тие кои реновираат со години? Или и јас како тебе да си претпоставам дека на таквите си молчиш, ама важно пишуваш јако на форум дека ти е ќеиф ако би уништила тинејџерска забава.

    Не, ова дефинитивно е до тебе. Можеби сепак старееш, колку и да беше напишано како шега.

    Го менувам секој тивок и језив ден исполнет од 7 до 22 часот со чекани и хилти за слави кои порано цело време ги имаше. Исто така не читаш - ова пак не е дефлектирање, туку реалност - дека ти пречи нешто што се случило еднаш во година. Мрчала како тебе секогаш ќе има. Во зграда често живет многу луѓе ама ретко кој слави така и сепак се сведува на неколку пати во година, а почесто и ниту еднаш бидејќи почна да снемува и луѓе.

    Звучно загадување е ако се случува постојано, секој ден.

    Не е проблем, човечки е, нешто што порано беше нормално - да се појде кај човек и да се разговара. Кога и да се разговара со луѓе - секогаш успева. Ако веднаш се оди со полиција, секогаш резултира со загорчување и расипување на нечиј убав ден. Нешто што забележувам дека ти немаш проблем да го направиш бидејќи исто е себично да си гледаш единствено како тебе ти одговара.

    Кога ќе замислам дека еднаш одамна комшијата направи слава од 3 дена, сите ги покани и сите се забавуваа бидејќи беше еднаш, а сега некои како тебе што не разбираат дека тие моменти се реткост, би повикале полиција...

    Подобро погрижи се за она што реално ти ги прави фрустрациите и ако можеби ти се поврзани со звучното загадување, како што е и темава, наместо да НЕ читаш некој што пишува и неосновано обвинуваш како ќе ти текне бидејќи немаш како да се докажеш.