Ја почнувам темава иако е уште рано до крајот на школската година. После 15 јуни, децата не се веќе во училиште, и е потребо да бидат згрижени некаде. Најдов тема за летен камп, но ова не е за период од 10 дена или две недели, туку зборуваме за цел јули и август, и пола јуни, освен периодот кога сме заедно на годишен одмор. Сепак, ние како родители сме на работа секој ден до 17 часот, а децата од 7 до 10 години не верувам дека би седеле цел ден дома, и за тоа време да јадат, пијат, ужинаат... Лани имаа Колорес камп, три месеци, во огрома куќа со базен, пијадок, ручек, ужина, забава, мислам дека беше околу 15 000 денари месечно. Секој ден имаа активност, Водно, Матка, шетање... аниматори, магионичари.... засега звучи океј, но годинава сигурно ќе е 18 000. Знаете ли за други што чуваат деца во школска возраст и колку чинат и дали сте задоволни од нив? Какви активности имаат? Од каде им е храната?
Само да ангажираш дадилка, ама за тие пари ја пре би Колорес, ниедна нема под 18000 да ти се нафати а Колорес за тие пари и оброци имаат. Мене годинава погодено ми е, дома сум, догодина ќе треба да мислам. Во некои градинки исто така примаат школски деца, распрашај се.
Надвор од темава ама да прашам дали имате чуено опција детето да оди во градинка во тој летен период?Има такви опции или не?Зборувам за државни градинки.
Е ова ме интересираше,само незнам на кој начин оди тоа.Мора некако детето да се запише некој документ
Мене ме интересира какво е искуството на децата кои оделе месец или подолго? Не им се здосадува на децата? Моите обично после недела две, се веќе заситени...така биле и помали кога беа.
Пред короната да , во државната градинка (која претходно одеше) блиску до училиштето одеа деца до трето одделение кое беа веќе за 4то после не. Ама сега незнам.
Да, колешка моја го носи детето во градинка во Карпош. Од клас се 4 другарки и кажува дека им било супер.
Bright kids во к.вода имаат дневен престој за деца до 6 до 12 год. Со убави активности. За храна сега незнам како се организирани, и цената незнам која е, помина многу време од тогаш кога јас имав потреба и се распрашував.
Се е можно, јас пред неколку години ги барав, и ми се допадна тоа што понудиха, а и немав баш некое решение тогаш.
Ги малтретирате така што ги терате да одат на глупави активности, 10 годишно дете е доволно возрасно за да може само да седи дома 5-6 часа.