1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здравје пред изглед: 30+ и конечно учам дека здравјето е најважно

Дискусија во 'Диети' започната од LocoCroco, 3 мај 2025.

  1. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Здраво!

    Оваа тема ќе ми служи како поддршка, но и како личен дневник и приказ на новиот начин на живеење што одамна го посакувам. Имам над 30 години и цел живот сум во кругот на слабеење – дебелеење – рестрикции – прејадување. Со други зборови, нездрав однос кон храната, од крајност во крајност.

    Но, последниве неколку месеци водам поинаква приказна. Работам на тоа да си ги сменам навиките, чекор по чекор, и сакам така и да продолжам. Оваа тема ќе биде моето сведоштво, мој мотиватор, но и место каде ќе можам отворено да споделувам – рецепти, информации, совети што ми функционираат (или не функционираат), искуства и размислувања.
    Можеби ќе објавувам секој ден, можеби неколку пати неделно – ќе видиме како ќе бидам со време. Најважно ми е да останам доследна. Да се разбереме, не слабеам за лето – слабеам за секој ден после тоа.

    Па, ајде малку и за мене:
    Висока сум 157 см.
    Највисока тежина ми била 80 кг, најниска 55 кг. (ова пред некои 6 год)
    Моментално се движам околу 72-73 кг. (долго време бев 77, и да еден период си бев зависна од корпа, кликни јади итн срамота!)

    Според параметрите, спаѓам во категоријата obese, и најголемата цел ми е – да си го вратам здравјето, да се чувствувам убаво во своја кожа и да водам квалитетен, исполнет живот. И да не се лимитирам, не станува збор од денес нема благо или слично, како што правев порано туку да се најде поздрава варијанта од некои работи кои не сакате да ги замените.

    Ако некако можете да се пронајдете во мојот пат – слободно следете, коментирајте, споделете и вие. Да си помогнеме едни на други – за здравјето се работи. ❤️
     
    На Freckles., Aleks.mar, MikicaBt и 14 други им се допаѓа ова.
  2. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    5/4/2025 – Тежина: 73 кг

    Исхрана:

    Утро: макијато без шеќер

    Ручек: риба со варени компири
    Забелешка: јадев пребрзо бидејќи бев прегладнета

    Попладне: турско кафе + јагоди

    ‍Физичка активност:
    Од рано сабајле до 17 часот
    Под жешко сонце
    Немав ништо за грицкање — следен пат да си понесам јаболко или нешто слично

    Размислувања:
    Размислувам да инвестирам во трака за пешачење
    ➕ Добра идеја за вечерно движење или после јадење
    ➖ Малку е скапа, но може да се исплати заради здравствени придобивки (инсулин, движење)
     
    На Freckles., JustMe00, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Немам некои специјални совети..
    Сакам и јас да се сменам во однос со храната ама моментално сум бремена и не можам баш .
    Но тоа шо ми падна во очи е дека немаш појадок. Кафето има калории да но појадок не смееш да скокаш посебно во здраво слабеење.
    Макијато ,3 во 1 ,капучино и сл ти се празни калории.
    Гледај појадокот најкалоричен да е останатите помалку калорични.
    Може да биде овошје ,протеини ,салата...
    Движењето секако е битно исто така а и многу течности.
     
    На LocoCroco му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    36.778
    Пол:
    Женски
    @LocoCroco супер што си решила да се смениш.
    Само ова што го пиша како храна не е здрава исхрана. Немаш баланс. Односно имаш само еден оброк во денот што не е здраво.
    Види да се организираш да имаш три оброци дневно или барем два за да не немаш епизоди на прејадување бидејќи си прегладнета.
     
    На јolene, LocoCroco и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  5. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    9.189
    Пол:
    Женски
    Иста приказна и кај мене :lol: цел живот се борам со сама себе односно со мојата стрвност и нагони за јадење.
    Кога ми е нешто слатко можам цело тенџере да изедам, иако знам дека после тоа ќе ми биде тешко.
    Тотално нездрав однос со исхраната имам... :|

    Во денешно време ни е достапно буквално се за да си створиме нови здрави навики, работата е што фали конзистентност и дисциплина - нешто со кое јас имам огромен проблем.
    Не знам колку пати до сега сум почнала, ќе стигнам до некаде и таман ќе видам напредок набрзо после тоа се враќам на старите навики со јадење и невежбање.

    165cm сум висока а 75kg тешка, не се чувствувам добро во својата кожа, постојано имам недостаток на енергија и очајно сакам да си го сменам животот на долги стази.
    Во најлоша форма бев пред 10тина години кога достигнав 82kg, и тука веќе сфатив дека треба да превземам нешто.
    Во најдобра форма бев пред 4 години, тогаш стигнав до 67kg ама бев многу дисциплинирана цела година, мнооогу возев точак, пешачев, вежбав дома по 20-30 минути и внимавав на исхрана, и никогаш не сум се чувствувала подобро и поенергично.
    Не можам да сфатам зошто упорно се саботирам, кога знам дека со тоа што ќе инвестирам време и труд во себе на крајот ќе бидам здрава психички и физички.
     
    На Marsi*, LocoCroco и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  6. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Со лесно бременоста :)
    Знам, знам за појадокот. Вчерашниот ден уствари не ми беше нешто најоптимален ама сакам да сум искрена и дирекна. Денес далеку подобро ама си имам забелешки, ќе пишам покасно како поминав денес. Гледам да бегам од празни калории ама макијато без шеќер ми е мала доза среќа :)

    Знам, вчера не ни требаше така да ми помине денот ама ете бидна, фактори надвор од моја контрола... ај барем јадев здраво и имав физичка активност ама не значи дека се осеќав екстемно добро :( Денес мнг подобро ама денов трае, вечер ќе си пишам како сум поминала подетално

    Ете сме....во иста каша! Јас искрено мислам дека не се ставам себеси на прво место и дека премнг сум ектремист, од една крајност во друга, а и на емоции ме мава некад.....лош ден? бутај благо....едноставно животот не тече така и мора малку да бидеме повнимателни кон себе си. (знам дека е полесно ова да го пишам отколку свесно да се применува секој ден во пракса) А и јас треба малку да се едуцирам и да не барам магични решенија, едноставно ова е животен стил и како што се трудиме за другите луѓе околу нас, па и на работа, па и во семејството, така да си се трудиме и за нас. Некои денови ќе биде тапа, други денови ќе биде подобро ама битно е да се бориме за нашето здравје, кој друг ако не ние :worried:
     
    На Marsi*, JoyJoy и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  7. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Artboard 1.jpg
    Artboard 1-1.jpg
    Ајде малку за денов и што открив за себе :)

    Има едена авторка за здрава исхрана поконкретно за инсулин и за шеќери најмнг збори (Jessie Inchauspe) и решив повеќе нејзини совети да следам. Еден од советите е да го почнам денот со протенски (солен) појадок. Да не почнувам со благо, без шеќер и ништо што може да го дразни стомакот и да ти предизвика силно качување на инсулинот. Арно ама во 7 сабајле кајагана со спанаќ ич не ми легна хахахах искрено... му дадов шанса ама јајцето ми беше прејако и до 10 часот можев да го осетам (ако ме разбирате ме разбирате) Е сега почнав други решенија да барам и видов дека мнг луѓе кои не можат јајца да поднесат од сабајле обично јадат некој лесен сендвич и ете си купив намирници и како за ужина околу 13 часот си каснав.
    Главно планот ми е сега да си направам сендвичи и да не јадам од 7 сабајле појадок ахахахаха

    Ќе направам неколку кои ќе можам да ги замрзам (немам време секој ден да си правам сенд) и
    околу 11 ке си јадам на работа по едно. Значи сепак денот ќе го почнувам со едно макијато бидејќи сега за сега тоа ме движи :)

    Пешачење едно 40 мин, уште едно макијато.... Додека го спремам ручекот, една лажица јаболков оцет разреден во вода (исто совет од авторката) Ручекот ме изненади и си дадов оценка чиста 10тка, само нареден пат помалку грамажа за да не биде толку калорично. Заборавив уште една слика да става од ручекот а тоа беше една обична зелена салата (исто авторкава вика пред главното јадење обавезно една зелена салата) Сите калории на сликиве се груби (Chatgdp) и нормално и чекорите кои ги брои мојот саат и сакам да е вака грубо за да имам некаква генерална слика накај каде се движам :)
     
    На Marsi*, Mumoftwo30 и Калатеа им се допаѓа ова.
  8. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    9.189
    Пол:
    Женски
    Мене девојкава ми е многу антипатична ама за тоа дека е подобро да јадеш солен појадок е во право, мада и чат пат да изедеш некоја чиа или овесна каша со овошје и грчки јогурт е ок.
    Чисто како идеја, мене за појадок во последно време многу ми се допаѓа хумус и некои крекери со семиња + различни видови свеж зеленчук (морков, краставица, пиперка, патлиџан).
    Исто така многу ми е вкусно за појадок да јадам јајца (варени, кајгана, омлет, било каква варијанта) заедно со некоја салата.

    Супер е што истражуваш и што се едуцираш околу исхраната, ама сепак мислам дека секој организам различно функционира и не може толку строго да се држиш до некои правила ако едноставно не ти годат. (како на пр. јајцето од сабајле). Испробувај различни опции за оброци со разновидни намирници и телото само ќе ти каже што му годи а што му шкоди. Ќе приметиш по тоа која храна ти дава енергија а од која ти е тешко и те прави тромава.

    Јас колку што имам истражувано, најважно е да внесуваш доволно протеин во текот на денот пропратен со здрави масти, јаглехидрати и влакна. Протеинот е есенцијален за согорување калории, побрзо опоравување после вежбање, градење на мускули и подолго време држи ситост. Кога сме кај ситост, доста внимание се обрнува на јадење волуменска храна (high volume foods - ќе прикачам слики подоле за да видиш на што се мисли), на пр. подобро е да изедеш цела чинија со свежо овошје или зеленчук отколку да изедеш паста или некое пециво, ем ќе ти даде повеќе енергија а притоа ќе внесеш влакна, витамини и минерали ем нема да ти биде тешко и да ти падне притисок.

    Рафинираниот шеќер знаеме дека е најголемото зло и докажано е дека е појака дрога од кокаин, и затоа треба да се избегнува. Јас како тежок зависник од шеќер пробувам да си правам здрави десерти (има еден тон идеи на интернет а можеш и ChatGPT да го прашаш за рецепти), на пр. место брашно користам мелен овес, мелени бадеми и сл., место шеќер користам урми или мед итн...

    Животните навики не се менуваат преку ден, ама треба секој ден да се работи на тоа за да полека се интегрираат во нашето секојдневие.

    Good luck и со лесно :sun:

    well-balanced-meal-ideas-4.jpg well-balanced-meal-ideas-2.jpg well-balanced-meal-ideas-6.jpg fghfhjnfh.png Volume-Eating-2.jpg
     
    На theowndemon, dunika, јolene и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.099
    Допаѓања:
    5.203
    Исто и кај мене, требаше да ја поминам 30ката за да се освестам за некои работи.

    Моментално работам на килажата, но на многу поздрав начин од претходните години. Се фокусирам претежно на добра исхрана и мноооооогу движење. Пешачење, велосипед, секој слободен викенд на Водно и тако даље.

    Периодов сум во фаза да планирам бременост, па фокусот на здравјето ми е највисок, па под него килажата.
     
    На theowndemon, Marsi*, LocoCroco и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски

    Ех таман работа да се силам или да сум премнг строга...баш напортив пробувам работи за да видам што ми одговара :)
    (и сега знаеме јајце во 7 сабајле не хахахахах МАДА never say never)
    Зошто антипатична? јас па баш ја бендисувам и сакам книгите да и ги прочитам, мнг ми е коректна за совети и влегува ептен во детали. Волуменска храна е дефинтивно една од најбитните работа. Иначе чија, овесни каши во еден период на мојот живот ги имам прејадено а и никогаш посебно не ми се допаѓале...можеби некад ќе им се вратам, отворена сум за се!
    Сликиве се супер, ептен сум визуелен тип така да стварно помага.
    Фала пуно за опширниве совети! Means a lot


    Ајде заедно да си се инспирираме и да си се бодриме! Можеме само со упорност и верба :) Стварно се радувам што си го избрала здравјето пред се
     
    На Shery му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Artboard 1.jpg
    Artboard 1-1.jpg

    Денес сум спремна денов порано да го завршам.
    Тоа што спремив замрзнати сендвичи за цела недела се покажа како одлична идеа.

    Исхрана:
    7:00 макијато без шеќер
    8:00 пешачење околу 40 мин
    10:00 макијато без шеќер
    12:30 појадок сендвич со салата
    17:00 околу 40 мин пешачење
    18:00 грашок со варени комп, 2 парчиња леб и кисл млеко
    20:00 чоколино фит

    Размислувања:
    Треба да си купам јаболки или други овошки за ужина
    Можеби треба да купам мача па на пола ден тоа да пробам да пијам ама скапа ми е,
    можда вреди наместо макијато
    Треба да добијам па се осеќам уморно цело време а и времево ме тепа
    Сега навечер ме фаќа криза за газирани пијалоци, можеби треба да имам при рака зеро кока кола, а најочигледно ме фаќа криза бидејки ми се спие хахахах
     
    Последна измена: 6 мај 2025
  12. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.409
    Допаѓања:
    11.086
    Пол:
    Женски
    Сендвич, грашок, компир, леб, чоколино = премногу калории од ј.хидрари и општо премногу јаглехидрати имаш во тек на денот, кои ни те држат сита нит пак даваат енергија.

    Не читав погоре дали смееш и јадеш се.
    Предлог за ужина ти се семки и јатки. Малку суво овошје. Или јаболко со путер од јатки.

    Доручек вклучи сирење, урда, јајца.
    За ручек протеини и растителни влакна. Протеин од грашк не е доволен да те држи повеќе сит. Колку повеќе ј.х толку повеќе ти бара организмот. Јас во манџата би ставила и тофу, ако не сакаш месо на пример. И салата една + 1 парче леб, ама од полно зрно со семки внатре.

    И друго, прескокнуваш оброци. јадеш многу јаглегидрати и затоа умор. Не знам дали ради фастинг или што, ама доручек во 12 не е ок. Предходно го исцрпува организмот.
    Подобро без вечера, отколку без доручек.
     
    На Rozevata, Трагедијаупмм, Cka и 6 други им се допаѓа ова.
  13. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Фала за муабетов. За умор има мнг фактори, сигурно и ова што збориш држи вода:) Иначе ми се јадеше манџа вчера, завчера јадев месо така да си балансирам само можеби нареден пат би го изменила рецептот малку, грашокот има протеини ама може да засилиме со месо.Лебот е интегрален. Си го слушам телото во 12 ми се пријаде вчера ахахаха ама ќе видиме сеуште тестирам и пробувам работи за да ми се
    поклопат со работните обврски. Се учиме
     
  14. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.280
    Допаѓања:
    4.944
    Пол:
    Женски
    Јас јадам 2 пати дневно во 11 па во 17.30, не мерам калории, преферирам поздрави оброци,избегнувам нездрава храна и празни калории, пијам 1 турско кафе без шекер и едно нес-капучино исто без шекер. Некогаш измеѓу јадам некое овошје за ужина или често кикирики,мада тоа е повеќе од досада одколку реална потреба.Избегнувам леб, бело брашно, и раб на кои сум нетолерантна, пијам околу 1.5-2 л вода и реално не сум многу физички активна ама никогаш не сум имала проблем со килажа.Некогаш ако ми се јаде благо јадам или ако излеземе навечер исто ама во глобала рутината ми е иста со години.Иста ми беше и во бременост и тогаш не накачив многу килажа, и навикната сум само тоа време да ми се јаде.висока сум 180 имам 65кг.
    А за умор, е тоа е друга приказна, кај мене е секој ден различен бидејки имам лупус, некои денови буквално не функционирам ама тоа нема врска со храната туку е од самата болест.
     
    На Rozevata, _Vera_ и LocoCroco им се допаѓа ова.
  15. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Е реално треба да е вака едноставно! Сигурно кога ќе смалам и ќе имам поздрави навики ќе си терам и јас вака. Жал ми е за лупусот, битно си одржаваш здрав живот и покрај предизвиков! Тоа е стварно инспиративно
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.409
    Допаѓања:
    11.086
    Пол:
    Женски
    За умор има многу фактори, апсолутно се согласувам. Ама храната може да влијае и те како.
    Јас имам проблем со инсулин/шеќер. Штом ми се приапие после оброк, знам дека тој оброк не е за мене. На пример овес, сите го декларираат како супер храна, мене освен замена за брашно да го користам, за друго воопшто не ми одговара. После овесна каша паѓам во кома.
    Нема врска, знам дека не секогаш сме расположени за некоја храна и тоа е ок. Треба да се слуша телото.
    И јас јадам релативно доцна појадок, освен во бременоста, и знам дека се е навика. Исто знам и дека ако јадам прекасно доручек, после доручек сум изморена и ни кафе ни ѓаволи ме оправаат.

    Е сега интегрален и интегрален леб. Има разлика, сум тестирала лебови и лебови, на крај излезе дека само неколку се интегрални а повеќето се декларираат како такви. Најбезбедно ми беше да си правам сама дома. Сега веќе немам време со мало дете и не пазам на исхрана толку многу, разлика кај мене има во мојата физичка состојба. Со килажа немам баш проблем ни сега, ни во бременоста, за општа здравствена состојба ми е.
    Така впрочем ти е насловот на темата, така да биди отворена за критика, оти менито и распоредот на оброци од вчера не се баш најоптимални.
     
    На Gosh, rainbowec, LocoCroco и 2 други им се допаѓа ова.
  17. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Здравјето пред се! Учиме заедно а јас скроз сум отворена за конструктивна критика Thanks a lot баш го ценам одвоеното време и зборови
     
  18. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Artboard 1.jpg
    Artboard 1-1.jpg

    Исхрана:
    7:00 макијато без шеќер
    8:00 пешачење околу 40 мин
    10:00 макијато без шеќер
    14:00 појадок сендвич со салата
    17:00 околу 40 мин пешачење
    18:30 ручек, стекови со салата
    20:00 пешачење околу 30 мин

    Размислувања:
    Денес гужва на раб, одвај стигнав за доручек
    Се чуствувам сосема ок, немам потреба за благо или слично (сега за сега ххх)
    Задоволна што доволно пешачев денес
    Треба да докупам овошје и зеленчук деновиве, се надевам утре ќе завршам тоа
    Купив урми за да си направам благи за кризни денови уште не сум се фатила да ги правам
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    Ај помош ако сакаш и од мене за слабеење и здрава храна.
    Тостирани модри домати ,со ептен малку зејтин,превкусни се и може колку сакаш за ручек ,даваат волумен во стомак ,калории малку и парче стек,тиквици исто на тостер најбрзо е,со оцет,зачин,лук,спремено во бормиоли,правам за 2 дена оброци,риба пастмка со многу салата,краставица и марула .Најважно да имаш протеин и вода да пиеш пред секој оброк,па да јадеш.Ова твоево мени ептен слабо и затоа и да ослабиш брзо ке ги вратиш.
     
    На LocoCroco му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Ајде се фаќам за работа деновиве. Ова сум правела тостирани домати врв работа! Фала што ме потсети! Менито слабо како сиромашно? Или треба да пробам почесто да јадам а да се помали протенски оброци?
    Плус нели треба да сум во калориски дефицит за да слабеам? Гледам да е здраво а да не се ограничувам мнг...што знам...можеби распоредов ми е скроз утнат.
    Сега за сега се чуствувам добро ама може да е подобро
     
    Последна измена: 7 мај 2025