Форумџика на годината

Здрав појадок за носење

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Guns N` Roses, 23 февруари 2022.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Ја отварам темава со цел да споделуваме здрави оброци за носење, кога сме на работа, факс, патуваме . . .
    Неретко се случува да не носам појадок приготвен од дома затоа што станувам многу рано, па најчесто ќе купам кифла, кроасан и потоа имам грижа на совест, затоа што не сум јадела храна со нутритивна вредност.
    Само овошје не можам да јадам толку рано, а и не ме најадува, во потрага сум по идеи, па може да споделуваме тука.

    Споделувајте ваш личен здрав појадок за носење.
     
    На Ljubova, meggle, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.289
    Баш денес спремам за на работа...
    Правев палачинки од црвена леќа и си замрзнав...сега сум на одмор
     
    На Cherry blossom89, JoyJoy, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  3. ТедИ11

    ТедИ11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2020
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    4.289
    Исто и ова го направив имам од него за 3пати да појадам го поделив и во замрзнувач
     
    На Cherry blossom89, Cosmic Girl, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. R.i.n.a1

    R.i.n.a1 Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2022
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Убава тема, и мене ме интересира некоја идеа за кога би одела на планинарење на пример што е добро да се спреми, некој пример?
    Инаку добро е пилешки вреп да си направиш ако знаеш како, само ден пред тоа ако сакаш или наутро пред да се оди некаде.
    Тортиља загреана, на неа крем сирење, павлака или урда, салата зелена,домати, пченка, опционално можеш варен ориз, авокадо и пилешко месо испржено или замена грав. :D
     
    На Cosmic Girl и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    24.954
    Ако е понапорно планинирањето јас би носела неколку варени јајца, за секое јајце по кришка леб и едно шишенце ќефир. Би носела и ќесенце бадеми. И неколку барови, на пример ова, ова и ова. Може и парче овошје, јаболко или круша.
     
    На Cherry blossom89, Cosmic Girl, Гладиоли и 4 други им се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    24.954
    Овака вчера:

    Screenshot_20220321-074654_Gallery.jpg

    Киноа со соја сос, наут, пченка, морков и сир сличен на урда.

    А денес:

    Screenshot_20220322-065237_Gallery.jpg Screenshot_20220322-065342_Gallery.jpg

    Овес со мелен лен, овес, јаболко и киви.

    Screenshot_20220322-065246_Gallery.jpg Screenshot_20220322-065303_Gallery.jpg Screenshot_20220322-065329_Gallery.jpg

    И тортиља со авокадо и истиот тој сир. И салата од цвекло, морков, трупка и наут, со балсамико и соја сос.
     
    На kuc, Kitten, Chanell* и 9 други им се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    24.954
    Денес:

    Screenshot_20220323-072258_Gallery.jpg Screenshot_20220323-072411_Gallery.jpg

    Јогурт, овес, мелен лен, круша и корнфлекс.

    Screenshot_20220323-072423_Gallery.jpg

    Киноа со соја сос, маслинки, јајце и сенф.
     
    На Chanell*, Cherry blossom89, Cactus997 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.399
    Пол:
    Женски
    Супер изгледаат сите оброци.
    Кажи ми од каде ја набави чашката со капачиња? Ми треба една ваква!
     
    На Ljubova и MissChievous им се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    24.954
    Фала. :)
    Чашкава одамна ја земав од Кам, ја нема веќе, но слична ваква повремено носат во Стокомак. Исто така имам видено слична во Рамстор (пред некој ден ја видов во Капиштец) и слична ваква видов на онлајн страната на Минисо.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    808
    Допаѓања:
    2.592
    Пројата јас почнав да ја правам со интегрално и пченично брашно, преубава е :)
    Освен сирење, ставам морков (сииитни коцки) и спанаќ (ситно насецкан).
    Одлично за носење, а и за појадок исто така.

    Останати идеи за храна за носење, односно што јас земам за на работа освен сендвичи и врапови се салати,
    пр.
    1. интегрални тестенини, шери или обичен домат, зелена салата (рукола по можност), моцарела, маслинки и пченка.
    2. киноа со шери или обичен домат, краставичка, маслинки, пченка, зелена салата, свежа брокула.
    3. туна со млад кромид, лимон и зелена салата.
    4. кус-кус или булгур, авокадо, шери или обични домати, маслинки и зелена салата.
    5. наут со листови спанаќ, авокадо, краставичка и пиперка.
    6. црн грав, црвена пиперка, пченка, зелена салата, млад или стар кромид, краставица.

    .можете во салатите да си додадете и пилешко ако сакате, а за дресинг користам балсамико оцет или лимон, маслиново масло и останатото како сол и бибер е по вкус.

    .салатите 5 и 6 се оодлични за со риба како прилог (испробано).
     
    На ТедИ11, Cherry blossom89, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Женски
    Вакви чашки има во Аџико Центар и на пластичарска во поголемите дуќанчиња (јас од таму ја земав) :)
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.399
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за информацијата и на тебе и на @MissChievous.
    Ќе побарам и ќе купам.

    Инаку не знаев за Аџико центар, па го пребарав каде се наоѓаат продавниците и најдов дека имаат објавено на нивната ФБ страна акција баш на вакви работи кои се практични за носење храна. Чашката на пр. е само 79 денари.

    Еве линк до флаерот може и на некој друг ќе му биде од корист:

    https://www.facebook.com/adzikodooel/photos/pcb.3075324532727030/3075311689394981/
     
    На Izaabella, Ljubova, Cherry blossom89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Женски
    И јас ја видов акцијата па ме потсети да ти кажам дека и таму има :lol:
    Аџико има во самиот Тинекс, тој што е спроти Бриколаж, на горен спрат се наоѓа :)
     
    На MeowMeow, Izaabella и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    24.954
    Денес јогурт со чиа и јаболко.

    Screenshot_20220324-081042_Gallery.jpg

    И макарони со спанаќ, сир, павлака и наут.

    Screenshot_20220324-081052_Gallery.jpg
     
    На Chanell*, MeowMeow, Cherry blossom89 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.399
    Пол:
    Женски
    Еве го денешниот појадок. Чија пудинг и имам и плус 1 јаболко.

    Чија пудинг:
    - 8 кафени лажички чија
    - мала чаша обезмастено млеко
    - 2 кафени лажички ситен овес
    - 1 кафена лажичка ванила екстракт
    - 1 кафена лажичка семки од сончоглед
    - 1 кафена лажичка сува брусница
    - 1 кафена лажичка суво грозје
    - малку бадеми и лешници
    - неколку јагоди (замрзнати имав)

    Отстоени се една вечер во фрижидер. Јагоди додадов утрово.

    IMG_20220324_092715.jpg
     
    На Kitten, mira.mira, ТедИ11 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. rarepearl

    rarepearl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2022
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    најчесто здравиот појадок за носење и спреман набрзинка, па често комбинирам некои од житрките потопени или сварени од вечер во комбинација со зеленчук или овошје, еве неколку идеи
    овесни снегулки накиснати во малку топла вода, со кисело млеко, јаткасти плодови и зелено јаболко
    овесни снегулки со банана, оризово или бадемово млеко и какао или цимет
    овесни снегулки со мадџун, мандарина и потопени во сок портокал
    просо варено со свежа зелена тиквичка и урда
    просо со банана и млеко со сушена брусница или било кое сушено овошје
    просо со шери домати и крем сирење
    пченица варена со млеко и било која овошка и јаткасти плодови
    киноа со варено јајце и прелив од павлака, сенф и балсамико
    киноа со парчиња туна , маслинки и сенф
    ова е со намирниците што ги имам секојдневно дома, иначе знам да ставам и путер од кикирики, кокос... овие комбинации се по вкус и може да ставите што сакате,...
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TravellerS

    TravellerS Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2019
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.683
    Пол:
    Женски
    Како здрав појадок за носење од вечер можеш да си свариш овес, пченица, просо.
    Најчесто си варам просо кое го комбинирам со лажичка до две маџун, јатки-тоа што имам во моментот, рака црвено овошје, банана, ленено семе, кокос, мандарина, јаболко - што и аш од страна овошје.

    Пченицата ја варам, додавам малку мед или маџун ореви и афионско семе фантазија е.

    Овесот можеш да го комбинираш како и просото и пченицата но можеш и со кисело млеко и малку сол не е лош и така.

    Сендивч со хумус, марула, краставичка, патлиџан, јајце варено, маслинка.

    Смути.

    Проја пита.

    Овошна салата од овошја кои ти се при рака збогатена со јатки.

    Путер од кикиритки/лешници/бадеми, таан со банана/тонус,/интегрален двопек.

    Кајгана.

    Парче до две тонус или друго лепче со крем сир, зелунчук по желба.

    Изренадај морков, цвекло, исечкај зелка и лажичка до две пченка плус зачини по желба.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. android

    android Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2022
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Машки
    Смеса за палачинки само со повеќе јајца. Ги праиш и си ги носиш кај сакаш.
    Протеини - има
    ЈХ - таман
    Масти - ниско
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.186
    Пол:
    Женски
    Нутритивна вредност има секој оброк, ама каква е прашање. Јас сум на работа од 7ипол и станувам во 6, носам дете во градинка во 6ипол, за пола саат спремам доручек и ручек и кога ќе се вратам од градинка веќе се пакувам и тргам на работа. Најчесто е оброк со овес и јогурт, додавам путер од кикирки и овошје, шејк некој, некој омлет во тортиља свиткан, галети со хумус и зеленчук, сендвич од лепче интегрално... Многу ретко сум гладна за доручек, скоро па ич, секогаш сум тип топ најадена. За ручек е најчесто салата со некој протеин и за јх наут и пченка, тортиља со говедско, туна или пилешко, тестенини со болоњезе само од телешко, некое вариво поиздинстано да нема толку течност...
     
    На Cosmic Girl, Guns N` Roses и android им се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.399
    Пол:
    Женски
    @rarepearl i @TravellerS фала за идеите за оброци со просо. Го купив и се чудев која комбинација да ја направам со него зошто никогаш порано не сум јадела просо.
    @Cherry blossom89 бев во Аџико и купив две од чашите по акциска цена од 79 ден. Инаку ги има и во Веро ама дупло се поскапи по 150 ден. една. И нормално купив и кутии за оброци (џабе цени беа) и триста други ситници што не планирав :D
     
    Последна измена: 4 април 2022
    На TravellerS и Cherry blossom89 им се допаѓа ова.