Зевзек значи шегобиец, а Зевзекманија е емисија што се занимава со нашата шегобијна реалност. Затоа НАРОДЕ, гледај, смеј се, менувај се и биди активен дел од првата зевзечка етерична република наречена Зевзекманија.Се емитува секоја сабота од 19:45ч. Новата сезона почнува на 24 септември. http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?m ... eSupport=1 Дали ја следите емисијава? Мене ми е интересна, па баш сакам да слушнам ваши мислења ?
Многу ми се допаѓа емисијата затоа што знаат убаво да ме изнасмеат и да ме орасположат дечките,прејаки се навистина!Е,сега некогаш и таму има глупости и безвезно тупење со сарказам и морализирање што мене многу ме нервира,но сепак во глобала емисијата е во граници на нормалата што значи дека позитивните работи надвладуваат над негативните и затоа јас ќе продолжам да си ја гледам понекогаш кога ќе сум расположена да ја гледам и понатаму во иднина за да убаво се изнасмеам и орасположам!
Да воскреснам тема. Скроз случајно ги фатив, баш им се израдував. Помизерија не било (ако било слободно да ме коригира некоја членка), прашуваат како се вика разведена жена наспрема разведен маж. Распуштеница наспрема слободен човек. Секоја чест на една госпоѓа која професионално се бави со такви ситуации. На момент ми падна криво за сите разведени жени, воопшто не ми беше вкусен хуморот (ако воопшто и може да се нарече хумор). Не навлегувам понатака (без разлика кои им се причините за развод), едноставно самото исмејување на жените онака јавно, покажува колку сме уназадени и колективно мизерни.