Здраво девојки, Се соочувам со еден т.н проблем, за кој имам премногу заблуди и не знам што е конкретно и како се лечи. Ве молам за искуства, терапија и мислење.
Појди на дерматовенеролог (кожен доктор). Секогаш има слободни термини, најдобро тие ќе ти кажат како да се лекуваш.
Габична инфекција е. Има едни капки во аптека, земи и ставај секој ден еден месец или додека ти помине.
Ова ти е габична инфекција. Најверојатно е настаната од силен удар или притисок, твоја задача е сега да користиш егзодерил на ноктот три пати на ден, гледај да не оди на мевцето кај кутикулите, туку само на болниот дел. Габичната е многу досадна работа и требаат месеци за да помине, затоа си бара и упорност. Џабе ти е доктор. Доктор оди на козметичар за вакви работи, единствено што прават е што преку операција го вадат цел нокт, твоите слоеви одново растат и пак врз габа и повторно одлепува од матрикс ноктот и така во круг. Е сега, кажи дали ти е одлепен пред да почнеш да го лечиш ( би требало скроз од оздола кај зеленото да е одлепен) ? Ако е , баш таму кај што е, ноктот ќе си го исечеш скроз. До кај што има воздух. Тебе од подигање ти има вода и нечистотија влагано затоа и е позеленет. Значи го сечеш делот кај што е дигнато максимум се да извадиш и директ на месото (матриксот) ќе ставаш егзодерил. За некое дополнително прашање слободно обрати ми се во дм.
Јас го имав истово, бидејќи си правам нокти козметичарката ми пренела инфекција габична. Веројатно од нечисти и недизенфицирани турпии и други алатки. Купив ексодерил и нешто како лак паметам 700 ден беше. Во Зегин прашав што даваат за габични инфекции на нокти и тоа ми препорачаа. И двете ги користев и ми помина сега ми е чисто.