Познат изгледот на медалите за ЗОИ во Сочи Организаторот на Зимските олимписки игри кои на почетокот на следната година ќе се одржат во рускиот град Сочи, ги престави медалите кои ќе ги добиваат најдобрите спортисти на натпреварувањето. Организаторите објавија дека направиле 1.300 медали за Олимписките и Параолимписките игри во 2014-година. - Дизајнот на медалите е приказ на вечните вредности на Русија, но и иновативен пристап кон игрите, го објаснуваат дизајнот на медалите претседателот на локалниот организационен одбор Димитриј Шерњишенко. Додаде оти се надева дека златните медалите ќе ги задржат во Русија, а сребрените и бронзените, рече, може да одат во други земји. Тој појасни дека за изработка на златните медали се потрошени три килограм злато и платина, секоја од нив е со дебелина од 10 милиметри и дијаметар од 100 милиметри, а секој медал посебно се изработувал по 18 часа. На предниот дел на медал се карактеристичните Олимписки кругови, а на задниот се впишан спортовот односно дисциплината во која е освоен медалот.
Русите ќе го носат олимпискиот факел на прошетка во вселената! Олимпискиот факел кој ги навестува Зимските олимписки игри во Сочи 2014-та година, во ноември ќе биде испратен во вселената, како дел од четиримесечното патешествие на штафетата, кое почнува на 7-ми октомври. Според она кое што го повтврдија од Руската вселенска агенција, космонатутите од најпространата земја на светот Сергеј Рјазански и Олег Котов, по пристигнувањето на бродот „Сојуз ТМА-11М“ во орбитата, ќе ја изнесат штафетата во „вселенска прошетка“. Претседателот на Организацискиот комитет на Зисмките олимписки игри во Сочи 2014, Дмитриј Чернишенко, потврди дека ова е потфат кој никој досега не го извел. „Вселенската прошетка на двајцата руски космонаути со олимпискиот факел ќе биде прв ваков подвиг во историјата на олимпизмот и постоњето на олимписката штафета“, изјави Чернишенко. Да потсетиме, Зимските олимписки игри во рускиот град на црноморското крајбрежје, ќе се одржат од 7-ми до 23-ти февруари идната година.
Јас сум љубител на зимските спортови,па ЗОИ ќе ми го исполнат слободното време колку што ми налагаат можностите.Го гледав преносот од свеченото отворање во Сочи и навистина беше спектакуларно. Се воодушевив.
Денес го гледав женското бордање и ќе кажам дека фаворитка ми е Jamie Anderson. Инаку имам едно прашање до сите што гледаат, денс кога беше ова скијачко трчање или како и да се вика, зошто нашиов, македонецот не учествуваше или да не сум грешка, да не учествува во други дисциплини?
^ тоа само наше Македонче го може Искрено јас, мобилниот што го добив на олимпијадата, го подарив на татко ми, бидејќи јас имав нов мобилен а него му требаше НО задната резервна маска му ја дадов, а оргиналната што дојде со него која беше изгравирана со логото и натписот на олимписките игри, и ден денес си ја чувам како спомен.
нека биде и OFF TOPIC но ова морам да го споделам со вас. Еден текст ме потсети ан далечната 84, олимпијадата во Сараево, со ноќи не сум спиела за татко ми да се врати од олимпијада и да ми донесе „вучко“-маскота. Еве еден текст, што говори за суровоста на времето во кое живееме,а поврзано е со ЗОИ. Код: .Како денес изгледа боб патеката во Сараево http://off.net.mk/lokalno/balkanshtina/ ... vo-saraevo како и неколку факти со развојот на спортот во Македонија, кога имаш, запоставуваш, па немаш, па се жалиш после дека некој друг е крив. Код: Пред „Четирите скокалници“ имаше четирикатна скокалница на Шапка [http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=15121911273&id=20&setIzdanie=22474 и Код: Ќе се обнови ли жичницата до Шапка http://utrinski.mk/default.asp?ItemID=B ... 532FC0EE55
Дали ги гледате зимските олимписки игри? Мислам дека сите треба да им честитаме на нашите спортисти за учеството. Иако има само тројца, треба да навиваме за нив бидејќи многу поголеми земји како Србија имаат двајца учесници... Уживам да гледам брзо и уметничко лизгање. Кој е вашиот омилен зимски спорт?
Гледам колку што ми дозволува времето.Подеднакво ми се интересни и зимските колку и летните олимписки игри. Редовно ги пратам ски трките, најмногу сакам да гледам спуст и супер-џи,ски скокови и понекогаш уметничко лизгање. Во последно време некако и карлинг ми е интересно.
Гледам, најинтересно ми е уметничкото лизгање во парови. Инаку кога ќе бидат нашите? Едит: Видов уште Ана останува за утре. Јада настапувал, а Дехари за жал се повредил, па нема да настапува.