1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зимски Олимписки Игри (ЗОИ) 2022

Дискусија во 'Спорт' започната од Snow-Queen, 23 јуни 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Познат изгледот на медалите за ЗОИ во Сочи
    Организаторот на Зимските олимписки игри кои на почетокот на следната година ќе се одржат во рускиот град Сочи, ги престави медалите кои ќе ги добиваат најдобрите спортисти на натпреварувањето.
    [​IMG]
    Организаторите објавија дека направиле 1.300 медали за Олимписките и Параолимписките игри во 2014-година.

    - Дизајнот на медалите е приказ на вечните вредности на Русија, но и иновативен пристап кон игрите, го објаснуваат дизајнот на медалите претседателот на локалниот организационен одбор Димитриј Шерњишенко.

    Додаде оти се надева дека златните медалите ќе ги задржат во Русија, а сребрените и бронзените, рече, може да одат во други земји.

    Тој појасни дека за изработка на златните медали се потрошени три килограм злато и платина, секоја од нив е со дебелина од 10 милиметри и дијаметар од 100 милиметри, а секој медал посебно се изработувал по 18 часа.
    [​IMG]
    На предниот дел на медал се карактеристичните Олимписки кругови, а на задниот се впишан спортовот односно дисциплината во која е освоен медалот.
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Русите ќе го носат олимпискиот факел на прошетка во вселената!
    Олимпискиот факел кој ги навестува Зимските олимписки игри во Сочи 2014-та година, во ноември ќе биде испратен во вселената, како дел од четиримесечното патешествие на штафетата, кое почнува на 7-ми октомври.

    Според она кое што го повтврдија од Руската вселенска агенција, космонатутите од најпространата земја на светот Сергеј Рјазански и Олег Котов, по пристигнувањето на бродот „Сојуз ТМА-11М“ во орбитата, ќе ја изнесат штафетата во „вселенска прошетка“.
    [​IMG]
    Претседателот на Организацискиот комитет на Зисмките олимписки игри во Сочи 2014, Дмитриј Чернишенко, потврди дека ова е потфат кој никој досега не го извел.

    „Вселенската прошетка на двајцата руски космонаути со олимпискиот факел ќе биде прв ваков подвиг во историјата на олимпизмот и постоњето на олимписката штафета“, изјави Чернишенко.

    Да потсетиме, Зимските олимписки игри во рускиот град на црноморското крајбрежје, ќе се одржат од 7-ми до 23-ти февруари идната година.
     
  3. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Кога почнува олимпијадава? :^)
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Може ли негде по нетов да се гледа? Од телевизииве само на мтв даваат.
     
  5. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    На Kaylie и RainBow им се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Јас сум љубител на зимските спортови,па ЗОИ ќе ми го исполнат слободното време колку што ми налагаат можностите.Го гледав преносот од свеченото отворање во Сочи и навистина беше спектакуларно.
    Се воодушевив.
     
  7. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Денес го гледав женското бордање и ќе кажам дека фаворитка ми е Jamie Anderson.
    Инаку имам едно прашање до сите што гледаат, денс кога беше ова скијачко трчање или како и да се вика, зошто нашиов, македонецот не учествуваше или да не сум грешка, да не учествува во други дисциплини? :^)
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^ тоа само наше Македонче го може

    Искрено јас, мобилниот што го добив на олимпијадата, го подарив на татко ми, бидејќи јас имав нов мобилен а него му требаше НО задната резервна маска му ја дадов, а оргиналната што дојде со него која беше изгравирана со логото и натписот на олимписките игри, и ден денес си ја чувам како спомен.
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  10. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    нека биде и OFF TOPIC но ова морам да го споделам со вас.
    Еден текст ме потсети ан далечната 84, олимпијадата во Сараево, со ноќи не сум спиела за татко ми да се врати од олимпијада и да ми донесе „вучко“-маскота.
    Еве еден текст, што говори за суровоста на времето во кое живееме,а поврзано е со ЗОИ.

    Код:
    .Како денес изгледа боб патеката во Сараево
    http://off.net.mk/lokalno/balkanshtina/ ... vo-saraevo

    како и неколку факти со развојот на спортот во Македонија, кога имаш, запоставуваш, па немаш, па се жалиш после дека некој друг е крив.

    Код:
    Пред „Четирите скокалници“ имаше четирикатна скокалница на Шапка
    [http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=15121911273&id=20&setIzdanie=22474
    и
    Код:
    Ќе се обнови ли жичницата до Шапка
    http://utrinski.mk/default.asp?ItemID=B ... 532FC0EE55
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
  12. carver91

    carver91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    200
    Пол:
    Женски
    Дали ги гледате зимските олимписки игри? Мислам дека сите треба да им честитаме на нашите спортисти за учеството. Иако има само тројца, треба да навиваме за нив бидејќи многу поголеми земји како Србија имаат двајца учесници...
    Уживам да гледам брзо и уметничко лизгање.
    Кој е вашиот омилен зимски спорт?
     
  13. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.587
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    Гледам колку што ми дозволува времето.Подеднакво ми се интересни и зимските колку и летните олимписки игри.
    Редовно ги пратам ски трките, најмногу сакам да гледам спуст и супер-џи,ски скокови и понекогаш уметничко лизгање.
    Во последно време некако и карлинг ми е интересно.
     
  14. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.025
    Пол:
    Женски
    Гледам, најинтересно ми е уметничкото лизгање во парови.
    Инаку кога ќе бидат нашите?
    Едит: Видов уште Ана останува за утре. Јада настапувал, а Дехари за жал се повредил, па нема да настапува.