Златен Глобус 2014 (Golden Globe Award - 2014)

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од boomsleng, 14 декември 2013.

  1. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    530
    Време беше да се отвори темата, поради нејзината актуелност, важност, особено за љубителите на филмската уметност, да се запознаат со годинашните номинации на едни од најпрестижните награди во филмската индустрија во различни категории.
    Годинава како да помина незабележано овој настан, такво чуство имам поради слабата медиумска покриеност од страна на нашиве медиуми и печатени и електронски а особено интернет порталите.
    Златните глобуси се едни од најбитните, најголемите филмски настани, предвесници на оскарите, всушност тоа го потрврдува, докажува статистиката, историјата на филмските фестивали, дека најголемиот број од номинациите за златен глобус се потврдуваат и со номинации за оскарот - најпрестижната манифестација на планетарно ниво во филмската индустрија
    За сите пасионирани, страствени љубители, поклоници на добриот филм на форумов ја отворам темата, да споделиме искуства, впечатоци, критики, за филмовите кои се дел од листата на номинирани, за актерите, нивните перформанси, за вашите фаворити во најразлични категории
    Во продолжение ја ставам листата на номинации за златен глобус 2014 година
    Филм (мјузикл/комедија):
    ‘American Hustle’
    ‘Her’
    ‘Inside Llewyn Davis’
    ‘Nebraska’
    ‘The Wolf of Wall Street’

    Филм (драма):
    ’12 Years a Slave’
    ‘Captain Phillips’
    ‘Gravity’
    ‘Philomena’
    ‘Rush’

    Главна машка улога (комедија/мјузикл):
    Christian Bale – ‘American Hustle’
    Bruce Dern – ‘Nebraska’
    Leonardo DiCaprio – ‘The Wolf of Wall Street’
    Oscar Isaac – ‘Inside Llewyn Davis’
    Joaquin Phoenix – ‘Her’

    Главна женска улога (мјузикл/комедија):
    Amy Adams – ‘American Hustle’
    Julie Delpy – ‘Before Midnight’
    Greta Gerwig – ‘Frances Ha’
    Julia Jouis-Dreyfus – ‘Enough Said’
    Meryl Streep – ‘August: Osage County’

    Главна машка улога (драма):
    Chiwetel Ejiofor – ’12 Years a Slave’
    Idris Elba – ‘Mandela: Long Walk to Freedom’
    Tom Hanks – ‘Captain Phillips’
    Matthew McConaughey – ‘Dallas Buyer’s Club’
    Robert Redford – ‘All Is Lost’

    Главна женска улога (драма):
    Cate Blanchett – ‘Blue Jasmine’
    Sandra Bullock – ‘Gravity’
    Judi Dench – ‘Philomena’
    Emma Thompson – ‘Saving Mr. Banks’
    Kate Winslet – ‘Labor Day’

    Споредна машка улога:
    Barkhad Abdi – ‘Captain Phillips’
    Daniel Brühl – ‘Rush’
    Bradley Cooper – ‘American Hustle’
    Michael Fassbender – ’12 Years a Slave’
    Jared Leto – ‘Dallas Buyer’s Club’

    Споредна женска улога:
    Sally Hawkins – ‘Blue Jasmine’
    Jennifer Lawrence – ‘American Hustle’
    Lupita Nyong’o – ’12 Years a Slave’
    Julia Roberts – ‘August: Osage County’
    June Squibb – ‘Nebraska’

    Режија:
    Alfonso Cuaron – ‘Gravity’
    Paul Greengrass – ‘Captain Phillips’
    Steve McQueen – ’12 Years a Slave’
    Alexander Payne – ‘Nebraska’
    David O. Russell – ‘American Hustle’

    Сценарио:
    Spike Jonze – ‘Her’
    Bob Nelson – ‘Nebraska’
    Steve Coogan i Jeff Pope – ‘Philomena’
    John Ridley – ’12 Years a Slave’
    Eric Singer i David O. Russell – ‘American Hustle’

    Оригинална песна:
    ‘Mandela: Long Walk to Freedom’
    ‘One Chance’
    ‘Frozen’
    ‘The Hunger Games: Catching Fire’
    ‘Inside Llewyn Davis’

    Оригинална музика:
    ‘All Is Lost’
    ‘Mandela: Long Walk to Freedom’
    ‘Gravity’
    ‘The Book Thief’
    ’12 Years a Slave’

    Најдобар анимиран филм:
    ‘The Croods’
    ‘Dispicable Me 2′
    ‘Frozen’

    Најдобар странски филм:
    ‘Blue Is The Warmest Colour’ (Франција)
    ‘The Great Beauty’ (Италија)
    ‘The Hunt’ (Данска)
    ‘The Past’ (Иран)
    ‘The Wild Rises’ (Јапонија)

    Најдобра машка улога во тв серија, драма:
    Bryan Cranston, ‘Breaking Bad’
    Liev Schreiber, ‘Ray Donovan’
    Michael Sheen, ‘Masters of Sex’
    Kevin Spacey, ‘House of Cards’
    James Spader,’ The Blacklist’

    Најдобра женска улога во тв серија, драма:
    Julianna Margulies, ‘The Good Wife’
    Tatiana Maslany, ‘Orphan Black’
    Taylor Schilling, ‘Orange is the New Black’
    Kerry Washington, ‘Scandal’
    Robin Wright, ‘House of Cards’

    извор http://365.com.mk/107449/objaveni-se-nominaciite-za-zlaten-globus
    Доделувањето на наградите ќе се одржи на 12 јануари 2014 година
    Ке ставам линк и од официалната страна на Златен глобус каде можете поподробно да се информирате се во врска со филмовите и номинациите http://www.goldenglobes.com/awards
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    boomsleng, за нас овогодинешните награди поминаа незабележано ама релативно беше успешна година за филмовите. Најмногу се израдував за Bryan Cranston, Jared Leto, Matthey McConaughey.
    Сега на листата за гледање ми е Behind the Candelabra, да видам what's all the fuss about.

    Ама едно не ми е јасно. Под кој основ Her го категоризираа како комедија?!
    И зошто уште го форсираат Леонардо Ди?

    Best picture of the night goes to.. Benedict Cumberbatch & Michael Fassbender. [​IMG]
    :music: rolling with the homies.. :D


    [​IMG]
     
  3. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    7.988
    Kако бе зошто го форсираат Леонардо?! Ѕвер е :rock: Јес да мене The Wolf of Wall Street не ми легна некако при срце. Во секој случај тој добро си глумеше али ваљда имав преголеми очекувања за филмот. Со оглед на тоа што човеков има заслужено оскар, а сирот никако да добие, јас ниедна награда не му ја негирам 8)

    -----------------
    Јас го сметам Леонардо за многу зрел глумец :) Еве нешто што го склопил некој од негови филмови, составувајќи една приказна во која тој е прикажан од неговата младост, па сè до станувањето богат и успешен брокер и покрај криминалните дела што ги прави. Од малечко го бива :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=ekW3eJfXQ3I#t=167
     
  4. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Мда. Разбрав дека ти е celebrity crush (сите имаме по еден, некој и повеќе :D ) ама не го отфрлај моето мислење само затоа што не се поклопува со твоето.
    Не реков дека не го бива човекот. Не е добар, одличен е! Ама одкога глобусот под дифилот значи и Оскар? Во тој контекст ми беше насочено прашањето. Верувам дека ќе дојдат и неговите 5 минути.
    Жив пример е Дензел Вашингтон. Типот зеде Оскар дури после 20 години солидна актерска кариера.
    Ама факт е дека оваа година други актери го заслужуваат Оскарот повеќе од него.

    Бај д веј, заминавме и двете оф-топик.
    Тука во темата повеќе не реплицирам, отворена сум за дискусија доколку сакаш преку лп.
     
  5. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    530
    Конечно дојде и тој ден да бидат прогласени победниците на Златен Глобус во повеќе категории
    Во продолжение ја ставам листата со добитниците на Златниот Глобус
    Најдобар филм, Драма: 12 Years a Slave

    Најдобар актер во филм-драма: Matthew McConaughey, Dallas Buyers Club

    Најдобра актерка во филм-драма: Cate Blanchett, Blue Jasmine

    Најдобар режисер- филм: Alfonso Cuaron, Gravity

    Најдобар филм, мјузикал или комедија: American Hustle

    Најдобра актерка во филм, мјузикал или комедија: Amy Adams, American Hustle

    Најдобар актер во филм, мјузикал или комедија: Leonardo Dicaprio, The Wolf of Wall Street

    Најдобар анимиран филм: Frozen

    Најдобар странски филм: The Great Beauty (Italy)

    Најдобра актерка во споредна улога во филм: Jennifer Lawrence, American Hustle

    Најдобар актер во споредна улога во филм: Jared Leto, Dallas Buyers Club

    Најдобар резултат: All Is Lost – Alex Ebert

    Најдобар актер во ТВ серија, драма: Bryan Cranston, Breaking Bad

    Најдобра актерка во мини-серија или ТВ филм: Elisabeth Moss, Top of the Lake

    Најдобар актер во мини-серија или ТВ филм: Michael Douglas, Behind the Candelabra

    Најдобра ТВ серија: Breaking Bad

    Најдобро сценарио-филм: Spike Jonze, Her

    Најдобра актерка во ТВ серија, драма: Robin Wright, House of Cards

    Најдобра ТВ серија, комедија: Brooklyn Nine-Nine

    Најдобра ТВ минисерија или филм: Behind the Candelabra

    Најдобар актер во ТВ серија, комедија: Andy Samberg, Brooklyn Nine-Nine

    Најдобра актерка во ТВ серија, комедија: Amy Poehler, Parks and Recreation

    Најдобра актерка во споредна улога во серија, мини-серија, или ТВ филм: Jacqueline Bisset, Dancing on the Edge

    Најдобар актер во споредна улога во серија, мини-серија, или ТВ филм: Jon Voight, Ray Donovan
    изворhttp://365.com.mk/111199/zlaten-globus-2014-tselosnata-lista-na-pobednitsite
    и на страната на ИМДБ http://www.imdb.com/oscars/nominations/golden-globes?ref_=rto_nb_gg

    Сега малку да прокоментирам за добитниците, филмовите, номинациите.
    Генерално нема апсолутен победник со најголем број освоени глобуси од еден филм, тоа е заклучокот кој може да се извлече од 71 то доделување на златните глобуси
    Иако може да се истакне дека сепак со најголем број освоени глобуси е филмот Амеикански Измамници од доста квалитетниот режисер кој стекна слава, популарност во последниве неколку години а тоа е Дејвид О Расел, кој имаше досега три номинации за оскар и тоа за филмот Фајтер, и две за минатогодишниот победник во повеќе категории - филмот Во добро и во лошо - Silver Linings Playbook, и наверојатно годинава ќе добие номинација а можеби и ќе го освои својот прв оскар за филмот Американски Измамници.
    Многу ми е мило што златен глобус за најдобра актерка во комедија, мјузикл доби Ејми Адамс конечно да биде валоризиран квалитетот кој го поседува оваа исклучително талентирана актерка, посакувам да го освои и оскарот за најдобра актерка за кој сум сигурен дека ќе добие номинација. Соработката на Ејми со Дејвид О Расел започна во филмот Фајтер за кој Ејми беше номинирана за оскар за споредна женска улога, додека оскарот за споредна женска улога таа 2010 година го освои Мелиса Лео исто така од филмот Фајтер. Ејми е досега 4 пати номинирана за златен глобус и тоа за следниве филмови Enchanted (2007), Doubt (2008), The Fighter (2010), The Master (2012), со таа разлика што за претходниве филмови беше номинирана за златен глобус за споредна женска улога.
    Глобусот за најдобар филм го освои филмот 12 години робство од режисерот Стив Меквин во конкуренција со филмовите Гравитација, Раш, Капетан Филипс и Филомена.
    Глобусот за надобар филм во категоријата комедија, мјузикл го освои филмот Американски Измамници сосема заслужено, иако и останатите филмови кои беа номинирани во оваа категорија беа исклучително квалитетни.
    За најдобар актер во драма глобусот го освои Метју Меконахи - честитки за освоената награда. Морам да истакнам дека позитивно сум изненаден од овој актер кој последниве неколку години се издигна, се профилира, созреа и се позиционира како актер од врвна класа, пријатно ме изненади со улоги кој ги играше во неколку филмови во кои го потврди, го докажа својот талент кој го поседува, тоа го валоризира со улогата во филмот Dallas Buyers Club (2013), за која улога ослабе повеќе од 20 килограми, тоа ме потсејќа на Кристијан Бејл кој за потребите на улогата во филмот Машинист исто така беше подложен на строга, ригорозна диета.
    Кејт Бланшет го освои глобусот за најдобра актерка во драма за улогата во филмот на Вуди Ален Blue Jasmine (2013), филмот не ми е гледан така да неможам да коментирам дали е подобар во однос на останатите номинирани во оваа категорија. Иако ќе кажам дека Кејт Бланшет неспорно е извонреден, талент и не се сомневам дека одлично ја одигра улогата за која и го доби глобусот.
    Леонардо Ди Каприо го доби својот втор глобус после првиот кој го освои за филмот Авијатичарот на Мартин Скорсезе, каква случајност! двата глобуси ги добива за филм режиран од ист режисер.
    Неможам да ги оспорам, да ги негирам актерските квалитети на Лео, кој е еден од најталентираните актери на денешницава, со многу номинации за глобус и оскар, кој уште кога се појави на малите екрани ги освои симпатиите и срцата на сите, особено на женската популација, нема филм каде не ми се допадал во улогата, скоро секој филм му е успешен, но пак од друга страна и неговите конкуренти кои беа номинирани во оваа категорија беа исклучително добри во улогите издвојувајќи го тука Кристијан Бејл кој беше маестрален во улогата во филмот Американски Измамници, потоа Брус Дерн совршен во Небраска, Оскар Исак одличен во Inside Llewyn Davis (2013), Хоакин Феникс феноменален со улогата во филмот Her (2013), ќе направам мала дигресија за Хоакин Феникс кој последниве две години се покажа во најдобро можно светло и тоа со минатогодишната улога во филмот The Master (2012) на маестралниот Пол Томас Андерсон, овој успешен камбек на Феникс најверојатно се должи на излетот, глупоста, авантурата која ја направи пред неколку години кога се повлече од филмската сцена и се посвети на музичка кариера во рап музиката :lol: која се покажа за него катастрофална, конечно се врати на филмската сцена каде му е вистинското место.
    Џаред Лето го освои глобусот во категоријата споредна машка улога - честитки и за него
    Џенифер Лоренс го освои глобусот за споредна женска улога, сосема заслужено за оваа талентирана актерка чии талент го препознав уште кога заигра во филмот Зимска Коса, и од тогаш знаев бев убеден дека нејзината кариера ќе оди нагоре, нижејќи успеси од година во година.
    Алфонсо Куарон го освои глобусот за најдобар режисер во конкуренција со Стив Меквин, Пол Гринграс, Дејвид О Расел, Александар Пејн. Малку ми е спорна победата на Куарон бидејќи мислам дека еден од претходниве беше за нијанса подобар, но тоа е, честита победа на Куарон
    Најдобар анимиран филм е Frozen (2013)
    Најдобар странски филм е филмот на режисерот Паоло Сорентино La grande bellezza (2013)
    Тоа беа воглавно добитниците на глобусите во најзначајните категории.
    Малку да прокоментирам за забелешката на DzingrlakaDzikica во врска со номинациите на дел од филмовите во различни категории, потполно се согласувам со тебе како - Her (2013) е номиниран во категоријата најдобра комедија иако според мене филмот е романтична драма, на ИМДБ е категоризиран жанровски и како комедија, драма, романса, истото се однесува и на номинацијата на Кејт Бланшет за најдобра актерка во драма - дискутабилно е! - затоа што филмовите на Вуди Ален се скоро сите романтични комедии - сепак оваа забелешка која ја истакна Џингрлака е на место. Ќе кажам на глобусите а тоа го имам забележано низа години - се прават компромиси, балансирања при номинациите, се со цел повеќе актери, актерки, филмови да се номинираат во различни категории бидејќи постои простор и можност за такво нешто, за разлика од оскарите каде просторот е ограничен со точно определен број номинации и категории, тоа е суштинската разликата помеѓу овие две престижни филмски манифестации
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    Глобусиве за серииве, се попоромашени- амин.
    Се знаеше декa Брејкинг Бед ќе го фаворизраат, последна сезона, нема веќе простор за награди, верувам дека и сите Еми награди ќе ги собере, колку и да мислам дека малку претраа со фаворизирање, али ај тоа некако голтам, ама најдобра комедија Бруклин 9-9?
    Oзбилно, најдобра, за златен глобус? Не е лоша, барем на катастрофично ама не најдобра во никој случај.
    Едино ми се допадна најмногу што Робин Врајт ја зема наградата за најдобра женска улога во драма, иаку и Кевин Спејси ја заслужуваше за машката па тамн ќе си беа комлетче, ама ќе ја добие вајда догодина ова време, тамн до тогаш ќе има материјал од втора сезона.
    Од филмовиве ни трејлер не сум погледнала за некои, ќе имам доста работа, не коментирам предвреме.
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.388
    Пол:
    Женски
    Глобусиве ми се многу поприродни отколку оскарите, и самите глумци и глумиците посебно беа голем дел пообични, не прегламуризни како што знаат да бидат оскарите.
    Тина и Ејми беа супер, втора година по ред, но заслужено, нека одморат сега некое време, нека снимат нешто ново и нека се вратат пак :D Смешни ми се и двете, добри актерки се, совршени за во комедии.
    Со оглед дека сеуште не сум изгледала се од филмовите, не можам баш да кажам што сметам дека не требаше да биде така или е заслужено или не заслужено, али како шоу во глобала не беше лошо.

    И јас како Џики не сметам баш дека неопходно беше Лео да земе златен глобус или па утре оскар за ваков филм. Самиот се кажа, дека никогаш не се надевал дека ќе биде земе награда за комедија, едноставно не ми е глумец за такви улоги. Бријантен беше, предобар, али самиот филм ми е тотално клише, никаква оригиналност. Догодина да го видиме во позахтевен филм, тоа само сакам за него.

    Дали ќе биде истово ова на оскарите ќе видиме, мислам дека ќе бидат малку построги.
    А за Еми исто очекувам да видам различни наградени, зашто не мислам дека сите глобуси за нив беа баш најзаслужено доделени.

    Најомилен дел, делот посветен за Вуди Ален, целиот склоп на исечоци од неговите најдобри филмови и говорот на Дајан Китон, епен ми направи мерак. Знам дека филмов него обавезно ќе го изгледам, без разлика што самата содржина не ме воодушеви нешто, но уште подобро ако се изненадам отпосле.

    Следна станица, оскари!
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.