1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Златни двори (Сител)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Bzaubzz.xy, 25 март 2017.

  1. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Машки
    На Сител телевизија стартува новата хрватска серија „Златни двори“. Во срцето на серијата низ 160 епизоди ќе гледаме голема љубовна приказна меѓу Ана и Петар, родена во златните полиња на Славонија.

    Улогите на Ана и Петар ги толкуваат Катарина Бабан и Марко Кнешаурек. Колонија и Славонија бенд ја исполнуваат насловната песна од серијата, која стана радиски хит во земјите низ Балканот. Русокосата Ана живее на еден скромен, но убав ранч, кој сама си го одржува.

    Таму живее со духовитиот дедо Јоза и таткото Антун, добар, но нереален човек чии потези ги довеле до лоша финансиска ситуација. Нејзиниот дедо, пак, не е способен за физичка работа, но затоа пак е постојано весел, со ведар дух и го сака своето семејство. Од својата мајка која заминала во странство да гради кариера на пејачка, Ана го наследила убавиот глас. Околностите за заминувањето на нејзината мајка, сепак се чудни и обвиени во голема мистерија.

    Нејзиниот татко не сакал ниту да и зборува за мајка и, но затоа пак единствено нешто кое останало спомен од неа за Ана е една песна, која таа постојано им ја пее на коњите. Ана е всушност девојка која не се грижи многу за својот изглед и однесување, а заработува така што прави колачи и работи на имотот на газда Никола, најмоќниот човек во месноста чие богатство и пространства постојано се шират.

    Никола освен со производство на храна од своите полиња, се занимава и со селски туризам и организација на ексклузивни етно венчавки. Но, малиот имот на Ана за него е од големо значење затоа што сака да направи огромен забавно рекреативен центар на таа парцела.

    Од друга страна, таа го привлекува многу, но Ана има вроден инстинкт да препознае човечки карактери, и од почетокот не чувствува ништо за него, ниту како кон маж, ниту како кон личност.

    Една неочекувана средба со богатиот Петар ќе го промени од корен животот на селанката Ана. Петар, заедно со својот пријател Иван, брза накај свадбата на сестрата на Никола, но истовремено во брзање е и Ана, која ја носи својата кобила Пламенка на ветеринар за да се породи. И во една таква брзаница, за малку ќе се случи несреќа меѓу возилото на Петар и коњот на Ана.

    Првата средба ги распалува огновите на љубовта меѓу двајцата млади, кои допрва ќе се разгорат и ќе донесат лавина на страст и љубов.
    http://sitel.com.mk/zlatni-dvori

    Што мислите за серијата?
     
  2. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    Мене ми е симпатична, барем засега. Бабата и оној ветеринар-заболекар-воглавно_муљатор ми се најинтересни :)
     
  3. ЕДНА убавица

    ЕДНА убавица Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2016
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    797
    Знае некој што ќе се случува понатака во серијата? Си ја гледав порано кога ќе ја фатам ама сега ја запоставив. Да ми каже некој до кај е?
     
  4. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Машки

    Сега се откри лагата на Нера, таа имаше сообраќајка и стана добра.
    Ана и Петар се заедно
    Ката требаше да се венча ама во вчерашната епизода Далибор не дојде на свадбата

    Понатака Нера и Младен ќе си останат заедно
    Ана и Петар ќе се венчат
    Во ист ден ќе се венчат и Звонко и Ката
    Жана ќе се породе
    И ќе заврше сезоната со 147 епизоди
    Нема најава ама најверојатно ќе има нова сезона оваа есен
     
    На tace73 и BlackNight им се допаѓа ова.
  5. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    5.306
    Пол:
    Женски
    Не ми е толку до дејствието, но серијава ми има некаков шарм, а посебно тоа селото славонско преубаво, И ми е пријатно отстапување од турскине серии.
    Интересен ми е развојот на настаните сега, откако настана голем пресврт. Нера ми е интересен лик, баш затоа што е таква, каква е. Мара ми е некако антипатична, типичен лик на оние луѓе кои многу морализираат, остро критикуваат, а чуваат и кријат триста работи позади себе. Ги прикрива глупостите на брат и, своето минато, морализира за останатите.
     
    На tace73, ЕДНА убавица и Bzaubzz.xy им се допаѓа ова.
  6. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.395
    Пол:
    Женски
    А тој докторот како го „откачија“?
     
  7. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    5.306
    Пол:
    Женски
    Претпоставував дека Нера и Младен ќе останат заедно. Некако си кликнаа од прва, а и убав пар би биле.
     
  8. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Ја даваат веќе втората сезона во 22 почнува.
     
  9. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Машки
    Ќе останат ама она ќе проживее пекол како шо проживеа Ана
    Дури ќе биде прободена од Ева бившата жена на Младен


    Кај нас да 2ра сезона ама
    Првата сезона има 147 епизоди
    а кај нас како 1ва сезона дадоа само 69 епизоди, и сега од 70 продолжија како 2ра сезона и стигнати се до 99 вечер ќе игра

    А втора во Хрватска нема најавено
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Ја прекинаа серијава?
     
  11. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Машки
    Само Сабота и Недела
    Порано од Пон-Пет даваа секој ден по една епизода значи 5 епизоди неделно
    Сега Саб-Нед даваат по 2 епизоди значи 4 епизоди
    Значи една епизода помалку сега
    Они испланираре да биде сабота и недела а да не заостануват :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Е фала ти @Bzaubzz.xy, да ја израдувам мајка ми, она ја следеше. Мислевме дека ја прекинале. :)
     
    На Bzaubzz.xy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Машки
    Гледана е мислам дека нема да ја преќинат, ќе ја дадат до крај
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Машки
    Еве пак се врати
    Сега секој ден од Понеделник до Недела
    Пон-Пет во 22часот
    Саб-Нед во 21:15
     
  15. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    7.955
    Пол:
    Женски
    Samo menjaat :@ inace sto ke bidne so ana ke go rodi li bebeto?
     
  16. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Машки
    Nema
    Zana ke se porode na kraj na sezonata

    Ako ima vtora sezona Ana najverojatno ke se porode
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    7.955
    Пол:
    Женски
    Sto stana ja nema veke vo 22h?
     
  18. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Машки
    Па останаа уште 10 епизоди
    На терапија почна во понеделникот и сега Златни двори само сабота и недела
    Денеска и утре ќе има две и ќе останат уште 8 епизоди (4 викенда)
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.