1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Злобница (La usurpadora)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од milicka19, 10 јули 2013.

  1. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Се сеќавате ли на оваа серија?? :D
    Злобница (La Usurpradora), е една од најпознатите мексикански теленовели на сите времиња. Во главните улоги се појавуваат познатите актери Габриела Спаниќ и Фернандо Колунга. Серијата го освои целиот свет, а резлутат на тоа беа бројните награди, како и наградата за најдобра теленовела на годината.

    Паулина и Паола се две жени со многу сличен изглед, но емотивно и карактерно се многу различни. Тие се сретнале во еден хотел и сфатиле дека наликуваат една на друга. Паола Брачо е злобна, бесчуствителна и себична жена, венчана со Карлос Даниел, богат бизнисмен, кој е заслепен по нејзината љубов. Таа го изневерува со многу мажи, секако, тој за тие афери не знае. Кога ќе ја сретне Паулина, сфаќа дека наликува на неа, но Паулина е сиромашна и работи во ресторан. Набргу, на Паола и доаѓа на памет една идеја. Таа одлучила да ја прати Паулина во фамилијата Брачо,за да би можела да помине година дена со своите љубовници. Паулина не ја прифаќа понудата, но Паола со помош на своите сплетки ја присилува на тоа. Во куќата на фамилијата Брачо, Паулина се преправа дека е болна, и заради својата болест не може да спие во ист кревет со Карлос Даниел. И покрај тоа, таа се заљубува во Карлос Даниел. Времето поминува, а Паулина се повеќе и повеќе донесува радост и среќа во куќата на фамилијата Брачо, но Карлос Даниел не може да се изначуди што се случило со старата Паола Брачо. Набргу поминува година дена и Паулина одлучува да побегне и се вработува како медицинска сестра во болница. Карлитос, синот на Карлос Даниел, одлучува да ја побара Паулина, но доживува несреќа, и поради тоа го губи памтењето, но наоѓа на добри луѓе кои одлучуваат да ја пронајдат неговата фамилија и да му помогнат. Набргу, Паола се враќа во куќата, и поради своето однесување сите сфаќаат дека тоа е вистинската Паола, и ја надгледуваат се повеќе. Таа после тоа побегнува со својот љубовник Даглас Малдонадо. Кога Паулина дознава што се случило со Карлитос, одлучува да се врати во фамилијата Брачо, и одлучува повторно да се претвара дека е Паола.
     

    Прикачени фајлови:

  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Убава беше серијата ја гледав редовно,посебно бидејќи ја обожавав во тоа време Габриела Спанич :lol: добри ни беа тогаш шпанските сега сме навлечени на турските серии :lol: :lol:
     
    На milicka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37
    За сите шпански серии посебно теми ако почнуваме да отвараме :?:
     
  4. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Добро bliznacka тогаш може слободно да се избрише темата ако ти пречи да отвораме теми и ако треба да се прашаш ти нема проблем :)