Еве нова тема на која можеме да се насмееме. Нема лутки. Ова се однесува за сите оние кои го живееле своето детство во осумдесетите и деведесеттите: 1. Секое утро ја чекавме новата епизода на „Тропска горештина“ 2. Мобилен телефон беше дозволен само на возрасните, а оној кој имаше пејџер беше фаца. 3. Игравме „на тапка“ и „џамлии“. 4. Девојчињата играа ластик, цигари, штркот бара боја, плочка. 5. „Сакате ли војна“ беше доживљај. 6. Собиравме албуми „Ав, ав“, „Space Jam“, „Барби“... 7. Плачевме кога умре татко му на Симба. 8. Мајките не викаа од пред врата за да се прибереме дома. 9. Излегувавме во “МНТ“, „Мусандра“, „Булевар“, „Кабрио“, „Сабвеј“, „Уна“... 10. Носевме „Phard“ и „Бенетон“. 11. Сакавме да живееме како во „Беверли Хилс“ 90210. 12. „Дајте музика“ и „Бушава азбука“ ни беа омилени емисии. 13. Безгрижно си игравме по цели денови на улица, се каравме кој да биде во средина на „народна“ 14. Заспивавме со „Мечето Ушко“ во 19 и 15. 15. Гледавме Cartoon Network по цел викенд. 16. Собиравме жетони тасо. 17. Авионите фрлаа летки, а ние се собиравме и викавме „Чичко пушти леткиии!“. 18. На трага од авион “Прва моја среќа“. 19. Лепевме постери од „М&М“, „Cioe“, „Bravo“. 20. Излегувавме на кругче. 21. Фризура со кремче беше хит. 22. На зимски распуст сите следевме „Зимска рекреативна програма“ . 23. Имаше опасно добра шема на лизгалиште. 24. Одевме на зимување во Крушево во Шуламина и Илинден. 25. Славевме Нова година во куќи и станови и не бркаа во 01.00 по полноќ затоа што правевме бељи, а и толку ни беше дозволено од дома. 26. Носевме комбинезонки од МакЏинс и фармерки цевки. 27. Читавме „Другарче“, „Развигор“ и „Наш свет“. 28. Одевме во „Египет“ и „Малага“ на сладолед. 29. Бевме безгрижни и среќни деца! Ако темава е дупла клуч. Преземено од црнобело
Ми се допаѓа темава Само што мислам дека одговара и за деведесетите, на пр. 1990та, 1991ва год. Јас сум родена во 1991год, и редовно гледав: Зимско рекреативна програма, Мечето ушко и многу други Баш ме потсети на убавите моменти поминати во детството...
Родена сум 91 не се осумдести ама рани деведесетти се, морам да кажам дека сакам пак да сум детенце кое безгрижно игра жмурка и се пали на дечките од Бек стрит бојс,кое си ги носи најсаканите портокалови комбинизонки од мак џинс и дерч зелените бициклистички...Ехх тоа беа времиња кои нема да се вратат мора да се признае дека имавме доста интересно и најубаво детство...
Колку одлична тема Јас како редовен носталгичар за „стара, добра времена“ не можам да не изреагирам. Едноставно не ме држи место Излегувавме и во Метропол и не пуштаа само на парови. Дечките беа наредени уште далеку пред влезот во диското за да не прашаат дали можат да влезат со нас. А внатре се губеа веднаш по влегувањето Летна шема ни беше Кока Кола клуб кабрио. Игравме Збирам фото или Нека бие. Собиравме салфетки, разгледници, кутии од цигари...и што ли уште не. На сирените за другар Тито излегувавме точно во 3 попладне за да можеме да му оддадеме почит на денот кога починал. Сеуште јадеме сладолед во Малага. Ама Египет за жал веќе не постои....шмрк Ах, би можела да продолжам но има толку многу да се зборува на темата....ајде феминки родени во 80те, обединете се! И додадете нешто на овој список
Знаеш дека си роден во 90-тите, ако си ги правел истите работи што ги правеле оние кои се родени во 80-тите.... Буквално, истите работи важат и за мојата генерација. Ќе додадам уште нешто: - гледањето Штрумфови - играње на Нинтендо и обиди за спас на принцезата на Супер Марио - очекување на следната епизода од “Дали се плашите од темнината“ - ја знаеме Макарена на памет!
Многу ми е криво што веќе ги нема емисиите како Дајте музика, Здраво генијалци, Бушава азбука, Мечето Ушко, Калимеро и сл. А да ги има, пак не сум сигурна дали децата би ги гледале или повеќе би сакале да се на ФБ...
Лелеее колку жетони тасо имав Лелеее што ме потсетивте беее Па и колку сум трчела по летките од авинот Се сеќавам еднаш неколку летки паднаа кај мене на улица, ама мислам дека бликав од среќа И морам да кажам дека кога одев кај баба ми на гости, секогаш си играв Зимско рекреативна програма, и бев водителка за темата
Ej da be zdravo genijalci ili dajte muzika mi bese omilena potoa pulsiranje neli. A Kasandra? nie nase maalo ne se siminavme od lastikot. born88 [mod-kirilica:z6rna3e5][/mod-kirilica:z6rna3e5]
Леле дома не се прибиравме стално у маало бевме и игравме сите нека бие, нека бие, дај ми царе војску, ластик, криенка, во зима се тркавме со санките па и на најлони се лизгавме хахахаха кога ќе ми текне. Преубави времиња. А после пак кога бевме тинејџерки се палевме на Дилан и Брендон од Беверли Хилс И „Се плашите ли од темнината?“ редовно ја следевме. Јас сум родена во 87-ма, поздрав генерацијо
Колку ми недостасуваат тие денови, за жал никогаш нема да се вратат Емисијата „Во светот на бајките‘‘ не ја пропуштав, исто и македонски народни приказни секогаш гледав, времето ни поминуваше играјќи ластик, криенки. Се сеќавате на цртанот Похахонтас? Јас многу го сакав, знам дека имав и албум со сликички Штрумфови, Балтазар, Калимеро.... Многу убаво детство , а денешниве деца што да речат, само пред компјутери знаат да седат, искрено многу ми е жал
Јас сум родена во 90-те но сепак ми недостигаат овие работи. Денешниве деца се паркирани пред компјутери и слушаат работи што не се за нивна возраст. Јас си го обожавав детството. И плус Пхахонтас, Мегара (од Херкулес така понова е) и малечката сирена ми се омилените ликови од цртаните кога бев помала. Уште ги гледам на јутуб кога треба да занимавам некое мало дете.
Зимска рекреативна кога почнаа да дават народни приказни секој ден мислам дека немаше посреќно дете од мене. Ние собиравме и турбо сликички од мастики. Немаше многу машки женски разлика...Прекрасни времиња беа...ехеее а колку кавги имаше во маало која да биде Бренда а која Кели, до коси кубање идеше.. Овој Ник Слотер пак и сега го гледав, нели МТВ ни е многу напредна де..ама за спомени евоцирање е одлична мора да признаете...Ете гледам сега најнов хит им е Микроби...Дај боже да го пуштат и Бојан....го обожавав!!!
Нинтендото (сеуште не можам да го преболам), хит пеачка ми беше Ена Веко, се радував на Зимско рекреативна програма, Пулсирања, Микроби, Грашковци и Чевличките ааааааа Се собиравме чопоративно во маало и игравме вис. Колку сакам пак назад во тоа детство ! Омилената епизода од Грашковци http://www.youtube.com/watch?v=kfXgWCNZfO0 Дали ви текнува на изведбава ??? http://www.youtube.com/watch?v=7sbOdYP9NoA Многу ја сакав серијава, но морам да признаам музиката многу ме плашеше хахаха http://www.youtube.com/watch?v=c7bkK2jervs Какви убави времиња
Леј, кај ме потсетивте кога сум родена Ех, тоа беа времиња... само што јас не јадев сладолед од Малага и Египет, јас јадев од Корзо и кај Горичан. Собирав салфетки, марки, миризливи ливчиња и се разменував со другарчињата. Исто и албумите на Панини - секој можен што ќе ми дојдеше под рака го собирав. Јадевме чоколади само од Краш (уште ја паметам црвената хартија на чоколадата со цели лешници), од Европа со кикирики (зошто веќе не ја прават? ), и едни Фризби што се викаа, во зелена и виолетова хартија, нешто слично на Агроблокот, само со лешници, бадеми и суво грозје (не знам кој ги правеше) - се гледа кој е зависник од чоколади уште од мали нозе ама го паметам и Меренда - грчкиот еурокрем кој го јадевме секогаш на одмор во Грција Си ги сакав Зимската рекреативна програма, Пулсирања, Пулси квиз - па сме испраќале огромни постер писма од школо да бидат што пошарени, поубави и поголеми, да добиеме награди. Ги пратев музичките топ листи и ги обожавав New Kids On The Block, а после и Тake That Комбинезонките ми беа омилени... имав еден пар што посебно си ги сакав и нонстоп ги носев. Ехеј... има уште многу, многу....
Да не почнуваме со тоа колку и кои цртани сме ги гледале, нема крај да најдеме на темава Ама прекрасни беа цртаните! Одевме на одмор во Претор во Мите Богоевски. Јадевме сладолед од автомат. Двобоен! Ф’стак и јагода, мојот омилен Њу Кидс многумина ги обожаваа и носеа маици со слики од членовите на групата, јас повеќе ги слушав Тејк Дет, и секако рапував на CNC Music Factory и на Snap. MC Hammer и Vanilla Ice ми беа идоли во играње. Во времето на гранџот носевме црни маици и врзани металски кошули околу половина Игравме Тетрис! Го расипав од играње. Игравме Партизани и Германци, јас секогаш сакав да бидам медицинската сестра Секоја сабота чопоративно одевме во парк и останувавме таму со часови чекајќи да не шмекне симпатијата. Секоја населба си имаше свои „банди“ испоседнати на тревниците и си довикувавме. Карпош! Аеродром! Чаир! Мислиш на фудбал не пратил некој таму. Јадев супер, супер со суво грозје со лешник и со ооориз! Рум штанглите од Европа ми се сеуште омилени. Се чекавме на Југодрво или на Рекорд. Јадевме индијанки и тулумби во Шехерезада, а кога бев малецка татко ми ме носеше обавезно на колачиња со ораси и сок од боровница во една слаткарница во Чаршија која сега ја нема веќе Кога бевме мали правевме - а татко ти бил ли во војска? И да, реченицата - сакаш да се фатиш со мене? за која пред неодамна пишував беше одлика на тие времиња! Ах бесконечна листа на глупости останати во моето сеќавање. Ама си ги сакам глупостиве
Ахх се ранзнежнив...Најубавото време Ние јадевме сладолед и слатки во Палма. Палма беше неибежна кога некое дете чекаше роденден- по две слатки и лимонада и ај по дома Покрај горе споменативе игри, игравме чие што е ова(по нашки чии шо е воа) Најмногу сакавме да јадеме кришки леб намачкани со еурокрем, паштета, ајвар, маргарин... зошто нив можевме да ги јадеме и на улица Во лето крадевме овошки од дворовите, кајсии, праски, цреши, сливи... Одевме на летување во Михајлово и Претор...
Јас не сум од осумдесетите, ама 20 од овие сум ги правела! Собирав детска почта, салфетки, жетони... Гледав Покемон, Дигемон, Дајте музика, Драгонбал. Секое зимско снежно утро се санкавме по маалската удолница, а мама излегуваше од врата да ме прибира дома. Редовно со братучед ми се каравме за кој да брани, а кој да игра во напад фудбал. Окапувавме до еден по полноќ играјќи газенка, жмурка и слепа кокошка. Се каравме кога ќе не плукнат, изгоре лончето, преетече млекото! Родендени славевме во Египет и Шехерезада на сладолед и лимонада. Дремевме во најблиското паркче лизгајќи се на тобоганот. Секое лето имав најмалку пет дупки на коленото, кога сум трчала да плукнам на жмурка (еднаш и со тротинет ме „однесоа“ ). Секогаш ни бегаа џамлиите позади кревет кога игравме во соба. Го терав тато цел ѕид да ми го лепи со постери од „ОК“, „Браво“ и „Наш Свет“. Шетавме по куќи за да се менуваме со Барби, Покемон и Животинско царство сликички. На секое славење Нова Година мораше да се истурат минимум 3 чаши сок. Мачкавме кал во топчиња на стапчиња и мававме по комшиите (како во филмот со Зулу ). Едвај чекав наутро за да гледам „Во светот на бајките“, а во забавиште на голем одмор редовно игравме Сакате ли војска. Чипичанот ми плачеше секоја ноќ, бидејќи не сум го наранила. Редовно се грижев за принцезата на Супер Марио, играјќи нинтендо. П.С. само редактирам, се` нешто ново ми текнува.
А ви текнува дека ги гледавме „Гуниси“, „Мајмунчето Алис“ и „Рокенрол клинци“? Ај да ви ставам по некоја сликичка, ако најдам, да ви текне The goonies Многу го сакав филмчево и сабајле го начекав на ТВ1000 - ме потсети зошто ми беше интересен и го обожавав Chimpmates Оваа последнава, „Рокенрол клинци“ не можам да ја најдам ни на Youtube, ниту сликиче. Ама не паметам како беше оригиналниот наслов, ниту пак некој од глумците... ама оние што ја гледале, сигурно ќе се сетат
Ејј се потсетив на најубавите времиња.Анатх погоре го спомна Фризби,лелее моето омилено чоколадо,а го имав заборавено веќе.Имаше и едни Малага се викаа,и тие многу ги сакав.Јадевме снежец сладолед и едни сладоледи во црвени паковања нешто слично како фудбалска топка Секоја сабота едвај чекав да гледам Пулсирања,редовно праќав писма за наградната игра кај шо се добиваа награди Харибо бонбони На зимскиот распуст не испуштавме зимска рекреативна програма,а имав еден омилен филм со деца секоја зима го даваа,кои беа во болница,така нешто беше но ниту се сеќавам на насловот ниту на нешто друго од филмот. Кога бев многу мала дневникот на Мтв почнуваше во 19 и 30 а пред тоа даваа цртан филм,па кога ќе дадеа два наеднаш ехеееј среќичка