Па пример постојано се труди да биде во твоја близина,се однесува по друго со тебе,подруго те погледнува,постојано ти пише ти се јавува ова она...Инсистира да излезете заедно и сл.
Кога зборува со тебе проширени му се зениците, а тоа е знак дека му се допаѓаш Ја крева несвесно веѓата Те гледа во устата Настојува подолго да разговара со тебе Несвесно го емитира твоето држење на телото и твоите гецтикулации Сака да биде добар фин и мил со тебе
Ехх па ова може многу убаво да се примети.. Убаво кажа формунџиката над мене. Барем ние женските можеме да препознаеме кој каква намера има..
Девојки, да кажам дека бев на дејт со едно момче, и сеа се зафркававме малце околу запознавањето , и он ми вика чекај да те запознаам внатрешно, и јас му велам и каква сум и он викат супер, и јас аи и друго шо, и он па појке од супер и поубаво има..и јас останав така изненадена и викам ааа па добро ако не. Леле ова дали се знаци за симпатии или онака кажал.?? кажувајте ми девојкиииииии
Доколку си била на состанок со него како што велиш нормално е дека има некои симпатии ,инаку зошто би те повикал на состанок,а и плус ти делил комплименти.Најдобро е повторно да се сретнете за да дознаеш дали има можност за нешто повеќе.Кога најмалку очекуваш вистинскиот може да се појави пред тебе.Со среќа
како да познаам ај ве молам вие поискусните објаснете ми ги знаците како познавате кога дечкото е залјубен во вас можеби ен сум доволно искусна за да препознаам па ке ве молам за ваши одговори.. ако случајно ја има оваа тема слободно избришетеја
како да познаам Па некои луѓе покажуваат одредени знаци на заљубеност, а има и такви што не покажуваат а сакаат многу. Едноставно кога некој те сака тоа ке го почуствуваш со текот на времето...
Девојки да ве прашам? Има еден што ми се допаѓа! Другарките ми велат дека се во мене гледа. еднаш сакаше да ме гушне ама јас (не сум сигурна) и онага му реков тргни се... еднаш ми рече дека сум убава и цело време ми се смешка... сега незнам што значи ова... ја сум му (посакуваната) или тоа е само на шега? Одговор ве молам!
Дозволи му да ти се приближи, немој да бидеш толку дива, ако веќе ти се допаѓа следниот пат дозволи му да те гушне. Кога ќе воспоставите контакт со очи, насмевни му се и ти. Остави работите сами да се одвиваат и ќе дознаеш дали има некоја хемија и од негова страна или не. Немој да глумиш недостижна
Кои се знаците на заљубеност? Се познаваме една година, не сме пријатели и немаме речиси никаква врска, само на *здраво* сме, дури и тоа не е стабилно и редовно. Постојано мислам на него, значи буквално ПОСТОЈАНО ама не знам дали е ова љубов, не знам како да си го објаснам сама на себе, а уште помалку да застанам со него да разговарам. Може ли некој да ми одговори? Ви благодарам однапред.
Шеќерна па асално си се затрескала ти Јас така припаѓав по едно дете на одмор бевме соба до соба и после нит го видов ни ништо...ама прошло све. Види кај е шо е распрашај се за детето и обиди се често СЛУЧАЈНО (како не ) да се наоѓаш во негова близина. па види како ќе реагира...па што знаеш...
Еве и јас да си прашам... го знам веќе 3 години, а со него сме другари веќе 2 години и јас од првиот момент кога го видов чувствував (и сеуште чувствувам ) нешто како да ми поминува низ стомакот (како трема пред тест), рацете ми се тресат, почнувам на се да се смеам, зборувам нешто без врска...воглавно тоа е.. па сакам да прашам дали тој мене само ми се допаѓа или јас веќе 3 години го сакам?! И дали има некои знаци по кои можам да откријам дали и јас му се допаѓам?
ај и јас во темава да се промешам минатата година во друго школо почнав да одам.. и тој имаше скоро сите часови заедно со мене, не го засакав на прв поглед и никогаш не мислев дека него ќе го сакам. сама бев и немав многу другарки/другари дека бев нова и тој некако почна да ми обраќа повеќе внимание и почна да ми помага . и тогаш некако почнав да го сакам .. јас ко што сум страмежлива не зборував многу со него .. и после неколку време некој друг разбра дека јас го сакам и му кажаа нему .. тој не ме сакаше , мислам ме рачунаше како другарка.. и сега оваа година почна да се интересира за мене пошто сега знае дека јас го сакам. ми се пули цело време и ми дава многу знаци дека ме сака .. оваа година не сме заедно во клас и не зборуваме како минатата година. дури и другарките мои почнаа да ми викаат дека тој ме сака 100% ама јас пак не знам додека не ми каже очи во очи.. и сега последен ден од школо некни беше и јас, другарками си одиме од излезот каде што излага тој и тој излезе и почна да се врти во мене кога си одевме и цело време беше завртен и ми се пулеше. после тоа другарму почна да вика моето име и јас кога се свртев двајцата гледаа во мене Спојлер знам дека во постов звучам како 12 годишна што пишува љубовни статуси ама не сум ахаха во гимназија сум