Што се случува со луѓето што се навлезени во втората половина од животниот век, поточно, возрасните што се над 50 години, зошто ги нема на форуми, фејсбук, на друштвениве мрежи? Дали им е срам да не бидат исмејани, не прифатени, да не бидат навредени или не сфатени? Возрасни луѓе со разноразни искуства и патешествија не милуваат да трошат време на соц.мрежи...навистина не ми е јасно која е причината, а време имаат на претек, нарочито пензионерите!? ?
Немаат навика а и немаат потреба од тоа. Тие пораснале во време без вакви глупости и сега не ни сакаат да го прифатат ова време на технологијта.
Не ми е јасно зошто нема повеќе луѓе како покоен Анте Марковиќ, па да јадеме банани по багателна цена.
Се согласувам со ченот над мене,дека повозрасните имаат повеќе работа,но незначи дека немаат доволно време за тоа,сепак мислам дека навиката е во прашање. Точно е дека има многу возрасни луге што веќе се присутни на соц.мрежи јавно,но постојат многу што воопшто не знае никој за нивното присуство,поготтово по форумве! Па слободно би кажал и дека некои се срамат да имат прифил на фб,или на форум!
Затоа што не знаат правилно да ги користат ниту уредите, ниту апликациите. Општо познато е кога се направени и изнесени во продажба првите телевизори, компјутери и телефони. На почетокот не можеле сите да си ги дозволат, а со скокот во оваа ера на технолологии кои се достапни за секој и каде секој ден се патентира нешто ново не можат сите да го следат. До некаде немаат капацитет да соџвакаат, до некаде немаат ни реална потреба.
Шо ќе и е на некоја баба да оговара со друга баба преку месенџер, кога си седат у двор по цели денови, а дедовцине седат по паркови и по кеј и вртат табла и шах. Ние денес со живи луѓе не социјализираме, само со виртуелни. Пола не знаат муабет за времево да сврзат. Баш видете кои се членови се анксиозни, ќе се зачудите... У глобала, не знаат, нит се трудат да научат, оти не им треба. А оние кои децата им се у странство, боље знаат Скајп и Вибер од мене. Али од зорт.
Не знаат дека е бесплатно, инаку дерман ќе нема од нив. Шала на страна, имам неколку пријатели 70+, а од скоро и мајка ми има ФБ, но требаше син ми да и се запне. Сега само нешто лајкува, нонстоп е закачена.
Не знаат како, нема кој да им покажи, а и немаат некој интерес. И ние кога ќе остариме и ќе има технологија многу развиена дури и за нас, па ќе си се држиме до она што го знаеме. Можеби и ќе има нешто сосема ново, кое сега нема како да го замислиме, но нашите внуци ќе го користат, а ретко кој и од нас. Моите дома не знаат повеќе од фејсбук и јутуб, и тоа по долго покажување и учење. Едноставно не е телевизор или радио или нешто што беше ново кога тие беа млади. Тоа си го прави своето. Татко ми е околу и преку 50, баш во граници на темата, па знај да кажува кога бил Скопје, морал ред да чека за на тој еден телефон. Арно и баба ми имала. Ама па чичко ми, неколку години претходно, кажува како немале ни телефони па пишувал писма, а баба ми дур ги прочитала стигнале нови. А пак неколку години после татко ми, вујко ми кога бил во друг град, го имал својот личен телефон, па можел да телефонира. Се е до времето. Татко ми и чичко ми не се толку склони кон компјутер, интернет и социјални мрежи, за разлика од вујко ми, кој е значително помлад и е активен и знај многу повеќе од фејсбук и јутуб.
Мајка ми е 39 години, татко ми 46 и пак не користат Фејсбук, а не пак постарите генерации. Едноставно не ги интересира, си ја гледаат работата и не губат време како некои млади по цел ден што висат по социјалниве мрежи. Некои постари користат заради комуникација со нивните деца, а пак некои за да си најдат швалери и швалерки Секој за различна намена и така
Мајка ми нон стоп е на фб. Јас не користам ни половина од неа. Не е дека до толку пишува или четува, ама обожава да чита луѓе и коментари и видеа да гледа. И на пријателките нормално цвеќенца да им постира за роденден Станува збор за особа 50+ години и има многу пријатели на фб од таа возраст.
Како не користат луѓе, а оние коментари НАЈУБАЈ СТЕ, ПОЗРАФ ДО СИТЕ ОД АСРАЛИЈА, ВЕ САКАМЕ и УБАВ ТОЈ НА ТЕТА, КАНАДА ЌЕ ТЕ ЖЕНИМЕ од колку возрасни се ? За фб конкретно мислам дека сите го користат, па и тие над 50.
Ги има и нив на социјалните мрежи, но далеку помал број од младите. Едноставно немаат потреба од социјални мрежи, а повеќето немаат ниту познавање од технологија, па...
Мислам дека старите особи се за жалење, се повеќе се напуштени, осамени и заборавени..а една од причините за таа состојба во која се наоѓаат е и интернетов. Мислам дека нешто е на опаку поставено, дека треба старите да висат на соц.мрежи а младите да користат по потреба... Интересен би бил форумот кога би имало повеќе повозрасни членови и да даваат коментари и совети..они се секогаш смирени и знаат мудро да одговорат, мислам дека на многу прашања за кои битки се бијат овде и навреди паѓаат, они би дале совет со кој би не натерале да ставиме прст на чело. Морам да кажам каков совет сум добила од една баба кога бев во една тешка депресија, кога требаше да донесам животна одлука...еве го советот нејзин, убаво би било сите да го применувате.. "НАЈДОБАР СОВЕТ Е СОПСТВЕНИОТ СОВЕТ"
Се согласувам најмногу со ова. Инаку, навистина често се запоставени но не само постарите туку сите... Пред скоро време тука на форумов беше отворена тема за мајките кои на телефоните им посветуваат повеќе внимание отколку на своите деца. И после некој ќе рече дека Интернетот и социјалните мрежи не влијаеле негативно на луѓето... абе ајде.
Чекај, чекај малце сеа... Нели ти беше таа што на секој втор пост, па и во твоја отворена тема ја плукаше технологијата колку е безвезална, бескорисна, ужасна, па и самата себе си префрлаше дека многу губиш време на форумов? Одлучи се, ич не си јасна... Би бил интересен со уште повеќе различни ставови, но не се согласувам дека секогаш по правило би биле смирени на жестоки дискусии, како што не важи тоа ниту во реалноста. Ниту пак ќе нè натераат за сè да ставиме прст на чело, бидејќи се работи за различни генерации и гледишта, или т.н. генерациски јаз. Инаку, повеќето повозрасни не ја сметаат за потребна и затоа немаат желба да научат нешто за технологијата, освен во случаи со роднини во странство со кои се слушаат и гледаат. Ма да и ова се менува, на форуми и останати социјални мрежи освен Фејсбук има многу малку повозрасни, но со фб не е баш тоа случајот.
Мила моја посебна умнице, па затоа и пишав нели дека работите се наопаку поставени, дека постарите имаат време повеќе за да висат на нетот, не треба да мислат како ќе им влијаат електр.магнет.бранови и така натака...бидејќи се запоставени и заборавени од младите... Значи убаво би било со нивното искуство и мудрост да го зголемаат членството.