Во овие времиња на лична независност и еднаква еманципација, дали вие девојките сеуште очекувате од мажите да го прават првиот чекор? Знам дека жените во денешно време се ’’еднакви’’ со мажите, но колку од вас би викнале машко на кафе на пример? Дали има двојни стандарди? Дали од мажите секогаш се очекува да го направат првиот чекор? До машките, што би помислиле за жена која што ве вика да излезете? До девојките, дали некогаш би пристапиле први? (и зошто не? )
На кафе би викнала, но одеднаш нападно да испадне во смисол "Сакаш да се смуваме?" нема шанси. Прво треба да бидам 100 посто сигурна дека му се свиѓам на дечкото и дали оправдува девојки кој пријдуваат први. Па после ќе тргнам во акција.. Да не испадне корпа ми мавнал, поглем страм од тоа нема! -_-
Каква врска има ова со женска еманципација? Не е важно што жените се уште се помалку платени од мажите и во врвни професии, важно во врски и секс сите да бидеме еднакви. Не туку мешајте еднаквост, еманципации, баби и жаби каде не е потребно. За мене маж што се срами да пријде и чека прво на жената не е маж, па кој сака век нека е. Јас така размислувам, за другите не знам.
Зависи мн за каков чекор станува збор. За шетање, за на кафе немам гајле ке го викнам .. Чисто онака нели другарски алиии за оној прв чекор Ноуп ја прва и не би да му пријдам на машко, зборам за оној фамозен почеток дал врска или мување. А и незнам некако факт е дека ние женските многу ни е поубаво кога ете самото машко ке превземе таква иницијатива, кога самиот ке ни понуди да излеземе и слично или за приоѓање. Али не дека и она обратното е лошо. Сигурна сум дека и мажите сакаат кога некоја типка ке го направи првиот чекор . Така да си зависи од ситуација секако
Значи вака, ако сакате еднаквост на половите еднаквоста треба да биде во сите сфери, па и во оваа. ’’За мене маж што се срами да пријде и чека прво на жената не е маж, па кој сака век нека е.’’ - Како што постојат срамежливи женски постојат и срамежливи машки, некој ако е срамежлив не значи дека е помалку маж или нешто, едноставно таков се родил тоа е генетски. Ако ти се допаѓа некое машко а гледаш дека е срамежлив да ти пријде не гледам зошто девојката не ми ги направила првиот чекор... Зошто Ноуп?
Ама каква еманципација ти треба за да пријдеш некому , глава боли од вакви муабети, не мешајте ги женските права каде што не им е местото Да се појаснам, изгледа не бев сфатена, машко кое не презема иницијативa не може воопшто да го привлече моето внимание за да ми се допадне. Тоа од мој агол, за други не знам, сигурно има некои кои поинаку размислуваат.
Чоек незнам мене ми е тапа ја да му пријдам прва на машкото зa тоа да почнам муабет за врска или пак да му пријдам за да би се смувале да кажеме. Мислам неможам такво нешто. Сакам тоа да биде дел оставен за машкото. Он да пријде у овој случај ... Незнам таа слика не ми се свиѓа. И ја не би пришла, макар ништо да не бидне.
Добро чоек тоа го сфатив Но те прашав зошто? Која е разликата дали машкото прво почнува или женското? Ти го кажа истото само малку поопширно. А што правиме со машките кои никогаш не би направиле конкретен практичен чекор? Ќе си останат форевр алоун?
Тајроне друже, батали го овој муабет . Секогаш чекале и секогаш ќе чекаат машкото прво да пристапи. Ти си трнал кон невозможна мисија - сакаш целосно да ги разбереш жените. Батали тоа! Нема да смениш ништо дури и да ја дознаеш правата причина. Пак ќе мора ти да пристапиш! Него подобро да не си трошиш време и нерви на тоа зошто тие не пристапувале први (мада да знаеш, кога се повозрасни инцидентно се случува и тоа), туку да размислиш како би можел ти да им пристапиш без притоа да добиеш „корпа“ како што тоа го нарекувавме кога јас бев млад
зашто така се предодредени да бидраат, а не да бидат бирани....ма да има и девојки што први пристапуваат, тоа веќе не е нешто непознато
Море какво време и те како ги има женските што први прават чекор.На мене не ми е проблем да почнам би го викнала на кафе ваму онаму а останатото го оставам на него
заради тоа што мажите не го сакаат тоа.. едноставно тие уживаат во тоа да освојуваат некого и кога конечно ке го добијат се чуствуваат наградено потврдено е ова...
А има и такви машки што сакаат да бидат освоени, не да освојуваат. Правилата се одамна изменети(ако некогаш и постоеле), така да ниту женските, ниту машките не се тоа што биле, пленови и предатори или што и да е. Има машки што сакаат храбри женски, а има и такви што милуваат конзервативни и олд скул девојки. Од сегашна гледна точка, девојките веќе не чекаат, а ниту треба да чекаат машкото да го направи првиот чекор. Барем јас не би сакала времето во чекање да ми пројде.
Па богами какви времиња дојдоа да машките и си чекаат женското да го направи првиот чекор и ајде зошто да не,но малку реално да зборуваме женските секако го правеле од секогаш првиот чекор,јас ако не му дадам некому на знаење дека ми се допаѓа тој нема ни да ми пријде значи сепак женските мавнат со опашката и зелено светло.. но и тоа се смени,сега ќе пријде некој што ни мајка не го сака, со извинение ,со мотото секако ништо не губам а тие што треба страв им е да дојдат и затоа подобро јас да го направам првиот чекор отколку да земам да се обесам од кругот на удварачи ваша последна шанса.... епа стварно глупави времиња дојдоа знаете што,викајте ме старомодна ама па копнеам по некој што ќе ми се удвара без да се плаши од одговорот па тоа е маж и на прашањето зошто епа ете така оти така треба оти не сме го тоа ние измислиле и оти сепак сакам играта тој да ја води ! не се прашувајте зошто туку преземајте си ја иницијативата у свои раце мажи на векот
A зошто останатото го оставаш на него? Тоа е поентата на темата, да објасните зошто Не е точно дека мажите не го сакаат тоа, еве јас како машко ти кажувам.
минатата врска-ако можам така да ја наречам тој ме викна мене, јас го откачив него,помина неколку дена па јас го викнав него на кафе, и тој прифати
Оти се одгледани во конзервативно и патријархално општество, задоени со тоа дека е срамота девојката да го направи првиот чекор кога некое момче и' се допаѓа (башка тоа што ќе рече народот). E што правиме ако на тоа момче не му се допаѓа таа девојка? Ќе си остане чупето стара мома, не дај Боже ќе си умре чекајќи, надевајќи се дека кога тогаш ќе му се допадне ако често се вртка во неговото видно поле. И мислам дека уште долго нема да се смени тоа во нашава ни државичка, секако со исклучоци. Девојки - не мора да чекате на момците - како ќе дознаете дали му се допаѓате или не ако не преземете нешто? Знам дека кај нас има доста примероци на балкански момци на кои им е под ниво девојката да им пријде прва, ама верувајте, изумира тој вид. Освен тоа, ако налетате на некој таков, мој совет е да бегате, што подалеку. Има одлични момци, ваше е да ги најдете. Лично за мене, јас порадо би бирала, отколку да ме бираат. Макар и ме одбиле. Не можам да чекам со недели и месеци некој да ми пријде (ех да ми беше овој ум кога бев во т.н teen age). Кај мене вредеше ризикот
Многу интересна тема дали некогаш би пристапиле први? (и зошто не?) па вака јас лично од моја страна сметам дека е глупо, а зошто не незнам.. а би сакала да пристапам прва
Ајде и тука да се изјаснам.Значи ако порано машките требало да го направат првиот чекор па макар и да девојката чекала едно година дена, сега не е така.Абре луше ние живееме во 21-ви век каде жената се докажува како лидер, па немора да значи дека жената секогаш мора да го чека машкото да го направи првиот чекор.Жив пример за тоа сум јас. Јас да чекав мојов да ми пријди(како шо е срамежлив) ќе требаше да чекам едно два-три милениуми .Значи девојки не се срамете и слободно вие бидете тие шо ќе го направите првиот чекор.