Форумџика на годината

Зошто домашното е секогаш критикувано и помалку ценето од странското/туѓото?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од venus♡, 26 јули 2021.

  1. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Зошто домашното е секогаш критикувано, и помалку ценето од странското/туѓото?

    Инспирација за темава: Критиките и навредите кои ги упати проф. Колозова кон пливачот на олимпискиот тим на Македонија бидејќи се рангираше како последен.
    Ова е како некој синдром на цел народ, секогаш туѓото е поквалитетно, посоодветно, подобро...
    Никогаш не сме задоволни со талентите и ресурсите кои ги поседуваме, и често се изложени на критики дека се македонски, а неретко знаат да бидат поквлитетни од останатите.
    Но, не. Дури недоволно информирани коментираат негативно за македонските потенцијали.
    За жал, ова се пренесува традиционално и кон новите генерации што ги мотивира и за иселување.
    Дали имате слушнато Македонец да критикува вака странско нешто?
    Јас не. Во очите на Македонците секогаш туѓото е подобро. Дури и да е нешто што го има обичен човек и неговиот комшија, секогаш тоа на комшијата ќе биде подобро.
    Сметам дека доколку се отстрани овој став, државата може значително да се подобри и максимално да се искористат домашните ресурси наместо да се ослонуваме на други држави.

    Се надевам не постои веќе слична тема.
     
    Последна измена: 26 јули 2021
    На Осе, spacegirl92, Andrijano31 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Мислам дека истото се должи на непознавање на Македонија, незаинтересираноста да се запознае, оној синдром дека е „срамота“ да си патриот... Потоа и самата апатија во општеството, образованието, системот на искривени вредности, сите придонесуваат кон ова. Треба во образованието да се инкорпорира изучување на Македонија, нејзините природни убавини и ресурси, уметноста, културата, значајните луѓе за неа (како од минатото, така и оние денес како спортисти, хуманитарци итн.). Нема ништо лошо во патриотизмот, тоа недостасува. Премногу си ја потценуваме земјата. А Колозова, навистина неосновани критики, како и секогаш досега. На крај ќе завршам со Венко Андоновски:
    „ Да можете би се посрале и на дедовиот гроб само ако запад каже дека тоа е уметност. А всушност правите западен кич. Наместо да сликате фрески. Знаете ли што би сторил Запад да ги има вашите фрески: Би плукнал врз своите скапани авангарди,трансавангарди и постмодерни!
    Но ако Запад каже дека лајното е симит, вие ќе верувате.”
     
    На Јаневски, Осе, Justicija и 11 други им се допаѓа ова.
  3. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно! Просечен Македонец не знае ништо за убавините во Македонија освен Охрид, не знас ништо за македонската историја освен Александар (за кој дури во иднина нема ни да се знае). Дури и професионалци кои се по институти и слично немаат доволно инспирација и љубопитност за истражуваат повеќе во државава. А и да има такви, за жал медиумската заинтересираност е 0.
    Точно, сите патриоти се сметаат за "заостанати" од 15 век. А тие "модерните" често се тие кои вистински не закоравуваат во времето и наместо да мрднеме со искористување на ресурите, не' оглупавуваат на ниво на држава.
    И тоа се посебено нагласување за значењето! Да се научат децата дека треба да се цени своето. Да се учат практично, да посетуваат места, природни убавини, да се предизвика љубопитност, интерес, но и љубов и значење кон се' ова.
    Верувај да беше од прави патриоти водена, досега ќе бевме со многу подобар систем. А таа антипатриотска пропаганда е само во интерес на големите сили, за да на крај сите зависат од нив.
    Предобра мисла, ама како што викаат додека има овци ќе има и волна. На крајот ние сме тие кои потклекнуваме под туѓо влијание и дозволуваме да не' манипулираат.

    Едит: Да се надоврзам за Колозова. Македонскиот тим на Интернационалната математичка олимпијада и' донесе 1 сребро, 2 бронзи и 2 пофалници на Македонија токму пред неколку дена. Зошто не се најде да даде јавни пофалби за ова? Ама не морало само да се критикува. Притоа огромна поддршка до овие медалистите, за жал поради медиумска незаинтересираност не прочитав за нив никаде освен на фб.
     
    На Осе, mula, Роберт 7 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Може линк од оваа вест?

    Браво за темава!

    Тоа зошто не го цениме нашето е голем проблем, но не сме само ние, цела Источна Европа има култ кон Западот и неговите "вредности". Не знам зошто е така, веројатно е некој комплекс на пониска вредност, исто така, мислиме дека побогатите земји се истовремено и подобри, а не сфаќаме дека најчесто тие земји се богатат брз грбот на другите. Цела интелектуална фела која оди надвор од Македонија ги добива најдобрите работни позиции, зошто е тоа така ако толку не чини нашето образование? Како и да е, жалосно е тоа колку самите се понижуваме.
     
    На mula, Besmrten, SeaMermaid и 2 други им се допаѓа ова.
  5. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Инспирација за темата ти е пливач кој завршил последен во меѓународна конкуренција. Тоа треба да биде доволно да си го преиспиташ ставот.
     
    На daylight и Traveler91 им се допаѓа ова.
  6. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Потоа го избриша постот ама еве ова го споделуваа на инстаграм и на втората слика го има постот
    https://www.instagram.com/p/CRwKwJrJ0S7/?utm_medium=copy_link
    А дали во време на Југославија беа истите ставови? Се користи раздорот на овие простори за ширење на западните пропаганди. Не за џабе Тито се причленил кон неопределените, што е и причина за распаѓањето на Југославија - полесна манипулација. Зошто баш Југославија и Варшавскиот пакт (меѓу кои и СССР) се распаднаа, а не некоја од западните алијанси? Значи се' тоа е наметнато токму заради причината која ја кажа и самата ти подоле
    Чист пример за пропаганда се и вакцините против Ковид-19. Се потепа цел народ за Фајзер од толку што им се исперени умовите, а сега сведочиме зголемување на бројките на заразени во држави каде цело население е речиси вакцинирано со Фајзер. Но, ете тоа е таа западна пропаганда.
    Кога се нудеа руски вакцини, министерот ги одбил нормално бидејќи не се "западни", а потоа кога видоа дека западот не ги ферма и такви прифатија.

    Уште еден пример за експлоатирање на нашите вредности од туѓа страна, токму поради тоа што не ги цениме. Ама за жал, сепак за образованието навистина се потребни одредени соодветни реформи, кога веќе го спомна.
     
    На SeaMermaid и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Тоа значи дека не треба да се гордееш со неговиот личен успех и дека треба да го критикуваш и вреѓаш? Еве погоре ти наведов пример за успешен пласнам во меѓународна конкуренција. Што би искоментирала за тоа?
     
    На Bratot, Guns N` Roses, SeaMermaid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Shto ima jas da se gordeam so negovata proshetka vo Japonija, ne sum negoviot lichen trener. Taa shto go kritikuvala pishuva na nejzin profil, ne ja chitaj ako ne ti odgovara.
    Drugoto kje go komentiram koga kje doznaam za shto se raboti. Ama ne se pravi naudrena. Ova e zemja kade najvazhno od se e koi ti se roditeli, a ne koj si ti i shto mozhesh da postignesh.
     
  9. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Проблемот е токму во тоа што ти го доживуваш како прошетка. Прво не знаеш колку труд, напор, време треба да се вложи за да се постигне тоа што вие го нарекувате науспех. Ти, јас или Колозова да речеме, не би можеле да го постигнеме тоа, ама ете постои некој од Македонија кој го може тоа. Зашто да не се радуваш за неговиот успех? Притоа да напоменам дека детето си го сруши и својот личен рекорд со настапот во Јапонија.
    Да беше ти на негово место не верувам дека ќе изреагираше со истиов став. Притоа ниту сум ја читала ниту ќе ја читам ако сите постови и' се вакви (а се), случајно наидов на критикава нејзина.
    За другото може да се информираш тука па да видиме што ќе речеш https://www.imo-official.org/team_r.aspx?code=MKD&year=2021
    Последнава реченица од твоето мислење е сосема ирелеванта за темава.

    Инаку детето кое освои сребрен медал е 8 одд. а натпреварот е за средношколци и со овој резултат е најмладиот медалист од Европа досега.
     
    На bicycle, Роберт 7, Bratot и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    И јас не можам да го разберам овој синдром, најискрено.
     
    На buba4e89, bicycle, Guns N` Roses и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Навистина ништо не цениме. И многу малку знаеме за своето. Се изненадив од еден Србин кога кажа што се читал и знае за локалитетите во Македонија, за тоа што правел Кемал Ататурк во земјава. И тој самиот ми рече „За мене Македонија не е само Охридско Езеро. Луѓето не се свесни колку историја имате таму“. Знам луѓе кои мислат дека се препаметни, и шетани, а реално ги посетиле Охрид и уште 3-4 града во Македонија и тоа не шетале, туку оделе по потреба во тие градови.
     
    На Осе, Роберт 7, Peanut Butter и 5 други им се допаѓа ова.
  12. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Морам да признаам дека за одредени работи во Македонија, странци се посвесни, попосветени и позаинтересирани. И како да не не' експлоатираат? Како да го развиеме туризмот кога не знаеме да угостиме луѓе на други места освен Охрид? А ги има премногу. Повеќето не се многу познати, ама некои од нив не се воопшто познати.
    За Охрид денешницава не знае повеќе од куба либре и локалните барови... За другите па уште помалку... Во нив не се посетуваат ни знаменитости ни природни убавини, туку само по институции, евентуално гости како што рече.
     
    На Осе, Роберт 7, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Еве јас бев во Ресен, специјално да го видам дворецот на Нијази Бег, односно денешниот Дом на култура Горјан Тозија. Музејот на Христо Татарчев беше затворен за жал, и не го видов. Јас уживам да одморам во Македонија. Убаво ми е. Кога ќе кажам на некого дека сум била пак во Македонија, се чудат, демек што не одиш во Грција, ама мене ми е убаво и овде.
     
    На buba4e89, Роберт 7, Peanut Butter и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Isaac

    Isaac Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    Многу е битно што правел Кемал Ататурк во земјава. Ако одиш на милионер може да ти се падне прашање и шклап милионче.
     
    На daylight, eliesaab и edna_malecka им се допаѓа ова.
  15. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Исто, уживам посетувајќи непрочуени места во Македононија. Лани кога беа затворени границите за Грција сите се жалеа дека не можеле да идат на одмор, колку лошо си го поминале летото и сл. Максимум до Охрид ако отидоа. За разлика од нив, можам да кажам дека тоа лето ми беше ако не и едно најубавите бидејќи навистина го посветив на доста непознати, но преубави места. И секогаш кога ќе отидам на некое од нив си повторувам дека мислата на Михајлов прави практично доста голема смисла (тоа е наслов на неговата книга): ,,Македонија е Швајцарија на Балканот". :l:
     
    На Peanut Butter, mode-kristina, SeaMermaid и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Isaac

    Isaac Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    Државава е идеална за гнојот. Немаш принципи и морал и се ти е рамно тука. Мене не ми е убаво, да не ми излезеше здравствен проблем досега ќе фатев кидавелата.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Isaac

    Isaac Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    Наци-врховистот?
     
  18. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Да. Да се разбереме не реков дека му ги поддржувам идеологиите, туку дека ми прави практична смисла мислата.
     
    На mode-kristina и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  19. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Клучно за овој синдром, да го наречеме или феномен, не би рекла дека е ништо од тоа, туку недостаток на меѓусебна недоверба, не сплотеност, резултат на долги периоди сиромаштија и не образованост. Денес може сме писмени за читање, но многу далеку од образовани како народ. Оттука е невозможно чување на заедничкото наследство, туку тоа резултира со грабење и крадење, општа некултура и вандализам. Квази факултетите не нѐ прават писмени и образовани, свесни и одговорни за животната средина и чување на јавните добра, тие се тука само илузија да нѝ прават дека сме на пат кон нешто подобро или дека вредиме и ќе допринесеме кон иднината.

    Колозова нема да ја коментирам, такви како неа немаше да ги знаеме, да не беа познати мајка ѝ и татко ѝ, секако немаше да стигне до професорско место, што нѐ носи до навидум неизбежниот непотизам тука. Толку нѝ е и концентрацијата, т.е капацитетот да се фокусираме на проблемот и состојбата на сѐ па еве и на спортот кај нас. Колку се критикуваше детето дека е последен, да тоа е неспорно, некој мора да биде, но факт е дека успеал да стигне до Олимписки игри наспроти сите услови и не/заслуга за тоа од Федерацијата која е патем дебело платена. Да беше незадоволството усмерено кон одговорните таму и отчетноста за трошењето на државните с-ва наменети за таленти како примеров, наместо кон една скрос небитна како Колозова, може и да се издејствува притисок па да видиме некои промени на полето.

    Додека сме на темава, пред месец и нешто од страна на портали директно финансирани од спортската федерација читавме малициозни наслови од типот на какво елитно место вечерале Пандев и жената, и секакви напади кон нив. Колку да се појасни работите.

    И така, додека ние се расправаме меѓу себе и фокусот нѝ го одземаат кокошки како Колозова, дури видиш дечкиве пак ќе си исплатат бонуси од по 20000 евра.

    Друго на темата патриотизам гледам сте го спомнале како фактор за соживотот овде, така, луѓе што се нарекуваа најпатриоти во земјава, го ископаа сето вредно национално и историско наследство и го продадоа надвор на приватни колекционери, па сега тоа што требаше да биде заедничко културно наследство се наоѓа на црни пазари по цени кои не можеме ни да ги свариме.

    Луѓе што се нарекуваат патриоти имаат странски сметки и ни ги земаат парите преку тендери и други долни игри. И пред некој да почне дебата едните против другите, да ве сопрам уште сега. Ги имаат сите средства и алатки да нѐ замајуваат до недоглед. И успеваат во тоа. Со нашите средства и алатки.
     
    На Осе, venus♡, Kanya и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.807
    Кого што го интересира. Човекот го интересирало и читал. Ова е само еден пример. Знае многу работи. Повеќе од просечен Македонец. Не е на одмет да знаеме повеќе, било за Ататурк, или за било што друго. Не знам зошто на тоа што некој сака да се информира гледате како на маана или глупавост. За мене е глупо тоа што јас знам само нешто површно, а тој знае многу, многу повеќе.
     
    На Роберт 7, Angie1432, Bratot и 3 други им се допаѓа ова.