1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто имаме епидемија на ментални болести?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Idedemja, 1 август 2020.

  1. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Во денешно време се поголем е бројот на луѓе кои се соочуваат со различни форми на нарушување на менталното здравје од послаби кон појаки. Сте размислувале зошто е тоа така?
    Темава ја отворив поттикната од ова што го прочитав пред малку:

    ''Нема љубов. Општеството ги оддалечува родителите од дома, преоптоварени се, немаат време за децата. Ние сме воспитувани без љубов. Затоа имаме епидемија на ментални болести. Од полесни, како анксиозност, страв и депресија, до најтешки состојби. Сето тоа потекнува од уништувањето на една жена која губи две од нејзините најмоќни оружја: женственост и грациозност. Губење на контакт со Бог и она што Бог и го дал, таа се натпреварува со мажот. Децата растат во оваа средина и кога мајката ќе ја изгуби таа женска црта, тогаш и девојките, нивните ќерки, стануваат уште полоши. Машките деца почнуваат да ги мразат мајките кои не ги воспитале да ги сакаат жените, а тоа создава атмосфера на насилство во кое мажите ги малтретираат жените и децата. Се губи секоја мерка, вели отец Арсеније.''
    https://denesen.mk/lugjeto-se-debel...YEslPtwDZ6vL6Q9L8cyOO5mkD0zRThLoq_8S4gPdrU3kk
    Aјде да подискутираме за ова според мене толку бесмислено гледиште на ваква сестрана личност ''oтец Арсеније Јовановиќ од манастирот Острог, не е обичен монах, тој е разноврсна, мултидимензионална, харизматична личност, писател, успешен сликар, по професија стоматолог.''
    Вакви текстови се широко достапни и ги читаат и многу малди лица на кои по вперувањето на прстот дека жената е виновна за снемувањето на љубовта, бидејќи се натпреварува со мажот и нема време правилно да ги воспита децата ќе им се создаде револт кон либералниот начин на живот и можноста да има право на избор жената како ќе го живее својот живот, а како не.
    Толку погрешни гледишта, толку нереални ставови од страна на високо едуцирано лице со искуство и знаење зад себе, не памтам од кога немам прочитано. Просто се изненадив и згрозив од текстот дотаму што сакам да дискутираме отворено на оваа тема дали е тоа така или не е.
     
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    35.753
    Нема врска едното со другото.
    Секој човек има право на свои заблуди. Не дека ако овој е начитан, образован, 'просветлен' мора да е стално во право.
    Не е во право и не гледам зошто би се замарала со неговото мислење .
    Верник ко верник. Стално има некое натприродно створение, повисоко од нас , знае се и бла бла бла. Како па да не.
    Ево супер што тој како бивш наркоман се извлекол, гуд џоб , конгретс. Тоа не значи дека повеќе ќе го ценам неговото мислење и дека ќе го земам за озбилно ако тропа глупости. Се разбира има и луге кои ќе го....каква им глава, таква им капа.
     
    На Bezimenka90 и Idedemja им се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Затоа што порано луѓето не ни знаеле дека постојат овие проблеми и едноставно трпеле маки наместо да побараат помош.

    Ко што имаше еднаш пишано @Bender Rodriguez супер дечко беше Спасе, не знам што му текна да скокне во бунарот.
     
    На sweet-cherry, Amellie13, smooch и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Значи овие ментални болести си ги имало, не е до тоа дека епидемија достигнале баш сега и баш заради тоа што нема љубов во воспитувањето на децата, зошто жените се натпреваруваат со мажите и веќе немаат време да ги користат своите две најмоќни женски оружја.
    Моментот на вперување на прстот во жените е толку зачудувачки, а и самото тоа што би можело ова да предизвика во мозоците на младите, а и сите верници ако поверуваат. Ќе дојде момент жените заради можноста да бираат како ќе живеат, а се коси со овие квазиверски демагогии да бидат палени на клада како вештерки или каменувани до смрт. Верско лице треба разумно и трезвено да знае што проповеда и да предвиди кои би биле можни негативни последици од ова во општествата на нашиве региони.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  5. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.460
    Пол:
    Женски
    Одамна не сум прочитала олку одвратен пост, дури и не ми се верува дека истиот е напишан од страна на верско лице. Да, според религијата жената треба да е потчинета на мажот и да не се натпреварува со него, но чудно ми е како во 21ви век сè уште постојат вакви мислења.

    Прво го вика ова
    Океј, вината е на двајцата родители. И таман кога помислив ќе биде нешто корисно, после 1 секунда експресно донесе заклучок дека жените, односно мајките се виновни за менталните болести и невоспитаните деца, па дури тврди дека жените се криви кога некој маж ќе истепа жена :headbang: Ај нека се договори прво со себе си кој е крив, па после нека пишува вакви сра*а :puke:
     
    На sweet-cherry, candy.cane, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Мене па не ми е толку зачудувачко, затоа што и ова го имало отсекогаш. Ме нервираше одамна многу, сега веќе не ги сметам ваквите за компетентни да зборуваат на тема ментални болести и само игнорирам.
    Не можеш да превоспиташ возрасен човек со вакво размислување, наша одговорност се наредните генерации.
     
    На Nausicaa, Idedemja и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  7. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.385
    Пол:
    Женски
    Затоа што сфаќањата ни се дека тоа е нешто ненормално и често ги осудуваме луѓето со психички проблеми, а со тоа ги повредуваме повеќе.
     
    На Idedemja и GirlLove им се допаѓа ова.
  8. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    4.663
    Пол:
    Женски
    Чекај уствари темава е лично за отецов ли?
     
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.428
    Пол:
    Женски
    Хм, би претпоставила дека не туку го гледам како инспирација на членката ама на крај го вели ова:
    Додека насловот е: Зошто имаме епидемија на ментални болести?

    Еве и членката ќе можи да се изјасни дали е поопшта тема. Не знам како ми промакнала баш интересна. :D

    --
    Онтопик да се вратам сега, мислам дека има два фактори шо влијаат на "епидемија" на ментални болести:

    1. Можиме да ги идентификуваме многу повеќе од порано со нормализирање на одење терапија.​
    Се смеам еднаш дур учеше мајка ми, ми кажваше за професор кој велел: "нема здрави, само непрегледани". :D Колку поќе луѓе сме изложени на теми за ментално здравје - толку повеќе се нормализираат тие теми, толку повеќе се оди на терапија и толку повеќе се стига до дијагноза. Кога се би се ставило во статистика, испаѓа како во поново време да има скок на ментални болести.

    2. Брз начин на живот како извор на стрес.​
    Но, исто така е и последицата на брзиот живот кој акомулира стрес. И нормално пролонгиран стрес можи да донеси до низа последици по ментално (и физичко) здравје.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.547
    Допаѓања:
    115.512
    Пол:
    Женски
    И порано ги имало менталните болести, само не им се обрнувало толку внимание колку денес. Луѓето страдале, а тоа се препишувало на натприродни сили.
    И да. И стресот значително влијае, но не се справуваме доволно.
    А, за жал и во денешно време барањето стручна помош е табу за некои.
    @theowndemon Членката која ја отворила темава е банирана бидејќи се откри дека била дупли профил. Можеш да правиш што сакаш со темава. :D
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.428
    Пол:
    Женски
    "Доброто" од мојата меморија е то колку е лоша и јас вакви работи за 5-10 работни дена ги заборавам. :D Скроз можи да се земи буквално насловот од темата и делот кој бил инспирација за истата да е само то, дел кој бил инспирација.