Зошто луѓето повеќе го коментираат моралот кај женскиот пол отколку кај машкиот?

Дискусија во 'Психологија' започната од hellocity, 3 ноември 2020.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.595
    Допаѓања:
    5.417
    Пол:
    Женски
    Ме натера да ја отворам темата гледајки клип една емисија каде се спомнува која со кој имала секс, а мажите никој не ги дира за тоа, дури на национална телевизија се вреѓа и става на тацна интимноста на жената(во задруга)? Зошто го генетскиот код на луѓето им е прст секогаш да покажуваат кон жена посебно ако имала секс а сексот како секс е потреба за себе а не за другите? Што мислите? Баш е психологија ова
     
    На LadyC, Kristi900 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    22.884
    Допаѓања:
    179.946
    Оти живееме во општество со патријархални вредности.
     
    На Peperutce1115, theBride, staycalm и 28 други им се допаѓа ова.
  3. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    8.845
    Пол:
    Женски
    Пошто Македонче има све нешто да си каже, да си искаже, да си додаде некој коментар секогаш и секаде.
     
    На sunshinebabe и bicycle им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.890
    Допаѓања:
    19.625
    Пол:
    Женски
    Пошто се затуцани.
    Лошото е и што кај младите (зборам средношколци/студенти) се јавува тоа.
    Загрижувачки е..а они ко монаси да се ама ај
     
    На Regina.Phalange, LadyC, Victorian и 9 други им се допаѓа ова.
  5. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    58.340
    Затоа што, за жал, таквото мислење е толку длабоко вкоренето во потсвеста и менталитетот што искрено не знам дали некогаш ќе успееме да го промениме тоа.
    Но мора да се почне од некаде. Како за почеток, ние како жени да не се напаѓаме меѓусебно постојано кога станува збор за морал. Гледам дека кај мажите нема таква практика.
     
    На Peperutce1115, dankee, Elf и 14 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    22.884
    Допаѓања:
    179.946
    Така-така...
    Јас сум била 'курва', ене, пред два дена последно една ме 'благослови' на форумов.

    Па оти работела некоја-оти не работела, оти раѓала-оти не раѓала, оти се мажела-оти не се мажела, оти одела на одмор без деца-оти одела со деца....

    Јас не можам да разберам, жени против себе да си одат бе....

    А феминистичката борба демек е: Секоја да прави што сака, и да не биде осудувана од оние кои не прават ко нејзе (се додека не повредува некого)
     
    На Regina.Phalange, LadyC, dankee и 14 други им се допаѓа ова.
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    4.801
    Допаѓања:
    58.340
    @WildMk

    Точно. Додека тоа не влијае на мојот живот, не ме интересира што носи, со кого спие или каков е семејниот статус на друга жена.

    Сепак, мислам дека за нашево поднебје тоа неосудување (а да не зборувам за меѓусебни поддржување) е само некаква химера. За мнозинството зборувам.
     
    На theBride, Feminka22, S.W.A.G и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    22.884
    Допаѓања:
    179.946
    Се' што се случува околу нас е производ на истиот мајндест.
    Од муабет за која е 'поголема домаќинка', до кет-колинг по улица.
     
    На dankee, Victorian и Mantub им се допаѓа ова.
  9. g8lQQk

    g8lQQk Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    11.373
    Пол:
    Женски
    Поради ова
    а и поради тоа што жените, во многу голем број, самите меѓу себе си се најголеми непријатели.

    Ова не е само кај нас, секаде е така кога станува збор за обвинување и етикетирање на жените освен, можеби во скандинавските земји.
     
    На dankee, Alex.T, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  10. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    3.522
    Пол:
    Женски
    Прво, имам забелешка за насловот на темата. Лошо е формулиран. Подобро би било да се вика „Зошто луѓето повеќе го коментираат моралот?“ отколку „Зошто луѓето го по коментираат моралот?“.

    Зошто повеќе се коментира моралот кај жените отколку кај мажите? Затоа што живееме во општество коешто е заглавено во 19 век. Ако жената спиела со повеќе од еден маж во целиот нејзин живот, тогаш е „мераклика“, а ако мажот спиел со многу, тогаш го сметаат за „фраер“. Ова мора да се промени. Најлошо е што и млади луѓе имаат ваков начин на размислување.
     
    На Dashing:), Cacii123, dankee и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    50.565
    Пол:
    Женски
    Жените да се свесни, мажите ништо не им можат.
    Затоа што ако жените станат свесни за својата вредност, никогаш нема да погледнат шовинисти, мажи што ја газат жената, а не па да се во брак со такви и да создаваат семејства со такви.
    Па така, ќе дојде момент кај што таквите мажиња или ќе треба или да се свестат или да останат без жени и без семејства.
    Така да ќе мора да се свестат.
    Ама се додека си јадеме трици една на друга, уште се вртат муабетите за "Не му давај пред брак да не не те земе, а после скината кој ќе те сака", или "На брат ти да му земаш од станот, па нормална ли си, подобро ќе ќутам и трпам секакви навреди од свекрва одколку на брат ми и жена му да им сметам" вака ќе е.
    Ама ако.
    Пошо ако им беше доволно лошо ќе се избореа.
    Изгледа не им е доволно лошо па трпат, и одвреме навреме ќе се пожалат на пријателки.
    Такви пријателки немам јас.
    Жалопојки за свекрви да слушам од истите жени што ќе те направат лоша мајка ако го оставиш детето на таткото за да излезеш на кафе со другарка, не фала :)
     
    На Peperutce1115, 6th sense, dankee и 26 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    22.884
    Допаѓања:
    179.946
    Нека трепка!
     
    На Peperutce1115, piksooki, Victorian и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    2.500
    Пол:
    Женски
    Moralot ne zavisi od polot. No sekogash zhenata e povekje osuduvana od mazhot "blagodarenie" na zakoravenite sfakjanja tuka. Osven toa, zhenite nekogash sami go kometiraat moralot kaj drugi zheni pr. taa e kurva, taa e lesna..., a ova kaj mazhi go nemam slushnato. Se ushte nekoi lugje za seksot zborat taa mu dade itn. A kako shto postojat "lesni" zheni, postojat i lesni mazhi.
    Taka da pak ke kazham moralnot ne smee da se gleda niz prizmata na polot
     
    На noteforself и mode-kristina им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    12.253
    Пол:
    Женски
    Ми боде очи насловов, не може да биде "луѓето го по коментираат".

    Инаку, заради патријархални сфаќања што секогаш ја бараат кривицата во жената.И негледање во свој двор.
     
    На tinka-mace, Feminka22, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Leat

    Leat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    700
    Пол:
    Женски
    Сами сме си криви! Затоа си патиме.
    Седевме колешки на факултет на пауза и со нас имаше еден мирен колега со кој јас си имав некои интерни шали. Му се пуштав демек и една колешка рече: Леле Леат, ти да беше машко ќе беше опасен фраер. И ја замислено реков: А стварно, како ги викаат тие опасни жени, како што мажите нели ги викаат фраери?
    И една колешка ме погледна и во лице ми рече: КУРВИ!

    Ех глупачо една, ради тие ко тебе жените трпат ќутек, варање и понижување и покажување со прст.
    А зошто да не ги викаме Femme fatale тие жени, а?
    Сегде, ама на Балканот посебно, жената не смее изгледа да има потреба од секс или да флертува... Јадни сме!
    Мажите увек ќе се фраери, а ние курви по кои секој ќе моча.
     
    На Peperutce1115, piglet1, dankee и 20 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.342
    Допаѓања:
    6.162
    Јас исто гледам на луѓето и нивниот морал, без разлика на пол. Имав бивши кој имаше бурен љубовен живот, со мешање во туѓи врски, мување со девојки кои се доста помлади од него и зафатени, и слично. Тој самиот ги осудуваше девојките зо зборовите „ехеее, колку пати сум бил со таа и таа и тоа само за онаа работа, а таа тогаш си беше во врска со тој и тој.“.Аха значи таа е курва, по негово, а тој фраер. Не бе иста марка се. Со кого си таков си. Уши ми параат до ден денес тие некои негови осуди, и не можев после да го смислам.
     
    Последна измена: 4 ноември 2020
    На piksooki и Leat им се допаѓа ова.
  17. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    3.522
    Пол:
    Женски
    И после некој ќе ми кажува дека сме имале исти права, особено некој мажјак, па уште и ние сме имале поголеми отколку што треба да имаме. Пред некое време имаше тема на утринската на Сител за таканаречените инстант бракови, една постара жена рече дека и жените во последно време не биле нешто подобри, дури и полоши биле. А ако се омажиш, се чудат како тоа одиш на кафе со другарките без дозвола од мажот.
     
    На WildMk, Tanjamm и Leat им се допаѓа ова.
  18. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    16.945
    Пол:
    Женски
    Се додека машките се KiNgS a сликата за женските им е оваа: " клуч што отвора многу брави е добар клуч, брава што може лесно да се отвори е расипана", ништо не правиме. А имам приметено премногу мои врсници да размислуваат вака. Тој е машко, тој смее да експериментира, да спие со 5 различни во една ноќ, да праќа голи слики кај му кликне, ама не дај боже женско да го направи тоа, одма не вреди, курва е, евтина е, Телеграм постои за нас, ако раскинеме со некој дечко не смееме одма да фатиме нов, како тоа од кур на кур?

    Искрено свашта се изначитав/изнаслушав откако фати пандемијава, ми се згади од луѓе едноставно.
     
    На Peperutce1115, piglet1, Cacii123 и 17 други им се допаѓа ова.
  19. Leat

    Leat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    700
    Пол:
    Женски
    Ааа таа со бравата и кључот на таквите селски мажиња им е омилена. Заедно со онаа: маж може да оплоди повеќе жени во исто време а жена може да биде оплодена само од еден маж.

    БЉАК!
     
    На Tanjamm, tinka-mace, raww и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    16.945
    Пол:
    Женски
    Не знам дали на селски мислиш на мажи од село или сељак од град. Ма од каде сака нека е, ако размислува вака не сакам ни да ми се приближи а камо ли нешто повеќе. Овие фрази ги имам сретнато баш кај "фраериштата" (читај сељачиштата) од мои генерации. И пак некако имаат девојка, не знам како.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.