Спојлер Се мислев каде да ја отворам темата, ако е потребно нека се премести. Позната ви е оваа реченица: Се правам, ама никако не можам да ослабам??? Кои се причините за тоа, овде може да се кажуваат своите мислења и да се даваат совети. Мое мислење за дел од причините: 1) Генетски ми е. Генетиката има улога, ама не е непроменлива. Има многу примери каде родителите се дебели, исто и децата, но некое дете ако многу сака со напор може да ослаби и никогаш повеќе да не се здебели. 2) Јадење малку, но физички не сте активни. Многумина гладуваат, но физички воопшто не се активни. Храната ќе ги задоволи некои ваши потреби, но за да го потрошите вишокот мора да се раздвижите. Вежбајте, трчајте, возите велосипед, пешачите, што и да е, но мора да сте физички активни. 3) Јадете наскришно. Многумина кои се на диета се претставуваат пред најблиските во поинакво светло, јадат умерено и пазат, очекуваат нивна подршка. Но, кога се насамо не можат да одолеат на некоја храна, па наскришно ја јадат. Потоа се себе обвинуваат, ама пак го повторуваат тоа. И така нивната диета е лажна, неуспешна, иако сите ги сожалуваат дека: ништо не јадат, а не можат да ослабат. 4) Бавен метаболизам. Мора да се потрудите да го забрзате метаболизмот. И редовно, секојдневно да одите во вц. Така што и да јадите, веднаш да го исфрлите. При бавниот метаболизам, се што каснете ви се фаќа, стомакот се подува, се полните со токсини, и се дебелеете брзо и лесно. 5) Сте го слушнале ова: Денес само еднаш јадев, само еден тост. Многу е лошо кога јадете малку, а тоа малку е нешто неквалитетно, нездраво, а полно со калории. Не добивате никаква енергија, никаква корист. Јадете почесто ако треба, ама да е поздраво. 6) Јадете еднаш дневно и се прејадувате. Некои со цел да ослабат јадат еднаш дневно, но се прејадуваат. Секое прејадување ви оди на штета. Подобро јадете почесто, ама помали оброци, отколку наеднаш да го шокирате вашиот стомак. 7) Вечерате обилно и касно. Ако сакате да ослабите, сигурен начин е да ја исфрлите вечерата или барем да јадете најкасно до 18 часот. Ако легнете со попразен стомак, со попразен ќе станите. Ќе имате повеќе енергија, ќе го забрзате метаболизмот. 8- Стресот. На некои стресот ги слаби, но на некој ги дебелее. 9) Се храните умерено и здраво, вежбате, но и понатаму ги консумирате газираните сокови, ставате бел шекер во кафето, пиете густи сокови и слични секојдневни продукти. Мора да ги исфрлите од дневното мени. 10) Јадете премногу благо. Може да се храните многу здраво и да бидете во форма. Но може цел ден да не јадете ништо, да изедете само благо (секако со бел шекер) и да се дебелеете. ИЗбегнувајте ги простите јаглехидрати. Избегнувајте бел шекер. 11) ИЗбегнувајте го белото брашно и се што е од него (бел леб, макарони и сл.). Јадете ги поретко, нека не бидат на вашето секојдневно мени. Или заменете ги за интегрални. 12) Недисциплина - На диета сте 5 дена, ама шестиот се прејадувате. Одите на гости и си `опростувате` кока кола и торта. Поради глупави причини, го прескокнувате вежбањето, `заборавате` да одите на трчање и слично. Значи, дисциплината е основна и мора да се научите на неа. Потоа ќе ви биде многу полесно. Сетете се на сите спортисти кои секое утро имаат обемни тренинзи и мотивирајте се и вие. 13) Отсекогаш сум била дебела. На овие луѓе кои уште од бебиња биле дебели и цел живот се познаваат себе си како такви им е најтешко да ослабат. Но, тоа не е оправдување. Постојат многу примери каде луѓе кои биле над 100кг. ослабиле дупло. Зошто вие да не можете да ослабите барем 5-10кг.??? 14) Немате подршка. Тешко е кога немате подршка, но тоа не значи неизбежен неуспех за вас. Се случува вие да сте на диета, а мајка ви прави помфрит, па ве тера да го јадете тоа, постојано ве демотивираат кога одите на трчање и слични ситуации. Мора да го надминете тоа, ако немате подршка. Верувајте во себе и покажете им на сите дека можете да успеете.
Многу добра тема! Еве ќе зборувам за мене.. Јас уште како мала си бев дебелко дете. Е сега, со тек на време почна да ми смета мојата тежина. Т.е отсекогаш ми сметала, имало премногу дофрлувања на моја смета и сите оние работи што доаѓаат со синдромот наречен ,,дебелина''. Па така кога почнав средно почнав се повеќе да се ангажирам во врска со тоа да изгубам дел од килограмите кои навистина ми сметаат. Се' започна на 21 февруари, кога решив дека дефинитивно морам да превземам нешто во врска; прво со моето здравје, второ со мојот изглед, трето со мојата самодоверба. Кога кажав на една другарка дека ќе почнам со диета, вежбање итн итн, многу добро и ги паметам зборовите, ми рече: ,, Џабе ти е се, тебе таков ти е организмот, колку и да сакаш да ослабнеш, не можеш. Колку диети и да држиш нема да ослабнеш. Помири се со тоа дека генетски ти е така''. И јас онака аха, добро, океј, ај ќе видиме. Ме фати инат и ослабнав еве до ден денеска скоро 17 килограми! Горда сум на себеси, ги постигнав моите цели. Имам поголема самодоверба пред се', симнати килограми и поправено здравје. Докажав дека ТАКОВ ТИ Е ОРГАНИЗМОТ не е секогаш оправдание да не ги постигнеме своите цели. Познавам луѓе се ставиле 2 дена на диета, и поле два дена викаат не бе, ја не ослабнувам, таков ми е организмот. Е како не!
Само признавам дека не може ништо да се направи кога се работи за некоја болест или генетски проблем. Ама во другите случаи, според мене нема човек кој не може да ослабне ако сака. Оние муабети од типот гладувам а пак не слабеам не ги признавам. Како прво, ако навистина се храниш здраво и не јадеш калорична храна со време тоа ќе покаже резултати. Сега се зависи колку килограми имаш вишок, ако имаш премногу натрупано ќе треба повеќе време и трпение многу. Ама јас мислам дека сепак ако е човек упорен може да постигне резултати. Навистина е глупо јадењето да се става пред убавото тело и пред се здравјето. Јас кога бев помала, некаде до 14-15 години бев слаба, онака си имав совршена линија. Ама од 15 години навака, полека почнав да се поправам и нафрлив едно 15-20 кила вишок. Ама еве, веќе два месеца сум на диета и изгубив 10 кила. Сега ми фалат уште едно 10 за да го постигнам тоа што го сакам. И да, мислам дека секој може да ослабне. потребно е само силна воља и желба. И јас долго време одложував, си велев има време де, не сум многу поправена. Ама дефинитивно не треба да се одложува, почнете од денес. Да ви кажам откако јадам нискокалорична храна и си го навикнав малку организмот, сега можам да кажам и дека ми се гади од прженици и мрсна храна . Се согласувам со она погоре. Значи, многумина мислат дека јадењето на еден тост дневно не е многу но тој содржи многу калории. Поарно пет пати на ден јади ама овошје, салати, варена храна а брзата храна дефинитивно треба да се избегнува. Тоа е најлошото нешто што може да му го направите на организмот. Исто и благото треба потполно да се исфрли. Точно е дека многу луѓе и од стрес се дебелеат ама кога ќе се осетите нервозни и тажни не посегнувајте по јадење, тоа нема ништо да реши. Исто така не би ги препорачала и препишаните диети. Луѓе не се лажете со тоа, само го оптоварувате организмот. Само променете ја исхраната, јадете здрава храна, пијте многу течности и секако доколку имате можност вежбајте и резултатите сами по себе ќе си дојдат .
Диетите тешко дека даваат резултати, или ако дадат килата се враќаат кога ќе се прекине со диетата. Имаше некоја книга "Здрави и слаби" од Харви Дајмонд, таму тој препорачува да се смени режимот на исхрана, леб, месо, пржени компири итн. да се избегнува. Сега тој не вика дека не смее да се јадат вакви работи, само да не биде тоа секојдневно, исто така некои јадења да не се земаат истовремено, на пеимер, леб и компири, месо и компири и други комбинации. Во суштина се работи за здрава исхрана, овошје и зеленчук и никако да не се гладува. И да, денот да се почнува со чаша свежо исцеден сок. И ваквиот режим треба да важи цел живот, тоа не е диета која по некое време ќе ја прекинеме. И физичка активност, да не ја заборавиме, таа е можеби и поважна од исхраната.
грл си заборавила да напишеш еден многу битен фактор-ТИРОИДНА ЖЛЕЗДА ако неправилно работи, или нема фукција, се дебелееш(ако нема функција, се пијат лекови)
Да, ама тоа веќе спаѓа во здравствени проблеми. И жал ми е за таквите, моја братучетка се здебели дури 15кг. поради тироидната желба, се мачеше околу 1-2 год., ама на крај го реши тој проблем. Сега си е здрава и слаба. Инаку, јас ги кажав причините на кои се сетив, но вие додавајте нови.
Еден од најбитните фактори - УМОТ. Што кога не можете да го смирите умот и ве тера да мислите само на храна? Најадени сте, ама пак умот ви е `нешто да лапнете`. Шетате со другарка, ви вели ајде да купиме сладолед, дури и да не сте помислиле на тоа, одма ви се сојадува и купувате. Како успевате и дали воопшто успевате да го контролирате умот?
Лесно вие вас со брз метаболизам Имам другарки што ниту вежбале ниту држеле диети а се мн слаби а си јадат све што си сакаат
Спор и брз метаболизам се користи почесто отколку што стварно постои како примарна причина зошто некој е дебел или слаб. Најверојатно е дека твоите другарки количински внесуваат помалку или се цело време растрчани наваму натаму па трошат.
Не мислев да вежбаат, ама работа на нозе, повеќе одење пешки отколку користење кола за секоја ситница, помали оброци- се си има улога.
Имав вишок 15 кила 10 ги ослабнав... уште 5 ама некако најтешко ми одат вагатакако да се закочи Не јадам леб благо пржено... не вежбам сега толку.. пешачам и трчам по 2-3 пати неделно... знам дека последниот вишок р најтежок ама мн се депримирам некако... совет?
Може еден куп работи да се причина. Вака може само да нагаѓаме. Можеби треба да ја зголемиш физичката активност. Можеби внесуваш премногу калории од масти и протеини иако слабо јадеш јаглехидрати. Можеби ако јадеш премалку јаглехидрати и немаш доволно гликоген за енергија во мускулите па телото го троши протеинот а ги складира мастите како резерва. Можеби бираш храна со премногу заситени масти. Еден куп можеби Ако внимаваш на калории пробај една недела јади 50 калории помалку од тоа што го јадеш и води дали ќе мрднеш. Незнам колку трчаш... ако те мрзи да гледаш калории зголеми физичка активност, тие три пати неделно вежбање нека ти бидат трчање 15-20 мин, и после една недела пробај дали можеш побрзо темпо или подолго време. Ако немаш енергија значи повторно е нешто околу исхраната... Ова се само некои опции, а можда и ништо од ова не е. Можеби е само забавување на процесот. Како и да е не се откажувај