1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто (не) сакам да читам?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 27 септември 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Читам секогаш кога имам време. Па и кога немам време :) Уште од прво одделение, кога ја прочитав мојата прва сказна, од кога влегов во волшебниот свет на книгите не сум престанала со читање. Секоја нова книга за мене претставува ново патување, во нов свет. А посебно сакам да читам кога сакам да за заборавам на нешто или кога нешто ме мачи. Мојот мир си го наоѓам во книгите.
    Зошто вие читате? Што е тоа нешто што го наоѓате во книгите, а го нема на друго место?
    Или пак не? Сметате дека е изгубено времето поминато над книга?
    Па ајде да ги слушнеме вашите причини :)
     
  2. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.446
    Допаѓања:
    34.324
    Пол:
    Женски
    Да читам и уживам во книгата . Читам најчесто во слободно време ме опушта читањето .
    Кога патував кај дечко ми со воз по 2 до 3 саата времето ми леташе со книгата .
    Инаку најчесто читам романчиња Едноставно ги обожавам :inlove:
     
  3. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Сакам да читам затоашто целосно и се посветувам на книгата, што всушност ме релаксира.
    Се губам од реалниот-никаков свет и навлегувам во некој друг имагинарен кој е скроен од мојата потсвест и фантазија која е предизвиката од зборчињата и дешавките во таа книга.
    Имам доста слобода во горе наведенава причина и едноставно мозочето ми е ставено на опција chillin' и ми вади разни слики пред очи додека уживам во вешто напишаните љубовни романчиња, семејни драми, криминалистички книгички па и оние летните хитчиња за на плажа-лесни и лежерни.
    А најмногу се радувам кога ќе си купам нова книга, ќе седнам да ја читам и кога мирисот на ново ќе ми удри во глава..
    Рај за мојава душа! :inlove:


    Ќе си се наместам на прозор, ќебенце, чај и се губам на час-два :)
    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda, iveflower, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Време над книга (макар и најобичен прирачник да е) не може да се нарече изгубено. Како мала најголема желба ми беше да научам да читам. Крива е мајка ми, толку мелодично ми ги читаше руските сказки што во мене се будеше цел нов свет на фантазија.

    Веднаш штом научив да читам, книгите немаа раат од мене, и немаат до ден денес. Нема ништо поубаво од начитан човек, со богат речник, некој кој ја цени и уметноста на јазикот. Читам зошто тоа ме релаксира, колку и да е се соџвакано од писателот има простор за јас да си ги креирам ликовите во мојата глава, да се ставам на нивно место, да сочувствувам со нив, или пак да ги осудам.

    Читам затоа што понекогаш вистинските зборови на вистинското место можат да допрат до мене многу повеќе од било каква емоција на актер на платно.
     
    На AnnabelLee, cresa-jagoda, Fallin-ForHisSmile и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Толку сакам да читам што често мислам како еден човечки живот е прекраток за да се исчита барем голем дел од она што е напишано.

    Користа од читањето е повеќекратна - зголемен фонд зборови и во говорот употреба на сложени и смислено оформени реченици тешко дека од доста начитан човек ќе се чујат паузи исполнети со многу ммммм :^) и реченици на кои крајот не им се наоѓа |( , зголемено знаење во глобала - се учи за различни навики, обичаи, религии итн светското културно наследство ти е практично на дланка, зголемена е и веројатноста за лично творење, зголемена е фантазијата, перцепцијата , логичкото расудување, анализата и решавањето на конкретни животни проблеми, со еден збор читањето е патот кон развојот на една личност.

    Јас читам секогаш кога за тоа имам прилика, сум почнала од многу рана возраст и тоа не баш литература наменета за тој период дури се сеќавам дека во основно налетав на Ерика Јонг и секако бев ваква :o , морам да ви кажам дека библиотекарката во основното училиште почна да ме испрашува еден период за книгите бидејќи толку брзо ги враќав што се сомневаше дека ги читам :lol: . Во старата градска библиотека мислам дека со часови да шетав меѓу рафтови не ќе се уморев.

    Сакам да ги откривам различните ликови и приказни во книгите, да создавам ликови во главата, да се гледам себеси како патувам низ пејзажите, да создавам претпоставки за развојот на дејството и на крај да останам изненадена, разочарана или било кое чувство од палетата емоции е можно, најчесто после добра книга сум некако тажна што сето тоа волшепство завршило :worried: . И се согласувам со Рејнбоу и јас наоѓам мир во книгите и ми помагаат да ги пребродам кризите и помрачните периоди.

    И за крај, огромна домашна библиотека со до таван наредени книги во вдлабнати во ѕидот полици на секоја од страните на светот, камин и фотелја и тишина за мене е парче откинат рај, :) .
     
    На AnnabelLee, Srckata28, senza.parole и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Сакам да читам, зошто сакам да го надградам своето знаење, да дознаам нешто повеќе, едноставно од што сакам да знам :D колку повеќе книги за читање, толку подобро ^_^ ^_^ ништо друго.Времето поминато над книга, не е губење време, напротив, човек може да осознае многу работи, да се усоврши себе си, а со тоа секогаш ќе биде спремен да дебатира на било која тема во однос на некоја книга, без разлика за каков тип на литература се работи.Исто мислење имам и со Теодора :)
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Со последниот дел во срце ме погоди. Домашна библиотека ми е сон. Ми текнува кога бев малечка и го гледав Убавицата и Ѕверот, најмногу ја сакав сцената кога ја носи во библиотеката и ги трга завесите и се откриваат купишта книги :x
    http://www.youtube.com/watch?v=FShFSqulwL8
    Eве, си ја најдов :lol:
    А не можам никако да ги разберам луѓето што не сакаат да читаат. Тоа не може да ми влезе во глава. И кога ќе речат, ех, губење на време, колку поинтересни работи можат да се прават. Што? Да излезат да се пијанчат негде?! (Мислам претежно на мои врсници, па и помали) Ама тоа е, секој со своето :)
     
    На cresa-jagoda, mims-89, La.Reina.Del.Sur и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Зошто? Едноставно - затоа што ги сакам книгите. Го сакам мирисот на страниците, на тазе испечатените листови, на старите речиси мувлосани страници кои знаев да ги пронајдам на таванот кај баба. И сакам потоа да се нурнам во нив како во друг свет. Телевизор во боја па и во црно-бела техника во зависност од времето во кое ќе отпатува човек благодарение на книгата.

    Не читам колку да прочитам. Читам за да читам. Читам за да разберам, за да почуствувам, за да уживам и за да извлечам поука.
    Некогаш ја гњавам книгата сосема бавно и полека, затоа што не сакам веднаш да заврши. Некогаш срцето ми чука затоа што не можам да издржам и да дочекам што ќе се случи на крајот.
    Кога шетам читам. Кога патувам читам. Кога седнувам во автобус читам. Седнувам во парк на ручек и читам. Седнувам сама на кафе и пак читам. Книгата со мене е секогаш за да го искористам она парче од денот кое ми е слободно за да и се посветам на литературата и да избегам од сегашноста.

    Ме инспирираат вистински вредни книги, не само плукнати туку така колку да се продаваат. Не ме инспирираат безвезни кичести прикаски наменети за окото на просечниот читател. Ме инспирираат книги кои можат да ми дадат многу повеќе од трева за пасење.

    И несомнено а и во голема мерка го дооформуваат знаењето на еден јазик. Затоа обожавам да читам на јазиците кои ги владеам, чисто за да се усовршам во нив па и во сопствениот мајчин јазик.

    И искрено, жал ми е кога некој не може да ја почуствува магијата на книгата, ми иде на сите да им купам по некое убаво книжуле за да ги натерам барем малку да ја почуствуваат убавината на читањето.
     
    На do-re-mi, Annath, Buttterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Јас баш сакам да читам...Тоа ме опушта и плус го збогатувам речникот :D
    Најмногу читам лесни романи по можност љубовни но некогаш сакам и психолошки книги :)
    Од мала си читам, а сега одам во библиотека и прошетам низ полиците и најдам интересен наслов или убава корица и веднаш ја зимам :D Ги читам и лектирите,баш сега треба да одам да се запишам во библиотеката и да земам лектира...
     
  10. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Доколку би имала ваква просторија нема да излезам од дома!! :shake: :inlove:
     
  11. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ех зошто ?!
    Има многу, многу причини зошто сакам да читам.
    Уште како од мала, барем основните книги (лектири) кои ни биле зададени за да се прочитаат секогаш сум ги читала. Уште тогаш ми било интересно да се нурнувам во страниците, да си направам како и секогаш филм во главата додека ја читам книгата, и да замислам како реално се преточуваат приказните таму. Значи, лектирите отсекогаш сум ги читала, што во основно, што во средно.
    Ван школото, обожавам исто така да читам, премногу активно последнава година. Можеби прочитав стотина книги, и имам намера бројката иако не ја мерам, да се зголеми.
    Првенствено го сакам мирисот на книгите од библиотека, иако повеќете мирисаат на мувла јас го обожавам тој мирис на книгата. Мајка ми често знае да ми каже, не туку се нурнувај во книгата, којзнае кој ја фаќал, ама што да правам, уживам во нив.
    Читам речиси се, омилен жанр ми се криминалистичките, љубовните такоџе, и онаа лесна литература, поврзани со мода, списанија и сл.

    Се чудам како некои луѓе сосила читаа книги, демек од што мораат. Убавината во книгите не се гледа, но е видлива. Имаш ако ништо друго, збогатен речник. Јас им се чудам искрено на тие луѓе, кои не читаат книги, а и воопшто не ни помислуваат.
    Такви луѓе не сакам во својот круг, искрено.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Љубовта за книгите и пишаниот збор ми се роди уште како мала. На 3 годинки научив да пишувам, сите ги замарорував со моето учење и пишување на буквите... Кога одев на гости обавезно на домаќините и барав лист хартија и пенкалце. Многу бев напорно детиште. Кога превршував со забаваче, веќе знаев да читам течно.

    Првата книга што ја прочитав, и ја читав околу милион пати е една збирка со раскази. Се сеќавам дека бев прво оддление кога дознав дека во училишната библиотека можеа бесплатно да се позејмуваат книги. Оооо какво откритие беше тоа за мене... Па често си ја посетував и и барав на библиотекарката (која смрдеше на кафе и на цигари) да ми дава да читам песнички. Радости....

    Полека почна да стануваат актуелни книгите „Хари Потер„. Јас тотално се опседнав со нив и уште повеќе се заљубив во книгите. Една книга-едно царство. Не можам да ги разберам луѓето што не сакаат да читат и што имаат фобија од книгата. Морее колку ги сакам такви големи и дебели :lol: Не можам да си го замислам денот без да прочитам макар и една страна од некое романче. Духовно ме продлабочуваат, тие се како моја религија. Мислам дека благодарение на нив, имам толку отворено срце и разбирање, без никави предрасуди и ограничувања.

    Се си мислам, додека има литература, добро е. Ниту ќе бидам крајно тажна, ниту премногу осамена.
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Читам книги откако ја научив азбуката.
    Заглавував во школската библиотека со часови после наставата, бевме први другарки со библиотекарката. :D
    Инаку бев страшно амбициозна во читањето , па така во второ или трето завршив некако со Мајка, Ликос и Странецот покрај себе.
    Признавам дека не ги сфаќав воопшто, ама бев упорна во читањето.
    Никогаш не сум оставила недочитана книга.

    Добрите стари и коректно лекторирани изданија се најлесниот и најбрзиот начин да се описмениш - правописно и граматички, а и да си го збогатиш сопствениот реченичен фонд.

    Сакам да читам затоа што книгите ми буричкаат низ фантазијата и ми го предизвикуваат умот.
    Нови светови кои сe подаваат со вртење на секоја нова страничка, и чекаат да бидат прочитани, вкусени и помириснати.
    Затоа што читањето книги е најдоброто потрошено време во самотија.

    Читам брзо и манијачки и скоро и да немам жанровски ограничувања.
    Ретко позајмувам некому книги, освен на оние кои знам дека ќе се однесуваат со почит кон истите.
    Знаете како некои девојки не сакаат да им се буричка во чевлите, парфемите, шминките?
    Јас сум таква само за книгите. :)
     
    На cresa-jagoda, Annath, Cynthia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    За жал веќе немам време за читање книги...Тоа малку слободно време што го имам не ми е доволно бидејќи не можам да читам книга по половина час во денот, па да ја развлекувам со денови...Во ден-два ја читам, нормално ако ми е интересна, ако не-ја оставам...колку само книги имам прочитано до половина без да го знам крајот...
    Почнав во основно со љубовни романи (исклучок лектири), па оние книшки наменети за самопомош, и тако даље до се што ќе ми дојдеше при рака...Најчесто земав од библиотека, позајмував, а неретко и купував...
    Кај ме потсетивте, што не би дала сега за еден слободен ден, никој дома, мир, тишина, кафе и добра книга...
    Ќе почека тоа некои подобри времиња... :)
     
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Прво, читам затоа што тоа е тоа нешто што ме опушта. :) Се оттргнувам од секојдневието, од грижите, нервозите, макар и за момент. Треба да сум капната од умор, па да не прелистам барем 10тина страни пред спиење. Гарантирам, ако луѓето кои патат од несоница, читаат макар по 5 страни пред спиење, чисто колку да се опуштат и релаксираат, дека воопшто нема да имаат проблеми со заспивањето!

    Втората најголема причина - за фантазер како мене, никогаш не се доволни ни најлудите фантазии. Кога читам нешто, се внесувам, чиниш мене ми се случува тоа што му се случува на главниот лик. Не е на арно сето тоа поистоветување, понекогаш, во одредени моменти, читам одредени работи, па се соживувам и забегувам, малкуцка. :D Се обидувам да си ги ставам под контрола, да, се трудам стварно. :!:

    Верувам во тоа дека навиката за читање на книги се стекнува уште од мали нозе. Сите ,,редовни читачи,, читаат од мали, приметувате и сами. :D Од детството се градат интересите, таму е таа подлога што е нај, најбитна. Џабе е да го тераш некој да чита, ако цело детство го минал на улица со топка и другари. Не не, љубовта кон книгите не е љубов на прв поглед, тоа е љубов која се гради дооолги години. Ама кога еднаш ќе се заљубиш, нема одљубување.

    Не ги разбирам тие што не сакаат да читаат, а не се малку. Ма, не знаат што пропуштаат, затоа не сакаат да читаат. Па таа слобода која ти ја дава книгата, тоа проширување на хоризонти, надоградување и образување, па тоа бре, не е од зјапање во телевизор. Но, кога некој не сака нешто, не можеш со сила да му наметнеш.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.558
    Почнав ко школарец,многу нормално за да обогатам речник,да раздрмам виуги,да размислувам пошироко и подлабокото.Продолжи со забава,па опсесија и на крај вистински интерес.
    Морам да признаам,кој како сака нека ме разбере,не читам сешто.Мислам,имав и таков период кога мислев дека се треба да се прочита и дека се е интересно и забавно и се заслужува шанса,но веројатно како растев ко личност и се пронаоѓав,така и се изглади мојот вкус,па сум пребирлива.Не дека воопшто не сакам да експериментирам,но сепак...има граница. Искрено,не можам од забава и релаксација да читам за шопохоличарки.Да сакам ќе пуштам глуп филм,пијам кафе на тераса,гледам у плафон,се релаксирам баш,а вака...што знам.Инсистирам книгата да ми биде благодарна на одвоеното време,макар било тоа и на плажа.Ок ми е да е тешка дури и таму.Па баш тогаш можам лесно да впијам и потешка содржина.
    Другарка ми ме вика литературен мазохист и затоа не дискутираме за книги.Го ценам нејзинот вкус и таа мојот,ама не се наоѓаме на средина никогаш.
    Читам затоа што ми овозможува искуство кое можеби никогаш нема да го доживеам.Читам затоа што сакам пред време да го претпоставувам крајот и да го решавам проблемот ко да е мој и не читам за ден и пол книга колку и да имам време.Ми се случило брзо да прочитам и резултатот е блед. Сакам да си уживам и да ја впивам,да ја разберам едноставно.
    Сакам да читам затоа што ме одмара од на моменти глупава реалност,ме одмара од конвенционални мисли,ме одмара од прости работи,ме ослободува мене ко човек од малодушност и ми ги шири хоризонтите.Ми се чини дел од мојата либералност во однос на многу работи ја здобив баш од читање книги и доживување на тие искуства од таму,прво со ликовите директно,а потоа ко неутрален следач на настантите.
    Не дискутирам со било кого за книги,имам неколку луѓе со кои можам и сакам,убаво ми е.Тоа е така од неколку причини.Прво,го имаат жарот во дискусијата ко што го сакам,а не празно раскажување на книгата ко лектира за у школо,не сакам коментар од типот јака е,тапа е.Второ,затоа што секогаш почнуваме со спротивни размислувања и на крајот ги заменуваме или наоѓаме некој заеднички заклучок и трето,заради глупи искуства со глупи луѓе кои донеле заклучок за мене врз основа на став на книга,ради бранет став за лик од книга,само затоа што тие беа од оние суви читачи,добра е,лоша е и ти раскажува содржина и ти се чуди тебе.А на крајот,нема поента,читам ради себе и ми треба посебно расположение за да се отворам.
    Не сакам да менувам книги,позајмувам многу ретко и многу сум лута кога не ми се вратени долго време. Значи,книга се чита еднаш,два пати,три пати,колку сакаш,ако јас сум ја купила,значи сакам да ја имам,ми значи,а не да се водат по тоа,еее шо ќе и е,ја прочитала веќе.Не ме интересира,си ги сакам назад и сакам да си ги гледам у соба кај мене.Се осеќам ко у куќарката на бувот,а башка што имам стари книги од дедо ми и од моите,имам книги си посвети од пријатели на дедо ми за него,од татко ми за мајка ми обратно,кои ми значат и еднаш не ми беше вратена една ваква книга и влегов у сериозен конфликт! :D Не дека не предупредив,беше муабетот,немај гајле бе...
    И така и то...
     
    На cresa-jagoda, caroline.costa, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  17. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Уживам да читам, ме исполнува, наоѓам душевен мир и бегам од реалноста. Секое слободно време го поминувам со книга во рака, тоа ме прави среќна. Секогаш кога нешто сум тажна си ја земам книгата и правец во мојата соба сама, тогаш бегам од реланоста, бегам од маките и проблемите, се опуштам и уживам. Одсекогаш сум сонувала за соба полна на книги - библиотека во кој ќе има клацкалка и ќе биде мое засолниште :)
     
  18. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Сакам да читам и ги сакам книгите. До пред година 2 ја оставав секоја книга со повеќе од 100 страни и ми беше речиси невозможно да ги прочитам сите лектири. Подоцна решив да прочитам нешто што ќе ме релаксира, од област која ја познавам и ме интересира. Се сеќавам дека беше „Убиство во Месопотамија“ од Агата Кристи. Книгата ја прочитав во еден здив, приказната беше таква што не ми дозволи да ја затворам книгата и да мислам на друго, се додека не ја дочитав.Оттогаш се заљубив во добрите книги.
    Обожавам да ги читам бидејќи благодарение на нив летнувам во сосема друг свет,кој е различен секој нареден пат . Пловам низ свет во кој се е дозволено, секоја фантазија е добредојдена, уживам во дружба со главните јунаци, размислувам како да се изборам со лошите негативци. Со читањето спознавам и нови работи, некогаш мали трикови доста корисни во секојдневието, а некогаш и цели нови светови исполнети со битки, фантазии, авантури...Читањето ме оттргнува и од средношколските проблеми,а често ме подучува и како да ги решам.
    Едни од најубаво поминатите заеднички моменти со другарка ми ни е и оној, кога заедно ќе продискутираме за некоја книга која ја читаме истовремено, бидејќи секогаш е убаво кога со некој и можеш да ги споделиш импресиите. За крај еден гоооолем поздрав до сите љубителки на книгите :*
     
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.135
    Допаѓања:
    88.472
    Пол:
    Женски
    Ако математика знаев од 3 години, ми требаа уште три за да научам да читам. Буквите ги знаев од 4 ама не можев да ги сврзам. Кога научив да читам мајка ми беше пресреќна, мислеше дека од мене добар ученик не бидува. Но, се излажа. Првата книга дома ја донесов по две нели од почнувањето на прво одделение. Библиотекарката многу ме засака, па почна да ми препорачува книги и да ми дава и повеќе од дозволеното. Кога си отиде таа во пензија се разочарав затоа што нејзиниот заменик ретко беше во библиотека.
    Љубовта кон книгите ја добив од моите. Дома имавме мала библиотека, која за жал се уништи. Срце ме болеше кога мораше да ги фрлиме книгите кои изгледаа преубаво во тврд повез.
    Професорката во средно се трудеше да ги сакаме книгите, а за среќа и само книги рабтевме, граматиката беше исклучена. Многу сум и благодарана затоа што да не беше таа , можеби немаше да прочитам преубави дела.
    Да не должам. Ги сакам книгите зошто се еден посебен свет, кој секој го перцепира на различен начин. Сакам кога ќе почнам да ја читам книгата пред мене на секој поминат ред да се појавуваат слики. Ако неможам да си создадам слика, ја оставам книгата. Читам затоа што сакам и тоа што сакам, читам тоа што морам затоа што ми е задача и морам да го прочитам без разлика дали ме исполнува или не.
     
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Затоа што едноставно сакам!
    Го сакам мирисот на листовите кои минале низ многу раце или пак на кои сум им прв прелистувач. Го сакам чувството на листање еден по еден се додека не стигнеш до крајот.
    Секоја книга за мене има вредност. Секоја!
    Читам се, ама не од најмала возраст. Еден период и лектирите ми беа проблем.
    Со читањето слободна литература се запознав по завршување на седмо одделение.
    Ми требаше нешто да ми убива досада и ја најдов книгата.
    Беа тоа Дневниците на принцезата-типични тинејџерски...
    Сфатив дека библиотекарките ми предложуваат дела кои не ми се допаѓаат, па си одев со свои барања.
    Престана да ме интересира тоа како некое девојче од разведени родители станува принцеза.
    Затоа и земав други жанрови.
    Сега, сега читам се. Да, и чик. лит. ама тоа го правам затоа што ми се допаѓа.
    Не сум човек кој сака тажни и тешки човекови судбини и порадо би се нурнала во светот на купохоличарките отколку во дело кое сосила ќе го читам, ама тоа добило прекрасна критика!
    Еден куп книги останале со непрочитан крај зашто не биле интересни.
    Не ме привлекува читање една книга месец дена. Сакам брзо да ја завршам. Ако видам дека не оди, не е таа за мене. И ја оставам бидејки немам интерес за понатака...
    Дома немам библиотека од под до плафон и не се стремам кон тоа да ја имам. Знам да купам книги и тоа во последно време често го правам, ама не сум тип кој последниот денар би го дал за книга.
    Сепак, читањето книги ме исполнува многу повеќе отколку купувањето!