1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто страдаме и се мачиме?

Дискусија во 'Религија' започната од FARFELLA, 20 февруари 2011.

  1. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54
    Ако е Бог добар, ако е љубов, тогаш зошто на светот има толку многу страдања?
    Ова прашање е мошне старо; старо колку и болката, несреќата и смртта. Луѓето одсекогаш го поставувале и ќе го поставуваат до крајот на историјата. Веројатно нема да пронајдеме целосен одговор, се додека не ни го изнесе Бог во своето царство; сепак, во Библијата можеме да најдеме некои објаснувања што можат да не охрабрат.
    Во 1. Мојсеева 3,16 прв пат во Библијата се спомнува човечкото страдање. Тогаш Бог и укажува на Ева на последиците на нејзината непослушност. Ева потклекнала на заводничкото ласкање на сатаната - бунтовникот против Божјата љубов и непријателот на човештвото., за кого човечките страдања и болки представуваат најголемо задоволство ( 1. Мојсеева 3,1-7). Со право можеме да заклучиме дека, изворот на сите неволји се наоѓа токму во таа прва непослушност. Но тоа не е се. Како што постојат многу видови страдања и неволји, има повеќе причини за нив.
    Некои страдања доаѓаат токму поради непочитување на основните закони. Ова се однесува и на духовната и на телесната стварност, зошто се е подложено на законот и на причината и на последицата: " Она што човекот ќе го посее, тоа ќе го пожнее. " ( Галатите 6,7).
    Ако некој го прекрши државниот закон, може да очекува казна. Ако ги прекрши здравствените закони , јасно е дека ќе се разболи. Ако го прекрши моралниот закон, дали последиците би требало да бидат слични? ( Стих 8 ).
    Страдањата можат да бидат резултат на некоја несреќа или со пригодна непогода. Исус три пати напомеувал дека страдањата ги погаѓаа и недолжниле: кога го известиле за Пилатовата непогодна смртна казна што ја изрекол над некои Галилејци ( Лука 13,2.3), кога ја коментирал погибелта и осумнаесеттемина врз кои паднала кулата ( Лука 13,4.5) и кога со учениците разговарал за еден слеп човек крај патот ( Јован 9,2.3). Во секој наведен случај Исус решително ја отфрлал помислата дека таквите несреќи се случуваат поради личните гревови на оној што страда. Сите што страдаат во земјотреси, во експлозии, на море, во авионски или сообраќајни незгоди, не се казнети со тие несреќи поради својата кривица.
    Страдањата често ги предизвикуваат лошите луѓе со своите дела на насилство. Пророкот Авакум непоменува дека Бог негодува кога " базбожникот го уништува поправедниот од себе " ( Авакум 1,13 ). За секого од нас тешко е разбирлив животниот факт дека " безбожниците живеат добро " ( Псалм 73,3 и натаму). Во овој псалм се насликани злосторниците и уценувачите, кои на нечовечки начин се пробиваат на високи опшествени положби, не водејќи сметка за луѓето на кои им нанеле жалост и штета.
    Понекогаш страдањата можат да бидат опомена за која Бог сака да не излечи. Токму како што родителите го казнуваат детето за да го задржат на вистинскиот пат, Бог понекогаш може да дозволи несреќи и жалост за да не одврати од погрешната насока. Треба да знаеме дека Бог нерадо го казнува и го ожалостува човекот ( Плачот на Еремија 3,31-33). Секако, понекогаш се потребни потребни вакви Божји интервенции. Ако некогаш доживееме вакво искуство, треба да сфатиме дека Господ не воспитува " како човекот што го негува своето дете " ( 5.Мојсеева 8,5 ). Кога Бог укорува, секогаш постојат причини за тоа. Споредувајќи го родителското укорување со Божјото, апостолот Павле нагласува дека ова, последново, помага да станеме учесници во Неговата светост ( Евреите 12,10 ). Во својата Библија можеме да пронајдеме неколку примери од животот на одделени луѓе на ваков начин се вратиле кај Бога. Јона го одбил Божјиот повик да ги опомени Нинавејците. Се качил на брод што патувал за Тарсис, потоа се нашол на разбранетото море, за на крај да го проголта голема риба. Престојубајќи три дена и ноќи во нејзината утроба, се обратил кон Господ и Тој го избавил ( Јона 2,1-11 ). Поради своите големи гревови, царот Манасија се нашол во Вавилонското ропство. " И Господ ја прими неговата молба " ( 2.Дневник 33,12.13 ). На сличен начин и славниот Набукодоносор Му пркосел на Бога. Затоа за седум години го загубил разумот. Кога ги подигнал " очите кон небото " му се вратил разумот, и затоа Го фалел и Го славел Вечниот Бог ( Даниел 4,34 ). Во Стариот Завет Бог на неколку места е спореден топилничар ој во висока печка ги изделувал троскотот и нечистотијата од драгоцениот метал - својот народ ( Малахија 3,3; За Јов 23,10 ). " Ете, те пречистив... те испитав во печка на страдања... Јас сум Господ, Бог твој, кој те уци на добро, кој те води по оној пат, по кој треба да одиш. О да беше ги слишнал Мои Заповеди! Тогаш твојот мир ќе беше како река, и твојаѕа правда како морски бранови " ( Исија 48,10.17.18). Со својата послушност и исправност Израил може да ги избегне скоро сите свои неволји. Но тие често биле неопходни за Бог повторно да ги врати на вистинскиот пат.
    Постојат неволји што се резултат на нашето посветување на Исуса Христа. Сам Исус не предупрадил: " Ако ме гонеа мене ќе ве гонат и вас " ( Јовен 15,20 ). Ова го искусил и големиот апостол Павле, кого често го малтретирале поради неговото неустрашиво сведочење за Господ. Во своето најголемо страдање тој го храбрел својот ученик Тимотеј: " А сите што сакаат да живета побожно во Исуса Христа, ќе бидат гонети " ( 2.Тимотеј 3,12 ). По вреќењето во Листра, во која порано го каменувале, на верниците им рекол " дека треба преку многу неволји да влезат во Божјето царство " ( Дела 14,22 ).
    Значи, има повеќе видови страдања и понекогаш тешко можат да се одделат едни од други и да се одредат. Сепак, јасно ни е дека страдањата почесто човекот го приближуваат кон Бога, отколку што го оддалечуваат од Него. Крајниот резултат е позитивен.
    Ако увидите дека вашите неволји и страдања се резултат на непосушност кон некои од основните закони, молете се на Бога да ви помогне да ја исправите грешката. Ако страдате поради некоја несреќа, за која во никој случај не сте виновни, молете се на Бога застрпливост во поднесувањето, за мудрост во разбирањето и љубов - за да можете да им простите на виновниците ( За Јов 1,21; Јаков 1,3; 5,11 ). Ако трпите поради расипаноста на лошите луѓе, молете се на Бога да ги одврати од злосторствата ( Римјаните 12,12 ). Ако верувате дека вашите неволји се Божествени мерки, ипитувајте го своето срце. Откријте ги причините поради кои Господ е незадоволен од вас. Потоа побарајте проштевање и предајте Му се ( Евреите 12,11; 1.Петрово 5,10 ). Можеби страдате поради Христа. Тогаш: " Радивајте се и веселете се, зошто е голема платата на небесата ", ( Матеј 5,12 ). Запомнете: " Ако трпиме, со Него и ќе царуваме " ( 2.Тимотеј 2,12 ).
    Без сомнение, на сите нас ни е потребнапоголема духовност - духовност каква што покажал апостол Павле, неохрабрувајќи се со неволји ( Дела 20,24 ). " Останувам со добра волја во слабостоте ", напишал тој, " Во навредите, ви неволјите, во прогонствата, во тагите за Христа; зошто кога сум слаб тогаш сум силен " ( 2.Коринтјаните 12,10 ). Него, и сите оние што ќе претрпат до крајот, ги чека славна награда: " Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи, откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои го сакаат " (Јаков 1,12 ). АМИН!
     
    На Betty*, DeVoJkaTa999 и tanja6 им се допаѓа ова.
  2. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    548
    Без страдањата, среќата и задоволствата не би ја имале вредност што ја имаат !!! :)
     
    На srcekrsacka, Rock-a-Fella, snegulka21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    150
    а каква врска има Бог со нашите страдања и мачења. Се што ни се случува се случува поради некои наши одлуки во минатото. Зашто секогаш бараме одговор во некои виши сили. Мислам дека се е последица на некои наши размислувања кои што сме ги имале.
     
    На Betty*, manasija и Magnolija им се допаѓа ова.
  4. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    Јас едно ќе кажам: не е добро да се страда зашто? Фала му на господ, имаме што да јадеме.Покрив над глава,облечени,ги имаме најблиските околу себе,имаме раце,нозе,очи.Значи способни сме сами да си ги извршиме потребните работи, не зависиме од други и уште куп работи за разлика од тие што се инвалиди,деца без дом по улица на ладно и по жештини,гладни луѓе,мајка да гледа како и го убиваат чедото е тоа е страдање треба да бидеме благодарни на Господ семоќниот што имаме се.
     
    На Betty* и FARFELLA им се допаѓа ова.
  5. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    за сите страдања сме си ние криви.......
     
    На Betty* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Сами сме криви,а тие што не се?! Невини деца страдаат во војните,умираат луѓе од глад,а не направиле ништо лошо, што е со тоа? Сепак мора да има некое објаснување за се ова можеби тоа е и смислата на животот да научиме да го живееме правилно.
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    па да деца страдаат во војните ама бог ли е крив што некои луѓе војуваат и убиваат невини деца? Он ги убива или ние луѓето? ...... под ни е луѓето не мислам дека ти си убила некој или ти му правиш на некој нешто но има луѓе кои од чиста мира убиваат други луѓе што пак испаѓа дека ние луѓето сме криви....тие ништо не направиле но на некој му текнало да фрли бомба , а детето кое седело таму настрадало....имаат луѓето слободна воља, а некои луѓе одлучуваат да прават лошо тоа е... :worried:
     
    На manasija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    80
    страдаме за грешките од минатото, за непромислените одлуки, за тоа што сме повредувале некого..некои велата дека страдањата ни се такви, какви што некој/а трпел во претходниот живот ради нас.. но тоа тешко дека некој може да го докаже дека некој живее повеќе животи.. но да не бегам од темата..
    СЕ СЕ ВРТИ, СЕ СЕ ВРАЌА,
    НЕ ПРАВИ МУ НЕКОМУ НЕШТО ШТО НЕСАКАШ ТЕБЕ ДА ТИ ПРАВАТ..
    мислам дека кога овие поговорки некој ќе почне да ги применува во реалниот живот.. ќе биде многу поубаво за сите нас..
     
  9. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    страдаме и се мачиме за да ојакнеме како личности, исто така мислам ова се искушенија од Бога, да не се страданијата и маките нема да го цениме доброто и убавото и разликуваме од лошото.

    човек неможе да страда постојано, секогаш е тоа некој период низ кој мора да помине.
     
    На Crnookata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Навистина на страдањата нема крај, понекогаш се прашувам јас ли сум магнет за проблеми, таман еден сум го решила друг се појавил проблем и се така во круг, но кога ќе погледнам наназад во минатото сваќам дека психички и ментално сум појака од порано и дека секој проблем има своја тежина и поука. За да решам некој проблем се мачам како грешен ѓавол :devil: за на крај да биде се како што треба. Ако е се идеално и совршено нема да страдаме и да се мачиме, но колку и да се трудиме да биде совршено пирамидата на совршенството е се потесна и потесна на врвот никогаш нема да дојдеме бидејќи совршенство не постои. Ние сме створени да се мачиме и да страдаме тоа е човештвото.
     
    На FARFELLA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    да кога човекот би живеел во совршенство и би му било добро се, би бил млитав, мислам таа работа не е за нас смртниците, можеби грешам но мислам ние така сме однапред создадени да се бориме.
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    таков ни бил ксметот!
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    Плаќаме нечиви грешки можеби.......
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    За да ни биде животот интересен. Инаку би било монотоно, би ни здозадил и би посегнале по него 8)
     
  15. kerber

    kerber Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Бог простува и е милозлив но само кон тие сто имаат чисто срце(многу ретки). Никогаш Бог нема да ни помогне се додека гледаме глупости на телевизија (+18) и се трудиме да правиме исто како нив ,а имаме само 15 год. никогаш Бог нема да ни помогне се додека зјапаме во компјутерот и гледаме непристојни работи. Бог никогаш нема да ни помогне штом кога некоја ке се омажи и првата брачна ноќ нема крв (ни сама не знае колку мажи имала пред да се омажи). И БОГ никогаш нема да ни помогне што во светот владее И Н Ц Е С Т.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.270
    Само да се надврзам на горе наведеното.

    Не секогаш е тоа така.
    Факт е дека денес е голем бројот на оние кои овие гревови ги ставиле во категоријата на НЕ гревови, но сепак мора да се напомене дека некои одредени гревови се и по Божја промисла. Зашто голем е бројот на светители кои од најголеми грешници станале избрани садови Божји.
    Не велам дека сите треба да грешат и да ги прават овие гревови (свесно). Само сакам да додадам дека оние кои тоа го направиле и денес се свети луѓе, на нив тоа им се случило по „игра„ (Божја волја) на околностите.

    Еден разбојник се преправил во монах и заминал во манастир со цел да ги убие и обесчести монахињите. Тие среќни си помислиле дека им пристигнал на гости некој свет отец веднаш го пречекале со најголеми почести. Му ги измиле нозете, а една сестра која била болна ја зела водата како благослов и со нејзината голема вера оздравела. Кога го видел се тоа разбојникот паднал на колена и се исповедал пред сите сестри со какви помисли пристигнал во манастирот.
    Се исповедал и пристапил во монаштво, од разбојник станал најревносен Христов војник. Се удостоил да биде вистински свет отец. Со него и другите негови другари кои биле разбојници, го примиле монаштвото.


    Ова е само еден пример кога човек прави најголеми гревови и на крај се покајува и станува човек со чисто срце.
    Зашто покајанието е второто Крштение.
     
    На La.Reina.Del.Sur и Srekicka им се допаѓа ова.
  17. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Kако мислиш инцест владеел по светот?
     
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Некои луѓе прават страшна грешка што причината за нивното страдање ја гледаат во религијата, а не во самите себе.
     
  19. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    епа мора, и тоа е составен дел од животот,ако биде се убаво и совршено ќе ни се слоши (не сме навикнати само на добро ) мора малку пола пола,фаза која мора да се премине,после дождот ете го сонцето :)
     
  20. manasija

    manasija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    14
    Не постои човек што не си го поставил ова прашање, барем еднаш во животот.Сите страдаме,се мачиме и на крај умираме без разлика на која религија припагаме.Сигурно ке се согласите со ова а и со она што го кажува библијата дека Бог е љубов ,според 1јов.4-8.Тогаш се провлекува горе наведеното прашање зошто страдаме кога Бог е љубов?Библијата ни го открива оној што се крие позади Бог и му ги препишува сите злобни работи нему.Тој невидлив владетел е мокен но не и СЕМОКЕН.Наречен е во библијата празмијата,сатана, што значи противник и гавол, што значи клеветник.Исфрлен е на земјата и го заведува целиот свет,според откровение 12-9-10 и 12.овие три стиха го потврдуваат и стихот од матеј 6-10 кога Исус ја дал молитвата -оче наш-и кажува... да дојде царството твое ,како на НЕБОТО така и на ЗЕМЈАТА.Што значи самиот Исус потврдил дека хармонијата владее горе а не овде,што значи Бог не владее со светот туку според 1јов.5-19 -целиот свет е под власта на злобниот.Други стихови што го потврдуваат тоа се јов.12-31,14-30,16-11,2коринт.4-3 и 4 стих. Сигурно би се согласиле дека денес сето она што го гледаме и доживуваме на своја кожа е нешто спротивно од љубовта како божја особина? Втората причина зошто страдаме е тоа што сме наследиле несовршеност и сме грешни од самиот почеток во еденската градина.Грешните луге се склони да се борат за власт,а тоа води до војни,угнетување и страдања според проповедник 4-1,8-9 каде што вели човек владее над човек за своја штета.Човекот кој не е програмиран робот туку е создаден со слободна волја сам да одлучува и разликува исправно од неисправно.Како причина за страдање е и самиот човек ,со тоа што го кажува библијата -секој го мами неговата желба-според јаков 1 - 13,14 и 15 стих.И третата и последна причина што е спомната во библијата се времето,местото и непредвидените настани според проповедник 9-11.Што значи Јехова денес не го штити светот инаку би бил соучесник потпомагач на празмијата.И затоа сите ние можеме да настрадаме ако се најдеме на погрешно место во погрешно време.Сите заедно воздивнуваме и офкаме под ова небо притиснати од тежината и болката слично како кај една трудница,но после одредениот рок, болката се претвара во голема РАДОСТ.Поздрав