Значи јас ја отворив оваа тема пред се бидејќи си поставувам милион прашалници во главата зошто сум самa а и уверена сум дека мн девојки ќе се пронајдат во истотo.Совет ,мислење од некое машко нема да е на одмет Нвистинам нз каде е мојот пробллем веке некое време сум сама.Еве и еден мал мој опис: имам темно руса коса,зелени очи,а и не сум дебела? Што се однесува до карактерот: пред се не ги делам луѓето на богати и сиромашни,од каде се,кои се нивни родители или пак кои се тие,со сите зборувам и се дружам,не сакам да фалам а и не сум уфилмана,ма да на прв поглед сите мислат дека сум е сега не ми е јасно дали машките се плашa да пријдат на убави,дотерани девојки?(само не ми е јасно од што) и јас сум човек или треба да се запоставам,да бидам дебела во излитено изцепано па некој да ми пријде??навистина нз каде сум згрешила?? да мана е да се посветуве мн време на изглед ама таква сум за жал но мора на нешто кога човекот е осамен.
не мора да се запоставуваш за да ти пријде некој на некои и не им се погодува ако видат дебела и излитена ќе речат ДА БЕШЕ МАЛКУ ПО СРЕДЕНА. па и не мора да посветуваш многу време за твојот изглед,биди таква каква што си,можеби тие сакаат такви девојќи или незнам што друго да ти кажам поздрав
Прво нешто што ми падна на ум е да те прашам дали најчесто излегуваш по дискотеки? Не знам дали имаш забележано, но последен период во Скопје се поретко ќе видиш како дечко приоѓа на девојка што прв пат ја гледа. Јас лично, не приоѓам на девојки каде што нема услови за развој на конверзација (гласна музика на пример). Идеме даље. Физичкиот изглед игра голема улога, но не и пресудна за врска. Многу други фактори се вмешани за да една романтична врска трае. Како и да е, да не навлегувам тука зошто гледам проблемот е друг. Повеќето момци имаат страв да направат било што кога ќе видат дека си опкружена со 10 другарки, или пак ако имаш другар во друштво. Многу е потешко да оставиш впечаток и посветиш внимание на повеќе девојки, особено при вакво запознавање. За крај, не се преокупирај со тоа. Колку повеќе размислуваш, толку повеќе ќе тонеш. Млади сме, стресот треба да е на последно место. Прави работи што те исполнуваат, започни некое хоби, а дечковците сами ќе си дојдат
убаво ти е поставено прашањето и темата ама ова дебела и излитена исцепена не ти чини , нема потреба кога се опишуваш себе си да кажуваш дека не си дебела, дебелите немаат право на живот или што е проблемот ? Убаво ти кажаа погоре , можеби треба да бидеш своја и кога ке излезеш да не мислиш како да најдеш некој туку едноставно да се опуштиш кога најмалку ке се надеваш тогаш ке ти се случи...
Има две причини (барем мене на тоа ми текнува) 1. Или не се толку убави и привлечни за тие што се околу нив 2. Или имаат превисоки критериуми, т.е се преценуваат, па никој не им чини. Трето нема.
Пробај да си го смениш мислењето за себе. Не е се до надворешната убавина. Ти ги викаш девојките дебели, се прашуваш дали ти треба да бидеш дебела за да им се допаднеш? Можеби тие “дебели“ се похаризматични, фини, љубезни, насмеани, знаат шеги да кажуваат, знаат како да флертуваат. Можеби со некое твое однесување покажуваш дека не си лесно приступачна, дека ќе засрамиш некој кој би ти пришол, те замислуваат како недостапна и умислена. Па следниот пат кога ќе излезеш, не чекај некој да те части пијачка, погледни наоколу, фрли му на некому окце, насмеј му се, биди природна, немој да се претставуваш како девојка која има високо мислење за себе само поради тоа што е убава. Убаво е да бидеш самоуверена, ама луѓето знаат и да се исплашат од тоа. Вистинска проблематика би било -зошто добрите и мили девојки се сингл, а не убавите и привлечни. Убавината е веќе споредна ствар, повод за пристап, ама не и за разговор или врска
Ubava devojka moze da bide singl samo ako ima visoki kriteriumi,misli deka nikoj ne e dobar za nea,bara situirani,ne e mnogu komunikativna i itn,vo drug slucaj nema sansi da bide singl.
се согласувам со кравче !Не е се во надворешната убавина,што дека си убав кога немаш ни грам памет.хх
Стварно изгледа си во незгодно чим проблемот го пишиш во 5сат сабајле. До проблемот цитирам: е сега не ми е јасно дали машките се плашa да пријдат на убави,дотерани девојки?(само не ми е јасно од што) и јас сум човек "или треба да се запоставам,да бидам дебела во излитено изцепано па некој да ми пријде??навистина нз каде сум згрешила?? да мана е да се посветуве мн време на изглед ама таква сум за жал но мора на нешто кога човекот е осамен." Oва мене искрено ми се гледа ко фалење,не ми се гледа мене туку така е. Машките се плашеле да им пријдат на убави, дотерани девојки?? А на какви им пријдуваат,на грди и дебели? За ова си во тотална утка,врска немаш.И да СИТЕ СМЕ ЛУГЕ.Убаво мислиш за ова. Никако да се запоставиш,и да станиш ДЕБЕЛА (не ги осудувам и тие да не ме свати некој погрешно) одржувај си го телото какво што ти е,да не имаш потоа помалце прикики од сега ,не е важно убаво е да си убава да, и лугето не се плашат од тоа, ако не е ПРЕТЕРАНО. Можеби ти е таков само периодот.. Поздрав
а што се замараш толку со тоа што си сингл?!?! уживај си!! може од што премногу се замараш со статусот - сингл/во врска, па ги одбиваш луѓето околу себе. Уживај во летото, уживај во животот, уживај со друштвото, а дечковците ќе си дојдат кога најмалку очекуваш!!!
Да, се плашат, но оние не доволно самоуверените. Исто како што девојките се плашат од многу згодни мажи. Тоа е можеби комплекс дека не сме доволно добри за неа/него и дека може да биде со некој многу попривлечен од нас.
што ти кажа една од феминките погоре, е во право-кога најмалку очекуваш, тогаш ке запознаеш некој можеби вистинскиот -ова мене ми се случи пред неколку месеци, кога најмалку очекував, тогаш го запознав, но ете не бил тој што требал да биде покрај мене животот продолжува понатаму затоа не се оптоварувај со тие работи, затоа што не е кога ти сакаш, туку кога коцкичките ке се поклопат
Јас ти викам ич да не се нервираш. На пример, другарка ми е многу убаво девојче и кога излегуваме сите неа ја гледаат ама неа никој не и се свиѓа, или ќе се смува со повеќе и од сите ниеден не и чини, а вика сакам врска, ама неможам овој не ми чини- оној не ми чини. Значи понекогаш не е до вас туку до вашиот пристап и однос со машките. Можеби шириш такви негативни вибрации, некое машко да помисли дека си надмена и да му е срам/страв да ти пријде. А ако критериумите ти се на место, тогаш сигурно еден ден, не мора уште сега ќе се појави некое машко што навидум ќе ти изгледа совршено и ќе си бидеш среќна со него
Убавината е во очите на оној кој гледа. На едни им е привлечна една работа, на други сосем трета, може има нешто во тебе што ги одбива мажите. Јас познавам девојки кои не се толку убави ама се шармантни и привлекуваат внимание, исто и други кои скоро се совршени, ама упорно се сами. Не е битно колку си убав или не, битно е дали го имаш она во себе што привлекува или го немаш. Некои луѓе едноставно зрачат, а на тоа никој не останува рамнодушен. Немој да ме сфатиш погрешно, може вистина ти си убава и се тоа, ама гледај од друг аспект, може не е убавината или убавата облека она што ги одбива од тебе.
Јас мислам дека повеќе внимание и посветуваш на надворешната убавина,можеби им изгледаш некако пластично и неприродно,со други зборово како кукла но ,не е се во надворешниот изглед,насочи се малце кон себе си,читај ,надградувај се себе си...патувај,уживај во животот,прави нешто што ке те исполнува,така ќе им бидеш поинтересна на машките,да не те доживуваат само како убава амбалажа...едноставно зрачи со тоа што си внатре во себеси...дај им простор да те запознаат подобро ..
Мое мислење шо ке појдам од мене , е можеби и во самиот твој поставен став. И до тоа каков бараш и каде го бараш . А и може чоек премногу се замараш со ова Ја сум и ке бидам се додека не го најдам она шо го барам и не ми е гајле макар уште една год била сингл. Ама ете знам што несакам пред се а после што сакам . Глеј пробај да не се замараш а убавина ко убавина е пролазна работа, проработи малку од внатре можеби тука ти лежи клучот
Епа може не се толку убави и привлечни колку што си се умислиле дека се Или немаат привлечен карактер, немаат харизма воопшто, може да бидат многу работи, ама тоа е до самата личност. Треба да си се подзамислат малку. Или па можеби кај некои е само период. Имам и ја другарка, на изглед е да не речам совршена ама таква безвезна по карактер, нехаризматична, дива, неспонтана и никој не и се погаѓа... епа сега, тоа е
Јас не сум сингл, така да митот паѓа у вода! Пошо и покрај овие две особини, има трета, лоша, шо надвладува!
Фала до сите и како што рече SweetDream ќе им дадам простор да ме запознаат бидејќи вака имаат погрешни мислењa за мене ,а инаку немав намера да навредам никого со тоа што реков дебели и се извинувам ако некого без намера навредив -но често слушам како машките знаат да кажат гледај ја онаа дебелана и ќе дофрлат уште нешто т.е за секого имаат нешто да кажат мислам дека Supernice ме праша дали најчесто излегувам по дискотеки.,па во последно време да и фала на искрениот одговор.