ИТНО! Да му помогнеме на Ѓорѓи Николовски!

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Lilit, 7 јануари 2012.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.770
    Допаѓања:
    108.543
    А ДОНАЦИЈА ПО ПРЕДЛОГ ЗА УПАТУВАЊЕ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО ОД КОНЗИЛИУМОТ НА КЛИНИКАТА ЗА РАДИОЛОГИЈА ПРИ КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ ВО СОСТАВ ОД ПРОФ. М. ВРЧАКОВСКИ, ПРОФ. М.ГРУНОВСКИ И ПРОФ. К.ЃОРЕСКИ

    Јас Ѓорѓи Николовски, роден на 2.4. 1988 година во Скопје, имам потреба од итна хирушка интервенција која чини 50.850 евра. Поради немање на тие средства, Ве замолувам за Ваша помош да ми овозмо- жите да продолжам со мојот живот бидејќи имам само 23 години и ќе Ви бидам вечно благодарен. Вашето име ќе ми биде врежано во моето срце и вечно ќе се молам за Вас. Ве молам помогнете ми да ги соберам овие средства со онолку колку што сте во можност.

    Се надевам дека оваа молба ќе допре до Вашето срце.

    ОДНАПРЕД ВИ БЛАГОДАРАМ.

    Жиро с-ка за донација:

    300001000022215

    Депонент: Комерцијална банка

    Телефон за донација:

    070/143-133 (Т-мобиле)

    077/143-133 (ВИП)

    075/143-123 (Оне)

    Конзилиумот на горенаведената клиника дава предлог за упатување на болничко лекување во странство од следниве причини:

    1. Неможност да се спроведе соодветно лекување во здравствените установи во Република Македонија поради: немање на потребен материјал - пренасочувач на протокот на крв, стен интракранијален со погуста мрежа.

    2. Постои индикација според итност: Интервенцијата за која се предлага пациентот да се упати на лекување во странство треба да се изврши ИТНО (10-15 дена и помалку ПОРАДИ ОПАСНОСТ ПО ЖИВОТ). Поради прогресивни главоболки отпорни на медикаментозна терапија.

    3. Дијагноза: Дисеканктна фузиформа аневризма на артерија церебри постериор лево во посткомуникантен сегмент.

    4. Се упатува во: Интербалкан, Солун- Грција поради близината, бидејќ и постои опасност од подалечно патување или патување со авион.

    Од предложеното упатување и лекување во странство се очекува да се постигне: Ремоделирање на артеријата која е заболена со обезбедување на проток на крв дистално и ПРЕВЕНЦИЈА ОД ИНФАРКТ И КРВАРЕЊЕ.

    Барател Ѓорѓи Николовски



    Благодарност до Офи.
     
    На angelche16, smajliX, dancing.queen и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    626
    Донираме средства за оние на кои им се потребни

    ^Околу 118 денари е пораката.
     
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.401
    Пол:
    Женски
    Донираме средства за оние на кои им се потребни

    Постирано и донирано, доколку сте на фб и знаете некоја заедница на цркви во странство залепете, ми се блокираше нешто фб, не можам да лепам док не ме одблокира..
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    41.189
    Донираме средства за оние на кои им се потребни

    И јас свртев, и за тоа детето Aндреј, на 9гаг го начекав имаше пост за него, ама го избришаа... :(
    Aјде и на жиро сметка ќе пуштам некоја паричка во понеделник, така имам да уплаќам во банка нешто
    за греотка бре, млади деца :x
     
  5. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    1.822
    Пол:
    Женски
    Донираме средства за оние на кои им се потребни

    Донирано. Се надевам дека ќе се соберат сите потребни средства. :(
     
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.030
    Донираме средства за оние на кои им се потребни

    Сега ќе постирав за Ѓорѓи кој има само 10 дена живот, случајно видов на фб и веднаш ги алармирав домашните и дониравме исто и пријателите на фб, донирајте и вие, да му го спасиме сите заедно животот на Ѓорѓи, или на било кој кому му е потребна парична помош, а можеме да ја пружиме!

    Да бидеме хумани, да спасиме човечки живот!
     
  7. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    271
    Ѓорѓи Николовски има само уште десет дена живот. Да. УШТЕ САМО ДЕСЕТ ДЕНА ако не се соберат 50000 евра за операција. Ставете се на негово место и сфатете ја итноста. Кренете телефон и донирајте 100 денари. За вас не се ништо, а за него се с...e. Ајде да бидеме хумани и да му помогнеме на Ѓорги да прослави уште многу Нови Години, да не дозволиме ова да му е последен Божиќ! Се работи за човечки живот!
    070/143-133 (Т-mobile)
    077/143-133 (VIP)
    075/143-123 (Оne)
    ПОМОГНЕТЕ ДОКОЛКУ СТЕ ВО МОЖНОСТ ! СЕКОЈ ЗАСЛУЖУВА ДА ЖИВЕЕ !
     
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.833
    Допаѓања:
    29.862
    Пол:
    Женски
    Донирано, дај Боже да се соберат парите и да се спаси Ѓорѓи.
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.828
    Допаѓања:
    10.827
    Пол:
    Женски
    Донирав од сите дома. Дај Боже да се соберат доволно средства. Греота е за толку невин, млад живот
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.897
    Се потресов кога ми стигна порака од Алхемист, ако сакам да го споделам линкот на фб. И седам овака и си размислувам, толку ли нема некој богаташ во Македонија, да му помогне на ова кутро момче :( Па јас да имам толку пари, ич нема да жалам :( Знам, никој не е должен некому да дава пари и помага, ама барем тие богати луѓе можат да помогнат повеќе од нашите 100 денари... :(

    И молба до админите, во категоријава да смееме сите да отвараме теми.
     
    На Cynthia, Plavusa.17 и esperanca им се допаѓа ова.
  11. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    5.423
    Пол:
    Женски
    Донирано..
    Се надевам ќе се соберат средства,дај боже :(
     
  12. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    623
    Донирав и од vip и од t-mobile, немам број на one..

    Иначе да, 118 денари ми зема мене за еден повик.
    Ама ако, не ги жалам и би ги дала и пак.
     
  13. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.879
    Утре прво нешто што ќе направам е да ставам кредит и да донирам. Нас ништо не би ни значеле овие 100 и нешто денари. А за некого би значеле живот. Се надевам дека ќе се соберат до кога што е потребно. Со Господ напред.
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.897
    Можеме и некако да испечатиме флаери со бројот за донација и да залепиме низ нашите градови, така ќе видат и оние што немаат пристап до интернет, па и постари лица :(
     
    На starbucks и LittleDevil им се допаѓа ова.
  15. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.657
    Да се направат флаери, ама директно во сите фирми, конфекции, организации, претпријатија да се однесат и тие да донираат пари, луѓето ќе дадат 100, двеста, па и повеќе, ама овие можат многу да донираат.
     
    На Offspring и drugarka им се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    41.189
    Па на вести нека кажат за ова, а не само за бркуловска и за триумфалната порта да зборат |(
    Tреба да пишеме на Kанал 5, телма, скајнет да им се пратат пораки нека помогнат малце и медиумите, доста со глупости не трујат
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  17. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    4.258
    И јас донирав.

    Дај Боже да се соберат потребните средства.

    Апел до сите што ќе прочитаат:
    Бидете хумани. Спасете живот
    http://www.idividi.com.mk/vesti/makedon ... index.html
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.657
    Медиумите веројатно знаат за случајот, со оглед на тоа колку веста е распостранета по социјалните мрежи и интернет страните, ама очигледно имаат други поинтересни вести. |(
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    41.189
    ^ ударна тема- Kај кој се паднала паричката од политичариве :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    Mуабетов... :D
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.781
    Пол:
    Женски
    50 илјади евра не можат да се соберат вака, овие од т-хоме, вип, оне и сл. наместо да отвараат вакви броеви можат да не крадат дневно барем по пет денари од секој претплатник и да се соберат тие пари, при толку јаки фирми како не им е срам да не помогнат туку да бидат само посредник. Тие пари можат директно да ги донираат зашто располагаат со истите, за да не мора болните да чекаат до кога да се соберат пари од донации. Толку мизерни промоции и реклами прават, торти на плоштад, мараја посраната на плоштад и слични глупости а не можат самите да донираат веднаш! СРАМОТА! Не викам дека тоа им е обврска ама ако сакаат да се себе рекламираат нека го направат тоа на хуман начин а не со делење торта и балони на плоштад. Детето не мора да чека собирање од донации, тој треба веднаш да се оперира. УУУААА за големите фирми што се прават некакви посредници и заработуваат од ддв. :x На детето му се потреби пари веднаш, секоја секунда му е важна.
    И каква држава сме, се трошат толку пари на глупости, зар не можат да ги набават тие апарати кои напишале дека им недостигаат за да не мора да се праќаат наши луѓе во странство, една посрана банкротирана грција има ние немаме, мизерија!
     
    На girl.23, esperanca, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.