Да ми кажете некои игротеки во Скопје каде има посебни делови за играње за помали дечиња (1-3 на пример), посебни за поголеми (над 3,4 год)..?
Не сум сигурна дека има вакво нешто по игротеките тука. Единствено да провериш во Имагинариум во Сити Мол, иако и за таму не ми се верува.
Во скоро секоја игротека можеш да одиш доколку нема роденден од затворен тип. Дримленд игротеките имаат играчки за помали, авантура во беверли хилс исто има некои играчки за помали. имагинариум има едно делче за деца од до 3 години, плус има и една собичка како со кујна, ама ништо посебно нема. Таа повеќе ми е за поголеми деца да се истрчаат. Во Капитол не сум била уште, ама се токмам деновиве да видам каква е. И fun house гледам по фејсбук дека имаат и некакви активности, навистина интересно делува, па ќе одиме и до таму. За цените во дримленд ми се свиѓа што барем имаш кафе во тие 100 денари за еден саати. Авантура е 100 ден два саати. Во Киндер парк не се плаќа, само нешто да јадеш или да пиеш, а има и таму за помалечки, има кујна и топчиња и колички за буткање.
Во која смисла? Видов на фејсбук попладне не знам кое време беше имаше едукативни активности за деца, над три години веројатно. Кога нема роденден може да се оди.
Кога нема роденден може да се оди, да. Просторот е прилично простран. Има посебни "соби" и во секоја различни играчки, кино, игрална со плеј стејшн.. за возрасните има посебен дел кој е како кафетерија. Воопшто не наликува на другите игротеки.
Не сме биле многу по игротеки, на неколку родендени само..и од тоа што видов, повеќето беа за поголеми деца со вртење, со лизгање..и искрено ми изгледаше малку опасно да го пуштам моето со нив (ние сме уште малку 2)..ајде за родендени дозволуваат родител, ама во обична посета незнам дали би дозволувале внатре и родител..затоа прашував дали постојат такви со некои помирни катчиња и за помалите Ќе посетиме наскоро некоја од предложените, па ќе видиме.. Ви благодарам на сите..
На таа возраст мора да си со него можеш секаде да влезеш, дозволуваат. Би ти ја препорачала дримленд, таму кога нема роденден нема гужва, а секогаш има девојчиња што работат и ги заигруваат малите, може човек на раат кафе да испие.
Fun house се сложувам дека е многу убаво средена ама е за поголеми деца. Дете од 2 и нешто не може да користи ниту една лизгачка, трамполината е голема итн итн. За помали од толкава игротека останува само собата со топчиња и таа со кујни и слично. Има и коцки и сложувалки ама тоа и дома има. Дримленд мене ми се многу прљави. Може ја така дим ги начекала ама така ми делуваат. Авантура е убава и чиста за помали деца. ДискоЏунгла во Беверли ми е супер за помали деца. Таа е баш прилагодена како за до кај 5—6 години. Хабиленд во Борис Трајковски е со дел за помали и за поголеми. Тој за поголрмите мене ми е многу убав.
Во Хабиленд во Борис Трајковски поделен е просторот за деца до 3 години и за деца над 3 години. Само јави се пред да одите да прашате дали има роденден.
Насловот ме асоцира на игротека во која можеш детето да го оставиш и да отидеш да пазариш на пример !? Во Мкд, не верувам дека има такви игротеки.
И мене исто . Во Охрди на пример има, игротеката до училиштето на ќерка ми и нуди услуга дневен престој, го носиш детето на утро и таму пишува домашна, има доручек и ручек, си игра со останатите деца и во 14 го носат вработените до училница или обратно, после часови го пречекуваат и си седи додека го земат родителите.
Го ставив така бидејќи така им е насловено тоа време на игротеките, кога нема роденден и е отворено за други деца, демек дневен престој. Мислам дека нема такво нешто да си го оставиш детето и да одиш да пазариш. За Дримленд јас неколку пати сум влегла и видела дека чистат кога нема никој. Може сепак до локација е или така се погодило... Не дека се толку чисти игротекиве, колку играчки има, ама мора негде зимно време да протрча дете.
Во зима не одиме по игротеки, летно време кога е се отворено, да. Ми се свиѓа во парк онаа, кај стадион, не знам како се вика, таму и роденден правевме, ама само надворешниот дел. Внатре кога е зима смрди на чорапи, еднаш влеговме и од врата си отидовме. Од неколку пати одење по игротеки по родендени, се изнамачив оти децата се диви, не пазат, удираат, родители никаде ги нема и јас морам да си играм место да одморам. Затоа, одам ептен ако се мора.
Имагинариум во Сити мол. Дури има и табла за која возраст е секое катче. Само што нема најголем избор за најмалите, едно ќоше е со две лизгалки, неколку меки коцки тракатанци и една собичка до тоа мала со неколку работи... Тоа катче 1-3год има ознака, само секако мора да си тука за да го гледаш, зашто може да излезе и да кидне. На пријателка малата на 2год ни се изгуби таму, во паника ја баравме и завртевме 5 круга мислам и на тераса два пати ја баравме, а на крај да ја најдеме горе на мрежите заглавена на средина Ни напред ни назад, тивко исплашено плачеше и затоа не ја слушнавме, а тој дел е за 4-7год мислам Едит: ми текна и 1-3 катче со топчиња имаше.. Не сум била одамна таму, зашто последниот пат многу крш беше, прљаво. Ако не средиле скоро... Има Игротеката во Џамбо го нуди тоа за деца над 3год. Го имам оставено еднаш сам и на пазарење бев, еднаш со другарче беше, јас и мајката на другарчето се шетавме во Џамбо Ми се јавуваат на моб кога сака да мочка, да пие вода итн..
И во Капиотол игротеката можеш да оставиш дете и да си пазариш низ молот. Треба да е поголемо од 3 години. За Имагинариум да прашам, нели ја направија ласертаг?
И мене не ми се баш допаѓа идејата во игротеки зимно време, повеќе од аспект на вируси, болести..ама па мојата не оди во градинка сеуште, надвор излегуваат кратко, колку што дозволува времето зошто е ладно и загадено... мора некаде да се изигра, со други дечиња контакт, па да гради и имунитет колку толку...никако не си..
Има ласертаг, ама не е само за тоа. Гасат светла и не пуштаат други луѓе кога има роденден со ласертаг...
Во Охрид пред крајот на минатата година се отвори приватна градинка и игротека. Синко од време на време го носиме да се поигра. Има 2 години и 8 месеци. Сношти бевме и некои работи не ми се допаднаа. Имаше родители кои си седеа и воопшто не гледаа што им прават децата. Моето дете мислам дека беше и најмало. Прво, му ги потфатија прстите на кујната за играње. Тоа кутрото дојде до мене, бидејќи и јас сум секогаш во делот за игра. Ми вели мама боли. Му викам ништо мамичка,ќе помине. После му земаа играчки. Како би постапиле вие? Има родители што цело време си ги пратат децата, но и такви што мува не ги лази. Јас ако се случи повторно истото, ќе го фатам детето за рака и ќе му кажам уште еднаш да го подтурниш син ми , му земеш играчка ќе те префрлам преку оградата и ќе завршиш кај мајка ти и татко ти на маса. И, мали деца тоа никакви во фаците, намуртени. Несвојствено за деца на таа возраст. Ако тоа ни е иднината, го обравме бостанот?