1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идиот во странство (An Idiot Abroad)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Shana, 1 мај 2011.

  1. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Една од најдобрите патувачки серии што некогаш ке ги гледате :)

    Колку да ве заинтересирам, презентерот Карл Пилкингтон е пријател на Рики Џервејз и Стивен Мерчант, англиски глумци и комичари, кои пак обожаваат да се поигруваат со него. Го нарекуваат идиот и го праќаат на пат да ги посети седумте светски чуда со цел да му ги прошират хоризонтите и погледот на светот. Дури откако ке пристигне во одредената дестинација, му се јавуваат по телефон и му ги соопштуваат следните актовности, притоа организирајки му транспорт, средби, сместување и сл.

    И да не го сакате англискиот хумор, ситуациите, сцените и погледот на работите од поразличен агол ке ве забавува и ке ве држи заинтересирани од почеток до крај на овие девет епизоди.
     
  2. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Карл не сакал да снима втора сезона од серијава поради лошите искуства и непријатни изненадувања кои му ги приредија Рики и Стив, но го убедиле со изговор дека ке му дозволат самиот да избира каде ке оди. Тема на втората сезоната е Bucket list, 100 најпопуларни работи кои луѓето сакале да ги направат пред да умрат. Навистина Карл избира каде ке оди од листата и што ке прави но повторно му приредуваат изненадувања :D

    http://www.imdb.com/title/tt1702042/

    Препорачувам 200% :D